OPEL ZAFIRA C 2018.5 Сопственички прирачник

Page 101 of 393

Складирање99Алки за врзување
Алките за врзување се предвидениза обезбедување на предметите
против лизгање, на пр. со
користење на каиши за врзување
или мрежа за багаж.
Систем за ракување со товарот
Системот FlexOrganizer е
флексибилен систем за делење на
товарниот простор.
Системот се состои од: ● адаптери
● мрежести џебови
● куки
● променлива мрежа за преградување
Компонентите се наместени во
шини од двете странични облоги со
употребата на адаптери и куки.
Монтирање на адаптери во
шините
Отворете ја плочката на рачката со
преклопување, вметнете го
адаптерот во горниот и долниот
жлеб на шината и поместете го во
саканата положба. Свртете ја
плочката на рачката угоре за да се
закочи адаптерот. За да се извади, свртете ја плочката на рачката
надолу и извадете го од шината.
Променлива мрежа за
преградување
Вметнете ги адаптерите во
потребната положба во шините.
Спојте ги половините на шипките на мрежата.
За инсталирање, притиснете ги
малку шипките заедно и вметнете
ги во соодветните отвори во
адаптерите.

Page 102 of 393

100СкладирањеЗа вадење притиснете ги заедно
шипките и извадете ги од
адаптерите.
Мрежест џеб
Вметнете ги адаптерите во
потребната положба во шините.
Мрежестиот џеб може да се обеси
на адаптерите.
Монтирање на куките во
шините
Вметнете ја куката во саканата
положба првин во горниот жлеб на
шината, и потоа притиснете ја во
долниот жлеб. За да се извади,
првин извлечете ја од горниот
жлеб.
Мрежата за преградување пред
задната врата
Наместете ја директно пред
задната врата.
Пред местењето, притиснете ги
четирите крајни делови на
прачката на мрежата со вртење на
секој краен дел налево.
За да наместите, притиснете ги
прачките на мрежите заедно и
вметнете ги во отворите на
рамката на задната врата.
Подолгата прачка мора да се
вметне горе.
За вадење, притиснете ги прачките на мрежата заедно и извадете ги.

Page 103 of 393

Складирање101Безбедносна мрежа
Безбедносната мрежа може да се
намести зад седиштата од вториот ред или предните седишта.
Не смее да се превозуваат патници зад безбедносната мрежа.
Местење зад вториот ред
седишта
● Има отвори за местење на двете страни на рамката на
покривот над вториот ред
седишта: држете ја и заглавете ја прачката на мрежата од една
страна, склопете ја прачката и
држете ја и заглавете ја од
другата страна.
● Закачете ги куките на каишите на безбедносната мрежа за
предните алки за врзување на
двете страни на товарниот
простор.
● Затегнете ги двата каиша влечејќи ги за слободниот крај.
Местење зад предните
седишта
● Има отвори за местење на двете страни на рамката на
покривот над предните
седишта: држете ја и заглавете ја прачката на мрежата од една страна, склопете ја прачката и
држете ја и заглавете ја од
другата страна.

Page 104 of 393

102Складирање
● Закачете ги куките на каишитена безбедносната мрежа за
алките за врзување на двете
страни на подот пред
седиштата.
● Затегнете ги двата каиша влечејќи ги за слободниот крај.
Вадење
Притиснете го копчето на
затегнувачот за да го ослободите
каишот од двете страни. Откачете
ги куките од алките. Откачете ги
шипките на безбедносната мрежа
од држачите во рамката на
покривот. Замоткајте ја мрежата и
прицврстете ја со ремен.
Складирање Отворете го капакот на
складиштето во подот на
товарниот простор пред задната
врата.
Вметнете ја безбедносната мрежа
во складиштето и затворете го
капакот.
Масичка на склопување
Се наоѓа во потпирачите за грб на
предните седишта.
Отворете ги со повлекување
нагоре додека не се заглават.
Преклопете ги со притискање
преку отпорната точка.
Не ставајте тешки предмети на
тацната што се преклопува.

Page 105 of 393

Складирање103Предупредувачки
триаголник
Ставете го предупредувачкиот
триаголник во складиштето во
подот на товарниот простор пред
задната врата.
Прибор за прва помош
Складирајте ги приборот за прва
помош и флуоресцентното елече
под возачкото седиште.
Прицврстете го со каишите.
Кај други верзии, приборот за прва помош се наоѓа во складишната
кутија под возачкото седиште.
Клизнете ја ролетната за да ја
отворите или затворите кутијата.

Page 106 of 393

104СкладирањеСистем на багажници
за на покрив
Багажник за на покрив Поради безбедносни причини и да
се избегне оштетувањето на
покривот, се препорачуваат
системи на багажници одобрени за возилото. За повеќе информации,
контактирајте со автомеханичар.
Следете ги упатствата за
монтирање и кога не е во употреба извадете го багажникот за на
покрив.Монтирање на багажник за на
покрив
Возила со покривни шини
Прицврстете го багажникот за на
покрив во подрачјето со дупки
покажани со стрелки на
илустрацијата.
Возила без покривни шини
За да прицврстите багажник,
отворете ги капачињата на лентите на покривот. Вметнете ги
клиновите за монтирање, според
упатствата, во држачот прикажан
на илустрацијата.

