OPEL MERIVA 2015 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015, Model line: MERIVA, Model: OPEL MERIVA 2015Pages: 279, PDF Size: 7.86 MB
Page 221 of 279

Нега на возилото219Ознаки на гумите
На пр. 195/65 R 15 91 H195=Широчина на гумата во мм65=Профил (однос на
височината со широчината
на гумата) во %R=Вид на ременот: РадијаленRF=Вид : RunFlat (функционира и
издишана)15=Пречник на тркалото во инч91=Индекс на оптовареноста, на
пр. 91 одговара на 615 кгH=Буква на шифрата за
брзината
Буква на шифрата за брзината:
Q=до 160 км/чS=до 180 км/чT=до 190 км/чH=до 210 км/чV=до 240 км/чW=до 270 км/ч
Притисок на гумите
Проверувајте го притисокот во
гумите кога се студени, најмалку на
14 дена и пред секое подолго
патување. Не заборавајте го
резервното тркало. Тоа важи и за
возилата со систем за контрола на
притисокот во гумите.
Извртете го капачето на вентилот.
Притисокот во гумата 3 264 и на
налепницата на предната врата за
совозачот.
Податоците за притисокот во
гумите се однесуваат на ладни
гуми. Тоа важи за летни и зимски
гуми.
Резервната гума секогаш пумпајте
ја до притисокот определен за
целосна оптовареност.
ECO притисокот на гумите служи
да се постигне најмалата можна
потрошувачка на гориво.
Неправилниот притисок во гумите ќе ја влоши безбедноста,
управувањето со возилото,
удобноста и економичноста на потрошувачката на гориво, и ќе го
зголеми абењето на гумите.
Притисоците на гумите се
разликуваат, зависно од опциите.
За правилна вредност на
притисокот на гумите, следете ја
постапката опишана подолу:
1. Идентификувајте ја идентификациската шифра намоторот. Податоци за моторот
3 256.
2. Идентификувајте ја гумата.
Табелите за притисок на гумите ги
покажуваат сите можни
комбинации на гуми 3 264.
За гумите одобрени за Вашето
возило, видете го Сертификатот за сообразност на ЕК доставен со
Page 222 of 279

220Нега на возилото
Вашето возило или другите
национални документи за
регистрација.
Возачот е одговорен за правилно
прилагодување на притисокот во
гумите.9 Предупредување
Ако притисокот е пренизок,
гумите може премногу да се
загреат и да се оштетат
однатре, што може да
предизвика цепење на шарите,
па дури и експлозија на гумите
при големи брзини.
Ако притисокот во гумите треба да
се намали или зголеми кај возило
со систем за контрола на
притисокот во гумите, исклучете го
палењето.
Систем за следење на
притисокот на гумите
Системот за контрола на
притисокот во гумите (TPMS) го
проверува притисокот во сите
четири тркала еднаш по минута
кога брзината на возилото ќе
надмине определена граница.Внимание
Системот за следење на
притисокот во гумите само
предупредува за послаб
притисок и не е замена за
редовното одржување на
гумите од страна на возачот.
Сите четири тркала треба да бидат опремени со сензори за притисокот
во гумите и гумите треба да го
имаат пропишаниот притисок.
Забелешка
Во земјите каде што системот за
следење на притисокот на гумите
е законска обврска, користењето
тркала без сензори за притисокот
ќе го обезважи одобрението за
типот на возилото.
Актуелниот притисок во гумите може да се покаже на Vehicle
Information Menu (изборник за
информации за возилото) во
Информативниот центар за
возачот (DIC).
Изборникот може да се изберат со
копчињата на рачката за
трепкачите.
Притиснете го копчето MENU за да
се избере Vehicle Information Menu
(изборник за информации за
возилото) X .
Page 223 of 279

