OPEL VIVARO 2014 Сопственички прирачник
Page 111 of 195
Возење и ракување109
време, одржувајќи се брзината на
возилото и вртежите на моторот на
ниско ниво.
Ако контролната сијаличка Z
трепка, дозволените гранични
вредности за испуштање може да
бидат пречекорени. Подигнете ја
ногата од педалот за гас додека
Z не престане да трепка и не свети
постојано. Контактирајте со
автомеханичар веднаш.
Контролно свтело за
неисправности 3 80Рачен менувач
За да ставите во рикверц, кога
возилото е во мирување,
притиснете го педалот на
куплунгот, повлечете го прстенот
на рачката на менувачот нагоре и
ставете во рикверц спротив
отпорот.
Ако менувачот не влезе во
рикверц, ставете ја рачката во лер, отпуштете го куплунгот и повторно
притиснете го; потоа повторете го
ставањето во рикверц.
Не нагазнувајте го куплунгот
непотребно.
Кога ракувате со него, притиснете го куплунгот целосно. Не одморајте
ја ногата на педалот.Внимание
Непрепорачливо е да се вози со раката легната на рачката на
менувачот.
Page 112 of 195
110Возење и ракувањеАвтоматизиран рачен
менувач
Овој менувач овозможува рачно
(рачен режим) или автоматско
менување на брзините (автоматски режим), и двете со автоматска
контрола на куплунгот.
Екран на менувачот
Ги покажува режимот и
моменталната брзина на
менувачот.
Палење на моторот
Нагазнете ја ножната сопирачка
кога го палите моторот. Ако
ножната сопирачка не е
притисната, на екранот на
менувачот се пали T и моторот не
може да се запали.
Кога ножната сопирачка е
нагазната, менувачот автоматски
се префрлува во N (лер); на
екранот на менувачот се појавува „N“ и може да се запали моторот.
Може да настапи кратко
задоцнување.Рачка на менувачот
Секогаш придвижувајте ја рачката
на менувачот во соодветната
насока до каде што може да оди.
По пуштањето, автоматски се
враќа во средишната положба.
N=Лер.A/
M=Префрлување меѓу
автоматскиот и рачниот
режим.
Екранот на менувачот
покажува „A“ кога е во
автоматски режим.
Page 113 of 195
Возење и ракување111
R=Рикверц.
Ставајте во рикверц само
кога возилото е во
мирување. Екранот на
менувачот покажува
„R“ кога е ставено во
рикверц.+=Менување во поголема
брзина.–=Менување во помала
брзина.
Поаѓање
Кога се пали моторот, менувачот е
во автоматскиот режим. Нагазнете
ја ножната сопирачка и поместете
ја рачката на менувачот кон + за да
се стави во прва брзина. Ако се
избере R, се активира рикверцот.
Возилото почнува да се движи
штом ќе се отпушти ножната
сопирачка. За брзо поаѓање,
отпуштете ја ножната сопирачка и
давајте гас веднаш по ставањето
во брзина.
Во автоматскиот режим, менувачот се префрлува во други брзини
автоматски, зависно од условите
за возење.
За да се активира рачниот режим,
помрднете ја рачката на менувачот
кон A/M. На екранот на менувачот
ќе се појави актуелната брзина на менувачот. За да се стави во
прва брзина, нагазнете ја ножната
сопирачка и поместете ја рачката
на менувачот кон + или -.
Префрлувајте во поголема ии
помала брзина со движење на
рачката на менувачот кон + или -.
Брзините може да се прескокнат со
придвижување на рачката на
менувачот повеќепати за кратки
периоди.
Застанување на возилото
Во автоматски или рачен режим,
првата брзина е ставена и
куплунгот е отпуштен кога
возилото се запира. Во R,
рикверцот останува активен.
Кога застанувате на стрмнини, затегнете ја рачната сопирачка или
притиснете ја ножната сопирачка.
За да се спречи прегревањето на
куплунгот, може да се огласи
испрекинато чујно
предупредување како опомена даја притиснете ножната сопирачка
или да ја затегнете рачната
сопирачка.
Изгаснете го моторот ако
застанувате за подолго, на пр. во
сообраќајни метежи.
