OPEL VIVARO 2014 Сопственички прирачник

Page 151 of 195

Нега на возилото149Зимски гумиЗимските гуми ја подобруваат
безбедноста на возењето при
температури под 7 °C и затоа треба да се ставаат на сите тркала.
Во согласност со прописите што се
специфични за земјата, во видното
поле на возачот треба да се залепи белешка што ја означува
најголемата дозволена брзина за
гумите.
Ознаки на гумите
На пр. 195/65 R 16 C 88 Q195=Широчина на гумата во мм65=Профил (однос на
височината со широчината
на гумата) во %R=Вид на ременот: РадијаленRF=Вид: RunFlat (функционира
и издишана)16=Пречник на тркалото во инчC=Товарна или трговска
употреба88=Индекс на натовареноста,
на пр. 88 одговара на
567 кгQ=Буква на шифрата за
брзината
Буква на шифрата за брзината:
Q=до 160 км/чS=до 180 км/чT=до 190 км/чH=до 210 км/чV=до 240 км/чW=до 270 км/ч
Притисок на гумите
Проверувајте го притисокот во
гумите кога се студени, најмалку на
14 дена и пред секое подолго
патување. Не заборавајте го
резервното тркало.
Притисоци во гумите 3 184.
Податоците за притисокот во гумите се однесуваат на ладни
гуми. Тоа важи за летни и зимски
гуми.
Резервната гума секогаш пумпајте
ја до притисокот определен за целосна оптовареност.
Неправилниот притисок во гумите
ќе ја влоши безбедноста,
управувањето на возилото,
удобноста и економичноста на
потрошувачката на гориво, и ќе го
зголеми абењето на гумите.
Табелите за притисок на гумите ги
покажуваат сите можни
комбинации на гуми 3 184.
За гумите одобрени за Вашето
возило, видете го Сертификатот за сообразност на ЕК доставен со
Вашето возило или другите
национални документи за
регистрација.
Возачот е одговорен за правилно прилагодување на притисокот во
гумите.9 Предупредување
Ако притисокот е пренизок,
гумите може премногу да се
загреат и да се оштетат
однатре, што може да
предизвика цепење на шарите,
па дури и експлозија на гумите
при големи брзини.

Page 152 of 195

150Нега на возилотоДлабочина на шаратаРедовно проверувајте ја
длабочината на шарите.
Гумите треба да се заменат од безбедносни причини ако
длабочината на шарите е 2-3 мм
(4 мм за зимски гуми).
Од безбедносни причини, се
препорачува длабочината на
шарите на гумите на една оска да не се разликува повеќе од 2 мм.
Законски дозволената минимална
длабочина на шарата (1,6 мм) е
достигната кога шарата е изабена
до една од ознаките за изабеност
( TWI). Нивната положба е означена
со обележувања од страните на
гумата.
Ако има поголемо абење напред отколку назад, сменете ги
предните тркала со задните
тркала. Уверете се дека насоката
на вртењето на тркалата е иста
како порано.
Гумите стареат, дури ако не се употребуваат. Препорачуваме
замена на гумите на 6 години.
Менување на
големината на гумите и
тркалата
Ако се употребуваат гуми со
различна големина од оние
монтирани во фабриката, може да
биде потребно да се програмираат брзиномерот како и номиналниот
притисок во гумите повторно и да
се извршат други преиначувања на
возилото.9 Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или тркала може да доведе
до незгоди и ќе го анулира
одобрението на видот на
возилото.
Раткапни
Раткапните и гумите што се
одобрени од фабриката за
соодветното возило и ги
исполнуваат сите соодветни
барања за комбинирање на
тркалата и гумите, можат да се
користат.
Ако раткапните и гумите кои се
користат не се фабрично
одобрени, гумите не смеат да
имаат заштитно ребро на работ.
Раткапните не смеат да му пречат
на ладењето на сопирачките.

