OPEL MOVANO_B 2015 Сопственички прирачник
Page 181 of 235
Нега на возилото179
Секогаш употребувајте синџири со
ситни алки што не додаваат повеќе од 15 мм до шарата и внатрешните
страни на гумата (вклучувајќи ја и
бравата на синџирот).9 Предупредување
Оштетувањата може да
доведат до пукање на гумата.
Капаците на тркалата на челичните
бандажи може да дојдат во контакт
со делови од синџирите. Во такви
случаи, извадете ги раткапните.
Синџири за гуми смеат да се
користат само при брзини до
50 км/ч а, кога се вози по патишта
коишто се без снег, тие смеат да се
користат само за кратки периоди
бидејќи се изложени на брзо абење на тврд коловоз и може да се
скинат.
Употребата на синџири за гуми не
се дозволува со привременото
резервно тркало.
Комплет за поправање
гуми
Помалите оштетувања на шарата на гумата може да се поправат со
комплетот за поправање гуми.
Не ги вадете туѓите предмети од
гумите.
Оштетувањата на гумите што
надминуваат 4 мм или што се од
страната на гумата близу до работ
не можат да се поправат со
комплетот за поправање гуми.9 Предупредување
Не возете побрзо од 80 км/ч.
Не го користете за подолг
период.
Управувањето со воланот и
ракувањето може да станат
поинакви.
Ако возилото има издишна гума:
Затегнете ја рачната сопирачка и
ставете во прва брзина или
рикверц.
Комплетот за поправање гуми се
наоѓа под предното седиште.
Лизнете го седиштето напред
докрај и преклопете го потпирачот за грб надолу за да дојдете до
комплетот.
1. Земете го комплетот за поправање гуми од под
предното седиште.
2. Извадете го компресорот.
3. Извадете го кабелот за напојување и цревото за воздух
од преградите за складирање
на долната страна на
компресорот.
Page 182 of 235
180Нега на возилото
4. Зашрафете го цревото завоздух од компресорот на
приклучокот на шишето со
заптивната смеса.
5. Наместете го шишето со заптивната смеса во држачот
на компресорот.
Поставете го компресорот
близу до гумата така што
шишето со заптивна смеса ќе
биде исправено.
6. Отштрафете ги капаците на вентилите од дефектната гума.
7. Навртете го цревото за полнење на вентилот на гумата.
8. Преклопниот прекинувач накомпресорот треба да е
поставен во положба O.
9. Поврзете го црвениот < кабел
за напојување од компресорот
со клемата за палење со кабли 3 187.
10. Поврзете го црниот ] кабел за
напојување со некоја точка за
вземјување на возилото, на пример блокот на моторот
или некоја монтажна завртка на
моторот.
Забелешка
Зависно од комплетот за
поправање гуми, може да е
потребно да се поврзе
единствениот приклучок за струја
со штекерот за напојување или со
запалката.
Кај овој тип нема да има црвени
< и црни ] приклучоци за
електрична енергија.
За да се избегне
испразнувањето на
акумулаторот, Випрепорачуваме да го оставете
моторот да работи.
11. Поставете го преклопниот прекинувач на компресорот во
положба I. Гумата се полни со
заптивната смеса.
12. Манометарот на компресорот накратко означува вредност до
6 бари. Потоа притисокот
почнува да опаѓа.
13. Целата заптивна смеса се пумпа во гумата. Потоа гумата
се надува.
Page 183 of 235
Нега на возилото181
14. Пропишаниот притисок загумата би требало да се
достигне во рок од 10 минути.
Притисок во гумите 3 221. Кога
ќе се постигне правилниот притисок, исклучете го
компресорот поставувајќи го
преклопниот прекинувач во
положба O.
Ако пропишаниот притисок за
гумите не се достигне во рок од
10 минути, извадете го
комплетот за поправање гуми. Помрднете го возилото за едно
цело вртењето на тркалата
(околу 2 метри). Повторно
закачете го комплетот за
поправање гуми и продолжете
со постапката за полнење за
10 минути. Ако пропишаниот
притисок за гумите се уште не е достигнат, гумата е премногу
оштетена. Побарајте помош од
автомеханичар.
Испуштете го вишокот притисок од гумата со копчето покрај
показателот на притисокот.
Не работете со компресорот
подолго од 10 минути.
