run flat OPEL MOKKA 2014.5 Сопственички прирачник
Page 200 of 249
198Нега на возилото
Возила со резервно тркало
Дигалката и прирачниот алат се во
преграда за складирање во
товарниот простор над резервното
тркало.
Менување тркала 3 208, резервно
тркало 3 210.
Тркала и гуми
Состојба на гумите, состојба
на тркалата
Преку рабови возете полека и, ако е можно, под прав агол. Возењето
преку остри рабови може да
предизвика оштетувања на гумите
и на тркалата. Не ги заглавете
гумите на работ од тротоарот кога
паркирате.
Редовно проверувајте ги тркалата
да не се оштетени. Контактирајте
со автомеханичар во случај на
оштетување или необично абење.
Гуми
Гумите со големина 195/70 R16 и
215/60 R17 треба да се користат
само како зимски гуми.
Зимски гуми Зимските гуми ја подобруваат
безбедноста на возењето при
температури под 7 °C и затоа треба
да се ставаат на сите тркала.Во согласност со прописите
спесифични за државата, залепете ја налепницата за брзината во
видното поле на возачот.
Големината 195/70 R 16 е погодна
само како зимска гима.
Ознаки на гумите
На пр. 215/60 R 16 95 H215=Широчина на гумата во мм60=Профил (однос на
височината со широчината
на гумата) во %R=Вид на ременот: РадијаленRF=Вид: RunFlat
(функционираат и
издишани)16=Пречник на тркалото во инч95=Индекс на натовареноста,
на пр. 95 одговара на
690 кгH=Буква на шифрата за
брзината
Буква на шифрата за брзината:
Q=до 160 км/чS=до 180 км/чT=до 190 км/ч