OPEL INSIGNIA BREAK 2019.5 Сопственички прирачник

Page 271 of 369

Возење и ракување269Помош за стабилноста наприколката
Ако системот открие занесувања,
моќноста на моторот се намалува и комбинацијата возила/приколка се
кочи селективно додека не
престане занесувањето. Додека
системот работи држете го воланот
колку што може постабилно.
Помошникот за стабилноста на
приколката е функција на
електронската контрола на
стабилноста 3 204.

Page 272 of 369

270Нега на возилотоНега на возилотоОпшти информации.................271
Додатоци и модификации на возилото ................................ 271
Чување на возилото ..............271
Демонтирање на возилото на крајот на работниот век .......272
Прверки на возилото ...............272
Вршење работа ...................... 272
Хауба ...................................... 273
Моторно масло ......................273
Ладилник ................................ 275
Течност за миење ..................276
Сопирачки .............................. 276
Течност за сопирачките ........276
Акумулатор ............................. 277
Цедење на системот со дизел гориво .................................... 279
Замена на четкичките на бришачите ............................. 279
Замена на сијалиците ..............280
Халогенски предни фарови ..280
LED предни фарови ..............282
Предни фарови за магла ......283
Задни светла .......................... 284
Странични трепкачи ..............290Светло за регистарската
табличка ................................ 290
Внатрешни светла .................290
Електричен систем ..................291
Осигурувачи ........................... 291
Кутија со осигурувачи во моторниот простор ...............292
Кутија со осигурувачи во таблата со инструменти .......295
Прирачен алат ......................... 296
Алати ...................................... 296
Тркала и гуми ........................... 297
Зимски гуми ............................ 297
Ознаки на гумите ...................298
Притисок на гумите ................ 298
Систем за следење на притисокот на гумите ...........300
Длабочина на шарата ...........302
Менување на големината на гумите и тркалата .................303
Раткапни ................................. 303
Синџири за гуми ..................... 304
Комплет за поправање гуми . 304
Менување тркала ................... 309
Резервно тркало ....................310
Палење со кабли ......................315
Влечење ................................... 316
Влечење на возилото ............316
Влечење друго возило ..........318Нега за изгледот ......................319
Нега на надворешноста ........319
Нега на внатрешноста ........... 321

Page 273 of 369

Нега на возилото271Општи информации
Додатоци и модификации на возилото
Го препорачуваме користењето на
оригинални делови и опрема, и
делови одобрени од фабриката
специфично за Вашиот вид на возило. Не можеме да оцениме или
гарантираме сигурност за други
производи - дури и да имаат
регулативно или поинаку дадено
одобрение.
Каква било измена, преиначување или други промени што се
направена на стандардните
спецификации на возилото
(вклучувајќи ги, без ограничување,
измените на софтверот, измените
на електронските контролни уреди) може да ја поништи гаранцијата
што ја нуди Opel. Дополнително,
таквите промени може да влијаат
врз системите за помош на
возачот, потрошувачката на
гориво, испуштањето CO 2 и други
испуштања на издувни гасови одвозилото. Исто така, можат да ја
поништат и дозволата за работа на
возилото.Внимание
При превезување на возилото
со воз или со возило за
влечење, калниците може да се
оштетат.
Чување на возилото
Складирање за долго времеАко возилото има да се складира за
повеќе месеци:
● Измијте го и полирајте го возилото.
● Нека Ви ја проверат заштитата
со восок во моторниот простор
и подвозје.
● Исчистете ги и намачкајте ги гумените кедери.
● Наполнете го резервоарот за гориво целосно.
● Сменете го моторното масло.
● Исцедете го садот за течноста за миење.
● Проверете ги течноста за ладење, антифризот и
заштитата од корозија.
● Дотерајте го притисокот во гумите до вредноста
определена за полна
натовареност.
● Паркирајте го возилото на суво, добро проветрено место.
Ставете во прва брзина или
рикверц или лостот на
менувачот во P. Спречете го
возилото од тркалење.
● Не затегнувајте ја рачната сопирачка.
● Отворете ја хаубата, затворете
ги сите врати и заклучете го
возилото.
● Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Внимавајте сите системи да
бидат исклучени, на пример, системот за тревожење при
кражба.

