OPEL VIVARO B 2014.5 Сопственички прирачник
Page 71 of 209
Седишта, потпирачи69„Isofix“ системи за
врзување на деца
Прицврстете ги ISOFIX системите
за врзување на деца одобрени за
возилото до рамките за монтирање
ISOFIX.
Кога се употребуваат монтажни
рамки ISOFIX за монтирање на
седишта, смеат да се користат
универзално одобрени системи за
врзување на деца за ISOFIX.
Дозволените местоположби за
монтирање за системите за
врзување деца ISOFIX се
обележани во табелите со <, IL и
IUF.
„Top-tether“ алки за
врзување
Алките за врзување Top-Tether се
наоѓаат од задната страна на
седиштето.
Освен ISOFIX монтирањето,
прицврстете го Top-tether ременот
до Top-tether алките за врзување.
Каишот треба да поминува помеѓу
двете шипки на потпирачот за
глава.
ISOFIX положбите на системите за
врзување на деца од
универзалната категорија се
обележани во табелата со IUF.
Page 72 of 209
70СкладирањеСкладирањеПростори за складирање ........... 70
Товарен простор ........................72
Систем на багажници за на
покрив ......................................... 75
Информации за товарење ......... 75Простори за
складирање9 Предупредување
Не чувајте тешки или остри
предмети во просторите за
складирање. Инаку, капакот на
просторот за складирање може да се отвори и патниците може
да се повредат од исфрлени
предмети во случај на нагло
сопирање, ненадејна промена
на правецот или сообраќајка.
Складирање во таблата
со инструменти Прегради, џебови и тацни за
складирање се наоѓаат во таблата со инструменти.
На горниот дел од таблата со
инструменти се ноаѓаат држач за
монети и/или држач за телефон.
Тацната сместена на горниот дел
од таблата со инструменти има
капак.
Касета
За отворање, повлечете ја рачката.
Зависно од верзијата, касетата
може да се заклучува.
Касетата мора да биде затворена
додека се вози.
Page 73 of 209
Складирање71Држачи за чаши
Држачи за чаши има на двата крајана таблата со инструменти,
централно на долната табла со
инструменти и кај задните
седишта.
Дополнителни држачи за чаши се наоѓаат од задниот дел на
средишното задно седиште кога е склопено 3 71, 3 48.
Држачите за чаши исто така можат да се користат за држење на
преносливиот пепелник 3 82.
Извадете го пепелникот за да ги
користите држачите за чаши.
Предна складишна
преграда
Закачалки има во преминот на
кабината и на рачките за држење
на облогата на покривот.
Џебовите на предните врати
содржат држачи за шишиња.
Склопување на средишниот
потпирач за грб
Потпирачот за грб на средишното
задно седиште, кога ќе се склопи
целосно нанапред, има простори
за складирање и држачи за чаши.
Тацната за документи со шарки
треба да се врати во првичната
положба пред да се крене
потпирачот за грб.
Складишна преграда под седиштето
Користејќи ги двете јамки на
седалото на созовачкото седиште,
повлечете го седалото нанапред за
да се добие пристап кон
складишната преграда под
седиштето.
Page 74 of 209
72Складирање
За да се овозможи ставање долги
предмети под задните седишта,
може да се извадат долните капаци
на облогата. Навалете го предниот капак навнатре и повлечете го
јазичето зад седиштето за да го
отворите задниот капак.
Горно место за
складирање
Вкупната тежина во оваа преграда
не смее да надмине 35 кг.
Товарен простор
Капак на товарниот
простор
Задна товарна полица
Задната товарна полица може да
се состои од два дела - лев и десен. Десниот дел може да се склопи во
левиот, што овозможува поголема
флексибилност на товарниот
простор.
Максималната дозволена
оптовареност е 50 кг.
Не ставајте многу тешки или
предмети со остри рабови врз
задната товарна полица.9 Предупредување
Секогаш уверувајте се дека
товарот во возилото е безбедно складиран. Инаку предметите
може да се фрлат наоколу
внатре во возилото
Page 75 of 209
Складирање73предизвикувајќи лична повреда
или оштетување на товарот или на автомобилот.
Задната товарна полица може да
се намести во 2 положби, т.е. во
горна или долна положба.
Вадење
За да ја извадите, ослободете ја
товарната полица од држачите на
двете страни.
Ако задните седишта 3 48 се
склопени, извадете ја товарната
полица и положете ја хоризонтално
пред склопените задни седишта.
Местење
Вратете ја товарната полица
заглавувајќи ја во држачите од двете страни.
Шини и куки за товарење
Шините за прицврстување на
товарот монтирани во товарниот
простор даваат приспособливи
котвишта за обезбедување на
товарот.
■ Ослободете го средишната игла на котвиштето со извлекување
спротив правецот на
затегнатоста на пружината,
■ лизнете ја точката на котвиштето
во саканата положба,
непосредно над соодветна дупка за заглавување,
■ ослободете ја средишната игла на котвиштето уверувајќи се дека
иглата е сместена правилно и
котвиштето е безбедно
заглавено,
■ потоа товарот може да се прицврсти во положбата со
употреба на каишевите за
врзување закачени за
котвиштето.
Максималната оптовареност на
секоја точка на котвиштето е 75 кг.
За да се спречи можноста на
надминување на овој максимум,
употребата на каишевите за
врзување од видот со запчест
механизам мора да се избегнува.
Page 76 of 209
74СкладирањеАлки за врзување
Во товарниот простор се
монтирани алки за врзување за да
се овозможи прицврстување на
товарот да не се лизга со употреба на прицврсни ремени или подна
мрежа за багаж.