Page 153 of 195

Нега на возилото1519Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или раткапни може да
доведува до нагло губење на
притисок и притоа несреќи.
Синџири за гуми
Синџири за гуми се дозволуваат
само на предните тркала.
Секогаш употребувајте синџири со
ситни алки што не додаваат повеќе од 15 мм до шарата и внатрешните
страни на гумата (вклучувајќи ја и
бравата на синџирот).
За гуми од големината 215/65 R16,
посоветувајте се со
автомеханичар.9 Предупредување
Оштетувањата може да
доведат до пукање на гумата.
Капаците на тркалата на челичните бандажи може да дојдат во контакт
со делови од синџирите. Во такви
случаи, извадете ги раткапните.
Синџири за гуми смеат да се
користат само при брзини до
50 км/ч а, кога се вози по патишта
коишто се без снег, тие смеат да се
користат само за кратки периоди
бидејќи се изложени на брзо абење на тврд коловоз и може да се
скинат.
Комплет за поправање
гуми Помалите оштетувања на шаратана гумата и на страните може да се
поправат со комплетот за
поправање гуми.
Не ги вадете туѓите предмети од
гумите.
Оштетувањата на гумите што
надминуваат 4 мм или што се кај
страничниот ѕид од гумата близу
до работ не можат да се поправат
со комплетот за поправање гуми.9 Предупредување
Не возете побрзо од 80 км/ч.
Не го користете за подолг
период.
Управувањето со воланот и
ракувањето може да станат
поинакви.
Ако возилото има издишна гума:
Затегнете ја рачната сопирачка и
ставете во прва брзина или
рикверц.
Комплетот за поправање гуми се
наоѓа под предното седиште.

Page 154 of 195

152Нега на возилото
1. Извадете го компресорот одкомплетот за поправање гуми.
2. Извадете ги кабелот за електрична врска и цревото за
воздух од преградите на
долната страна на
компресорот.3. Зашрафете го цревото за воздух од компресорот врз
приклучокот на шишето со
заптивната смеса.
4. Наместете го шишето со заптивната смеса во држачот
на компресорот.
Поставете го компресорот
близу до гумата така што
шишето со заптивната смеса ќе биде исправено.
5. Отштрафете ги капаците на вентилите од дефектната гума.6. Зашрафете го цревото за полнење на вентилот на гумата.
7. Прекинувачот на компресорот мора да биде поставен на O.
8. Приклучете го приклучникот на компресорот во штекерот за
струја или во приклучокот на
запалката.
За да се избегне
испразнувањето на
акумулаторот, Ви
препорачуваме да го оставете
моторот да работи.

Page 155 of 195

Нега на возилото153
9. Поставете го преклопникот накомпресорот на I. Гумата се
полни со заптивната смеса.
10. Мерачот за притисок на компресорот накраткопокажува до 6 бари (600 kPa/
87 psi). Потоа притисокот
почнува да опаѓа.
11. Целата заптивна смеса се пумпа во гумата. Потоа гумата
се надува.12. Пропишаниот притисок за гумата би требало да се
достигне во рок од 10 минути. Притисок во гумите 3 184. Кога
ќе се постигне правилниот
притисок, исклучете го
компресорот.
Ако пропишаниот притисок за
гумите не се достигне во рок од
10 минути, извадете го
комплетот за поправање гуми.
Помрднете го возилото за едно цело вртењето на тркалата
(околу 2 метри). Повторно
закачете го комплетот за
поправање гуми и продолжете
со постапката за полнење за
10 минути. Ако пропишаниот
притисок за гумите се уште не е достигнат, гумата е премногу
оштетена. Побарајте помош од
автомеханичар.
Исцедете го одвишниот
притисок во гумата со копчето
над индикаторот за притисок.
Не работете со компресорот
подолго од 10 минути.
13. Откачете го комплетот за поправање гуми. Зашрафете гоцревото за пумпање на гуми на
слободниот приклучок на
шишето со заптивната смеса.
Тоа ја спречува заптивната
смеса да истече. Чувајте го
комплетот за поправање гуми
под предното седиште.
14. Извадете ја излишната заптивна смеса користејќи
ткаенина.
15. Земете ја етикетата која ја покажува најголемата
дозволена брзина од комплетот
за поправање гуми и залепете
ја во видното поле на возачот.

