OPEL MERIVA 2016 Сопственички прирачник

Page 251 of 285

Нега на возилото249инструменти, само со сува крпа или
средство за чистење на
внатрешноста.
Чистете го кожениот тапацир со
вода и мека крпа. Доколку е многу
извалкан, користете средство за
чистење кожа.
Таблата со инструменти и
екраните треба да се чистат само
со употреба на мека, влажна крпа.
Ако е потребно, користете слаб
раствор на сапуница.
Текстилниот тапацир чистете го со
правосмукалка и четка. Флеките
вадете ги со средство за чистење на тапацирот.
Ткаенината на преслеките може да не е со трајни бои. Тоа може да
предизвика видливо
избледнување на бојата, особено
на тапацир со светли бои. Дамки и
избледена боја треба да се
исчистат што е можно поскоро.
Чистете ги безбедносните ремени
со млака вода или средство за
чистење на внатрешноста.Внимание
Затворајте ги Велкро патентите
бидејќи отворените Велкро
патенти на облеката може да го
оштетат тапацирот на
седиштата.
Истото се однесува и до облеки
со предмети со остри рабови,
како патенти или каишеви или
фармерки со нитни.
Пластични и гумени делови
Пластичните и гумените делови
може да се исчистат со истото средство за чистење кое се
користи за чистење на
каросеријата. Употребете
средство за чистење на
внатрешноста ако е потребно. Не
користете други средства.
Избегнувајте ги растворувачите и
особено бензинот. Не користете
компресорски млазници за
чистење.

Page 252 of 285

250Сервисирање и одржувањеСервисирање и
одржувањеОпшти информации .................250
Сервисни информации ..........250
Препорачани течности,
средства за подмачкување и
делови ....................................... 251
Препорачаните течности и средства за подмачкување ..251Општи информации
Сервисни информации За да се гарантира економичното ибезбедното работење на возилото
и да се одржи вредноста на Вашето
возило, мошне битно е сето
одржување да се изведува во
соодветните периоди, како што е
определено.
Деталниот, актуелен сервисен
распоред за Вашето возило е
достапен кај автомеханичарот.
Екран за сервисирање 3 102.
Европски сервисни периоди
Потребно е одржување на
возилото на 30.000 км или по една
година, што и да е прво, освен ако
не е укажано поинаку на екранот за сервисирање.
Покус сервисен период може да важи за потешки услови за
возење,на пр. за таксија и за
полициски автомобили.
Европските сервисни периоди
важат за следниве држави:Андора, Австрија, Белгија, Босна и
Херцеговина, Бугарија, Хрватска,
Кипар, Чешка, Данска, Естонија,
Финска, Франција, Германија,
Грција, Гренланд, Унгарија,
Исланд, Ирска, Италија, Латвија,
Лихтенштајн, Литванија,
Луксембург, Македонија, Малта,
Монако, Црна Гора, Холандија,
Норвешка, Полска, Португалија,
Романија, Сан Марино, Србија,
Словачка, Словенија, Шпанија,
Шведска, Швајцарија,
Обединеното кралство.
Екран за сервисирање 3 102.
Меѓународни сервисни
периоди
Потребно е одржување на
возилото на 15.000 км или по една
година, што и да е прво, освен ако
не е укажано поинаку на екранот за сервисирање.
Меѓународните сервисни периоди
важат за државите кои не се
наброени под „Европските
сервисни периоди“.
Екран за сервисирање 3 102.