Најголемата сила што можат да ја
издржат алките за врзување е
6250 N под агол од 30°.
Безбедносна мрежа
Безбедносната мрежа може да се
инсталира зад предните седишта
или задните седишта.
Не смеат да се превезуваат
патници зад безбедносната мрежа.
Местење
Ослободете ги капаците на
облогата на покривот за да дојдете до држачите, па вметнете ги
прачките за мрежата за товарниот
простор во левото и десното
монтажно место и прицврстете ги.
Закачете ги ремените за алките
или прстените за врзување зад
седиштата, па затегнете ги
ремените.
Вадење Разлабавете ги ремените и
откачете ги од алките или
прстените за врзување. Извадете
ги прачките за мрежата од
монтажните места и затворете ги капаците.
Page 77 of 209
Складирање75Предупредувачки
триаголник Предупредувачкиот триаголникможе да се смести во просторот
под седиштата.
Складирање под седиштето 3 71.
Прибор за прва помош
Приборот за прва помош може да
се смести во просторот под
седиштата.
Складирање под седиштето 3 71.Систем на багажници
за на покрив
Багажник за на покрив
Поради безбедносни причини и да
се избегне оштетувањето на
пчокривот се препорачуваат
системи на багажници одобрени за
возилото.
Следете ги упатствата за
монтирање и кога не е во употреба извадете го багажникот за на
покрив.
Повеќе информации 3 75.Информации за
товарење
■ Тешките предмети во товарниот простор треба да се распоредат
рамномерно и да се наместат колку е можно понапред. Ако
предметите може да се стават
еден врз друг, потешките
предмети треба да се стават
долу.
■ Прицврстувајте предмети со еластичните каишеви закачени
за алките за врзување 3 74.
■ Прицврстете ги слободните предмети во товарниот
просторот за да не се лизгаат.
■ Кога се превозуваат предмети во
товарниот простор, потпирачите
за грб од задниот ред на
седиштата не смеат да бидат
навалени напред.
■ Не дозволувајте товарот да штрчи над горниот раб на
потпирачите за грб.
■ Не ставајте предмети врз таблата со инструменти.
Page 78 of 209
76Складирање
■ Товарот не смее да пречи приракување со педалите, рачната
сопирачка и менувачот, или да го спречи слободното движење на
возачот. Не ставајте
неприцврстени предмети во
внатрешноста.
■ Не возете со отворен товарен простор. Освен тоа,
регистарската табличка се
распознава и е правилно
осветлена само кога вратите се
затворени.9 Предупредување
Секогаш уверувајте се дека
товарот во возилото е безбедно складиран. Инаку предметите
може да се фрлат наоколу
внатре во возилото
предизвикувајќи лична повреда
или оштетување на товарот или на автомобилот.
■ Дозволената оптовареност е разликата помеѓу дозволената
бруто тежина на возилото
(видете на идентификациската
табличка 3 188) и максималната
тежина според ЕС.
За да ја пресметате
максималната тежина според
ЕС, внесете ги податоците за
Вашето возило во табелата за
тежини на почетокот од овој
прирачник.
Максималната тежина според ЕС ги вклучува тежините за возачот
(68 кг), багажот (7 кг) и сите
течности (со 90 % полн
резервоар).
Опционалните опреми и апарати
ја зголемуваат својата тежина.
■ Возењето со товар на покривот ја
зголемува чувствителноста на
возилото на странични ветрови и има неповолно влијание врз
управувањето на возилото
поради повишувањето на
тежиштето на возилото.
Распределете го товарот
рамномерно и прицврстете го
правилно со каишеви за држење.
Дотерајте ги притисокот во
гумите и брзината на возилото
според условите наоптовареноста. Често
проверувајте ги и повторно
затегнувајте ги каишевите.
Не возете побрзо од 120 км/ч.
Дозволена носивост на покривот
е 200 кг за варијантите со
стандарден покрив и 150 кг за
варијантите со висок покрив (не
важи за конверзиите во Кабина
со платформа). Оптовареноста
на покривот е комбинираната
тежина на багажникот за на
покрив и на товарот.
Page 79 of 209
Иинструменти и контроли77Иинструменти и
контролиКонтроли ..................................... 77
Предупредувачки светла,
мерачи и индикатори .................82
Информативни екрани ............... 93
Пораки за возилото .................... 93
Патен компјутер .........................95
Тахиграф .................................... 97Контроли
Местење на воланот
Отклучете ја рачката, наместете го
воланот, па заглавете ја рачката и
уверете се дека истата е целосно
закочена.
Не го местете воланот освен ако
возилото е во мирување и бравата на воланот била ослободена.
Контроли на воланот
Со контролата на патувањето и
ограничувачот на брзината може
да се управува преку контролите на
воланот.
Контрола на патувањето и
ограничувач на брзината 3 132.
Page 80 of 209
78Иинструменти и контролиСирена
Притиснете го j.
Сирената ќе се огласи без оглед на
положбата на прекинувачот за
палење.
Контроли на
управувачкиот столб Со Инфозабавниот систем може да
се ракува и преку контролите на
управувачкиот столб.
Повеќе информации се достапни
во прирачникот на Инфозабавниот
систем.
Бришач на
шофершајбната/перач
Бришач на шофершајбната7=исклучувањеK=периодично бришење или
автоматско бришење со
сензор за дожд1=бавно2=брзо
Не го употребувајте ако
шофершајбната е замрзната.
Исклучете ги во перални за
автомобили.
Приспособлив период на
бришењето
Рачката за бришачот е во
положбата P.
Свртете го тркалцето за местење
за да го наместите саканиот
период на бришењето:
пократки
периоди=свртете го
тркалцето за
местење угореподолги
периоди=свртете го
тркалцето за
местење удолу