OPEL MERIVA 2015 Сопственички прирачник

Page 181 of 279

Возење и ракување179
Дефекти и поправки
Ако не е возможен режим на гас,
проверете го следново:
■ Дали има доволно течен гас?
■ Има ли доволно бензин за палење?
Поради екстремни температури, во
спој со составот на гасот, може да
биде потребно малку подолго
време додека системот се
префрли од бензински на режим на течен гас.
Во екстремни ситуации, системот
може и да се врати во режимот на
бензин ако не се исполнети
минималните барања.
Побарајте помош од
автомеханичар во случај на сите
други дефекти.Внимание
Поправки и приспособувања смеат да вршат само обучени
специјалисти за да се одржи
безбедноста и гаранцијата на
системот за ТНГ.
На течниот гас му е додаден
карактеристичен мирис за да може лесно да се забележи ако се
испушта.9 Предупредување
Ако ви замириса на гас во
возилото или во непосредната
околина, веднаш префрлете на
бензин. Пушењето е забрането!
Забранет е отворен оган или
средства за палење.
Ако е можно, затворете го рачниот
вентил за затворање на
мултивентилот. Мултивентилот се
наоѓа на резервоарот за течен гас
во товарниот простор, под задната
прекривка на подот.
Свртете го тркалцето надесно.
Ако веќе не се чувствува мирис на
гас, рачниот вентил за затворање е затворен и возилото може да секористи во режимот за бензин. Ако
и понатаму има мирис на гас, не
палете го моторот. Нека Ви ја
отстрани причината на дефектот
автомеханичар.
Кога користите подземниј
паркинзи, следете ги упатствата на операторот и почитувајте ги
локалните закони.

Page 182 of 279

180Возење и ракување
Забелешка
Во случај на незгода, изгасете ги
палењето и светлата. Затворете
го рачниот вентил за затворање
на мултивентилот.
Полнење гориво9 Опасност
Пред да полните гориво,
исклучете ги моторот и сите
надворешни грејачи со комори за согорување. Исклучете ги
сите мобилни телефони.
Следете ги упатствата за
ракување и безбедноста на
бензинската пумпа кога полните
гориво.9 Опасност
Горивото е запаливо и
експлозивно. Пушењето е
забрането! Забранети се гол
пламен и искри.
Ако намирисате гориво во Вашето возило, нека Ви ја
отстрани причината на тоа
автомеханичар веднаш.
Внимание
Во случај на погрешно ставено
гориво, не вклучувајте го
палењето.
Вратичката на резервоарот за
гориво се наоѓа на задната десна
страна од возилото.
Вратичката на резервоарот за
гориво може да се отвори само ако возилото е отклучено. Повлечете ја
вратичката за вдлабнатинката и отворете ја.
За да го отворите, свртете го
капачето полека налево.

Page 183 of 279

Возење и ракување181
Вратичката на резервоарот за
гориво се заглавува во конзолата
на истата.
За полнење гориво, целосно
вметнете ја цевката на пумпата и вклучете ја.
По автоматското исклучување,
може да се дополни со најмногу
две дози гориво.
Внимание
Веднаш избришете го горивото
што претекло.
За да го затворите, свртете го
капачето на резервоарот надесно
додека да кликне.
Затворете ја вратичката и оставете
да се заглави.
Капаче на резервоарот за
гориво Користете само оригинални
капачиња за полнење гориво.
Возилата со мотори на дизел
имаат специјални капачиња на
резервоарот.
Полнење течен гас
Следете ги упатствата за ракување
и безбедноста на бензинската
пумпа кога полните гориво.
Вентилот за полнење течен глас е
зад капачето на резервоарот за
гориво.
Одвртете го заштитното капаче од
грлото за полнење.