15. Откачете го комплетот за поправање гуми. Навртете го
цревото за полнење со
заптивна смеса на слободниот
приклучок на шишето со
заптивна смеса. Тоа ја спречува заптивната смеса да
истече. Чувајте го комплетот за поправање гуми под предното
седиште.
16. Извадете ја излишната заптивна смеса користејќи
ткаенина.17. Земете ја етикетата која ја покажува најголемата
дозволена брзина од комплетот
за поправање гуми и залепете
ја во видното поле на возачот.
18. Продолжете со возењето веднаш за да се распредели
заптивната смеса рамномерно по гумата. По возење околу
10 км, но не повеќе од
10 минути, застанете и
проверете го притисокот во
гумата користејќи го
компресорот. Притегнете го
цревото на воздухот директно
Page 184 of 235
182Нега на возилото
врз вентилот на гумата и за тоа
време нека работи
компресорот.
19. Ако притисокот во гумата е поголем од 3,1 бари, наместете
го на правилната вредност.
Повторете ја оваа поставка
додека веќе нема губење на
притисокот.
Ако притисокот во гумата
паднал под 3,1 бари, возилото
не смее да се вози. Побарајте
помош од автомеханичар.
20. Чувајте го комплетот за поправање гуми под предното
седиште.
Забелешка
Возните карактеристики на
поправената гума се значително
сменети, затоа заменете ја таа
гума.
Ако се слушне необичен шум или
компресорот се загрее, исклучете
го компресорот најмалку
30 минути.
Вградениот сигурносен вентил се
отвора при притисок од 7 бари.Проверете го рокот на траење на
комплетот. По тој датум
способноста за затнување веќе не
се гарантира. Обрнувајте
внимание на информациите за
чување на шишето со заптивна
смеса.
Заменете го користеното шише со заптивната смеса. Отфрлете го
шишето како што е пропишано од
соодветните закони.
Компресорот и заптивната смеса
може да се користат од околу
-30 °C.
Приложените адаптери може да
се користат за пумпање на други
предмети, на пр. фудбалски
топки, воздушни душеци, гумени
чамци, итн. Тие се наоѓаат на
долната страна од компресорот.
За да се извади, притегнете го
цревото за воздух на компресорот и извлечете го адаптерот.
Менување тркала Некои возила се опремени со
комплет за поправање гуми
наместо резервно тркало 3 179.Сторете ги следниве подготовки и
запазете ги следните информации:
■ Паркирајте го возилото на рамна,
тврда и нелизгава површина.Предните тркала треба да бидат
наместени право.
■ Затегнете ја рачната сопирачка и
ставете во прва брзина или
рикверц.
■ Исклучете го системот за воздушна амортизација 3 125.
■ Извадете го резервното тркало 3 184.
■ Никогаш не менувајте повеќе од едно тркало одеднаш.
■ Дигалката користете ја само за менување на тркала во случај напродупчување, а не за сезонски
зимски или летни менувања на
гумите.
■ Дигалката не треба да се одржува.
■ Ако тлото на коешто стои возилото е меко, треба да сестави тврда штица (дебела
најмногу 1 см) под дигалката.
Page 185 of 235
Нега на возилото183
■Во возилото не смее да има луѓе
или животни кога се дига.
■ Не пикајте се под возило што е кренато со дигалка.
■ Не го палете моторот кога возилото е кренато на дигалката.
■ Исчистете ги завртките/ навртките на тркалата и нивните
навои пред да го монтирате
тркалото.9 Предупредување
Не подмачкувајте ги навртката,
завртката и конусот на
завртката на тркалото.
1. Извадете го капакот на тркалото користејќи ја
приложената кука. Прирачен
алат 3 171.
2. Ставете го клучот за тркалата проверувајќи дали е наместен
безбедно и олабавете ја секоја
навртка/завртка на тркалото за
половина вртење.
3. Возила со погон на предните тркала:
Кренете го возилото со
местење на клинот на
дигалката под дупката за
дигање сместена најблиску до
односното тркало.
Уверете се дека дигалката е
наместена правилно. Основата
на дигалката треба да биде на
тлото непосредно под дупката
за дигање на тој начин што да
се спречи лизгањето на истата.
Закачете го клучот за тркалата
за дигалката и кренете го
возилото со вртење на клучот
додека тркалото не се подигне
од тлото.
Возила со погон на задните
тркала:
Page 186 of 235
184Нега на возилото
Обрнете внимание на
упатствата за работење
приложени со хидрауличната
дигалка и составете ги
потребните делови како што е
определено.
