OPEL VIVARO B 2014.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2014.5, Model line: VIVARO B, Model: OPEL VIVARO B 2014.5Pages: 209, PDF Size: 4.27 MB
Page 111 of 209

Контрола на климатизацијата109
Брзина на вентилаторот Z
Дотерајте го протокот на воздухот
рачно со префрлување на
вентилаторот на саканата брзина.
Ако вентилаторот е исклучен, се
исклучува и климатизацијата.
За да се вратите во автоматскиот
режим: Притиснете го копчето
AUTO .
Распределба на воздухот M
Притиснете го соодветното копче
за саканото дотерување. LED-от во копчето свети кога е активно.R=кон шофершајбната и
прозорците на предните
врати.M=кон пределот на главата.S=кон пределот на нозете.
Можни се комбинации на поставки
со притискање две копчиња додека
не се запалат двата LED-а.
За да се вратите во автоматскиот
режим: Притиснете го копчето
AUTO .
Ладење AC
Активирајте го или деактивирајте
го ладењето со копчето AC. LED- от
во копчето свето кога е
деактивирано ладењето.
Системот за климатизација го лади
и одвлажнува (суши) воздухот кога
надворешната температура е над определено ниво. Затоа може да се
формира кондензација и да капи
под возилото.
Забелешка
Перформансите на
климатизацијата се намалени
кога е активиран ЕКО-режимот
3 117.
Ако веќе не е потребно ладење или
сушење, исклучете го системот за
климатизација за да заштедите
гориво.
За да се вратите во автоматскиот
режим: Притиснете го копчето
AUTO .Режим за кружење на
воздухот u
Активирајте го или деактивирајте го режимот за рачно кружење на воздухот со копчето u. LED-от во
копчето свети кога е активирано.9 Предупредување
Менувањето на свежиот воздух
е намалено во режимот за
кружење на воздухот. При
работа без ладење, влажноста
на воздухот се зголемува, па
прозорците може одвнатре да
се замаглат. Квалитетот на
воздухот во патничката кабина
се влошува, што може да
предизвика дремливост кај
патниците.
За да се вратите во автоматскиот
режим: Притиснете го копчето
AUTO .
Page 112 of 209

110Контрола на климатизацијатаЗаден систем за греење
Вентилаторот за греење на
задниот патнички простор го
потпомага протокот на возухот кон
задниот патнички простор преку
задните отвори за проветрување.
Ритамот на протокот на воздухот е
одреден од вентилаторот.
Температурата на воздухот се
контролира со употреба на
контролота за температурата на
таблата со инструменти.
Систем на задната
климатизација Системот на задната
климатизација се активира заедно со системот за климатизација на
предниот патнички простор.
Прекинувач на задната
климатизација
Вентилаторот на задната
климатизација го потпомага
протокот на воздухот кон задниот
патнички простор преку задните
отвори за проветрување.
Вклучете го вентилаторот додека
работи системот за климатизација
за да може да се распредели
заладен и исушен воздух.
Ритамот на протокот на воздухот е одреден од вентилаторот.
Page 113 of 209

Контрола на климатизацијата111Дополнително греењеГрејач на течноста за ладење
Грејачот на средсдтвото за
ладење Eberspächer, којшто е
независен од моторот и работи на
гориво, овозможува брзо
загревање на средството за
ладење на моторот за да се
овозможи греење на внатрешноста
на возилото кога моторот не
работи.Внимание
Не допирајте ја издувната цевка. Може да биде жешка и по
гасењето на моторот поради
работата на разладната
течност.
Пред да го активирате или да го
програмирате системот да почне
со работа, свртете ја контролата на климатизацијата на греење и
распределбата на воздухот на V.
9Предупредување
Не ракувајте со системот при
полнење гориво, кога има прав
или запаливи пареи или во
затворени простори (на пр. во
гаража).
Исклучете ако не ви е потребно.
Греењето се исклучува автоматски по програмираниот период. Ќе
престане да работи и ако нивото на
горивото на возилото падне
прениско.
За време на работата се користи струја од акумулаторот. Затоа,
времето на возење треба да биде
долго барем колку времето на
греење. При кратки патувања
редовно проверувајте го
акумулаторот и наполнете го ако е
потребно.
За да обезбедите ефикасност, накусо вклучувајте го помошниот
грејач еднаш месечно.
Контролни уреди
Тајмерот, одн. далечинскиот
управувач, го вклучува или
исклучува системот, а се користи и
за програмирање на времињата на поаѓање.
Page 114 of 209