Кога возилото е паркирано и е
отворена возачката врата, се
огласува предупредувачки ѕвон
ако не е избран лер или ако не е
притисната ножната сопирачка.
Моторно сопирање
Автоматски режим
Кога се вози по удолнини,
автоматскиот менувач не се
префрлува во поголеми брзини додека не се достигне релативно
голема брзина на моторот.
Благовремено се префрлува во
помала брзина кога се сопира.
Рачен режим
За да се искористи дејството на моторното сопирање, одберете
помала брзина во соодветното
време кога возите по удолнини.
Page 114 of 195
112Возење и ракување
Нишање на возилото
Нишањето на автомобилот е
дозволено само ако возилото е
заглавено во песок, кал, снег или
дупка. Местете ја рачката на
менувачот помеѓу R и A/M (или
помеѓу + и -) повеќе пати додека
вршите благ притисок врз педалот
за гас. Не турирајте го моторот и
избегнувајте нагли забрзувања.
Паркирање
Активирајте ја сопирачката за
паркирање. Останува најпоследно
избраната брзина (видете на
екранот на менувачот) активирана.
Со N, не е ставено во ниедна
брзина.
Кога палењето е исклучено,
менувачот веќе не реагира на
движењата на рачката на
менувачот.
Рачен режим
Ако се одбере поголема брзина
кога брзината на моторот е
премала, или помала брзина на
менувачот кога брзината навозилото е преголема, не се
извршува менувањето на брзина.
Тоа го спречува моторот да работи со премала или преголема брзина.
Ако брзината на моторот е
премала, менувачот автоматски се менува во помала брзина.
Ако брзината на моторот е
преголема, менувачот се
префрлува во поголема брзина само преку збоднувањето.Електронски програми за
возењето
Зимски режим V
Активирајте го зимскиот режим ако
имате проблеми со поаѓањето на
лизгави површини на коловозот.
Активирање
Притиснете го копчето V. На
екранот на менувачот се
покажува V. Менувачот се
префрлува во автоматскиот режим и возилото поаѓа во соодветна
брзина.
Page 115 of 195
Возење и ракување113
Деактивирање
Зимскиот режим се исклучува со:
■ повторно притискање на копчето V,
■ исклучување на палењето,
■ префрлување во рачниот режим.
За да се заштити менувачот при
крајно високи температури на
куплунгот, може да се огласи
испрекинато чујно
предупредување. Во такви случаи,
притиснете ја ножната сопирачка,
ставете во „N“ и затегнете ја
рачната сопирачка за да се
овозможи куплунгот да се излади.Режим за товарење кг
Возможно е да се користи режимот
за товарење и во рачен и во
автоматски режим. Во двата
случаја менувањето на брзините
се приспособува автоматски кон носењето на зголемен товар.
Активирање
Притиснете го копчето kg. На
екранот на менувачот се
покажува kg. Менувачот потоа ќе
одбира оптимизирани начини за
менување брзини.
Деактивирање
Режимот за товарење се исклучува со:
■ повторно притискање на копчето kg,
■ исклучување на палењето.
Збоднување Ако педалот за гас е нагазнат прекуотпорната точка, зависно од
брзината на моторот менувачот се
префрлува во помала брзина. За
забрзување целата моќност на
моторот стои на располагање.
Ако брзината на моторот е
преголема, менувачот се
префрлува во поголема брзина,
дури во рачниот режим. Без
збоднувањето ваквото автоматско
менување не се врши во рачниот
режим.
Page 116 of 195
114Возење и ракувањеДефект
Во случај на дефект, W се
покажува на екранот на менувачот. Може да се продолжи со возењето
под услов возилото да се вози
внимателно и со предвидување.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Прекин на напојувањето Куплунгот не се ослободува ако
има прекин на напојувањето кога
се става во брзина. Возилото не
може да се помрдне.
Ако акумулаторот е испразнет,
запалете го возилото користејќи
кабли за палење 3 157.
Ако причината за прекинот на
напојувањето не е испразнет
акумулатор, побарајте помош од
автомеханичар.
Ако не може да се стави во лер, возилото смее да се влече само така што погонските тркала да
бидат кренати од земјата.