Page 184 of 279

182Возење и ракување
Навртете го потребниот адаптер
цврсто со рака на грлото за
полнење.
Адаптер ACME: Завртете ја
навртката на цревото за полнење
на адаптерот. Притиснете ја
рачката за блокирање на цревото
за полнење надолу.
Тркалезно (Италија) грло за
полнење: Ставете го цревото за
полнење во адаптерот.
Притиснете ја рачката за
блокирање на цревото за полнење
надолу.
Бајонет грло за полнење: Ставете
го цревото за полнење на
адаптерот и свртете го лево или
десно четвртина круг. Повлечете ја
рачката за блокирање на цревото
за полнење докрај.
ЕУРО грло за полнење:
Притиснете го цревото за полнење на адаптерот додека не се заглави.
Притиснете го копчето на пумпата
за течен гас. Системот за полнење
сопира или почнува да работи
полека кога ќе се дојде до 80 % од зафатнината на резервоарот
(максимално ниво за полнење).
Отпуштете го копчето на системот
за полнење и полнењето сопира.
Отпуштете ја рачката за
блокирање и извадете го цревото
за полнење. Може да се испушти
мало количество течен гас.
Извадете го адаптерот и одложете
го во возилото.
Ставете го заштитното капаче за
да спречите влегување туѓи тела во отворот за полнење и во
системот.9 Предупредување
Поради конструкцијата на
системот, неизбежно е
испуштање течен гас по
отпуштањето на рачката за
блокирање. Не вдишувајте.
9 Предупредување
Резервоарот за течен гас може
да се наполни само 80 % заради безбедносни причини.
Мултивентилот на резервоарот за
течен гас автоматски го ограничува количеството за полнење. Ако се
додаде поголемо количество,
препорачуваме возилото да не се изложува на сонце додека не се
искористи вишокот.
Адаптер за полнење
Бидејќи системите за полнење не
се стандардизирани, потребни се
различни адаптери коишто се

Page 185 of 279

Возење и ракување183
достапни од дистрибутерите на
Opel и од овластените сервисери
на Opel.
Адаптер ACME: Белгија,
Германија, Ирска, Луксембург,
Швајцарија
Адаптер бајонет: Холандија,
норвешка, Шпанија, Велика
Британија
ЕУРО адаптер: Шпанија
Тркалезен (Италија) адаптер:
Босна и Херцеговина, Бугарија,
Данска, Естонија, Франција, Грција, Италија, Хрватска, Летонија,
Литванија, Македонија, Австрија,
Полска, Португалија, Романија, Шведска, Швајцарија, Србија,
Словачка, Словенија, Чешка,
Турција, Украина, Унгарија

Page 186 of 279

184Возење и ракувањеПотрошувачка на
гориво - CO 2-испуштање
Потрошувачката на гориво
(комбинирана) на моделот Opel
Meriva е во опсег од 7,4 до 3,7 л/100
км.
Испуштањето CO
2 (комбинирано) е
од 169 до 99 г/км.
За вредностите специфицирани за
вашето возило, видете го
Сертификатот за сообразност на
ЕК доставен со вашето возило или
другите национални документи за
регистрација.
Општи информации
Наведените бројки за
официјалната потрошувачка на
гориво и испуштањето CO 2 се
однесуваат на основниот модел за
ЕУ со стандардна опрема.
Податоците за потрошувачка на
гориво и испуштање CO 2 се
одредуваат според прописот R
(EC) бр. 715/2007 (во верзијата штое применлива), со земање предвид
на тежината на возилото кога
работи, како што е одредено со
прописот.
Бројките се дадени само за
споредба меѓу различните
варијанти на возилото и не треба
да се земаат како гаранција за
фактичката потрошувачка на
гориво на одредено возило.
Дополнителната опрема може да
предизвика малку повисоки
вредности на наведената
потрошувачка и испуштање CO 2.
Понатаму потрошувачката на
гориво зависи од личниот стил на
возењето, како и од условите на
коловозот и сообраќајот.Кука за приколки
Општи информации Употребувајте само таква опремаза влечење која е одобрена за
Вашето возило. Доверете му го
отпослежното монтирање на
опремата за влечење на
автомеханичар. Може да биде
потребно да се извршат измени кои делуваат врз системот за ладење,
топлоотпорните обвивки или друга
опрема.
Монтирањето на опрема за
влечење може да го прекрие
отворот на алката за влечење. Ако
е така, за влечење користете ја
влечната кука. Секогаш чувајте ја
влечната кука во возилото.
Возни карактеристики и
совети за влечење Пред да закачите приколка,
подмачкајте ја влечната топка со мазиво. Меѓутоа, не го правите тоа ако за намалување на кривулести

