OPEL INSIGNIA BREAK 2020 Сопственички прирачник
Page 191 of 361
Возење и ракување189
Во Информативниот центар за
возачот се прикажува режимот или избраната брзина.
Во автоматскиот режим,
програмата за возење е прикажана
со D.
Во рачниот режим, се покажува M и
бројот на избраната брзина.
R покажува рикверц.
N покажува лер.
P покажува паркирна положба.
Избор на степен на преносP:позиција за паркирање,
тркалата се заклучени,
изберете само кога возилото
стоиR:рикверц, ставајте во него само
кога возилото е во мирувањеN:лерD:автоматски режимM:рачен режим<:ставање во поголема брзина
во рачен режим]:ставање во помала брзина во
рачен режим
Рачката на менувачот е заклучена
во P и може да се помести само
кога палењето е вклучено, копчето
на рачка на менувачот е
притиснатo и педалот на
сопирачките е нагазнат.
Без нагазување на педалата на
сопирачките, контролната
сијаличка j свети.
Ако рачката на менувачот не е во
P кога палењето е исклучено,
трепка контролната сијаличка j.
За да ставите во P или R,
притиснете го копчето за
ослободување.
Page 192 of 361
190Возење и ракувањеМоторот може да се запали само
кога рачката е во положбата P или
N . Кога е одбрана положбата N,
притиснете го педалот на
сопирачките или применете ја
сопирачката за паркирање пред да запалите.
Не давајте гас кога ставате во
брзина. Никогаш не ги нагазнувајте
педалот за гас и педалот за
сопирачките истовремено.
Кога е ставена некоја брзина,
возилото почнува да лази кога се
отпушта сопирачката.
Моторно кочење
За да се искористи дејството на моторното сопирање, одберете
помала брзина навреме кога
возите по удолнини, видете под
„рачен режим“.
Нишање на возилото
Нишањето на автомобилот е
дозволено само ако возилото е
заглавено во песок, кал, снег или
јама. Местете ја рачката наменувачот помеѓу D и R повеќе
пати. Не турирајте го моторот и
избегнувајте нагли забрзувања.
Паркирање
Затегнете ја рачната сопирачка и ставете во P.
Клучот за палење може да се
извади само кога рачката на
менувачот е во положбата P.
Рачен режим
Рачка на менувачотПоместete ја рачката на менувачот
од положбата D кон лево во
положбата M.
Рачниот режим M може да се
активира од позицијата D при
секоја ситуација и брзина на
возење.
Преместете ја рачката на
менувачот кон напред + за да
префрлите во повисок степен на
пренос.
Преместете ја рачката на
менувачот кон назад - за да
префрлите во понизок степен на пренос.
Избраната брзина е покажана во
групата инструменти.
Page 193 of 361
Возење и ракување191Лостови на воланот
Поместete ја рачката на менувачот
од положбата D кон лево во
положбата M.
Рачниот режим M може да се
активира од позицијата D при
секоја ситуација и брзина на
возење.
Влечете ги лостовите на воланот
за рачно менување на брзините.
Повлечете го десниот лост + за да
се префрли во поголема брзина.
Повлечете го левиот лост - за да се
префрли во помала брзина.
Повеќекратното повлекување
овозможува прескокнување
брзини.
Избраната брзина е покажана во
групата инструменти.
Приверемен рачен режим во
режимот за возење D
Рачното менување со лостовите е
можно и во автоматскиот режим D.
По завршувањето на рачното
менување брзини, преносот се менува во автоматски режим D по
одредено време.
За да го прекинете рачниот режим
и да се вратите на D, направете
едно од следново:
● Притиснете го лостот +
1 секунда.
● Поместете ја рачката на менувачот налево за рачен
режим и назад во положбата D.
Ако возилото е во мирување и
моторот работи во празен од,
менувачот ќе остане во привремен рачен режим. Се менува во
автоматски режим кога се ракувасо педалата на гасот одредено време и не се смени брзина со
рачка на воланот.
Општо
Ако се одбере поголема брзина
кога брзината на возилото е
премала, или помала брзина кога
брзината на возилото е преголема,
не се извршува менувањето на
брзина. Тоа може да предизвика
порака во Информативниот центар за возачот.
Во рачниот режим не се врши
автоматско префрлување во
поголема брзина при поголем број
на вртежи на моторот, освен при
активирање на функцијата за
збоднување.
