OPEL MERIVA 2015 Сопственички прирачник

Page 151 of 279

Контрола на климатизацијата149
■ Наместете ја контролата натемпературата на најстудено
ниво.
■ Наместете ја јачината на вентилаторот на највисоко ниво.
■ Отворете ги сите отвори.
Одмаглување и одмрзнување на прозорците V

Притиснете го копчето V:
вентилаторот автоматски се
префрлува на поголема брзина,
распределбата на воздухот се
насочува кон шофершајбната.
■ Вклучете го ладењето n.
■ Наместете ја контролата на
температурата на најтопло ниво.
■ Вклучете го греењето на задното
стакло Ü.
■ Отворете ги страничните отвори за проветрување по потреба и
насочете ги кон прозорците на
вратите.
Забелешка
Ако копчето V се притисне
додека работи моторот, Autostop
ќе биде попречено додека
повторно не се притисне V.
Ако копчето V се притисне
додека моторот е во Autostop, моторот ќе се запали повторно
автоматски.
Систем за сопирање-поаѓање
3 155.
Дополнително греење
Грејач на воздухот
Брзото греење е дополнителен
електричен грејач кој автоматски го
загрева патничкиот простор
побргу.Отвори за
проветрување
Приспособливи отвори
за проветрување
За да се отвори отворот, свртете го
тркалцето за местење надесно.
Дотерајте го количеството на
воздухот кај отворот со вртење на
тркалцето за местење.

Page 152 of 279

150Контрола на климатизацијата
Насочете го протокот на воздухот
со навалување и вртење на
решетките.
За да се затвори отворот, свртете
го тркалцето за местење налево.
9 Предупредување
Не закачувајте предмети за
решетките на отворите за
проветрување. Ризик од
оштетување и повреда во случај
на сообраќајка.
Фиксни отвори за
проветрување Дополнителни отвори за
проветрување се наоѓаат под
шофершајбната и прозорците на
вратите и во пределите на нозете.Одржување
Довод на воздухот
Доводот за воздух пред
шофершајбната во моторниот
простор мора да се чува слободен
за да се овозможи доводот на
воздухот. Извадете ги лисјата,
нечистотијата или снегот.

Page 153 of 279

Контрола на климатизацијата151Филтер за поленФилтрирање на воздухот во
кабината
Ако е возилото опремено со систем за греење и проветрување или со
систем за климатизација, филтер
за честички го чисти воздухот на
кабината од цврсти честички како
полен, прав, мов и бактерии во
воздухот.
Ако е возилото опремено со
електронски систем за
климатизација, филтер за воздухот со јаглен го чисти воздухот на
кабината од цврсти честички како
полен, прав, мов и бактерии во
воздухот. Дополнителен слој на
активиран јаглерод ги впива
непријатните мириси.Обично работење на
климатизацијата За да се обезбедат постојано
ефикасни перформанси, ладењето
мора да се вклучува неколку
минути еднаш месечно, без оглед
на времето и годишната доба. Не е
возможно ракувањето со ладењето кога надворешната температура е
прениска.
Сервис За оптимални перформанси на
ладењето, се препорачува
системот за контрола на
климатизацијата да се проверува
годишно, почнувајќи 3 години по
првата регистрација на возилото,
вклучувајќи ги следните:
■ Тестирање на функционалноста и притисокот
■ Функционалност на греењето
■ Проверка за протекување
■ Проверка на погонските ремени■ Чистење на одводот на кондензаторот и испарувачот
■ Проверка на перформансите

Page 154 of 279

152Возење и ракувањеВозење и ракувањеПрактични совети за возење..152
Поаѓање и ракување ................ 153
Издувни гасови од моторот .....159
Автоматски менувач ................161
Рачен менувач ......................... 165
Сопирачки ................................. 165
Системи за контрола на
возењето ................................... 168
Системи за помош на возачот 170
Гориво ....................................... 177
Кука за приколки ......................184Практични совети за
возење
Контрола над возилото
Не возете со изгаснат мотор
(освен за време на Autostop) Многу уреди нема да
функционираат во таква ситуација
(на пр. серво уредот на
сопирачките, електронското
управување). Таквото возење е
опасно за Вас и за други. Сите
системи функционираат за време
на Autostop, но силата на серво
управувањето ќе биде
контролирано намалена, како и
брзината на возилото.
Систем за сопирање-поаѓање
3 155.
Засилување во празен од
Ако е потребно акумулаторот да се
полни поради неговата состојба,
мора да се зголеми излезната
моќност на генераторот. Ова сепостигнува со засилување на
работата во празен од што може да биде чујно.
Кај возилата со горен екран или
горен комбиниран екран се
појавува порака во
Информативниот центар за
возачот.
Педали За да се обезбеди непречен од напедалите, не смее да има
подлошки во пределот на
педалите.
Управување Доколку се исклучи помошта за
серво управување поради
запирање на моторот или грешка во системот, со возилото може да
се управува, но може да треба поголем или помал напор за
управување.
Контролна сијаличка c 3 107.