Влечење на возилото 3 160.Сопирачки
Системот на сопирачки се состои
од две независни кола за
сопирање.
Ако откаже едно коло за сопирање, возилото се уште може да се сопре
со употреба на другото коло за
сопирање. Меѓутоа, дејството на
сопирањето се постигнува само
кога ќе го притиснете педалот за
сопирачките цврсто. Значително
повеќе сила треба да користите за
тоа. Растојанието за сопирање се
зголемува. Побарајте помош од
автомеханичар пред да
продолжите со патувањето.
Кога моторот не работи,
поддршката на серво уредот за
сопирачките ја снемува штом
педалот за сопирачките ќе се
притисне еднаш или двапати.
Дејството на сопирањето не е
намалено, но за сопирање е
потребна значајно поголема сила.
Тоа е особено важно да се има на
ум кога се влече.Ако контролната сијаличка R се
пали во групата инструменти за време на возењето и пораката
BRAKING FAULT (ДЕФЕКТ НА
СОПИРАЧКИТЕ) се појавува на
Информативниот центар за
возачот, има дефект во системот
на сопирачки. Побарајте помош од
автомеханичар веднаш.
Контролна сијаличка R 3 81.
Пораки за возилото 3 84.
Систем за деблокирање
на сопирачките Antilock Brake System -от (ABS)
(Систем за деблокирање на
сопирачките) не дозволу тркалата
да се блокираат.
ABS почнува да го регулира притисокот на сопирачките штом
некое тркало покажува тенденција
да се блокира. Возилото останува
управливо, дури при јако
сопирање.
Page 117 of 195
Возење и ракување115
Контролата на ABS стануваочигледна преку пулсирање во
педалот на сопирачките и звукот на
процесот за регулирање.
За оптимално сопирање, држете го педалот за сопирање докрај
притиснат за време на целиот
процес на сопирањето, иако
педалот ќе пулсира. Не
намалувајте го притисокот врз педалот.
Контролна сијаличка u 3 81.
Дефект Ао контролната сијаличка u не се
изгасне за неколку секунди по
вклучување на палењето, или ако
се запали за време на возењето,
има дефект во ABS. Контролната
сијаличка A може исто така да се
запали во групата инструменти
заедно со пораките CHECK ABS
(ПРОВЕРЕТЕ ГО ABS) и CHECK
ESP (ПРОВЕРЕТЕ ГО ESP) на
Информативниот центар за
возачот. Системот на сопирачки
останува функционален, но без
регулирање од ABS.9 Предупредување
Ако има дефект во ABS,
тркалата може да бидат склони
да се блокираат поради такво
кочење што е посилно од
обичното. Предностите на ABS
веќе не функционираат. При
силно сопирање, со возилото не може веќе да се управува и
може да скршне.
Ако контролните сијалички u, A ,
R и C се палат, ABS-от и ESP-то
се деактивирани и пораката
BRAKING FAULT (ДЕФЕКТ НА
СОПИРАЧКИТЕ) се покажува на
Информативниот центар за
возачот. Побарајте помош од
автомеханичар.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Пораки за возилото 3 84.
Сопирачка за паркирање
Секогаш затегнувајте ја рачната
сопирачка цврсто без да ракувате со копчето за ослободување, и на
удолнини или угорнини затегнете
ја истата колку е можно поцврсто.
За да ја отпуштите рачната
сопирачка, малку повлечете ја
рачката нагоре, притиснете го
копчето за ослободување и
спуштете ја рачката целосно.
За да се намалат работните сили
на рачната сопирачка,
истовремено притискајте ја
ножната сопирачка.
Page 118 of 195
116Возење и ракување
Контролна сијаличка R 3 81.
Серво кочење Ако педалот за сопирачките се
нагазне брзо и силно,
максималната сила на сопирањето автоматски се применува (целосно
сопирање).
Одржувајте постојан притисок врз
педалот на сопирачката се додека
постои потреба од целосно
сопирање. Максималната сила на
сопирањето автоматски се
намалува кога се отпушта педалот
за сопирачките.Системи за контрола
на возењето
Систем за контрола на
пролизгувањето Системот за контрола на
превртувањето (TC) е составен
дел од Електронската програма за
стабилност (ESP® Plus
) која ја
подобрува стабилноста на
возењето кога е потребно, без
оглед на видот на површината на
патот или прилепувањето на
гумите, со спречување на
шлајфувањето на погонските
тркала.