Нега на возилото221
Свртете го тркалцето за местење
за да го изберете системот за
контрола на притисокот во гумите.
Состојбата на системот и
предупредувања за притисокот се
прикажуваат со порака додека
трепка соодветната гума во
Информативниот центар за
возачот.Откриен слаб притисок во гума се
покажува со контролната сијаличка
w 3 108.
Ако се запали w, сопрете штом
можете и напумпајте ги гумите
според препораките 3 264.
Ако w трепка 60-90 секунди, а
потоа свети постојано, има дефект
во системот. Посоветувајте се со
автомеханичар.
Откако ќе напумпате, може да е
потребно возење за да се
ажурираат вредностите на
притисокот на гумите во DIC. За тоа
време може да свети w.
Ако свети
w при пониски
температури и се изгасне по
одредено време возење, може да
се работи за низок притисок.
Проверете го притисокот во
гумите.
Пораки за возилото 3 117.
Ако притисокот во гумата има да се
намали или зголеми, исклучете го
палењето.
Монтирајте само тркала со сензори за притисок, инаку притисокот во
гумите нема да се прикажува и w ќе
свети постојано.
Привремената резервна гума не е
опремена со сензори за притисок.
Системот за контрола на
притисокот во гумите не
функционира за тие тркала.
Контролна сијаличка w се пали. За
понатамошните три тркала
системот останува функционален.
Употребата на течните комплети за поправање на гуми што се
достапни во трговијата може да го
влоши функционирањето на
Page 224 of 279

222Нега на возилото
системот. Може да се користат
фабрички одобрени комплети за поправање гуми.
Надворешни радио опреми со
голема моќност може да му пречат на системот за контрола на
притисокот во гумите.
Секогаш кога се заменуваат гумите
сензорите на системот за следење на притисокот во гумите треба да
се демонтираат и сервисираат. За
навртниот сензор: заменете ги
јадрото на вентилот и заптивниот
прстен. За прицврсниот сензор:
заменете го целиот вентил.
Состојба на оптовареност на возилото Прилагодете го притисокот во
гумите според состојбата на
оптовареност, согласно со
етикетата за информации за
гумите или табелата со притисоци
за гумите 3 264 и изберете ја
соодветната поставка во
изборникот Tire Load
(Оптовареност на гумите) на
Информативниот центар завозачот, Vehicle Information Menu
(изборник за информации за
возилото) 3 111.
Изберете:
■ Light (Светло) за удобен
притисок за до 3 лица
■ Eco (Еко) за економичен
притисок за до 3 лица
■ Max (Макс.) за целосна
оптовареност
Споредување на сензорите
на TPMS
Секој сензор на TPMS има
единствена идентификациска
шифра. Идентификациската
шифра мора да се поклопи со
позицијата на новата гума/тркало откако гумата ќе се изротира или
целиот комплет на тркалото ќе се
смено и ако еден или повеќе TPMS
сензори се заменети.
Споредувањето на сензорите
TPMS треба да се изврши и откако
резервна гума ќе се замени со гума
за патување со сензор TPMS.
Светлото за неисправност и
предупредувачката порака или
шифра треба да се изгасат при
следното палење. Сензорите се споредуваат со положбите на
гумите/тркалата со користење на
алатката за повторно учење на
TPMS по следниов редослед: лева
предна гума, десна предна гума,
десна задна гума и лева задна
гума. Трепкачот во тековната
активна положба свети се додека
да се случи поврзување со
сензорот.
Page 225 of 279