Page 107 of 393

Складирање105Информации за
товарење
● Тешките предмети во товарниот простор треба да се
наместат до потпирачите за
грб. Проверете дали
потпирачите за грб се
безбедно заглавени. Ако
предметите можат да се стават еден врз друг, потешките
предмети треба да се стават
долу.
● Прицврстувајте предмети со еластичните каиши закачени
за алките за врзување 3 99.
● Прицврстете ги слободните
предмети во товарниот
просторот за да не се лизгаат.
● Не дозволувајте товарот да штрчи над горниот раб на
потпирачите за грб.
● Не ставајте предмети врз капакот на товарниот простор
или на таблата со
инструменти.
● Товарот не смее да пречи при ракување со педалите,
рачната сопирачка и рачката
на менувачот, или да го спречи
слободното движење на
возачот. Не ставајте
неприцврстени предмети во
внатрешноста.
● Не возете со отворен товарен простор.9Предупредување
Секогаш уверувајте се дека
товарот во возилото е безбедно складиран. Инаку предметите
може да се фрлат наоколу
внатре во возилото
предизвикувајќи лична повреда
или оштетување на товарот или на автомобилот.
● Дозволената оптовареност е разликата помеѓу дозволената
бруто тежина на возилото
(видете на идентификациската табличка 3 352) и
максималната тежина според ЕС.
За да ја пресметате
дозволената оптовареност, внесете ги податоците за
вашето возило во табелата за
тежини на почетокот на
прирачникот.
Максималната тежина според
ЕЗ ги вклучува тежините на
возачот (68 кг), багажот (7 кг) и
сите течности (со 90 % полн
резервоар за гориво).
Опционалните опреми и
апарати ја зголемуваат својата
тежина.
● Возењето со товар на покривот
ја зголемува чувствителностана возилото на странични
ветрови и има неповолно

Page 108 of 393

106Складирањевлијание врз управувањето навозилото поради
повишувањето на тежиштето
на возилото. Распределете го
товарот рамномерно и
прицврстете го правилно со
каиши за држење. Дотерајте ги
притисокот во гумите и
брзината на возилото според
условите на оптовареноста. Често проверувајте ги и
повторно затегнувајте ги
каишите.
Не возете побрзо од 120 км/ч. Дозволената оптовареност на
покривот е 75 кг за возила без
покривни шини и 100 кг за
возила со покривни шини.
Оптовареноста на покривот е
комбинираната тежина на
багажникот за на покрив и на
товарот.

Page 109 of 393

Инструменти и контроли107Инструменти и
контролиКонтроли ................................... 108
Местење на воланот .............108
Контроли на воланот .............108
Волан со греење ....................109
Сирена .................................... 109
Бришач и перач на шофершајбната ....................110
Бришач и перач на задните прозорци ................................ 111
Надворешна температура ....112
Часовник ................................. 112
Штекери за напојување .........113
Запалка ................................... 114
Пепелници .............................. 114
Предупредувачки светла,
мерачи и индикатори ...............115
Група инструменти ................115
Брзиномер .............................. 115
Километража .......................... 115
Дневна километража .............115
Вртежомер .............................. 116
Мерач за гориво ..................... 116
Селектор на гориво ...............117Мерач за температурата на
течноста за ладење на
моторот .................................. 120
Екран за сервисирање ..........120
Контролни сијалички .............121
Трепкачи ................................. 125
Потсетник за безбедносниот ремен ..................................... 125
Воздушно перниче и затегнувачи на ремените .....126
Деактивирање на воздушното перниче ................................. 126
Систем за полнење ...............126
Индикаторско светло за дефект ................................... 127
Течност за системите на сопирачките и куплунгот ......127
Ракување со педалата ..........127
Електрична сопирачка за паркирање ............................. 127
Дефект на електричната сопирачка за паркирање ......128
Систем за деблокирање на сопирачките (ABS) ................128
Менување брзини ..................128
Серво управување .................128
Оддалеченост за следење .... 129
Предупредување за напуштање лента .................129Електронската контрола на
стабилноста е исклучена .....129
Електронска контрола на стабилноста и Систем за
контрола на превртувањето 129
Системот за контрола на превртувањето е исклучен ..129
Предзагревање ......................129
Филтер за издувни гасови .....130
AdBlue ..................................... 130
Систем за контрола на притисокот во гумите ...........130
Притисок на моторното масло ..................................... 130
Ниско ниво на гориво ............131
Имобилизатор ........................131
Надворешно светло ............... 131
Долго светло .......................... 131
Помош за долго светло .........131
LED предни фарови ..............131
Светло за магла .....................132
Заден фар за магла ...............132
Контрола на патувањето .......132
Приспособлива контрола на патувањето ........................... 132
Откриено е возило напред ....132
Ограничувач на брзината .....132
Помошник за сообраќајни знаци ...................................... 132
Отворена врата ...................... 132

Page 110 of 393

108Инструменти и контролиЕкрани....................................... 133
Информативен центар за возачот .................................. 133
Инфо екран ............................ 138
Пораки за возилото ..................139
Предупредувачки мелодии ...139
Напон во батериите ............... 140
Приспособување на возилото
кон индивидуалните потреби ..140
Услуга за телематика ..............143
OnStar ..................................... 143Контроли
Местење на воланот
Отклучете ја рачката, наместете го
воланот, па заглавете ја рачката и
уверете се дека истата е целосно
закочена.
Не го местете воланот освен ако
возилото е во мирување и бравата на воланот била ослободена.
Контроли на воланот
Со Инфозабавниот систем, со
некои системи за помош на возачот
и со приклучен мобилен телефон може да се управува преку
контролите на воланот.
Повеќе информации се достапни
во прирачникот за Инфозабавниот
систем.
Системи за помош на возачот
3 252.

Page:   < prev 1-10 ... 61-70 71-80 81-90 91-100 101-110 111-120 121-130 131-140 141-150 ... 400 next >