Page 253 of 285

Сервисирање и одржување251ПотврдувањаПотврдата на сервисирањето се
евидентира во сервисна и гарантна
книшка. Датумот и километражата
се дополнува со печат и подпис на
работилницата на сервисирањето.
Проверете дека сервисната и
гарантна книшка е пополнета
исправно бидејќи постојаното
заверување на сервисирањето е
суштинско ако треба да се исполни
каква било рекламација или
добронамерно барање, а корисно е и при продавањето на возилото.
Период за сервисирање со
преостанатото времетраење на работниот век на моторното
масло
Сервисниот период е заснован врз
повеќе параметри зависно од
употребата.
Екранот за сервисирање Ви дава
на знаење кога да го смените
моторното масло.
Екран за сервисирање 3 102.Препорачани
течности, средства за подмачкување и
делови
Препорачаните течностии средства за
подмачкување
Користете само производи кои ги
задоволуваат препорачаните
спецификации.9 Предупредување
Работните материјали се
опасни и можат да бидат
отровни. Ракувајте со нив
внимателно. Обрнете внимание
на информациите дадени на
упаковката.
Моторно масло
Моторното масло се познава по
својот квалитет и вискозитет.
Квалитетот е поважен од
вискозитетот кога избирате кое
моторно масло ќе користите.
Квалитетот на маслото ја
обезбедува на пр. чистотата на
моторот, заштитата од абење и
контролата на стареење на
маслото, додека класата по
вискозност дава информација за
густината на маслото над некој
опсег на температурите.
Dexos е најновиот квалитет на
моторните масла што овозможува
оптимална заштита за бензинските
и дизел моторите. Ако не е
достапно, мора да се користат
моторни масла од другите
наброени квалитети. Препораките
за бензинските мотори важат и за
моторите што користат
компримиран природен гас (CNG),
течен нафтен гас (LPG) и етанол
(Е85).
Изберете соодветно моторно
масло според неговиот квалитет и
минималната надворешна
температура 3 256.

Page 254 of 285

252Сервисирање и одржувањеДотурање моторно масло
Моторните масла од други
производители и марки можат да
се мешаат доколку тие го
исполнуваат бараниот квалитет и
вискозитет за моторни масла.
Употребата на моторни масла
само со квалитет ACEA A1/B1 или
A5/B5 е забрането, бидејќи тие
може да предизвикаат долгорочни
оштетувања на моторот во
одредени работни услови.
Изберете соодветно моторно
масло според неговиот квалитет и
минималната надворешна
температура 3 256.
Дополнителни адитиви за
моторното масло
Употребата на дополнителни
адитиви за моторното масло може
да предизвика оштетувања и да ја
поништи гаранцијата.
Класи по вискозитет на моторното
масло
SAE класата по вискозитет дава
информација за густината на
маслото.Повеќекласното масло се означува со две бројки, на пр., SAE 5W-30.
Првата бројка, по којашто следи W, ја означува вискозноста при ниски
температури, а втората бројка ја
означува вискозноста при високи
температури.
Изберете ја соодветната класа по
вискозитет зависно од
минималната надворешна
температура 3 256.
Сите препорачани класи
вискозност се погодни за високи
температури на околината.
Течност за ладење и антифриз
Користете го само органското
киселинско долготрајно средство
за ладење (LLC) (антифриз) одобрено за возилото.
Посоветувајте се со
автомеханичар.
Системот е фабрички наполнет со
средство за ладење дизајнирано за одлична заштита од корозија и од
смрзнување до -28 °C. Во
северните земји со многу ниски
температури, фабрички
наполнетото средство за ладењеовозможува заштита од
смрзнување до околу -37 °C. Оваа
концентрација треба да се одржува
во текот на целата година.
Употребата на дополнителни
адитиви за течноста за ладење кои се предвидени да дадат
дополнителна заштита од корозија
или изолација против помали
протекувања може да
предизвикаат функциски
проблеми. Одговорноста за
последиците кои произлегуваат од употребата на дополнителни
адитиви за течноста за ладење ќе
биде одбиена.
Течност за сопирачките и за
куплунгот
Со времето течноста за
сопирачките ќе апсорбира влага и
ќе се намали нејзината
ефективност. Затоа течноста за
сопирање треба д асе замени во
предвидените временски периоди.

Page 255 of 285

Технички податоци253Технички податоциИдентификација на возилото..253
Идентификациски број на возилото ................................ 253
Идентификациска табличка ..254
Идентификација на моторот . 255
Податоци за возилото .............256
Препорачани течности и средства за подмачкување ..256
Податоци за моторот .............259
Перформанси ......................... 261
Тежина на возилото ............... 263
Димензии на возилото ........... 264
Зафатнини .............................. 265
Притисоци во гумите .............266Идентификација на
возилото
Идентификациски број на возилото
Идентификацискиот број на
возилото е врежан на
идентификациската табличка и на
ивицата на подот, под покривката на подот, видливо под капак.
Идентификацискиот број на
возилото може да е изгравиран на
таблата за инструменти, видлив
низ шофершајбната, или во
моторната преграда на десната
плоча на каросеријата.

