OPEL MERIVA 2016.5 Сопственички прирачник

Page 231 of 287

Нега на возилото229по замена на целиот комплет на
тркалото, како и по замена на еден
или повеќе сензори за притисок во
гумите. Споредувањето на
сензорите за пријавување
притисок на гумите треба да се
врши и откако ќе се замени
резервно тркало со тркало за
патување со сензор за притисок на
гумите.
Светлото за неисправност w и
предупредувачката порака или
шифра треба да се исклучат при
следниот циклус на палење.
Сензорите се споредуваат со
положбите на тркалата со
користење на алатката за повторно учење по следниов редослед: левопредно тркало, десно предно
тркало, десно задно тркало и лево
задно тркало. Трепкачот на
моменталната активна положба
свети додека да се усогласи
сензорот.
Консултирајте автомеханичар или
купете алатка за повторно учење.
Има две минути за споредување на
положбата на првото тркало и пет
минути вкупно за да се споредатсите четири положби на тркалата.
Ако трае подолго, споредувањето
престанува и мора повторно да се
почне.
Сензорот за споредување
притисок на гумите е:
1. Активирајте ја сопирачката за паркирање.
2. Вклучете го палењето.
3. Кај возилата со автоматски менувач: ставете ја рачката на
менувачот во P.
За возила со рачен пренос:
одберете лер.
4. Притиснете MENU на рачката
за трепкачи за да изберете
Vehicle Information Menu
(Изборник за информации за
возилото) на Информативниот
центар за возачот.
5. Со тркалцето за местење дојдете до изборникот за
притисокот на гумите.
6. Притиснете SET/CLR за да
почне споредувањето на
сензорите. Треба да се прикаже порака што ќе побара
прифаќање на процесот.7. Притиснете SET/CLR повторно
за да го потврдите изборот.
Сирената се огласува двапати за да сигнализира дека
приемникот е во режим на
повторно учење.
8. Почнете со левото предно тркало.
9. Ставете ја алатката за повторно учење до страната на
гумата, блиску до вентилот.
Потоа притиснете го копчето за
да го активирате сензорот за
притисокот во гумите. Кус сигнал од сирената и кратко
активирање на сите трепкачи потврдува дека
идентификациската шифра на
сензорот е поврзана со таа
положба на тркало.
10. Продолжете со десното предно тркало и повторете ја
постапката од чекор 9.
11. Продолжете со десното задно тркало и повторете ја
постапката од чекор 9.
12. Продолжете со левото задно тркало и повторете ја
постапката од Чекор 9.

Page 232 of 287

230Нега на возилотоСирената се огласува двапати
да укаже дека
идентификациската шифра на сензорот е поврзана со левото задно тркало, а сензорот за
пријавување притисок на
гумите веќе не е активен.
13. Исклучете го палењето.
14. Прилагодете го притисокот во сите четири гуми според
препорачаните вредности
прикажани на етикетата за
информации за притисок во
гумите.
15. Проверете дали стаусот на оптеретување на гумата е
поставен во согласност со
избраниот притисок 3 113.
Длабочина на шарата
Редовно проверувајте ја
длабочината на шарите.
Гумите треба да се заменат од
безбедносни причини ако
длабочината на шарите е 2-3 мм
(4 мм за зимски гуми).Од безбедносни причини, се
препорачува длабочината на
шарите на гумите на една оска да не се разликува повеќе од 2 мм.
Законски дозволената минимална
длабочина на шарата (1,6 мм) е
достигната кога шарата е изабена
до една од ознаките за изабеност
( TWI). Нивната положба е означена
со обележувања од страните на
гумата.
Ако има поголемо абење напред
отколку назад, повремено
заменувајте ги предните тркала со
задните. Проверете дали насоката
на вртењето на тркалата е иста.
Гумите стареат, дури ако не се
употребуваат. Препорачуваме
замена на гумите на 6 години.
Менување на гумите иголемина на тркалата
Ако се употребуваат гуми со
различна големина од оние
монтирани во фабриката, може да
биде потребно да се програмираат рзиномерот како и номиналниот
притисок во гумите повторно и да
се извршат други преиначувања на
возилото.
По префрлувањето на гуми со друга големина, нека Ви ја заменат
етикетата со притисоци за гумите.9 Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или тркала може да доведе
до незгоди и ќе го анулира
одобрението на видот на
возилото.