Page 155 of 279

Возење и ракување153Внимание
За возилата опремени со
хидраулично управување:
Ако се сврти воланот додека
дојде до крајот на кругот и се
држи во таа положба подолго од 15 секнди може да дојде до
оштетување на системот за
хидраулично управување и
може да нема помош за
хидраулично управување.
Поаѓање и ракување
Разработување на
новото возило
Не сопирајте непотребно силно
при првите неколку патувања.
За време на првото возење може
да се јави чад поради
испарувањето на восокот и
маслото од системот за издувни
гасови. Паркирајте го возилото на отворено место за некое време по
првото возење и не ги вдишувајте
пареите.
За време на периодот на
разработувањето потрошувачката
на гориво и на моторно масло може
да биде поголема и процесот на
чистењето на филтерот за
дизелски честички може да се
одвива почесто. Autostop може да
се попречи за да се овозможи
полнење на акумулаторот.
Филтер за дизелски честички
3 159.Положби на
прекинувачот за палење0=Исклучено палење1=Бравата на воланот е
ослободена, исклучено
палење2=Вклучено палење, за мотор на
дизел: предзагревање3=Палење

Page 156 of 279

154Возење и ракувањеИсклучено задржување
енергија
Следните електронски системи
може да работата додека да се
отвори вратата на возачот или
најдоцна за 10 минути по
исклучување на палењето:
■ Електрични прозорци
■ Штекери за напојување
Напојувањето на инфозабавниот
систем ќе продолжи да
функционира уште 30 минути или
додека не се отстрани клучот, без разлика дали некоја од вратите ќе
се отвори.Палење на моторот
Рачен менувач: ракувајте со
куплунгот.
Автоматски менувач: нагазнете ја
сопирачката и ставете ја рачката
на менувачот во P или N.
Не нагазнувајте го педалот за гас.
Мотори на дизел: свртете го клучот во положбата 2 за предзагревање
додека да се изгасне контролната
сијаличка !.
Свртете го клучот накратко во
положбата 3 и отпуштете го:
анласерот се пушта со автоматска
постапка со кратко доцнење дури
моторот работи, видете под
„Автоматска контрола на
анласерот“.
Пред да го запалите повторно или
за да го изгаснете моторот, вратете го клучот во положба 0.
За време на Autostop, моторот
може да се запали со притискање
на педалата на кумплунгот.
Палење на моторот при ниски
температури
Палењето на моторот без
дополнителни грејачи е можно до
-25°C за мотори на дизел и до
-30°C за бензински мотори.
Потребно е моторно масло со
правилна вискозност, правилно
гориво, редовно извршени сервиси и доволно наполнет акумулатор.
При температури под -30°C, на
автоматскиот менувач му треба
загревање од околу 5 минути.
Рачката на менувачот треба да
биде во положба P.

Page 157 of 279

Возење и ракување155
Автоматска контрола на
анласерот Функцијава ја контролира
постапката за палење на моторот. Возачот не мора да го држи клучот во положбата 3. Штом се
применува, системот ќе продолжи
да запали автоматски додека не проработи моторот. Поради
постапката за проверување
моторот проработува по кратка
пауза.
Возможни причини за непалење на
моторот:
■ Куплунгот не е притиснат (рачен менувач)
■ Педалот на сопирачките не е притиснат или рачката на
менувачот не е во P или N
(автоматски менувач)
■ Дојде до надминување на времетоЗагревање на турбо мотор
По палењето, достапниот вртежен
момент на моторот може да биде
ограничен за краток временски
период, особено кога
температурата на моторот е ниска.
Ограничувањето овозможува
системот за подмачкување
целосно да го заштити моторот.
Исклучување на
пребрзувањето Доводот на гориво се затвора
автоматски за време на
пребрзувањето, т.е. кога возилото
се вози во некоја брзина но
педалот за гас е отпуштен.Систем за сопирање-
поаѓање
Системот за сопирање-поаѓање
помага да се заштеди гориво и да
се намали испуштањето издувни
гасови. Кога дозволуваат условите, го исклучува моторот штом
возилото е во мала брзина или е
сопрено, на пр. на семафор или во
сообраќаен метеж. Го пали
моторот автоматски штом ќе се
отпушти куплунгот. Сензорот за
акумулаторот обезбедува Autostop
да се врши само ако акумулаторот е доволно полн за повторно
палење.
Активирање Системот за сопирање-поаѓање едостапен штом ќе се запали
моторот, возилото ќе појде и
условите како што се опишани
подолу во овој дел се исполнети.