Page 156 of 195

154Нега на возилото
16. Продолжете со возењетоведнаш за да се распредели
заптивната смеса рамномерно по гумата. По возење околу
10 км, но не повеќе од
10 минути, застанете и
проверете го притисокот во
гумата користејќи го
компресорот. Притегнете го
цревото на воздухот директно
врз вентилот на гумата и за тоа
време нека работи
компресорот.
17. Ако притисокот во гумата е повеќе од 3,1 бари (310 kPa/
45 psi), наместете го на
правилната вредност. Повторете ја оваа поставка
додека веќе нема губење на
притисокот.
Ако притисокот во гумата
паднал под 3,1 бари (310 kPa/
45 psi), возилото не смее да се
вози. Побарајте помош од
автомеханичар.
18. Чувајте го комплетот за поправање гуми под предното
седиште.9 Предупредување
Не дозволувајте заптивната
смеса да дојде во контакт со
кожата, очите или облеката. Ако се голтне, побарајте лекарска
помош веднаш.
Забелешка
Возните карактеристики на
поправената гума значително се
сменети, затоа нека Ви ја заменат
таа гума.
Ако се слуша необичен шум или
компресорот се загрее, исклучете
го компресорот за најмалку
30 минути.
Вградениот сигурносен вентил се отвора при притисок од 7 бари.
Проверете го рокот на траење на
комплетот. По тој датум
способноста за затнување веќе не се гарантира. Внимавајте на
информациите за чување на
шишето со заптивна смеса.
Заменете го користеното шише со
заптивната смеса. Отфрлете го
шишето како што е пропишано од
соодветните закони.
Компресорот и заптивната смеса
може да се користат од
околу -30 °C.
Приложените адаптери може да
се користат за пумпање на други
предмети, на пр. фудбалски
топки, воздушни душеци, гумени
чамци, итн. Тие се наоѓаат на
долната страна од компресорот.
За да се извади, притегнете го
цревото за воздух на компресорот и извлечете го адаптерот.

Page 157 of 195

Нега на возилото155Менување тркалаНекои возила се опремени со
комплет за поправање гуми
наместо резервно тркало 3 151.
Сторете ги следниве подготовки и
запазете ги следните информации:
■ Паркирајте го возилото на рамна,
тврда и нелизгава површина.Предните тркала треба да бидат
наместени право.
■ Затегнете ја рачната сопирачка и
ставете во прва брзина или
рикверц.
■ Извадете го резервното тркало 3 156.
■ Никогаш не менувајте повеќе од едно тркало одеднаш.
■ Користете ја дигалката само за менување на тркала во случај напродупчување, а не за сезонски
зимски или летни менувања на
гумите.
■ Ако тлото на коешто стои возилото е меко, треба да се
стави тврда штица (дебела
најмногу 1 см) под дигалката.■ Во возилото не смее да има луѓе
или животни кога се дига.
■ Не пикајте се под возило што е кренато со дигалка.
■ Не го палете моторот кога возилото е кренато на дигалката.
1. Извлечете ја раткапната 3 148.
2. Олабавете ја секоја завртка на
тркалото за половина вртење
користејќи ги клучот со запчест
механизам и адаптерот. Клучот
со запчест механизам треба да
се врти обратно од насоката на
стрелките на часовникот за да
се олабават завртките. Свртете
го клучот со запчест механизам наопаку ако е потребно.
3. Кренете го возилото со местење на клинот на
дигалката под дупката за
дигање сместена најблиску до
односното тркало.
Уверете се дека дигалката е
наместена правилно. Основата
на дигалката треба да биде на
тлото непосредно под дупката
за дигање на тој начин што да
се спречи лизгањето на истата.

Page 158 of 195

156Нега на возилото
4. Наместете го адаптерот врздигалката и кренете го
возилото со вртење на рачката
со запчест механизам додека
тркалото не се подигне од
тлото.
5. Отшрафете ги завртките на тркалото целосно со вртење
обратно од насоката на
стрелките на часовникот и
избришете ги со крпа.
Ставете ги завртките на
тркалото некаде каде што
навоите нема да се извалкаат.
6. Сменете го тркалото.
7. Зашрафете ги завртките на тркалото.
8. Спуштете го возилото.
9. Стегнете ја секоја завртка по вкрстен редослед. Затезниот
момент е 140 Nm.
10. Вратете ја раткапната.
11. Сменете го тркалото.12. Складирајте ги сменетото тркало 3 156 и прирачните
алати 3 148.
13. Нека Ви го избалансираат новото тркало на возилото.
Проверет го притисокот на
монтираното тркало 3 184 и
исто така и затегнатоста на
завртките на тркалото колку е
можно поскоро.
Нека Ви ја сменат или поправат
неисправната гума.
Резервно тркало
Некои возила се опремени со
комплет за поправање гуми
наместо резервно тркало 3 151.
Употребата на резервно тркало кое е помало од другите тркала или
заедно со зимските гуми може да
повлијае врз возната состојба. Заменете ја неисправната гума
колку е можно поскоро.
Резервното тркало е монтирано
под задниот дел на подвозјето и
може да биде прицврстено со
употребата на безбедносна
завртка која може да се извади
само со употреба на приложениот
алат.
9 Предупредување
Поради тежината на комлетот
на гумата, постапете
внимателно кога го