Page 233 of 287

Нега на возилото231РаткапниРаткапните и гумите што се
одобрени од фабриката за
соодветното возило и ги
исполнуваат сите соодветни
барања за комбинирање на
тркалата и гумите, можат да се
користат.
Ако раткапните и гумите кои се
користат не се фабрично
одобрени, гумите не смеат да
имаат заштитно ребро на работ.
Раткапните не смеат да му пречат
на ладењето на сопирачките.9 Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или раткапни може да
доведува до нагло губење на
притисок и притоа несреќи.
Челични тркала: Кога користите
навртки за заклучување на
тркалата, не ставајте раткапни.
Синџири за гуми
Синџири за гуми се дозволуваат
само на предните тркала.
Секогаш употребувајте синџири со
ситни алки што не додаваат повеќе од 10 мм до шарата и внатрешните
страни на гумата (вклучувајќи ја и
бравата на синџирот).
9 Предупредување
Оштетувањата може да
доведат до пукање на гумата.
Синџирите за гуми се дозволени само на гуми со големина
195/65 R15, 205/55 R16 и
225/45 R17.
Синџирите за гуми не се дозволени за гумите со големина 225/40 R18.
Употребата на синџири за гуми не
се дозволува на привременото
резервно тркало.
Комплет за поправањегуми
Помалите оштетувања на шарата на гумата може да се поправат со
комплетот за поправање гуми.
Не ги вадете туѓите предмети од
гумите.
Оштетувањата на гумите што
надминуваат 4 мм или што се од
страната на гумата близу до работ
не можат да се поправат со
комплетот за поправање гуми.

Page 234 of 287

232Нега на возилото9Предупредување
Не возете побрзо од 80 км/ч.
Не го користете за подолг
период.
Управувањето со воланот и
ракувањето може да станат
поинакви.
Ако имате издишна гума:
Затегнете ја рачната сопирачка и ставете во прва брзина, рикверц
или P.
Комплетот за поправање гуми се
чува во товарниот простор.
Зависно од опремата, комплетот за поправање гуми се наоѓа во
преграда во десната касета или во
преграда под подот.
Возила со комплет за
поправање гуми во касетата
За отворање на преградата,
ослободете го капакот и отворете
го.
1. Земете ги шишето со заптивната смеса и рамката со
воздушното црево од влогот.

Page 235 of 287

Нега на возилото2332. Откачете го воздушното цревоод рамката и зашрафете го врз
спојката на шишето со заптивната смеса.
3. Наместете го шишето со заптивната смеса врз рамката.Уверете се дека шишето не
паѓа.
4. Отштрафете ги капаците на вентилите од дефектната гума.
5. Зашрафете го цревото за пумпање гуми врз вентилот.
6. Зашрафете го цревото за воздух врз спојката на
компресорот.
7. Вклучете го палењето. За да се избегне испразнувањена акумулаторот, Ви
препорачуваме да го оставите
моторот да работи.8. Притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување на
компресорот. Гумата се полни
со заптивната смеса.
9. Мерачот за притисок на компресорот накратко се
покачува до 6 бари додека
шишето за заптивната смеса се празни (околу 30 секунди).
Потоа притисокот почнува да
опаѓа.
10. Целата заптивна смеса се пумпа во гумата. Потоа гумата
се надува.
11. Пропишаниот притисок за гумата би требало да се
достигне во рок од 10 минути.