Page 274 of 369

272Нега на возилотоВраќање во работна состојба
Кога возилото има да се врати в
работа:
● Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Активирајте ги електричните
прозорци 3 44.
● Проверете го притисокот во гумите.
● Наполнете го садот за течноста за миење.
● Проверете го нивото на моторното масло.
● Проверете го новито на течноста за ладење.
● Ставете ја регистарската табличка ако е потребно.Демонтирање на возилото
на крајот на работниот век
Информациите за центрите за
демонтирање и рециклирање на
возилата што се на крајот на
работниот век се наоѓаат на
нашата страница на интернет, каде што се бара со закон. Доверете му
ја оваа работа само на овластен
центар за рециклирање.Прверки на возилото
Вршење работа9 Предупредување
Вршете проверки на моторниот
простор само кога е исклучено палењето.
Вентилаторот за ладење може
да проработи дури и ако е
исклучено палењето.

Page 275 of 369

Нега на возилото2739Опасност
Системот за палење користи
многу висок напон. Не допирајте ги.
Хауба
Отворање
Повлечете ја рачката за
ослободување и вратете ја во
својата оригинална положба.
Свртете ја безбедносната брава
настрана кон левата страна на
возилото и отворете ја хаубата.
Хаубата автоматтски се држи
отворена.
Ако багажникот е отворен за време
на Autostop, моторот автоматски ќе
се запали повторно поради
безбедноста.
Систем за сопирање-поаѓање
3 183.
Затворање
Спуштете ја хаубата и оставете да
падне на резето од мала висина
(20-25 см). Проверете дали
хаубата е заглавена.Внимание
Не притискајте ја хаубата на
резето за да избегнете
вдлабнувања.
Активна хауба 3 78.
Моторно масло Проверувајте го нивото на
моторното масло рачно за да нема
оштетувања на моторот.
Уверувајте се дека се користи
масло со правилната
спецификација.
Препорачаните течности и
средства за подмачкување 3 324.
Максималната потрошувачка на моторното масло е 0,6 л на
1000 км.

Page 276 of 369

274Нега на возилотоПроверувајте го со возилото на
рамна површина. Моторот треба
да биде на работна температура и
исклучен најмалку 5 минути.
Извадете ја прачката, избришете
ја, ставете ја повторно целосно,
извлечете ја и прочитајте го нивото на моторното масло.
Различни прачки се употребуваат
зависно од верзијата на моторот.Кога нивото на моторното масло
паднало до ознаката MIN дотурете
моторно масло.
Нивото на моторното масло не
смее да ја надмине ознаката MAX
на прачката.
Ја препорачуваме употребата на
моторно масло од иста класа со тоа коешто беше употребено при
поселдното менување.
Внимание
Веднаш избришете го истуреното моторно масло.

Page 277 of 369

Нега на возилото275Внимание
Вишокот на моторното масло
треба да се исиса или да се
отстрани. Ако маслото е над
максималното ниво, не
стартувајте го возилото и
контактирајте со
автомеханичар.
Зафатнини 3 337.
Наместете го капачето право и
затегнете го.
Ладилник Фабрички наполнетото средство за
ладење овозможува заштита од
мрзнење до околу -28 °C. Во
студените региони со многу ниски
температури, фабрички
наполнетото средство за ладење
овозможува заштита од мрзнење до околу -37 °C.
Внимание
Употребувајте само одобрен
антифриз.
Течност за ладење и антифриз
3 324.
Ниво на течноста за ладењеВнимание
Прениското ниво на течноста за ладење може да предизвика
оштетување на моторот.
Ако системот за ладење е студен,
течноста за ладење треба да биде
над линиската ознака за полнење.
Дотурете ако нивото е ниско.
Положбата на резервоарот за
течноста за ладење може да биде различна во зависност од моторот.
9 Предупредување
Оставете моторот да се олади
пред да го отворите капачето. Внимателно отворајте го
капакот, ослободуваќи го вишок
притисокот полека.
За дотурање, користете 1:1
мешавина на купен концентрат од
течност за ладење мешан со чиста вода од чешмата. Ако не е
достапен концентрат од течност за

Page 278 of 369

276Нега на возилотоладење, користете чиста вода од
чешмата. Ставете го капакот
цврсто. Нека Ви ја провери
концентрацијата на течноста за
ладење и нека Ви ја отстрани
причината на губење на течноста
за ладење автомеханичар.
Течност за миење
Наполнете со чиста вода мешана
со соодветно количество одобрена
течност за миење на
шофершајбната што содржи
антифриз.
Внимание
Само течностите за миење со
доволна концентрација на
антифриз даваат заштита при
ниски температури или нагол
пад во температурата.
Течност за миење 3 324.
Сопирачки Во случај на минимална дебелина
на облогата на сопирачките, се
слуша чкрипење при сопирање.
Можно е да се продолжи
патувањето но нека Ви ги заменат пакните на сопирачките што
побргу.
Штом се ставени нови пакните, не сопирајте непотребно силно на
првите неколку патувања.
Течност за сопирачките9 Предупредување
Течноста за сопирачките е
отровна и нагризува. Избегнете
контакт со очите, кожата,
текстил и бојадисани површини.
Нивото на течноста за сопирачките
мора да биде помеѓу ознаките MIN
и MAX .
Ако нивото на течноста е под MIN,
побарајте помош од
автомеханичар.

