OPEL MERIVA 2016.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2016.5, Model line: MERIVA, Model: OPEL MERIVA 2016.5Pages: 287, PDF Size: 8.13 MB
Page 191 of 287

Возење и ракување1899Предупредување
Поради конструкцијата на
системот, неизбежно е
испуштање течен гас по
отпуштањето на рачката за
блокирање. Не вдишувајте.
9 Предупредување
Резервоарот за течен гас може
да се наполни само 80 % заради безбедносни причини.
Мултивентилот на резервоарот за
течен гас автоматски го ограничува количеството за полнење. Ако се
додаде поголемо количество,
препорачуваме возилото да не се изложува на сонце додека не се
искористи вишокот.
Адаптер за полнење
Бидејќи системите за полнење не
се стандардизирани, потребни се
различни адаптери коишто се
достапни од дистрибутерите на
Opel и од овластените сервисери
на Opel.
Адаптер ACME: Белгија,
Германија, Ирска, Луксембург,
Швајцарија
Адаптер бајонет: Холандија,
норвешка, Шпанија, Велика
Британија
ЕУРО адаптер: Шпанија
Page 192 of 287

190Возење и ракувањеDISH адаптер: Босна и
Херцеговина, Бугарија, Данска,
Естонија, Франција, Грција,
Италија, Хрватска, Летонија,
Литванија, Македонија, Австрија,
Полска, Португалија, Романија, Шведска, Швајцарија, Србија,
Словачка, Словенија, Чешка,
Турција, Украина, Унгарија
Потрошувачка на гориво - CO 2-испуштање
Потрошувачката на гориво
(комбинирана) на моделот Opel
Meriva е во опсег од 7,4 до 3,7 л/100
км.
Испуштањето CO
2 (комбинирано) е
од 169 до 99 г/км.
За вредностите специфицирани за
вашето возило, видете го
Сертификатот за сообразност на
ЕК доставен со вашето возило или
другите национални документи за
регистрација.Општи информации
Наведените бројки за
официјалната потрошувачка на
гориво и испуштањето CO 2 се
однесуваат на основниот модел за ЕУ со стандардна опрема.
Податоците за потрошувачка на
гориво и испуштање CO 2 се
одредуваат според прописот R
(EC) бр. 715/2007 (во верзијата што
е применлива), со земање предвид
на тежината на возилото кога
работи, како што е одредено со
прописот.
Бројките се дадени само за
споредба меѓу различните
варијанти на возилото и не треба
да се земаат како гаранција за
фактичката потрошувачка на
гориво на одредено возило.
Дополнителната опрема може да
предизвика малку повисоки
вредности на наведената
потрошувачка и испуштање CO 2.
Понатаму потрошувачката на
гориво зависи од личниот стил на
возењето, како и од условите на
коловозот и сообраќајот.Кука за приколки
Општи информации
Употребувајте само таква опрема
за влечење која е одобрена за
Вашето возило. Доверете му го
отпослежното монтирање на
опремата за влечење на
автомеханичар. Може да биде
потребно да се извршат измени кои делуваат врз системот за ладење,
топлоотпорните обвивки или друга
опрема.
Функцијата за откривање на
откажување на ламбите за
светлото на сопирачките на
приколката не може да открие
делумно откажување на ламбите,
на пр. во случај на четири пати пет
ватни ламби, открива откажување
на ламбите само кога останала
само една ламба од пет Вати или
нема ниедна.
Монтирањето на опрема за
влечење може да го прекрие
отворот на алката за влечење. Ако
е така, за влечење користете ја
Page 193 of 287

Возење и ракување191влечната кука. Секогаш задржи ја
влечната кука во возилото кога не
е во употреба.
Возни карактеристики и
совети за влечење
Пред да закачите приколка,
подмачкајте ја влечната топка со
мазиво. Меѓутоа, не го правите тоа ако за намалување на кривулести
движења се употребува
стабилизатор, којшто делува врз
влечната топка.
Со приколки кои имаат мала
стабилност при возење и
каравански приколки со дозволена
бруто тежина на возилото од
повеќе од 1100 кг употребата на стабилизатор особено се
препорачува кога се вози над
80 км/ч.
Ако приколката почне да се извива,
возете пополека, не обидувајте се
да го исправите управувањето и
сопирајте нагло ако е потребно.Кога возите по удолнина, возете во иста брзина како да возевте по
угорница и возете со слична
брзина на возилото.
Дотерајте го притисокот во гумите
до вредноста определена за полна
натовареност 3 267.
Влечење на приколка Товарење на приколката9 Предупредување
Возила со мотор A13DTE:
Користењето опрема за
влечење се дозволува само за
закачување компатибилни
носачи на велосипеди. Не
користете опрема за влечење за влечење приколки.
Дозволената оптовареност на
приколките се максималните
вредности кои зависат од возилото
и од моторот и не смеат да се
пречекоруваат. Фактичната
оптовареност на приколката е
разликата помеѓу бруто тежината
на приколката и актуелната
оптовареност на влечната спојка
кога е приклучена приколката.
Дозволената оптовареност за
товарот на приколките е
определена во документите на
возилото. Воопшто, тие важат за
стрмнини до најмногу 12 %.
Дозволената оптовареност на
приколката важи до определената
стрмнина и до надморска височина од 1000 метри. Бидејќи моќноста намоторот се намалува со
зголемување на надморската
височина поради разретчување на
воздухот, со што се намалува и
способноста за искачување,
дозволената тежина за влечење
исто така се намалува за 10 % на
секои 1000 метри дополнителна надморска височина. Бруто
влечната тежина не мора да се намалува кога се вози по патишта
со мали стрмнини (помали од 8 %,
на пр. автопатишта).
Page 194 of 287

