OPEL MOKKA 2014.5 Сопственички прирачник
MOKKA 2014.5
OPEL
OPEL
https://www.carmanualsonline.info/img/37/38538/w960_38538-0.png
OPEL MOKKA 2014.5 Сопственички прирачник
Trending: ABS, engine oil, isofix, ECU, stop start, child seat, fuel
Page 1 of 249
OPEL MOKKAСопственички прирачник
Page 2 of 249
Page 3 of 249
Вовед............................................ 2
Накратко ....................................... 6
Клучеви, врати и прозорци ........20
Седишта, потпирачи ..................36
Складирање ................................ 59
Иинструменти и контроли .......... 79
Светла ....................................... 115
Контрола на климатизацијата . 126
Возење и ракување ..................134
Нега на возилото ...................... 176
Сервисирање и одржување ....221
Технички податоци ................... 225
Информации за купувачот ....... 237 Индекс ....................................... 240Содржина
Page 4 of 249
Page 5 of 249

Вовед3Податоци што се
специфични за возилото Ве молиме да ги внесете
податоците на Вашето возило на
претходната страница за да се
чуваат лесно достапни. Тие
информации се наоѓаат во
поглавјата „Сервис и одржување“ и
„Технички податоци“, како и на
идентификациската табличка.
Вовед Вашето возило е планирана
комбинација на напредната
технологија, безбедноста,
екологијата и економичноста.
Овој Сопственички прирачник Ви ги дава сите потребни информации
за да можете да го возите Вашето
возило безбедно и ефикасно.
Уверете се дека Вашите патници
се свесни за можните ризици од
несреќи и повреди што може да
произлезат од неправилната
употреба на возилото.Секогаш морате да ги исполнувате
специфичните закони и прописи на земјата во којашто се наоѓате.
Закониве може да бидат поинакви
од информациите во овој
Сопственички прирачник.
Кога Прирачников споменува
посета кај автомеханичар, го
препорачуваме Вашиот Партнер
на Opel Service. За возилата на гас
препорачуваме механичар на Opel
овластен за сервисирање возила
на гас.
Сите Партнери на Opel Service
пружаат првокласни услуги по
пристапни цени. Искусните
механичари обучени од Opel
работат според посебни упатства
од Opel.
Пакетот со литературата за
купувачот секогаш треба да се чува при рака во возилото.
Користење на
прирачников ■ Овој прирачник ги опишува сите опции и својства достапни за овој
модел. Извесни описи,вклучувајќи ги оние за функциите
на екранот и изборниците, може
да не важат за Вашето возило
поради верзијата на моделот,
спецификациите на земјата,
специјалните опреми или
додатоци.
■ Поглавјето „Накратко“ ќе Ви даде
првичен преглед.
■ Содржината на почетокот на прирачников и во секое поглавје
покажува каде се наоѓа
информацијата.
■ Индексот ќе Ви овозможи да пребарувате специфични
информации.
■ Овој Сопственички прирачник прикажува возила со воланот од
левата страна. Ракувањето со
возилата со воланот од десната страна е слично.
■ Сопственичкиот прирачник ги користи фабричните ознаки на
моторот. Соодветните
комерцијални ознаки се наоѓаат
во поглавјето „Технички
податоци“.
Page 6 of 249
4Вовед
■ Податоците за насоките, на пр.лево или десно, или напред или
назад, секогаш се однесуваат на
правецот на патувањето.
■ Екраните на возилото може да не
го поддржат Вашиот конкретен
јазик.
■ Пораките на екранот и внатрешните натписи се
напишани со масни букви.
Опасност,
Предупредувања и
Вниманија9 Опасност
Текстовите означени со
9 Опасност даваат
информации за ризикот од смртоносна повреда.
Игнорирањето на тие
информации може да Ви го
загрози животот.
9 Предупредување
Текстовите означени со
9 Предупредување даваат
информации за ризикот од
незгода или повреда.
Игнорирањето на тие
информации може да доведе до
повреди.
Внимание
Текстовите означени со
Внимание даваат информации
за можните оштетувања на
возилото. Игнорирањето на тие информации може да доведе до
оштетување на возилото.
Симболи
Споменувањата на страниците
што се означени со 3. 3 значат
„видете на страницата“.
Ви пожелуваме многу часови
пријатно возење.
Adam Opel AG
Page 7 of 249
Page 8 of 249
6НакраткоНакратко
Првични информации
за возењетоОтклучување на
возилото
Притиснете го копчето c за да се
отклучат вратите и товарниот
простор. Отворете ги вратите со повлекување на кваките. За да се
отвори задната врата, притиснете
го прекинувачот на допирање под
рачката.
Далечински управувач 3 20,
систем на централната брава
3 22, товарен простор 3 26.
Местење на седиштата
Местење на положбата на седиштето
Повлечете ја рачката, лизнете го
седиштето, отпуштете ја рачката.
Положба на седиштата 3 38,
Местење на седиштата 3 38.
9 Опасност
Не седете поблиску од 25 см до
воланот за да се овозможи
безбедно отворање на
воздушното перниче.
Page 9 of 249
Накратко7
Наслони на седиштата
Повлечете ја рачката, наместете јанаваленоста и отпуштете ја
рачката. Нека се заглави
седиштето чујно.
Положба на седиштата 3 38,
Местење на седиштата 3 38.
Височина на седиштето
Пумпање со рачката
угоре=седиштето погореудолу=седиштето подолу
Положба на седиштата 3 38,
Местење на седиштата 3 38.
Навалување на седиштата
Прилагодете ја наваленоста со
притискање на копчето.
Page 10 of 249
8НакраткоМестење на потпирачитеза глава
Повлечете го потпирачот за глава
угоре. Притиснете го резето (1) за
да се отпушти и притиснете го
потпирачот за глава надолу.
Потпирачи за глава 3 36.
Безбедносен ремен
Извлечете го безбедносниот
ремен и заглавете го во бравата.
Ременот не смее да се превртува и
мора да лежи припиен до телото.
Потпирачот за грб не смее да биде навален премногу назад (најмногу
околу 25°).
За да го ослободите ременот,
притиснете го црвеното копче на
бравата на ременот.
Положба на седиштето 3 38,
Безбедносни ремени 3 41,
Систем на воздушни перничиња
3 45.
Местење на
ретровизорот
Ретровизор
За намалување на отсјајот,
дотерајте ја рачката од долната
страна на куќиштето на
ретровизорот.
Ретровизор 3 31, Ретровизор со
автоматско намалување на отсјајот 3 31.
Trending: warning, climate control, clock, child seat, airbag, TPMS, fuel