Page 236 of 287

234Нега на возилотоПритисок во гумите 3 267. Кога
потребниот притисок се
постигна, исклучете го
компресорот со повторно
притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување.
Ако пропишаниот притисок за
гумите не се достигне во рок од
10 минути, извадете го
комплетот за поправање гуми.
Помрднете го возилото за едно
вртење на гумата. Повторно
закачете го комплетот за
поправање гуми и продолжете
со постапката за полнење за
10 минути. Ако пропишаниот
притисок за гумите се уште не е достигнат, гумата е премногу
оштетена. Побарајте помош од
автомеханичар.
Намалете го прекумерниот
притисок во гумата со
притискање на ].
Не работете со компресорот
подолго од 10 минути.
12. Притиснете ја спојката на рамката за да го извадите
шишето со заптивна смеса од
рамката. Зашрафете гоцревото за пумпање на гуми на
слободниот приклучок на
шишето со заптивната смеса.
Тоа ја спречува заптивната
смеса да истече. Чувајте го
приборот за поправка на гумите во багажниот простор.
13. Извадете ја излишната заптивна смеса користејќи
ткаенина.
14. Земете ја налепницата која ја покажува најголемата
дозволена брзина од шишето
со заптивната смеса, и закачете
ја во видното поле на возачот.
15. Продолжете со возењето веднаш за да се распространи
средството рамномерно во
гумата. По возење околу 10 км
(но не повеќе од 10 минути),
застанете и проверете го
притисокот во гумата.
Притегнете го цревото на
воздухот директно врз вентилот на гумата и за тоа време нека
работи компресорот.
Ако притисокот во гумата е
поголем од 1,3 бари, наполнете
ја до правилната вредност.Повторете ја оваа поставка
додека веќе нема губење на
притисокот.
Ако притисокот во гумата
паднал под 1,3 бари, возилото
не смее да се користи.
Побарајте помош од
автомеханичар.
16. Чувајте го приборот за поправка на гумите во
багажниот простор.
Возила со комплет за
поправање гуми под подот
1. Земете го комплетот за поправање гуми од преградата.

Page 237 of 287

Нега на возилото2352. Извадете го компресорот.
3. Извадете го кабелот заповрзување со струја и цревото
за воздух од преградите за
складирање на долната страна
на компресорот.
4. Зашрафете го цревото за воздух од компресорот на
приклучокот на шишето со
заптивната смеса.
5. Наместете го шишето со заптивната смеса во држачот
на компресорот.
Поставете го компресорот
близу до гумата така што
шишето со заптивна смеса ќе
биде исправено.6. Отштрафете ги капаците на вентилите од дефектната гума.
7. Зашрафете го цревото за полнење на вентилот на гумата.
8. Прекинувачот на компресорот мора да биде поставен на J.
9. Приклучете го приклучникот на компресорот во штекерот за
струја или во приклучокот на
запалката.
За да се избегне
испразнувањето на
акумулаторот, Ви
препорачуваме да го оставете
моторот да работи.

Page 238 of 287

236Нега на возилото
10. Поставете го преклопникот накомпресорот на I. Гумата се
полни со заптивната смеса.
11. Мерачот за притисок на компресорот накратко се
покачува до 6 бари додека
шишето за заптивната смеса се празни (околу 30 секунди).
Потоа притисокот почнува да
опаѓа.
12. Целата заптивна смеса се пумпа во гумата. Потоа гумата
се надува.
13. Пропишаниот притисок за гумата би требало да се
достигне во рок од 10 минути. Притисок во гумите 3 267. Кога
ќе се постигне правилниот
притисок, исклучете го
компресорот.
Ако пропишаниот притисок за
гумите не се достигне во рок од
10 минути, извадете го
комплетот за поправање гуми. Помрднете го возилото за едно
вртење на гумата. Повторно
закачете го комплетот за
поправање гуми и продолжете
со постапката за полнење за
10 минути. Ако пропишаниот
притисок за гумите се уште не е достигнат, гумата е премногу
оштетена. Побарајте помош од
автомеханичар.
Исцедете го вишок притисокот од гумата со копчето над
индикаторот за притисок.
Не работете со компресорот
подолго од 10 минути.
14. Откачете го комплетот за поправање гуми. Притиснете ја
спојката на рамката за да го
извадите шишето со заптивна
смеса од рамката. Зашрафете го цревото за пумпање на гуми
на слободниот приклучок на
шишето со заптивната смеса.
Тоа ја спречува заптивната
смеса да истече. Чувајте го
приборот за поправка на гумите во багажниот простор.
15. Извадете ја излишната заптивна смеса користејќи
ткаенина.
16. Земете ја налепницата која ја покажува најголемата
дозволена брзина од шишето
со заптивната смеса, и закачете
ја во видното поле на возачот.
17. Продолжете со возењето веднаш за да се распространисредството рамномерно во
гумата. По возење околу 10 км