192Возење и ракувањеНе смее да се пречекори
дозволената бруто тежина на
оските. Оваа тежина е забележана
на идентификациската табличка
3 255.
Вертикална оптовареност на
влечната спојка
Вертикалната оптовареност на
влечната спојка е оптовареноста
со којашто приколката ја
оптоварува влечната кука. Може да
се менува со менување на
распоредот на тежината кога се
товари приколката.
Максималната дозволена
вертикална оптовареност на
влечната спојка (75 кг) е наведена
на идентификациската табличка на
влечната опрема и во документите
на возилото. Секогаш трудете се за
максималната оптовареност,
особено во случај на тешки
приколки. Вертикалната
оптовареност на влечната спојка
никогаш не смее да падне под 25 кг.Натоварување на задната оска
Кога е прикачена приколка, а
влечното возило е целосно
натоварено, дозволената
оптовареност на задната оска
(видете ја идентификациската
табличка или документите на
возилото) може да се надмине за
80 кг (возила со систем ТНГ:
110 кг), а вредноста за бруто
тежина на возилото за 70 кг (возила со систем ТНГ: 95 кг). Ако се
надмине дозволената
оптовареност на задната оска,
максималната брзина е 100 км/ч.
Опрема за влечењеВнимание
При работење без приколка извадете ја влечната кука со
топка.
Складирање на влечната кука
што се откачува
Торбата со влечната кука се чува
во задниот простор за складирање
на подот.
Протнете ко ременот низ алката за врзување и затегнете го за да ја
прицврстите торбата.
Page 195 of 287

Возење и ракување193Монтирање на топчестата
влечна кука
Откачете го и преклопете го
приклучникот. Извадете го
заптивниот клин од дупката за
влечната кука и складирајте го.
Проверка на затегнатоста на
влечната кука
● Црвената ознака на вртливото
копче посочува кон зелената
ознака на влечната кука.
● Меѓупросторот помеѓу вртливото копче и влечната
кука мора да биде околу 5 мм.
Инаку влечната кука треба да се
затегне пред да се вметне:
Извлечете го вртливото копче и
свртете го во правец на стрелките
на часовникот колку што може.
Вметнување на влечната кука
Page 196 of 287

194Возење и ракувањеВметнете ја затегнатата шипка на
влечната кука во отворот и турнете
ја цврсто угоре додека не се
заглави чујно.
Вртливата рачка скокнува назад во
основната положба, потпирајќи се
на влечната кука без расцеп.9 Предупредување
Не ја допирајте вртливата рачка
за време на вметнувањето.
Откачете ја влечната кука вртејќи
го клучот надесно. Извадете го
клучот и затворете го заштитното
капаче.
Алка за кабелот за приврзување
Закачете го кабелот кој спречува
да се откачи приколката, за алката.
Проверете дали влечната кука е
правилно инсталирана
● Зелената ознака на вртливото копче мора да посочува кон
зелената ознака на влечната
кука.
● Не смее да има расцеп помеѓу вртливата рачка и шипката на
влечната кука.
● Влечната кука треба цврсто да
се заглави во отворот.
● Влечната кука треба да се заклучи и клучот да се извади.9Предупредување
Влечењето на приколка е
дозволена само ако влечната
кука е монтирана правилно. Ако влечната кука не е заглавена
правилно, побарајте помош од
автомехануичар.
Демонтирање на топчестата
влечна кука
Page 197 of 287

Возење и ракување195Отворете ја заштитната вратичка и
свртете го клучот надесно за да се
откачи шипката на влечната кука.
Извлечете ја вртливата рачка и
свртете ја во правец на стрелките
на часовникот колку што може.
Извлечете ја шипката на влечната
кука удолу.
Вметнете го заптивниот клин во
отворот. Преклопете го
приклучокот.
Page 198 of 287

