OPEL VIVARO B 2016.5 Сопственички прирачник
Page 31 of 239
Клучеви, врати и прозорци29Забелешка
Нема копче за ракување без раце
на надворешната рачка на
лизгачката странична врата.
Не смее да има електронски клуч
во возилото, како ни друг
електронски клуч во зоните на
откривање, или ракувањето без
раце со системот на централната
брава нема да работи.
Ракувањето со системот на
централната брава со
електронскиот клуч се потврдува
со предупредувачките трепкачи.9 Опасност
Не оставајте го електронскиот
клуч во возилото кога оставате деца или животни во него за да
избегнете ненамерно ракување
со прозорците, вратите или
моторот. Ризик од смртоносна
повреда.
Отклучување со електронскиот
клуч - ракување без раце
Притиснете го копчето на некоја
надворешна рачка на вратите и
повлечете ја рачката за да
отворите.
Возилото се отклучува само кога
поминале барем 3 секунди по
заклучувањето без раце.
Ракувањето без раце се исклучува
автоматски откако ќе се ракува со
копчињата на електронскиот клуч.
За повторно вклучување на
ракувањето без раце, запалете го
повторно моторот.
Отклучување со копчињата на
електронскиот клуч
Притиснете c за да ги отклучите
сите врати и товарниот простор.
Заклучување со електронскиот клуч - ракување без раце
Притиснете копче на
надворешната рачка на некоја
врата. Сите врати и товарниот
простор се заклучени.
Возилото се заклучува само кога
поминале барем 3 секунди по
отклучувањето без раце.
Ракувањето без раце се исклучува
автоматски откако ќе се ракува со
копчињата на електронскиот клуч.
Page 32 of 239
30Клучеви, врати и прозорциЗа повторно вклучување на
ракувањето без раце, запалете го повторно моторот.
Заклучување со копчињата на
електронскиот клуч
Притиснете e за да ги заклучите
сите врати и товарниот простор.
Заклучување и отклучување на
товарниот простор со
електронскиот клуч - ракување без
раце
Притиснете го копчето на
надворешната рачка на вратата за
да ги заклучите или отклучите
задните врати/задната врата (и
лизгачките странични врати) кога
електронскиот клуч е во опсег на
зоната за откривање (околу
еден метар).
Задните врати/задната врата (и
лизгачките странични врати) се
заклучуваат/отклучуваат само
откако поминале барем 3 секунди
по последното притискање копче.
Ракувањето без раце се исклучува
автоматски откако ќе се ракува со
копчињата на електронскиот клуч.
За повторно вклучување на
ракувањето без раце, запалете го
повторно моторот.Заклучување и отклучување на
товарниот простор со копчињата
на електронскиот клуч
Притиснете G за заклучување/
отклучување на задните врати/
задната врата (и лизгачките
странични врати).
Систем на електронскиот клуч
3 24.
Page 33 of 239
Клучеви, врати и прозорци31Рачно ракување со клучот
Рачно заклучете ги или отклучете
ги вратите со вртење на клучот во
бравата.
Задни врати
Во случај кога задните врати се заклучени рачно откако возилото е отклучено со копчето за
далечинска контрола c, повторно
заклучете го комплетно возилото
со притискање e заради
ресетирање на системот на
централна брава. Во спротивно, со
притискање c можеби нема да се
отклучи другиот дел од возилото.
Откако рачно ќе ги отклучите
задните врати кога другиот дел од
возилото е заклучен, можеби ќе
треба да притиснете e двапати за
да го заклучите комплетно
возилото.
Прекинувач на централната
брава
Ги заклучува или отклучува
вратите и товарниот простор од патничкиот простор.
Притиснете e за да го заклучите
возилото. Активирањето се
означува со сијаличката во
копчето. Кога затворате некоја
отворена врата, таа се заклучува
автоматски.
Притиснете го e уште еднаш за да
го отклучите возилото.
Ако возилото се вози со отворен
товарен простор, предните врати
(и лизгачките странични врати)
може да се заклучени. Кога е
вклучено палењето, притиснете и
држете e околу 5 секунди. Кога ќе
ги затворите задните врати/
задната врата, тие се заклучуваат
автоматски.
Автоматско заклучување 3 32.
Операцијата за ракување без раце
автоматски е оневозможена кога e
е притиснато. За повторно
вклучување на ракувањето без
раце, запалете го повторно
моторот.