Page 239 of 287

Нега на возилото237(но не повеќе од 10 минути),
застанете и проверете го
притисокот во гумата.
Притегнете го цревото на
воздухот директно врз вентилот на гумата и за тоа време нека
работи компресорот.
Ако притисокот во гумата е
поголем од 1,3 бари, наполнете
ја до правилната вредност.
Повторете ја оваа поставка
додека веќе нема губење на
притисокот.
Ако притисокот во гумата паднал под 1,3 бари, возилото
не смее да се користи.
Побарајте помош од
автомеханичар.
18. Чувајте го приборот за поправка на гумите во
багажниот простор.
Општи информации Забелешка
Возните карактеристики на
поправената гума се значително
сменети, затоа заменете ја таа
гума.
Ако се слушне необичен шум или
компресорот се загрее, исклучете
го компресорот најмалку
30 минути.
Вградениот сигурносен вентил се
отвора при притисок од 7 бари.
Проверете го рокот на траење на
комплетот. По тој датум
способноста за затнување веќе не
се гарантира. Внимавајте на
информациите за чување на
шишето со заптивна смеса.
Заменете го користеното шише со заптивната смеса. Отфрлете го
шишето како што е пропишано од
соодветните закони.Компресорот и заптивната смеса
може да се користат од околу
-30 °C.
Приложените адаптери може да
се користат за пумпање на други
предмети, на пр. фудбалски
топки, воздушни душеци, гумени
чамци, итн. Тие се наоѓаат на
долната страна од компресорот.
За да се извади, притегнете го
цревото за воздух на компресорот и извлечете го адаптерот.
Менување тркала
Некои возила се опремени со
комплет за поправање гуми
наместо резервно тркало 3 231.
Сторете ги следниве подготовки и
запазете ги следните информации:
● Паркирајте го возилото на рамна, цврста и нелизгава
површина. Предните тркала
треба да бидат наместени
право.
● Затегнете ја рачната сопирачка и ставете во прва
брзина, рикверц или P.

Page 240 of 287

238Нега на возилото●Извадете го резервното тркало
3 241.
● Не менувајте повеќе од едно тркало одеднаш.
● Дигалката користете ја само за
менување на тркала во случај
на продупчување, а не за
сезонски зимски или летни
менувања на гумите.
● Дигалката не бара одржување.
● Ако тлото на коешто стои возилото е меко, треба да се
стави тврда штица (дебела најмногу 1 см) под дигалката.
● Извадете ги тешките предмети
од возилото пред да го
кревате.
● Во возилото не смее да има луѓе или животни кога се дига.
● Не пикајте се под возило што е
кренато со дигалка.
● Не го палете возилото кога е кренато со дигалката.
● Пред да ги зашрафите завртките на тркалото,
исчистете ги и малкунамачкајте го стеснетиот крај
од секоја завртка со мазиво
достапно во трговијата.9 Предупредување
Не подмачкувајте го навојот на
завртката на тркалото.
1. Извлечете ја раткапната.
За раткапни со видливи завртки
на ткралото: Раткапната може
да остане на тркалото. Не ги
вадете прстените за држење на завртките на тркалото.
Лесни бандажи: Откачете ги
капачињата на завртките за
тркало со шрафцигер и
извадете ги. За да се заштити
тркалото, ставете мека
ткаенина помеѓу шрафцигерот
и лесната бандажа.
2. Варијанта 1:
Ставете го клучот за тркалата
уверувајќи се дека е наместен
безбедно и олабавете ја секоја
завртка на тркалото за
половина вртење.
Варијанта 2:

Page:   < prev 1-10 ... 191-200 201-210 211-220 221-230 231-240 241-250 251-260 261-270 271-280 ... 290 next >