Наместете го адаптерот кај
дупката за дигање сместена
најблиску до односното тркало.
Уверете се дека дигалката е
наместена правилно.
Главицата на дигалката треба
да биде израмнета со дупката
за дигање. Напумпајте ја
дигалката со притискање на
клучот за тркалата, за да се
намести основната плочка
правилно.
Кренете го возилото со притискање на клучот за
тркалата додека тркалото не е
подигнато од земјата.
4. Отшрафете ги завртките/ навртките на тркалото целосно
и исчистете ги со крпа.
Ставете ги завртките/навртките
на тркалото некаде каде што
навоите нема да се извалкаат.5. Сменете го тркалото.
6. Зашрафете ги завртките/ навртките на тркалото.
7. Спуштете го возилото.
8. Ставете го клучот за тркалата проверувајќи дали е наместен
безбедно и затегнете ја секоја
навртка/завртка на тркалото за
половина вртење по вкрстен
редослед. Затезниот момент е:
172 Nm (погон на предните
тркала), 235 Nm (погон на
задните тркала со двојни задни
тркала), 264 Nm (погон на
задните тркала со единечни
задни тркала).
9. Вратете ја раткапната.
10. Складирајте ги заменетото тркало 3 184 и прирачните
алати 3 171.
11. Нека Ви го избалансираат новото тркало на возилото.
Проверете го притисокот на
монтираното тркало 3 221 и
исто така и затегнатоста назавртките/навртките на
тркалото колку е можно
поскоро.
Нека Ви ја сменат или поправат неисправната гума.
Резервно тркало
Некои возила се опремени со
комплет за поправање гуми
наместо резервно тркало 3 179.
Кога монтирате резервно тркало
кое се разликува од другите
тркала, тоа може да се смета за привремено тркало за кое важат
соодветните ограничувања на
брзината, иако ова не е наведено
на ниедна етикета. Побарајте
помош во сервис за да проверите
колкаво е ограничувањето на
брзината.Внимание
Употребата на резервно тркало
кое е помало од другите тркала
или во комбинација со зимски
гуми може да повлијае врз
Page 187 of 235
Нега на возилото185возната состојба. Заменете ја
неисправната гума колку е
можно поскоро.
Резервното тркало се чува под
рамката на возилото со употреба
на макара и се прицврстува со
затегнување на кабелот со
употреба на клучот за тркалата и
адаптерот.
Може да биде неопходно да се
подигне возилото со дигалка за да
се добие пристап кон резервното тркало на целосно оптоварено
возило со издишна задна гума.
За да се ослободи резервното
тркало, олабавете го кабелот
користејќи ги клучот за тркалата и
адаптерите и спуштете го тркалото целосно.Внимание
Користете ги само клучот за
тркалата и адаптерот за да го
спуштите резервното тркало.
Користењето пневматски алати е забрането. Тоа може да
предизвика оштетување на
кабелот за влечење и опремата.
Исправете го тркалото, извадете ја игличката од држачот и
ослободете го тркалото од
кабелот.
Возилата со двојни задни тркала
имаат дополнителна плоча за
монтирање закачена за
резервното тркало. Пред да се
употреби тркалото, одвртете ја
навртката и извадете ја плочата за монтирање.
Кога местите резервно тркало,
прво ставете ја монтажната плоча
(заден погон со двојни тркала) и
затегнете ја навртката.
Page 188 of 235
186Нега на возилото
Поставете го тркалото исправено,
завртете го кабелот од зад
тркалото (страната без вентил за
гума) и низ центарот на тркалото.
Закачете ги држачот и игличката,
уверувајќи се дека е правилно
наместено и дека предната страна
на тркалото (страната со вентил за гума) ќе биде свртена надолу кога
ќе биде повторно наместена.
Поставете го тркалото под
каросеријата на возилото, потоа
затегнете го кабелот со клучот за
тркалата и адаптерите додека
тркалото безбедно да се постави
во потполно исправена положба.9 Предупредување
Проверете дали предниот дел
од тркалото (страната со вентил
за гума) е свртен надолу додека се монтира резервното тркало
под каросеријата на возилото.
Привремено резервно тркалоВнимание
Употребата на резервно тркало
кое е помало од другите тркала
или во комбинација со зимски
гуми може да повлијае врз
возната состојба. Заменете ја
неисправната гума колку е
можно поскоро.
Монтирајте само едно привремено
резервно тркало. Не возете побрзо
од 80 км/ч. Фаќајте ги свиоците
полека. Не го користете за подолг
период.