Штом погонските тркала почнат да
шлајфуваат, излезната силата на
моторот се намалува и тркалото
кое најмногу шлајфува поединечно
се сопира. Тоа значително ја
подобрува стабилноста при
возење на возилото на лизгави
површини на коловозот.
TC функционира штом палењето е
вклучено и контролната сијаличка
v се гасне во групата инструменти.Кога TC е активно, v трепка.9 Предупредување
Не дозволувајте ова посебно
безбедносно својство да Ве
наведе да ризикувате за време
на возењето.
Приспособете ја брзината кон
условите на патот.
Контролна сијаличка v 3 81.
Деактивирање
Page 119 of 195
Возење и ракување117
Кога постои потреба од
шлајфувањето на погонските
тркала, TC може да се деактивира:
Притиснете го копчето v.
Контролната сијаличка v се пали
во групата инструменти и пораката ESP OFF (ИСКЛ. ESP) се појавува
на Информативниот центар за
возачот.
TC одново се активира со
притиснување на копчето v
повторно. Контролната сијаличка
v се гасне во групата инструменти .
TC исто така се активира повторно следниот пат кога ќе се вклучи
палењето.
Кога брзината на возилото
достигнува 50 км/ч, TC функцијата
ќе се врати автоматски.
Дефект Ако системот примети дефект,
контролната сијаличка A се пали
во групата инструменти 3 80 и
пораката CHECK ESP
(ПРОВЕРЕТЕ ГО ESP) се појавува
на Информативниот центар за
возачот.Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Пораки за возилото 3 84.
Електронска програма за
стабилност
Електронска програма за
стабилност ( ESP®Plus
) ја подобрува
стабилноста на возењето кога е
потребно, без оглед на видот на
површината на патот или
прилепувањето на гумите. Го
спречува и шлајфувањето на
погонските тркала.
Штом возилото почне да занесува
(недоволно вртење/нагло
свртување), излезната сила на
моторот се намалува и тркалата се закочуваат посебно. Тоа
значително ја подобрува
стабилноста при возење на
возилото на лизгави површини на
коловозот.
ESP® Plus
функционира штом
палењето е вклучено и
контролната сијаличка v се гасне
во групата инструменти.Кога се активира ESPPlus
, v трепка.9 Предупредување
Не дозволувајте ова посебно
безбедносно својство да Ве
наведе да ризикувате за време
на возењето.
Приспособете ја брзината кон
условите на патот.
Контролна сијаличка v 3 81.
Деактивирање
Page 120 of 195
118Возење и ракување
Кога постои потреба од
шлајфувањето на погонските
тркала, ESP® Plus
може да се
деактивира:
Притиснете го копчето v.
Контролната сијаличка v се пали
во групата инструменти и пораката ESP OFF (ИСКЛ. ESP) се појавува
на Информативниот центар за
возачот.
ESP® Plus
се активира одново со
повторно притиснување на копчето v . Контролната сијаличка v се
гасне во групата инструменти.
ESP® Plus
исто така се активира
одново следниот пат кога
палењето е вклучено.
Кога брзината на возилото
достигнува 50 км/ч, ESP® Plus
функцијата ќе се врати автоматски.
Дефект
Ако системот примети дефект,
контролната сијаличка A се пали
во групата инструменти 3 80 и
пораката CHECK ESP(ПРОВЕРЕТЕ ГО ESP) се појавува
на Информативниот центар за
возачот.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Пораки за возилото 3 84.Контрола на
патувањето
Контролата на патувањето може
да сними и задржи брзини од
30 км/ч и нагоре. Може да дојде до
отстапувања од снимените брзини
кога се вози по угорници или
удолнини.
Од безбедносни причини,
контролата на возењето не може да се активира додека не се
користи ножната сопирачка еднаш.
Не ја користите контролата на
патувањето ако не е препорачливо
да се одржи постајана брзина.
Со автоматизираниот рачен
менувач, контролата на
патувањето активирајте ја само во
автоматски режим.
Контролните сијалички U и m
3 83.