112Контрола на климатизацијата
Timer (темпирање)1 X Копче за
активирање=Вкл./искл. на
контролниот уред и менување на
прикажаните
информации2 q Копче за
назад=Бирање функции
од мени-лентата
и менување
вредности3 Мени-
лента=Прикажување на
функциите за
бирање Y, x , P ,
Ö и Y4 r Копче за
следно=Бирање функции
од мени-лентата
и менување
вредности5 OK копче=Потврда на
изборот
Далечински управувач
Контролните копчиња
функционираат исто како на
претходно опишаниот тајмер.
За да го вклучите далечинскиот,
притиснете го копчето за
активирање X и пуштете го кога на
екранот ќе се појави мени-лентата.
На екранот накусо се појавуваат
сигнален показател и SENd, по што
следи температурата.9 Предупредување
При полнење гориво, исклучете
ги далечинскиот управувач и
грејачот!
За да го исклучите, држете го притиснато копчето за активирање
X за да спречите ненамерно
ракување.
Далечинскиот управувач има
максимален опсег од 600 метри.
Опсегот може да се намали поради
условите во средината и поради
празнење на батеријата.
Page 115 of 209

Контрола на климатизацијата113
Освен со далечинскиот управувач,
греењето може да се вклучи
30 секунди или да се исклучи со
копчето.
Замена на батеријата
Заменете ја батеријата кога
опсегот на далечинското е
намален или кога трепка симболот за полнење на батеријата.
Отворете го капакот со паричка и
заменете ја батеријата (CR 2430
или соодведна), внимавајќи новата батерија да е ставена правилно со
позитивната ( <) страна свртена
кон позитивните контакти. Вратете
го капакот на место.
Расходувајте ги старите батерии
во согласност со еколошките
прописи.
Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
Шифри на грешки на далечинскиот
управувач
cobA=Слаб сигнал -
прилагодете ја
положбатаconP=Нема сигнал -
приближете сеbALo=Батеријата е слаба -
сменете ја батеријатаErr=Системска грешка -
консултирајте се со
сервисAdd,
AddE=Системот е во режим на учење
Учење на далечинскиот управувач
Ако е поврзан акумулаторот, LED-
от на таблата со инструменти свети
и системот автоматски го
конфигурира менито за
далечинско управување. Ако LED-
от трепка, притиснете го копчето OK на далечинскиот управувач,
изберете Add или AddE и
потврдете.
Може да се конфигурираат и
дополнителни контролни единици.
Држете го копчето додека да
затрепка LED-от, вклучете го
далечинскиот, изберете Add и
потврдете.
AddE го учи само моменталниот
далечински управувач и ги блокира
сите претходно конфигурирани
уреди. Add учи до 4 далечински
управувачи, но само еден уред може да ракува со системот
одеднаш.
Page 116 of 209

114Контрола на климатизацијата
Ракување
Греење Y
Изберете Y од мени-лентата и
потврдете. Претходно одреденото
траење на греењето, на пр. L 30,
трепка на екранот. Фабричката
поставка е 30 минути.
За привремено прилагодување на
траењето на греењето,
прилагодете со копчето q или r
и потврдете. Вредноста може да се
одреди од 10 до 120 минути.
Поради потрошувачката на струја,
внимавајте на траењето на
греењето.
За да исклучите, повторно
изберете Y од мени-лентата и
потврдете.
Проветрување x
Изберете x од мени-лентата и
потврдете.
Траењето на проветрувањето
може да се прифати или
прилагоди. Прикажаното траење
се прифаќа без потврда.За да исклучите, повторно
изберете x од мени-лентата и
потврдете.
Програмирање P
Може да се програмираат до 3
претходни времиња на поаѓање во еден ден или во текот на една
седмица.
■ Изберете P од мени-лентата и
потврдете
■ Изберете го саканиот број во меморијата 1, 2 или 3 и
потврдете
■ Изберете ден и потврдете
■ Изберете час и потврдете
■ Изберете минути и потврдете
■ Изберете Y или x и потврдете
■ Ако е потребно, прилагодете го времетраењето пред поаѓањетои потврдете
Бројот од меморијата што ќе се
активира следен е подвлечен и
прикажан е денот од седмицата.
Повторете ја постапката за да ги
испрограмирате другите броеви во
меморијата.Со притискање на копчето X за
време на постапката се излегува
без меморирање на
прилагодувањата на програмата.
За да избришете претходно
одредено време на поаѓање,
постапете според чекорите за
програмирање додека не почне да
трепка симболот за греење Y.
Притискајте го копчето q или r
додека на екранот не се појави oFF и потврдете.
Греењето сопира автоматски
5 минути по програмираното време
на поаѓање.
Забелешка
Системот за далечинско
управување има сензор за
температурата што го пресметува
времето на работење според
температурата на околината и
саканото ниво на греење (ECO
или HIGH). Системот се активира
автоматски 5 до 60 минути пред
програмираното време на
поаѓање.
Page 117 of 209