Показател за менување брзини
Симболот R или S со бројка до
него се покажува кога се
препорачува менување брзина
заради штедење гориво.
Укажувањето за промена се
појавува само во рачниот режим.
Page 194 of 361
192Возење и ракувањеЕлектронски програми завозење
● Кога е активен режимот SPORT, менувачот ги
променува степените на
пренос при поголеми брзини на моторот (освен ако не е
вклучена контролата на
патувањето).
SPORT режим 3 202.
● Специјални програми автоматски ги приспособуваат
точките за менување брзини
кога се вози по угорници или
удолнини.
● Во снежни или подмрзнати услови или на други лизгави
површини, контролата на
електронскиот пренос му
овозможува на возачот да
избере рачно прва, втора или
трета брзина за поаѓање.Збоднување
Притискањето на педалата за гас
повеќе од жлебот за збоднување ќе предизвика максимално
забрзување без оглед на
избраниот режим на возење.
Преносот се префрла во помала
брзина во зависност од брзината моторот, а во поголема брзина при високи вртежи на моторот.
Заштита од прегревање Во случај на прегревање на
преносот поради висока
надворешна температура или
спортски стил на возење,
вртежниот момент и максималната
брзина на моторот може
привремено да се намалат.
Дефект Во случај на грешка, во
Информативниот систем за
возачот се прикажува порака за
возилото.
Пораки за возилото 3 136.6-степен автоматски менувач:
контролата на автоматскиот
пренос ја овозможува само
четвртата брзина. 8-степен
автоматски менувач: контролата
на автоматскиот пренос ја
овозможува само третата брзина.
Менувачот веќе не менува брзини
автоматски.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Прекин на напојувањето Во случај на прекин на
напојувањето рачката на
менувачот не може да се извади од
положбата P.
Клучот за палење не може да се
извади од бравата за палење.
Ако е акумулаторот испразнет,
запалете го возилото користејќи
кабли за палење 3 308.
Ако акумулаторот не е причина за
дефектот, отпуштете ја рачката на
менувачот.
1. Применете ја сопирачката за паркирање.
Page 195 of 361
Возење и ракување193
2. Отпуштете го тапацирот нарачката на менувачот од
средишната конзола. Протнете
го прстот во кожениот џеб покрај рачката на менувачот,внимателно повлечете ја
облогата и ќе видите дека има
кабел што е прицврстен на него.
Повлечете ја подлогата малку
напред затоа што е
прицврстена на задната страна. Потурнете ја ослободената
облога налево за да не го
оптегнувате кабелот.3. Вметнете мало стапче (на пример пенкало или
шрафцигер) во отворот во близина на рачката на
менувачот. Притиснете го
вертикално надолу стапчето и
извадете ја рачката на
менувачот од P. Ако оваа
позиција се вклучи повторно,
рачката на менувачот ќе се
заклучи повторно. Нека Ви ја
елиминира причината на
прекинот на напојувањето
автомеханичар.
4. Монтирајте ја облогата на рачката на менувачот врз
средишната конзола и
наместете ја повторно.
Page 196 of 361
194Возење и ракувањеРачен менувач
За да ставите во рикверц,
притиснете ја педалата на
куплунгот. па притиснете го
копчето за ослободување на
рачката на менувачот и ставете во
рикверц.
Ако менувачот не влезе во
рикверц, ставете ја рачката во лер, отпуштете го куплунгот и повторно
притиснете го; потоа повторете го ставањето во рикверц.
Не нагазнувајте го куплунгот
непотребно.
Кога ракувате со него, притиснете
го куплунгот целосно. Не одморајте
ја ногата на педалот.
Кога ќе се открие лизнување на
куплунгот за одредено време,
моќноста на моторот ќе се намали.
Во Информативниот центар за
возачот се прикажува
предупредување. Отпуштете го
куплунгот.Внимание
Не е препорачливо да се вози со раката легната на рачката на
менувачот.
Показател за менување брзини
3 119.
Систем за сопирање-поаѓање
3 179.
Системи за возење
Погон на сите тркала Системот на Погонот на сите
тркала ги зголемува возните
карактеристики и стабилноста, и
помага да се постигне најдобрата
можна возност независно од
површината на земјата. Системот
секогаш е активен и не може да се
деактивира.