Нега на возилото223
Консултирајте се со својот сервис
за сервисирање или купување на
алатката за повторно учење. Има
две минути за споредување на првата положба на гума/тркало и
пет минути вкупно за да се
споредат сите четири положби на
гуми/тркала. Ако трае подолго,
споредувањето престанува и мора
повторно да се почне.
Споредувањето на сензорите на
TPMS е:
1. Кренете ја сопирачката за паркирање. Кај возила со
автоматски менувач поставете ја рачката на менувачот на P.
2. Вклучете го палењето.
3. Со копчето MENU на рачката за
трепкачите изберете Vehicle
Information Menu (изборник за
информации за возилото) на
Информативниот центар за возачот (DIC).
4. Со тркалцето за местење дојдете до изборникот за
притисокот на гумите.5. Притиснете го копчето SET/CLR за да почне
споредувањето на сензорите.
Треба да се прикаже порака
што ќе побара прифаќање на
процесот.
6. Притиснете го копчето SET/CLR повторно за да го
потврдите изборот. Сирената
се огласува двапати за да
сигнализира дека приемникот е
во режим на повторно учење.
7. Почнете со левата предна гума.
8. Ставете ја алатката за повторно учење до страната на
гумата, блиску до вентилот.
Потоа притиснете го копчето за
да го активирате сензорот на
TPMS. Кус сигнал од сирената
потврдува дека
идентификациската шифра на
сензорот е споредена со таа
положба на гума и тркало.
9. Продолжете со десната предна гума и повторете ја постапката
од чекор 8.10. Продолжете со десната задна гума и повторете ја постапката
од чекор 8.
11. Продолжете со левата задна гума и повторете ја постапката
од чекор 8. Сирената се
огласува двапати да укаже дека идентификациската шифра на
сензорот е споредена со левата задна гума и споредувањето на
сензорите на TPMS веќе не е
активно.
12. Исклучете го палењето.
13. Прилагодете го притисокот во сите четири гуми според
препорачаните вредности
прикажани на етикетата за
притисок во гумите.
14. Проверете дали стаусот на оптеретување на гумата е
поставен во согласност со
избраниот притисок 3 111.
Page 226 of 279

224Нега на возилото
Зависност од температуратаПритисокот во гумата зависи од
нејзината температура. За време
на возењето, температурата и притисокот на гумите се
зголемуваат.
Вредноста на притисокот во гумите
прикажана во Информативниот
систем за возачот го покажува
фактичкиот притисок во гумите.
Затоа е важно да се проверува
притисокот во гумите со ладни
гуми.
Длабочина на шаратаРедовно проверувајте ја
длабочината на шарите.
Гумите треба да се заменат од
безбедносни причини ако
длабочината на шарите е 2-3 мм
(4 мм за зимски гуми).
Од безбедносни причини, се
препорачува длабочината на
шарите на гумите на една оска да
не се разликува повеќе од 2 мм.
Законски дозволената минимална
длабочина на шарата (1,6 мм) е
достигната кога шарата е изабена
до една од ознаките за изабеност
( TWI). Нивната положба е означена
со обележувања од страните на
гумата.
Ако има поголемо абење напред
отколку назад, повремено
заменувајте ги предните тркала со задните. Проверете дали насоката
на вртењето на тркалата е иста.
Гумите стареат, дури ако не се
употребуваат. Препорачуваме
замена на гумите на 6 години.
Менување на гумите и
големина на тркалата Ако се употребуваат гуми со
различна големина од оние
монтирани во фабриката, може да
биде потребно да се програмираат рзиномерот како и номиналниот
притисок во гумите повторно и да
се извршат други преиначувања на
возилото.
По префрлувањето на гуми со друга големина, нека Ви ја заменат
етикетата со притисоци за гумите.9 Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или тркала може да доведе
до незгоди и ќе го анулира
одобрението на видот на
возилото.
Раткапни
Раткапните и гумите што се
одобрени од фабриката за
соодветното возило и ги
исполнуваат сите соодветни
Page 227 of 279

Нега на возилото225
барања за комбинирање на
тркалата и гумите, можат да се
користат.
Ако раткапните и гумите кои се
користат не се фабрично
одобрени, гумите не смеат да
имаат заштитно ребро на работ.
Раткапните не смеат да му пречат
на ладењето на сопирачките.9 Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или раткапни може да
доведува до нагло губење на
притисок и притоа несреќи.
Возила со челични тркала: Кога
користите навртки за заклучување
на тркалата, раткапните може да
не се прицврстени на челичните
тркала.
Синџири за гуми
Синџири за гуми се дозволуваат
само на предните тркала.
Секогаш употребувајте синџири со
ситни алки што не додаваат повеќе од 10 мм до шарата и внатрешните
страни на гумата (вклучувајќи ја и
бравата на синџирот).
9 Предупредување
Оштетувањата може да
доведат до пукање на гумата.
Синџирите за гуми се дозволени само на гуми со големина
195/65 R 15, 205/55 R 16 и
225/45 R 17.
Сиnџири за гуми не се дозволени
за гумите со големина 225/40 R 18 .
Употребата на синџири за гуми не
се дозволува на привременото
резервно тркало.
Комплет за поправање
гуми Помалите оштетувања на шарата
на гумата може да се поправат со
комплетот за поправање гуми.
Не ги вадете туѓите предмети од
гумите.
Оштетувањата на гумите што
надминуваат 4 мм или што се од
страната на гумата близу до работ
не можат да се поправат со
комплетот за поправање гуми.
Page 228 of 279