196Нега на возилотоНега на возилотоОпшти информации.................197
Опреми и преиначувања на возилото ................................ 197
Чување на возилото ..............197
Демонтирање на возилото на крајот на работниот век .......198
Прверки на возилото ...............198
Вршење работа ...................... 198
Хауба ...................................... 198
Моторно масло ......................199
Течност во ладилникот .......... 200
Течност за серво управување ........................... 201
Течност за миење ..................202
Сопирачки .............................. 202
Течност за сопирачките ........202
Акумулатор ............................. 203
Цедење на системот со дизел гориво .................................... 205
Замена на четкичките на бришачите ............................. 205
Замена на сијалиците ..............206
Халогенски предни фарови ..206
Приспособливо предно светло .................................... 208Фарови за магла....................210
Предни трепкачи ....................211
Задни светла .......................... 212
Странични трепкачи ..............214
Светло за регистарската табличка ................................ 215
Внатрешни светла .................216
Осветлување на таблата со инструменти .......................... 216
Електричен систем ..................216
Осигурувачи ........................... 216
Кутија со осигурувачи во
моторниот простор ...............218
Кутија со осигурувачи во таблата со инструменти .......220
Кутија со осигурувачи во товарниот простор ................221
Прирачен алат ......................... 222
Алати ...................................... 222
Тркала и гуми ........................... 224
Зимски гуми ............................ 224
Ознаки на гумите ...................224
Притисок на гумите ................ 224
Систем за следење на притисокот на гумите ...........226
Длабочина на шарата ...........230
Менување на гумите и големина на тркалата ..........230
Раткапни ................................. 231Синџири за гуми ..................... 231
Комплет за поправање гуми . 231
Менување тркала ................... 237
Резервно тркало ....................241
Палење со кабли ......................244
Влечење ................................... 245
Влечење на возилото ............245
Влечење друго возило ..........246
Нега за изгледот ......................247
Нега на надворешноста ........247
Нега на внатрешноста ........... 250
Page 199 of 287

Нега на возилото197Општи информации
Опреми и преиначувања на возилото
Го препорачуваме користењето на
оригинални делови и опрема, и
делови одобрени од фабриката
специфично за Вашиот вид на возило. Не можеме да оцениме или
гарантираме сигурност за други
производи - дури и да имаат
регулативно или поинаку дадено
одобрение.
Не вршете преиначувања на
електричниот систем, на пр.
измени на електронските
контролни уреди (чип тјунинг).Внимание
При превезување на возилото
со воз или со возило за
влечење, калниците може да се
оштетат.
Чување на возилото
Складирање за долго времеАко возилото има да се складира за
повеќе месеци:
● Измијте го и полирајте го возилото.
● Нека Ви ја проверат заштитата
со восок во моторниот простор
и подвозје.
● Исчистете ги и намачкајте ги гумените кедери.
● Наполнете го резервоарот за гориво целосно.
● Сменете го моторното масло.
● Исцедете го садот за течноста за миење.
● Проверете ги течноста за ладење, антифризот и
заштитата од корозија.
● Дотерајте го притисокот во гумите до вредноста
определена за полна
натовареност.
● Паркирајте го возилото на суво, добро проветрено место.
Ставете во прва брзина илирикверц или наместете ја
рачката на менувачот во P.
Спречете го возилото од
тркалење.
● Не затегнувајте ја рачната сопирачка.
● Отворете ја хаубата, затворете
ги сите врати и заклучете го
возилото.
● Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Внимавајте сите системи да
бидат исклучени, на пр.
системот за тревожење при
кражба.
Враќање во работна состојба Кога возилото има да се врати в
работа:
● Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Активирајте ја електрониката
на електричните прозорци.
● Проверете го притисокот во гумите.
● Наполнете го садот за течноста за миење.
Page 200 of 287

198Нега на возилото● Проверете го нивото намоторното масло.
● Проверете го новито на течноста за ладење.
● Ставете ја регистарската табличка ако е потребно.
Демонтирање на возилото
на крајот на работниот век
Информациите за центрите за
демонтирање и рециклирање на
возилата што се на крајот од својот
работен век се наоѓаат на нашата
веб страница. Доверете му ја оваа
работа само на овластен центар за рециклирање.
Возилата на гас мора да ги
рециклира сервисен центар
овластен за возила на гас.Прверки на возилото
Вршење работа9 Предупредување
Вршете проверки на моторниот
простор само кога е исклучено палењето.
Вентилаторот за ладење може
да проработи дури и ако е
исклучено палењето.
9 Опасност
Системот за палење користи
крајно висока волтажа. Не
допирајте го.
Хауба
Отворање
Повлечете ја рачката за
ослободување и вратете ја во
својата оригинална положба.