Вртежниот момент се дистрибуира
чекор по чекор меѓу тркалата на
предната и задната оска до
поделба на вртежниот момент од
50% на 50%. Во зависност од
условите за возење, односно
возење во стабилна состојба,
системот за погон на сите тркала
пренесува минимален вртежен
момент за поефикасна
потрошувачка на гориво.
Дополнително, векторскиот
вртежен момент меѓу задните
тркала се распределува во
зависност од динамиката на
возилото и површината.
Page 197 of 361
Возење и ракување195Тоа е можно затоа што системот за
погон на сите тркала работи со две
спојки, по една на секоја страна.
За оптимални перформанси на
системот, гумите на возилото не
смеат бидат изабени до различни
степени.
Ако се прикаже сервисна порака во Информативниот центар за
возачот, системот може да има
ограничена функционалност (или
може да се биде целосно исклучен
во некои случаи, т.е. возилото се
префрлува на погон на предните
тркала). Побарајте помош од
автомеханичар.
Влечење на возилото 3 309.Сопирачки
Системот на сопирачки се состои
од две посебни кола за сопирање.
Ако откаже едно коло за сопирање,
возилото се уште може да се сопре со употреба на другото коло за
сопирање. Меѓутоа, дејството на
сопирањето се постигнува само
кога педалот на сопирачкте е
притиснат цврсто. Значително
поголема сила треба за тоа.
Растојанието за сопирање се
зголемува. Побарајте помош од
автомеханичар пред да
продолжите со патувањето.
Кога моторот не работи,
поддршката на серво уредот за
сопирачките ја снемува откако
педалот ќе се притисне еднаш или
двапати. Дејството на сопирањето
не е намалено, но за сопирање е
потребна значајно поголема сила.
Тоа е особено важно да се има на
ум кога се влече.
Контролна сијаличка R 3 118.
Активно итно сопирање 3 223.Систем за деблокирање
на сопирачките
Antilock Brake System -от (ABS)
(Систем за деблокирање на
сопирачките) не дозволу тркалата
да се блокираат.
ABS почнува да го регулира
притисокот на сопирачките штом
некое тркало покажува тенденција
да се блокира. Возилото останува
управливо, дури при јако
сопирање.
Контролата на ABS станува
очигледна преку пулсирање во
педалот на сопирачките и звукот на процесот за регулирање.
За оптимално сопирање, држете го
педалот за сопирање докрај
притиснат за време на целиот
процес на сопирањето, иако
педалот ќе пулсира. Не
намалувајте го притисокот врз
педалот.
По палењето, системот врши
самоиспитување што може да биде
чујно.
Page 198 of 361
196Возење и ракување
Контролна сијаличка u 3 118.
Приспособливо стоп-светло При целосно сопирање, сите три
стоп-светла трепкаат за време на
примената на ABS контролата.
Дефект
9 Предупредување
Ако има дефект во ABS,
тркалата може да бидат склони
да се блокираат поради такво
кочење што е посилно од
обичното. Предностите на ABS
веќе не функционираат. При
силно сопирање, со возилото не може веќе да се управува и
може да скршне.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Сопирачка за паркирање9 Предупредување
Пред да го напуштите возилото,
проверете го статусот на
рачната сопирачка.
Контролната сијаличка j
свети постојано кога е
активирана електричната
сопирачка за паркирање.
Електрична сопирачка за
паркирање
Рачно активирање
Повлечете го прекинувачот m. Ако
контролната сијаличка m светне,
електричната сопирачка за
паркирање е активирана.
Електричната сопирачка за
паркирање може да се активира
секогаш, дури ако палењето е
исклучено.
Не ракувајте со системот на
електричната сопирачка за
паркирање пречесто без да работи
моторот, тоа ќе го испразни
акумулаторот.
Ослободување
Вклучете го палењето. Држете го
педалот на ножната сопирачка
притиснат и потоа притиснете го
прекинувачот m. Ако контролната
сијаличка m се изгасне,
електричната сопирачка за
паркирање е отпуштена.
Функција за поаѓање
Возила со рачен менувач:
Притискање на куплунгот, па мало
отпуштање на куплунгот и мало
притискање на гаста автоматски ја
Page 199 of 361
Возење и ракување197ослободува електричната
сопирачка за паркирање. Тоа не е
можно кога прекинувачот m се
повлекува истовремено.