226Нега на возилото9Предупредување
Не возете побрзо од 80 км/ч.
Не го користете за подолг
период.
Управувањето со воланот и
ракувањето може да станат
поинакви.
Ако имате издишна гума:
Затегнете ја рачната сопирачка и ставете во прва брзина, рикверц
или P.
Комплетот за поправање гуми се
чува во товарниот простор.
Зависно од опремата, комплетот за поправање гуми се наоѓа во
преграда во десната касета или во
преграда под подот.
Возила со комплет за
поправање гуми во касетата
За отворање на преградата,
ослободете го капакот и отворете
го.
1. Земете ги шишето со заптивната смеса и рамката со
воздушното црево од влогот.
Page 229 of 279

Нега на возилото227
2. Откачете го воздушното цревоод рамката и зашрафете го врз
спојката на шишето со заптивната смеса.
3. Наместете го шишето со заптивната смеса врз рамката.Уверете се дека шишето не
паѓа.
4. Отштрафете ги капаците на вентилите од дефектната гума.
5. Зашрафете го цревото за пумпање гуми врз вентилот.
6. Зашрафете го цревото за воздух врз спојката на
компресорот.
7. Вклучете го палењето. За да се избегне испразнувањена акумулаторот, Ви
препорачуваме да го оставите
моторот да работи.8. Притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување на
компресорот. Гумата се полни
со заптивната смеса.
9. Мерачот за притисок на компресорот накратко се
покачува до 6 бари додека
шишето за заптивната смеса се празни (околу 30 секунди).
Потоа притисокот почнува да
опаѓа.
10. Целата заптивна смеса се пумпа во гумата. Потоа гумата
се надува.
11. Пропишаниот притисок за гумата би требало да се
Page 230 of 279

228Нега на возилото
достигне во рок од 10 минути.
Притисок во гумите 3 264. Кога
потребниот притисок се
постигна, исклучете го
компресорот со повторно
притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување.
Ако пропишаниот притисок за
гумите не се достигне во рок од
10 минути, извадете го
комплетот за поправање гуми.
Помрднете го возилото за едно
вртење на гумата. Повторно
закачете го комплетот за
поправање гуми и продолжете
со постапката за полнење за
10 минути. Ако пропишаниот
притисок за гумите се уште не е достигнат, гумата е премногу
оштетена. Побарајте помош од
автомеханичар.
Испуштајте го вишок
притисокот во гумата
користејќи го копчето ].
Не работете со компресорот
подолго од 10 минути.12. Притиснете ја спојката на рамката за да го извадите
шишето со заптивна смеса од
рамката. Зашрафете го
цревото за пумпање на гуми на
слободниот приклучок на шишето со заптивната смеса.
Тоа ја спречува заптивната
смеса да истече. Чувајте го
приборот за поправка на гумите во багажниот простор.
13. Извадете ја излишната заптивна смеса користејќи
ткаенина.
14. Земете ја налепницата која ја покажува најголемата
дозволена брзина од шишето
со заптивната смеса, и закачете
ја во видното поле на возачот.
15. Продолжете со возењето веднаш за да се распространи
средството рамномерно во
гумата. По возење околу 10 км
(но не повеќе од 10 минути),
застанете и проверете го
притисокот во гумата.
Притегнете го цревото на
воздухот директно врз вентилотна гумата и за тоа време нека
работи компресорот.
Ако притисокот во гумата е
поголем од 1,3 бари, наполнете
ја до правилната вредност.
Повторете ја оваа поставка
додека веќе нема губење на
притисокот.
Ако притисокот во гумата
паднал под 1,3 бари, возилото
не смее да се користи.
Побарајте помош од
автомеханичар.
16. Чувајте го приборот за поправка на гумите во
багажниот простор.