Page 158 of 279

156Возење и ракување
Деактивирање
Исклучете го системот за
сопирање-поаѓање со притискање на копчето eco. Деактивирањето се
означува со гасење на сијаличката во копчето.
Autostop
Ако возилото оди со мала брзина
или е сопрено, вклучете го Autostop на следниов начин:
■ Притиснете ја педалата за куплунг
■ поставете го менувачот во лер
■ отпуштете ја педалата за куплунг
Моторот ќе се изгасне, а палењето
останува вклучено.
Autostop е покажано на
вртежометарот со иглата во
положба AUTOSTOP .
За време на Autostop, греењето и
сопирачките остануваат активни.
Внимание
Серво управувањето ќе да се
намали за време на Autostop.
Услови за Autostop
Системот за сопирање-поаѓање
проверува дали се исполнети сите услови.
■ системот за сопирање-поаѓање не е исклучен рачно
■ багажникот е целосно затворен
■ возачката врата е затворена или
безбедносниот ремен на возачот е прицврстен
■ акумулаторот е доволно наполнет и е во добра состојба
■ моторот е загреан
■ температурата на течноста за ладење на моторот не е
превисока
■ температурата на издувните гасови од моторот не е
превисока, на пр. по возење со
големо оптоварување на
моторот
■ околната температура не е прениска
■ изборот на одмрзнувањето не го спречува Autostop

Page 159 of 279

Возење и ракување157
■ системот за контрола наклиматизацијата дозволува
Autostop
■ вакуумот на сопирачката е доволен
■ функцијата за самочистење на филтерот за дизелски честички
не е вклучен
■ возилото е поместено од последното Autostop
Инаку, Autostop ќе биде спречено.
Autostop може да стане помалку достапно ако околната
температура е околу точката на
мрзнење.
Одредени поставки на системот за
контрола на климатизацијата може
да го спречат Autostop. Видете во
поглавјето за контрола на
климатизацијата за повеќе детали.
Веднаш по возењето по автопат,
Autostop може да биде попречено.
Разработување на новото возило
3 153.Заштита на акумулаторот од
празнење
За да обезбедите сигурно палење
на моторот, вградени се неколку
функции за заштита од празнење
на акумулаторот како дел од
системот за сопирање-поаѓање.
Мерки за штедење енергија
За време на Autostop, неколку
електрични функции, како
помошниот електричен грејач или
греењето на задното стакло се
исклучени или префрлени во
режим за штедење енергија.
Брзината на вентилаторот на
системот за контрола на
климатизациајта се намалува за да се заштеди енергија.
Повторно палење на моторот
од страна на возачот Притиснете ја педалата на
куплунгот за повторно палење на
моторот.
Палењето на моторот е прикажано
од иглата на вртежометарот во
положба за лер.Ако рачката на менувачот се
помести од лер пред претходно
притискање на кумплунгот,
контролната сијаличка - свети
или е прикажана како симбол на
Информативниот центар за
возачот.
Контролна сијаличка - 3 106.
Повторно палење на моторот
од страна на системот за сопирање-поаѓање Рачката на менувачот треба да
биде во лер за да се овозможи
автоматско повторно палење.
Ако еден од следниве услови се
појави за време на Autostop,
моторот ќе се запали повторно
автоматски од страна на системот
за сопирање-поаѓање.
■ системот за сопирање-поаѓање е
исклучен рачно
■ багажникот е отворен
■ безбедносниот ремен на возачот
е одврзан и е отворена возачката врата

Page 160 of 279

158Возење и ракување
■ температурата на моторот епрениска
■ акумулаторот е испразнет
■ вакуумот на сопирачката не е доволен
■ возилото почнува да се движи
■ системот за контрола на климатизацијата бара палење на
моторот
■ климатизацијата е вклучена рачно
Ако багажникот не е целосно
затворен, се прикажува
предупредувачка порака на
Информативниот центар за
возачот.
Ако некој електричен уред, како
пренослив ЦД-плеер, е поврзан со штекер, може да се забележи кусо
опаѓање на напонот за време на
повторното палење.Паркирање9 Предупредување
■Не го паркирајте возилото врз
лесно запалива површина.
Високата температура на
издувниот систем може да ја
запали површината.
■ Секогаш затегнувајте ја рачната сопирачка.
Повлечете го прекинувачот
m околу една секунда.
Електричната сопирачка за
паркирање се активира кога
ќе светне контролната
сијаличка m 3 106.
■ Изгаснете го моторот.
■ Ако возилото е на рамна површина или на нагорнина,
ставете во прва брзина или
ставете ја рачката на
менувачот во положба P пред
да го извадите клучот за
палење. Ако возилото е на
угорница, свртете ги предните
тркала од работ на тротоарот.
Ако возилото е на надолнина,
ставете во рикверц или
ставете ја рачката на
менувачот во положба P пред
да го извадите клучот за
палење. Свртете ги предните
тркала кон работ на
тротоарот.
■ Извадете го клучот за палење. Завртете го воланот
додека не се почувствува
дека бравата на воланот се
заглавила.
Кај возилата со автоматски
менувач, клучот може да се
извади само кога рачката на менувачот е во положба P.
Заклучете го возилото и
активирајте го системот за
тревожење при кражба.

Page:   < prev 1-10 ... 111-120 121-130 131-140 141-150 151-160 161-170 171-180 181-190 191-200 ... 280 next >