Возила со автоматски менувач:
Активирање на D, па притискање
на гаста автоматски ја ослободува
електричната сопирачка за
паркирање. Тоа не е можно кога
прекинувачот m се повлекува
истовремено.
Динамично сопирање кога
возилото се движи
Кога возилото се движи и
прекинувачот m се држи повлечен,
системот на електричната
сопирачка за паркирање ќе го
забави возилото, но нема да се
активира статично.
Штом прекинувачот m ќе се
ослободи, динамичното сопирање ќе престане.
Автоматско активирањеВозила со автоматски менувач Ако возилото е опремено со
автоматски менувач и е активна
приспособливата контрола на
патувањето, електричнатасопирачка за паркирање се
активира автоматски кога возилото е сопрено подолго од 2 минути.
Сопирачката за паркирање се
отпушта автоматски кога ќе
тргнете.Возила со рачен менувач
Електричната сопирачка за
паркирање ќе се активира
автоматски ако:
● возилото е во мирување
● возила со копче за вклучување:
копчето за вклучување се
притисне за да се исклучи
моторот
● возила со клуч за палење: моторот се исклучи и клучот сеотстрани од прекинувачот за
палење
Предуслов за автоматско
активирање е Extended Hill Start
Assist (Продолжена помош при
поаѓање на нагорнини) да биде
активирано во приспособување на
возилото кон индивидуалните
потреби 3 137.Деактивирање
За да се поништи привремено
автоматското активирање кај
возила со рачен менувач до
следниот циклус на палење:
1. кога моторот работи, истовремено притиснете ги
педалата за сопирачките и
прекинувачот m
2. отпуштете ги и педалата за сопирачките и прекинувачот m
3. во рок од 10 секунди: исклучете
го моторот и отстранете го
клучот од прекинувачот за
палење
За трајно да го деактивирате
автоматското активирање,
деактивирајте Extended Hill Start
Assist (Продолжена помош при
поаѓање на нагорнини) во
приспособување на возилото кон индивидуалните потреби 3 137
Проверка на функционалноста
Кога возилото не се движи,
електричната сопирачка за
паркирање може да се активира
автоматски. Ова се прави за да се
провери системот.
Page 200 of 361
198Возење и ракувањеДефект
На дефектен режим на
електричната сопирачка за
паркирање укажува контролната
сијаличка j и порака за возилото
што е прикажана на
Информативниот центар за
возачот.
Пораки за возилото 3 136.
Контролната сијаличка m трепка:
електричната сопирачка за
паркирање не е целосно
активирана или отпуштена. Кога
трепка постојано, отпуштете ја
електричната сопирачка за
паркирање и обидете се да ја
активирате повторно.
Серво кочење
Ако педалата на сопирачките се
нагазне брзо и силно, автоматски
се применува максимална сила на
сопирање.
Работењето на помошта на
сопирањето може да се забележи
по пулсирање во педалата за
сопирачките и поголем отпор кога
се нагазнува педалата.Одржувајте постојан притисок врз
педалата на сопирачката додека е
потребно целосно сопирање.
Максималната сила на сопирањето автоматски се намалува кога ќе се
отпушти педалата на сопирачките.
Помош при поаѓање на угорници
Системот помага да се спречи
несакано движење кога се вози по стрмнини.
При отпуштање на педалата за
сопирање по застанување на
стрмнина, сопирачките остануваат
активни уште 2 секунди.
Сопирачките автоматски се
отпуштаат кога возилото ќе почне
да забрзува. Помошта при поаѓање
на угорници нема да се активира
ако има еден од следниве случаи:
● менувачот е во брзина за движење напред кога возилотое насочено надолу
● менувачот е во рикверц кога возилото е насочено нагоре● безбедносниот ремен завозачот не е ставен
● возачката врата е отворена
Подолго траење на помошта
при поаѓање на угорници
Оваа функција го задржува
возилото неподвижно најмногу
5 минути откако ќе се отпушти
педалата за сопирачките.
Електричната сопирачка за
паркирање автоматски ќе се
активира за да го спречи
движењето на возилото ако има
еден од следниве случаи:
● подолгото траење на помошта при поаѓање на угорници се
деактивира по 5 минути.
● палењето е исклучено
● откриено е излегување на возачот
Помошта при поаѓање на угорници или подолгото траење на помошта
при поаѓање на угорници може да се избере во приспособувањето на
возилото кон индивидуалните
потреби 3 137.