Page 279 of 369

Нега на возилото277Течност за сопирачките и за
куплунгот 3 324.
Акумулатор
Акумулаторот се наоѓа во
моторниот простор.
Има точки за поврзување за
стартување со кабли 3 315.
Акумулаторот на возилото не се сервисира под услов
карактеристиките на возењето да
овозможат доволно полнење на
акумулаторот. Возењето по кратки
растојанија и чести палења на
моторот можат да го испразнат
акумулаторот. Избегнувајте ја
употребата на непотребни
електрични потрошувачи.
Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
Паркирање на возилото подолго од четири седмици може да доведе до
празнење на акумулаторот.
Откачете го негативниот пол од
акумулаторот на возилото.
Уверете се дека палењето е
исклучено пред да го поврзете или откачите акумулаторот на
возилото.
Заштита на акумулаторот од
празнење 3 164.
Откачување на акумулаторот
Ако треба да се откачи
акумулаторот (на пример за
одржување), сирената за аларм
мора да се деактивира на следниов
начин: Вклучете го, па исклучете го палењето и откачете го
акумулаторот во рок од
15 секунди.
Замена на акумулаторот Забелешка
Непочитувањето на упатствата
дадени во овој дел може да
доведе до привремено
деактивирање или попречување
на системот за сопирање-
поаѓање.
Кога се заменува акумулаторот,
проверете да нема отворени дупки за проветрување во близина на
позитивната клема. Ако некоја
дупка за проветрување е отворена
во тој предел, треба да се затвори
со нешто што личи на капаче, а
проветрувањето во близина на
негативната клема треба да се
отвори.

Page 280 of 369

278Нега на возилотоАкумулаторот секогаш треба да се
заменува со акумулатор од ист тип.
Препорачуваме акумулаторот да
Ви го замени автомеханичар.
Систем за сопирање-поаѓање
3 183.
Полнење на акумулаторот9 Предупредување
Кај возила со систем за
сопирање-поаѓање, уверете се
дека потенцијалот на
полнењето не надминува
14,6 V кога се користи полнач за батерија. Во спротивно, може да
се оштети батеријата на
возилото.
Палење со кабли 3 315.
Заштита од празнење Напон во батериите
Кога напонот на акумулаторот е
низок, на Информативниот центар
за возачот ќе се прикаже
предупредувачка порака.
1. Исклучете ги електричните потрошувачи што не се
неопходни за безбедно возење, на пр. греењето на седиштата,
греењето на задното стакло или
останатите поголеми потрошувачи.
2. Наполнете го акумулаторот со постојано возење определено
време или со помош на уред за
полнење.
Предупредувачката порака ќе
исчезне откако моторот ќе запали
двапати без пад на напонот.
Ако акумулаторот не може да се
наполни, отстранете ја причината
за дефектот со помош на
автомеханичар.
Функција за состојбата на
наполнетост на акумулаторот
Функцијата гарантира најдолг
работен век на акумулаторот преку генератор што има контролирана
излезна сила и оптимизирана
распределба на струјата.За да се спречи празнење на
акумулаторот при возење,
следниве системи се редуцираат
автоматски во две фази и конечно
се исклучуваат:
● дополнително греење
● загревање на предниот и задниот прозорец
● волан со греење
● ретровизори со греење
● греење на седиштата
● вентилатор
Во втората фаза ќе се прикаже
порака во Информативниот центар за возачот што го потврдува
активирањето на заштитата на
акумулаторот од празнење.
Засилување во празен од
Ако е потребно акумулаторот да се
полни поради неговата состојба,
мора да се зголеми излезната
моќност на генераторот. Ова се
постигнува со засилување на
работата во празен од што може да биде чујно.
Во Информативниот центар за возачот се појавува порака.

Page:   < prev 1-10 ... 231-240 241-250 251-260 261-270 271-280 281-290 291-300 301-310 311-320 ... 370 next >