Систем на електронскиот клуч
3 24.
Page 34 of 239
32Клучеви, врати и прозорциБрави за да се избегне
затворање на вратата со тресок
Извесни модели подесуваат брави
на товарниот простор кои се
изолирани за дополнителна
безбедност.
Со бравите за заклучување со тресок, иако вратите може да се
заклучат или отклучат со
далечинскиот управувач или
електронскиот клуч, товарниот
простор мора рачно да се отвори
со вртење на клучот во бравата.
Задни врати 3 33.
Автоматско заклучување
Автоматско заклучување по
поаѓање
Оваа безбедносна функција може да се намести автоматски да ги
заклучи вратите и товарниот
простор штом возилото почне да се
вози.Активирање
Кога е вклучено палењето,
притиснете го и држете го e на
прекинувачот на централната
брава околу 5 секунди. Звучен
сигнал го потврдува активирањето.
Деактивирање
Кога е вклучено палењето,
притиснете го и држете го e на
прекинувачот на централната
брава околу 5 секунди. Звучен
сигнал го потврдува
деактивирањето.
Прекинувач на централната брава
3 26.Детски брави
Безбедносната брава за деца за
страничната лизгачка врата се
наоѓа на работ што гледа наназад.
За да спречите отворање на
лизгачката странична врата
одвнатре, отворете ја вратата и
активирајте ја детската брава.
9 Предупредување
Користете ги детските брави
кога децата ги заземаат задните седишта, за да спречите
ненамерно отварање од
внатрешноста.
Page 35 of 239
Клучеви, врати и прозорци33Со соодветна алатка, свртете го
прекинувачот на детската брава на
лизгачката странична врата во
заклучена положба; вратата не
може да се отвори однатре.
Детските брави остануваат
активирани дури и откако ќе се
отклучи возилото со далечинскиот
управувач. Вратата може да се
отвори само однадвор.
За да ја деактивирате, свртете го
прекинувачот за детски брави во
отклучена положба.Врати
Шибер врата
Отворајте ја и затворајте ја шибер-
вратата само кога возилото е во
мирување и паркирната сопирачка
е затегната.
Повлечете ја внатрешната рачка кон задниот дел за да отклучите и
отворите.
Вратата може да се заклучи
однатре од возилото со
внатрешниот прекинувач за
заклучување.
Централна брава 3 26.
9 Предупредување
Внимавајте кога ракувате со
лизгачката странична врата.
Ризик од повреда.
Внимавајте ништо да не се
заглави во неа за време на
ракувањето и да нема никој во просторот на движењето.
Ако возилото е паркирано на
надолнина, отворени лизгачки
врати можат да се придвижат
ненадејно поради тежината.
Затворете ги шибер вратите
пред да тргнете.
Задни врати
Задните врати може да се отвори
само ако возилото е отклучено.
Систем на централната брава,
рачно работење со клучеви 3 26.
За да ја отворите левата задна
врата, повлечете ја надворешната
рачка.
Вратата се отвора однатре од
возилото со повлекување на
внатрешната рачка.
Page 36 of 239
34Клучеви, врати и прозорци
Десната задна врата се
ослободува со употреба на
рачката.
9 Предупредување
Задните светла може да се
заматат ако задните врати се
отворени и возилото е
паркирано на работ на патот.
Помагајте им на други
корисници на патот да го
приметат возилото со
користење на предупредувачки
триаголник или друга опрема
определена во прописите за
патниот сообраќај.
Вратите се задржуваат во
положбата под агол од 90° со
дршките за запирање. За да ги отворите вратите под агол од 180°
или понатаму, повлечете ги
рачките за ослободување на
вратите и со лизгање отворете ги
во саканата положба.
9 Предупредување
Уверувајте се дека вратите со
дополнителна можност за
отворање се прицврстени кога
се целосно отворени.
Отворените врати може да се затворат со тресок поради
силата на ветарот!
Кога ги затворате вратите,
прицврстете го секој потпирач за
закочување до спојката на рамката
на вратата.
Секогаш затворајте ја десната
врата пред левата врата.
Брави на вратите 3 25, Систем на
централната брава 3 26.
Page 37 of 239
Клучеви, врати и прозорци35Возење со отворен товарен
простор
За да возите со отворена десна
задна врата, на пример ако треба
да пренесувате долги предмети,
отворете ја левата врата и после тоа десната задна врата, а потоа
затворете ја левата задна врата.