Page 159 of 195

Нега на возилото157ослободувате носачот на
резервното тркало. Не ја вадете завртката целосно 1.
Потпирајте го резервното
тркало со соодветен предмет за да го спречите наглото паѓање
на тркалото кога ќе ги олабавите
завртките на носачот - ризик од
повреда!
Може да биде неопходно да се
подигне возилото со дигалка за да
се добие пристап кон резервното тркало на целосно оптоварено
возило со издишна задна гума.
За да го ослободите носачот на
резервното тркало, разлабавете ја
завртката 1, уверувајќи се дека не
е целосно извадена. Целосно
извадете ја завртката 2, па
повлечете го носачот влево додека не се одвои од завртката 1 и
спуштете го комплетот на носачот.
При инсталирање на новото тркало
уверете се дека носачот на
резервното тркало е правилно
наместен пред да ги затегнете
завртките.
Летни и зимски гуми
Ако употребувате зимски гуми,
резервното тркало може се уште да
има летна гума.
Ако го користите резервното
тркало кога е опремено со летна
гума, возноста на возилото може
да се измени, особено на лизгави
коловози.
Еднонасочни гуми Монтирајте еднонасочни гуми, така што тие ќе се вртат во насоката на
патувањето. Правецот на
тркалањето е означен со симбол (на пр. стрелка) од страната на
гумата.
Следново се однесува до гумите
монтирани наспроти насоката на вртењето:
■ Возната состојба може да се смени. Нека Ви ја заменат или
поправат неисправната гума
колку е можно поскоро.
■ Не возете побрзо од 80 км/ч.
■ Возете особено претпазливо на влажни и снежни патишта.Палење со кабли
Не палете со полнач за
акумулатори.
Возило со испразнет акумулатор
може да се запали со употреба на
кабли за палење и акумулторот од
друго возило.9 Предупредување
Внимавајте многу кога палите
со кабли за палење. Кое било отстапување од следниве
напатствија може да доведе до
повреди или оштета
предизвикана од експлозија на
акумулаторот или оштетување
на електричните системи на
двете возила.
9 Предупредување
Избегнувајте контакт на
акумулаторот со очите, кожата,
ткаенини и обоени површини.
Течноста содржи сулфурна
киселина што може да

Page 160 of 195

158Нега на возилотопредизвика повреди и
оштетувања во случај на
директен допир.
■ Не изложувајте го акумулаторот на гол пламен или на искри.
■ Испразнет акумулатор може да замрзне при температура од
0 °C. Одмрзнете го смрзнатиот
акумулатор пред да поврзувате
кабли за палење.
■ Носете заштитни очила и заштитна облека кога работите
со акумулатор.
■ Користете помошен акумулатор со иста волтажа (12 волти).
Неговиот капацитет (Ач) не смее
да биде значително помал од
оној на испразнетиот
акумулатор.
■ Употребувајте кабли за палење со изолирани клеми и пресек од
најмалку 16 мм 2
(25 мм 2
за
мотори на дизел).
■ Не откачувајте го испразнетиот акумулатор од возилото.
■ Исклучете ги сите непотребниелектрични потрошувачи.
■ Не се наведнувајте над акумулаторот за време на
палењето со кабли за палење.
■ Не дозволувајте клемите од едниот кабел да ги допрат оние
на другиот кабел.
■ Возилата не смеат да дојдат во контакт еден со друг за време напроцесот на палењето со кабли.
■ Применете ја сопирачката за паркирање, менувачот во лер.
Пристап до акумулаторотАкумулаторот се наоѓа под
облогата на подот кај предното
лево седиште. Подигнете ја
покривката на подот и користете ја алатката приложена во комплетот
со алати (или комплетот за
поправање гуми) за да ги
олабавите 4-те шрафа.
Внимавајте на положбата на
стрелката што посочува напред на капакот на акумулаторот при
заменување.

Page:   < prev 1-10 ... 111-120 121-130 131-140 141-150 151-160 161-170 171-180 181-190 191-200 ... 200 next >