Контрола на климатизацијата115
Поставување ден во седмицата,
часовник и траење на греењето Ö
Ако акумулаторот се откачи или
напонот му е преслаб, уредот ќе мора да се ресетира.
■ Изберете Ö и потврдете
■ Изберете ден во седмицата и потврдете
■ Сменете го часот и потврдете ■ Сменете ги минутите и потврдете
■ Сменете го зададеното траење на греењето и потврдете
Ниво на греење Y
Претпочитаното ниво на греење за програмираните времиња на
поаѓање може да се постави на
ECO или HIGH.
Изберете Y и потврдете. ECO или
HIGH трепка на екранот.
Прилагодете со копчето q или
r и потврдете.Отвори за
проветрување
Приспособливи отвори
за проветрување Мора да биде отворен барем еден
отвор за проветрување додека е
вклучено ладењето за да се спречи
испарувачот да се замрзне поради
недвижење на воздухот.
Средишни отвори запроветрувањеЗа да ги отворите или затворите
средишните отвори за
проветрување и да го насочите
протокот на воздухот, навалете ги
процепите нагоре или надолу и вртете го тркалцето за дотерување налево или надесно.
Странични отвори за
проветрување
За да ги отворите или затворите
страничните отвори за
проветрување, навалете ги
процепите нагоре или надолу.
Насочете го протокот на воздухот
со вртење на отворите.
Page 118 of 209

116Контрола на климатизацијата
Зависно од положбата на
контролата на температурата, во
возилото ќе биде насочен воздух
преку страничните отвори за
проветрување.9 Предупредување
Не закачувајте предмети за
решетките на отворите за
проветрување. Ризик од
оштетување и повреда во случај
на сообраќајка.
Фиксни отвори за
проветрување Дополнителни отвори за
проветрување се наоѓаат под
шофершајбната и прозорците на
вратите, во пределите на нозете и, зависно од возилото, во задниот
патнички простор.
Одржување
Довод на воздухот
Доводот за воздух пред
шофершајбната во моторниот
простор мора да се чува слободен
за да се овозможи доводот на
воздухот. Извадете ги лисјата,
нечистотијата или снегот.
Филтер за полен
Филтерот за полен ги отстранува правта, саѓите, поленот и спорите
од воздухот кој влегува во
возилото преку доводот за воздух.
Обично работење на
климатизацијата
За да се обезбедат постојано
ефикасни перформанси, ладењето
мора да се вклучува неколку
минути еднаш месечно, без оглед
на времето и годишната доба. Не е
возможно ракувањето со ладењето кога надворешната температура е
прениска.Сервис
За оптимални перформанси на
ладењето, се препорачува ситемот
за контрола на климатизацијата да
се проверува годишно, почнувајќи
три години по првата регистрација
на возилото, заедно со следниве:
■ Тестирање на функционалноста и притисокот
■ Функционалност на греењето
■ Проверка за протекување
■ Проверка на погонските ремени
■ Чистење на одводот на кондензаторот и испарувачот
■ Проверка на перформансите
Page 119 of 209

Возење и ракување117Возење и ракувањеПрактични совети за возење..117
Поаѓање и ракување ................ 118
Издувни гасови од моторот .....125
Рачен менувач ......................... 127
Сопирачки ................................. 127
Системи за контрола на
возењето ................................... 130
Системи за помош на возачот 132
Гориво ....................................... 139
Кука за приколки ......................141Практични совети за
возење
Економично возење
ЕКО-режим
ЕКО-режимот е функција што ја оптимизира потрошувачката на
гориво. Влијае на силата на
моторот, греењето,
климатизацијата и електричните
потрошувачи.
АктивирањеПритиснете го копчето ECO.
Контролната сијаличка ECO свети
во групата инструменти кога е
активно.
При возење може привремено да
се исклучи режимот ECO, на пр. за да се зголемат перформансите на
моторот, со цврсто притискање на
педалата за гас. ECO трепка во
групата инструменти.
ЕКО-режимот повторно се
активира кога ќе се намали
притисокот на педалата за гас.
ECO престанува да трепка и свети
постојано.
Деактивирање
Повторно притиснете го копчето ECO . Контролната сијаличка ECO
во групата инструменти се гаси.
Page 120 of 209

118Возење и ракувањеКонтрола над возилото
Никогаш не оставајте го
возилото да оди на падини со
изгаснат мотор
Многу системи нема да
функционираат во оваа ситуација
(на пр. серво уредот на
сопирачките, серво
управувањето). Таквото возење е
опасно за Вас и за други.
Педали
За да се обезбеди непречен од на педалите, не смее да има
подлошки во пределот на
педалите.
Управување
Ако серво управувањето се изгуби поради сопирање на моторот или
дефект на системот, со возилото
може да се управува, но може да
треба повеќе напор.Внимание
За возилата опремени со
хидраулично управување:
Ако се сврти воланот додека
дојде до крајот на кругот и се
држи во таа положба подолго од 15 секнди може да дојде до
оштетување на системот за
хидраулично управување и
може да нема помош за
хидраулично управување.
Поаѓање и ракување
Разработување на
новото возило
Не сопирајте непотребно силно
при првите неколку патувања и по
монтирањето на нови пакни од
дискот на сопирачката.
За време на првото возење може
да се јави чад поради
испарувањето на восокот и
маслото на системот за издувни
гасови. Паркирајте го возилото на
отворено место за извесно време
по првото возење за да не ги
вдишувате пареите.
За време на периодот на
разработувањето потрошувачката
на гориво и на моторно масло може
да биде поголема и процесот на
чистењето на филтерот за
дизелски честички може да се
одвива почесто.
Филтер за дизелски честички
3 125.