Page 256 of 285

254Технички податоциИдентификацискатабличка
Идентификациската табличка е
закачена на рамката на задната
или предната десна врата.
Информации на
идентификациската етикета:
1:производител2:број на одобрение на типот3:идентификациски број на
возилото4:дозволена бруто тежина на
возилото во кг5:дозволена бруто влечна
тежина во кг6:најголема дозволена
оптовареност на предната оска во кг7:најголема дозволена
оптовареност на задната оска
во кг8:податоци специфични за
возилото или за земјата
Вкупниот износ на оптовареноста
на предната и задната оска не смее
да ја надмине дозволената бруто
тежина на возилото. На пример,
ако предната оска ја носи
максимално дозволената
оптовареност, задната оска смее
да носи само товар што е еднаков
на бруто тежината на возилото
минус оптовареноста на предната
оска.
Техничките податоци се одредени
во согласност со стандардите на
Европската Заедница. Го
задржуваме правото да вршиме
измени. Спецификациите во
документите на возилото секогаш
се поважечки од оние дадени во
овој прирачник.

Page 257 of 285

Технички податоци255Идентификација на
моторот
Табелите со технички податоци ја
покажуваат идентификациската
шифра на моторот. Податоци за
моторот 3 259.
За да го идентификувате моторот, видете ја силата на моторот во
Сертификатот за сообразност на
ЕК доставен со Вашето возило или
другите национални документи за
регистрација.
Сертификатот за сообразност го
покажува кодот за идентификација
на моторот, други национални
публикации може да покажат
инженерски код. Проверете ја
зафатнината на клипот и силата на моторот за да се идентификува
соодветниот моторот.

Page 258 of 285

256Технички податоциПодатоци за возилотоПрепорачани течности и средства за подмачкувањеЕвропски распореди на сервисите
Потребен квалитет на моторното маслоСите европски земји со европски период на сервисирање 3 250Квалитет на моторното маслоБензински мотори
(вклучувајќи CNG, LPG, E85)Мотори на дизелdexos 1––dexos 2✔✔
Во случај да не е достапен квалитет dexos, може да употребите најмногу 1 литар моторно масло со квалитет
ACEA C3 еднаш меѓу менувања масло.
Класи по вискозитет на моторното масло
Сите европски земји со европски период на сервисирање 3 250Околна температураБензински и мотори на дизелдо -25 °CSAE 5W-30 или SAE 5W-40под -25 °CSAE 0W-30 или SAE 0W-40

Page 259 of 285

Технички податоци257Меѓународен распоред на сервисиПотребен квалитет на моторното маслоСите држави со меѓународен период на сервисирање 3 250Квалитет на моторното маслоБензински мотори
(вклучувајќи CNG, LPG, E85)Мотори на дизелdexos 1 (ако е достапно)✔–dexos 2✔✔
Во случај да не е доставен квалитетот на dexos може да користите квалитет на масла наведени во продолжение:
Сите држави со меѓународен период на сервисирање 3 250Квалитет на моторното маслоБензински мотори
(вклучувајќи CNG, LPG, E85)Мотори на дизелGM-LL-A-025✔–GM-LL-B-025–✔Сите држави со меѓународен период на сервисирање 3 250Квалитет на моторното маслоБензински мотори
(вклучувајќи CNG, LPG, E85)Мотори на дизелACEA A3/B3✔–ACEA A3/B4✔✔

Page 260 of 285

258Технички податоциСите држави со меѓународен период на сервисирање 3 250ACEA C3✔✔API SM✔–Зачувување на ресурси API SN✔–
Класи по вискозитет на моторното масло
Сите држави со меѓународен период на сервисирање 3 250Околна температураБензински и мотори на дизелдо -25 °CSAE 5W-30 или SAE 5W-40под -25 °CSAE 0W-30 или SAE 0W-40до -20 °СSAE 10W-30 1)
или SAE 10W-40 1)1)
Дозволено, но се препорачува користење на ЅАЕ 5W-30 или ЅАЕ 5W-40 со квалитет на dexos.

Page:   < prev 1-10 ... 211-220 221-230 231-240 241-250 251-260 261-270 271-280 281-290 290 next >