Вратете ја внатрешната брава во
нејзиното лежиште со вртење на
рачката на десно кон положба на
заклучување. Вратата е забравена и не може да се отвори однадвор.
Ослободете ја бравата вртејќи ја
рачката налево за да овозможите
отворање на вратата.
Внимание
Секогаш проверувајте дали
товарот во возилото е безбедно наместен при возење со
отворен товарен простор.
За дополнителни информации,
погледнете во „Информации за
товарење“ 3 81.
Секогаш почитувајте ги
локалните или националните
регулативи.
Товарен простор
Задна врата
Отворање
По отклучување, притиснете го
копчето на задната врата и
подигнете ја до целосно отворена
положба.
Page 38 of 239
36Клучеви, врати и прозорциЗадната врата може да се отвори иод внатрешноста на возилото со
помош на внатрешното копче за
отпуштање.
Забелешка
Во многу студени климатски
услови, помошта за отворање што
ја овозможуваат хидрауличните
прачки на задната врата може да
е намалена.
Централна брава 3 26.
ЗатворањеЗатворајте ја задната врата
користејќи го внатрешниот каиш.
Уверувајте се дека задната врата е
целосно затворена.
Централна брава 3 26.
Итно отворање на задната врата
од внатрешноста на возилото
Во зависност од моделот, кренете
го капакот од внатрешната страна
на задната врата.
Потоа земете ја металната рачка и влечете ја надолу за да се отклучи.
Турнете ја задната врата за да ја отворите.
Општи практични совети за
ракување со задната врата
9 Опасност
Не возете со отворена или
подотворена задна врата, на пр. кога превозувате кабасти
предмети, бидејќи отровните
издувни гасови кои не може да
се видат или мирисаат може да
Page 39 of 239
Клучеви, врати и прозорци37навлезат во возилото. Тоа може
да предизвика несвест и дури
смрт.Внимание
Пред да ја отворите задната врата, проверете дали има
пречки во горниот дел, на пр.
врата од гаража, со цел да се
избегне оштетување на задната
врата.
Уверете се дека има доволен
простор и одозгора (најмалку
2,15 метри) и одзади кога ја
отворате задната врата.
Забелешка
Инсталирањето на определени
тешки додатоци врз задната
врата може да повлијае врз
нејзината способност да остане
отворена.
Безбедност на
возилото
Систем за заштита одкражба9 Предупредување
Не користете го системот ако
има луѓе во возилото! Вратите
не може да се отклучат однатре.
Системот ги блокира сите врати и
товарниот простор.
Сите врати и товарниот простор треба да се затворени, инаку
системот не може да се активира.
Забелешка
Системот за заштита од кражба не може да се активира кога се
вклучени предупредувачките
трепкачи или страничните светла.
Активирањето и деактивирањето
не се можни со прекинувачот на
централната брава.
Централна брава 3 26.
Ракување со далечинскиот
управувач со 2 копчиња или со
3 копчиња
Ракувањето се потврдува со
предупредувачки трепкачи кои
трепкаат пет пати.
Активирање
Притиснете e двапати.
- или -
Свртете го рачниот клуч во
бравата на возачката врата кон
задниот дел на возилото двапати.
Page 40 of 239
38Клучеви, врати и прозорциДеактивирање
Отклучете ги вратите со
притискање c на далечинскиот
управувач или со вртење на
рачниот клуч во бравата на
возачката врата кон задниот дел на
возилото.
Ракување со системот на
електронскиот клуч
Ракувањето се потврдува со
предупредувачките трепкачи.
Активирање
За ракување без раце,
електронскиот клуч треба да е
надвор од возилото, во опсег од
околу еден метар од предните
врати или товарниот простор.
Притиснете двапати копче на
надворешната рачка на некоја
врата.
- или -
Притиснете e двапати.
Деактивирање
Отклучете ги вратите притискајќи
го копчето на некоја надворешна
рачка на вратите или притиснете c.
Ракувањето без раце се исклучува
автоматски откако ќе се ракува со
копчињата на електронскиот клуч
(или ќе се притисне прекинувачот
e на централната брава). За
повторно вклучување на
ракувањето без раце, запалете го
повторно моторот.
Централна брава 3 26.
Систем на електронскиот клуч
3 24.
Систем за тревожење при кражба
Системот за тревожење при
кражба работи поврзано со
системот на централната брава
3 26.