Ако на вашето возило му се издише
гума одзади додека влече друго
возило, ставете го привременото
резервно тркало напред, а
предното исправно тркало назад.
Синџири за гуми 3 178.
Летни и зимски гуми
Ако употребувате зимски гуми,
резервното тркало може се уште да има летна гума.
Ако го користите резервното
тркало кога е опремено со летна
гума, возноста на возилото може
да се измени, особено на лизгави
коловози.
Еднонасочни гуми Монтирајте еднонасочни гуми, така
што тие ќе се вртат во насоката на
патувањето. Правецот на
тркалањето е означен со симбол
(на пр. стрелка) од страната на
гумата.
Следново се однесува до гумите
монтирани наспроти насоката на вртењето:
■ Возната состојба може да се смени. Нека Ви ја заменат или
поправат неисправната гума
колку е можно поскоро.
■ Не возете побрзо од 80 км/ч.
■ Возете особено претпазливо на влажни и снежни патишта.
Page 189 of 235
Нега на возилото187Палење со кабли
Не палете со полнач за
акумулатори.
Возило со испразнет акумулатор
може да се запали со употреба на
кабли за палење и акумулторот од
друго возило.9 Предупредување
Внимавајте многу кога палите
со кабли за палење. Кое било отстапување од следниве
напатствија може да доведе до
повреди или оштета
предизвикана од експлозија на
акумулаторот или оштетување
на електричните системи на
двете возила.
9 Предупредување
Избегнувајте контакт со очите,
кожата, ткаенини и обоени
површини. Течноста содржи
сулфурна киселина што може
да предизвика повреди и
оштетувања во случај на
директен допир.Внимание
Системот за воздушна
амортизација мора да се
исклучи пред палењето со
кабли.
9 Предупредување
Избегнувајте контакт на
акумулаторот со очите, кожата,
ткаенини и обоени површини.
Течноста содржи сулфурна
киселина што може да
предизвика повреди и
оштетувања во случај на
директен допир.
■ Не изложувајте го акумулаторот
на возилото на отворен пламен
или на искри.
■ Испразнет акумулатор може да замрзне при температура од
0 °C. Одмрзнете го смрзнатиот
акумулатор пред да поврзувате
кабли за палење.
■ Носете заштитни очила и заштитна облека кога работите
со акумулаторот.
■ Користете помошен акумулатор со иста волтажа (12 волти).
Неговиот капацитет (Ач) не смее
да биде значително помал од
оној на испразнетиот
акумулатор.
■ Користете кабли за палење со изолирани клеми и пресек од
најмалку 25 мм 2
.
■ Не откачувајте го испразнетиот акумулатор од возилото.
■ Исклучете ги сите непотребни електрични потрошувачи.
■ Исклучете го системот за воздушна амортизација.
■ Не се наведнувајте над акумулаторот за време на
палењето со кабли за палење.
Page 190 of 235
188Нега на возилото
■ Не дозволувајте клемите одедниот кабел да ги допрат оние
на другиот кабел.
■ Возилата не смеат да дојдат во контакт еден со друг за време напроцесот на палењето со кабли.
■ Применете ја сопирачката за паркирање, менувачот во лер.
Клема за палење со кабли
Во случај на испразнет акумулатор,
клемата за палење со кабли
овозможува возилото да се пали
без да треба да се пристапи до
акумулаторот внатре во возилото.
Клемата за палење со кабли се
наоѓа во моторниот простор и се
познава по знакот „ <“ на црвениот
капак за изолација. Подигнете го
црвениот капак за изолација за да дојдете до приклучокот на клемата.
Уверете се дека црвениот капак за
изолација е вратен во својата
положба кога не е во употреба.
Постапка за палење со каблиРедослед на спојувањето на
каблите:
1. Спојте го црвениот кабел со позитивната клема на
помошниот акумулатор.
2. Спојте го другиот крај од црвениот кабел со клемата за
палење со кабли на
испразнетиот акумулатор.
3. Спојте го црниот кабел со негативната клема на
помошниот акумулатор.
4. Спојте го другиот крај на црниот
кабел со некоја точка за
вземјување на возилото, како
на пример блокот на моторот
или некоја врска со шраф за
монтирање на моторот. Спојте
го колку е можно подалеку од
испразнетиот акумулатор, а
најмалку 60 см.
Спроведете ги каблите така што да не можат да се закачат за
вртливите делови во моторниот простор.