Page 187 of 279

Возење и ракување185
движења се употребува
стабилизатор, којшто делува врз
влечната топка.
Со приколки кои имаат мала
стабилност при возење и
каравански приколки со дозволена
бруто тежина на возилото од
повеќе од 1100 кг употребата на
стабилизатор особено се
препорачува кога се вози над
80 км/ч.
Ако приколката почне да се извива,
возете пополека, не обидувајте се
да го исправите управувањето и
сопирајте нагло ако е потребно.
Кога возите по удолнина, возете во иста брзина како да возевте по
угорница и возете со слична
брзина на возилото.
Дотерајте го притисокот во гумите
до вредноста определена за полна
натовареност 3 264.Влечење на приколка
Товарење на приколката9 Предупредување
Возила со мотор A13DTE:
Користењето опрема за
влечење се дозволува само за
закачување компатибилни
носачи на велосипеди. Не
користете опрема за влечење за влечење приколки.
Дозволената оптовареност на
приколките се максималните
вредности кои зависат од возилото
и од моторот и не смеат да се
пречекоруваат. Фактичната
оптовареност на приколката е
разликата помеѓу бруто тежината
на приколката и актуелната
оптовареност на влечната спојка
кога е приклучена приколката.
Дозволената оптовареност за
товарот на приколките е
определена во документите на
возилото. Воопшто, тие важат за
стрмнини до најмногу 12 %
Дозволената оптовареност на
приколката важи до определената
стрмнина и до надморска височина од 1000 метри. Бидејќи моќноста намоторот се намалува со
зголемување на надморската
височина поради разретчување на
воздухот, со што се намалува и
способноста за искачување,
дозволената тежина за влечење
исто така се намалува за 10 % на
секои 1000 метри дополнителна надморска височина. Бруто
влечната тежина не мора да се намалува кога се вози по патишта
со мали стрмнини (помали од 8 %,
на пр. автопатишта).
Не смее да се пречекори
дозволената бруто тежина на
оските. Оваа тежина е забележана
на идентификациската табличка
3 251.

Page 188 of 279

186Возење и ракување
Вертикална оптовареност навлечната спојка
Вертикалната оптовареност на
влечната спојка е оптовареноста
со којашто приколката ја
оптоварува влечната кука. Може да
се менува со менување на
распоредот на тежината кога се
товари приколката.
Најголемата дозволена
вертикална оптовареност на
влечната спојка (75 кг) е наведена
на идентификациската табличка на
опремата за влечење и во
документите на возилото. Секогаш
трудете се за максималната
оптовареност, особено во случај на тешки приколки. Вертикалната
оптовареност на влечната спојка
никогаш не смее да падне под 25 кг.Натоварување на задната
оска
Кога е прикачена приколка, а
влечното возило е целосно
натоварено, дозволената
оптовареност на задната оска
(видете ја идентификациската
табличка или документите на
возилото) може да се надмине за
80 кг (возила со систем ТНГ:
110 кг), а вредноста за бруто
тежина на возилото за 70 кг (возила
со систем ТНГ: 95 кг). Ако се
надмине дозволената
оптовареност на задната оска,
максималната брзина е 100 км/ч.
Опрема за влечењеВнимание
При работење без приколкаизвадете ја влечната кука со
топка.
Складирање на влечната кука
што се откачува
Торбата со влечната кука се чува
во задниот простор за складирање
на подот.
Протнете ко ременот низ алката за врзување и затегнете го за да ја
прицврстите торбата.

Page 189 of 279

Возење и ракување187
Монтирање на топчестата
влечна кука
Откачете го и преклопете го
приклучникот. Извадете го
заптивниот клин од дупката за
влечната кука и складирајте го.
Проверка на затегнатоста на
влечната кука
■ Црвената ознака на вртливото
копче посочува кон зелената
ознака на влечната кука.
■ Меѓупросторот помеѓу вртливото
копче и влечната кука мора да
биде околу 5 мм.
Инаку влечната кука треба да се
затегне пред да се вметне:
Извлечете го вртливото копче и
свртете го во правец на стрелките
на часовникот колку што може.

Page 190 of 279

188Возење и ракување
Вметнување на влечната кука
Вметнете ја затегнатата шипка на
влечната кука во отворот и турнете
ја цврсто угоре додека не се
заглави чујно.
Вртливата рачка скокнува назад во
основната положба, потпирајќи се
на влечната кука без расцеп.
9 Предупредување
Не ја допирајте вртливата рачка
за време на вметнувањето.
Откачете ја влечната кука вртејќи
го клучот надесно. Извадете го
клучот и затворете го заштитното
капаче.
Алка за кабелот за приврзување
Закачете го кабелот кој спречува
да се откачи приколката, за алката.
Проверете дали влечната кука е
правилно инсталирана
■ Зелената ознака на вртливото копче мора да посочува кон
зелената ознака на влечната
кука.
■ Не смее да има расцеп помеѓу вртливата рачка и шипката на
влечната кука.
■ Влечната кука треба цврсто да се
заглави во отворот.
■ Влечната кука треба да се заклучи и клучот да се извади.9 Предупредување
Влечењето на приколка е
дозволена само ако влечната
кука е монтирана правилно. Ако влечната кука не е заглавена
правилно, побарајте помош од
автомехануичар.

Page:   < prev 1-10 ... 141-150 151-160 161-170 171-180 181-190 191-200 201-210 211-220 221-230 ... 280 next >