OPEL ZAFIRA C 2018.5 Сопственички прирачник

Page 331 of 393

Нега на возилото3299Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или тркала може да доведе
до незгоди и ќе ја поништи
дозволата за работа на
возилото.
Раткапни
Раткапните и гумите што се
одобрени од фабриката за
соодветното возило и ги
исполнуваат сите соодветни
барања за комбинирање на
тркалата и гумите, можат да се
користат.
Ако раткапните и гумите кои се
користат не се фабрично
одобрени, гумите не смеат да
имаат заштитно ребро на работ.
Раткапните не смеат да му пречат
на ладењето на сопирачките.
9 Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или раткапни може да
доведува до нагло губење на
притисок и притоа несреќи.
Возила со челични тркала: Кога
користите навртки за заклучување
на тркалата, не ставајте раткапни.
Синџири за гуми
Синџири за гуми се дозволуваат
само на предните тркала.
Секогаш употребувајте синџири со
ситни алки што не додаваат повеќе од 10 мм до шарата и внатрешните
страни на гумата (вклучувајќи ја и
бравата на синџирот).9 Предупредување
Оштетувањата може да
доведат до пукање на гумата.
Синџири за гуми се дозволени
само на гуми со големина
215/60 R16 и 225/50 R17.
Употребата на синџири за гуми не
се дозволува на привременото
резервно тркало.
Комплет за поправањегуми
Помалите оштетувања на шарата на гумата може да се поправат со
комплетот за поправање гуми.
Не ги вадете туѓите предмети од
гумите.

Page 332 of 393

330Нега на возилотоОштетувањата на гумите што
надминуваат 4 мм или што се на
страничниот ѕид од гумата не може да се поправат со комплетот за
поправање гуми.9 Предупредување
Не возете побрзо од 80 км/ч.
Не го користете за подолг
период.
Управувањето со воланот и
ракувањето може да станат
поинакви.
Ако имате издишна гума:
Затегнете ја рачната сопирачка и ставете во прва брзина, рикверц
или P.
Комплетот за поправање гуми е од
левата страна во товарниот
простор зад капак.
1. Земете го комплетот за поправање гуми од преградата.
2. Извадете го компресорот.3. Извадете го кабелот за поврзување со струја и цревотоза воздух од преградите за
складирање на долната страна
на компресорот.

Page 333 of 393

Нега на возилото3314. Зашрафете го цревото завоздух од компресорот наприклучокот на шишето со
заптивната смеса.
5. Наместете го шишето со заптивната смеса во држачот
на компресорот.
Поставете го компресорот
близу до гумата така што
шишето со заптивна смеса ќе
биде исправено.
6. Одвртете ги капаците на вентилите од дефектната гума.
7. Зашрафете го цревото за полнење на вентилот на гумата.
8. Прекинувачот на компресоротмора да биде поставен на J.
9. Приклучете го приклучникот на компресорот во штекерот за
струја или во приклучокот на
запалката.
За да се избегне
испразнувањето на
акумулаторот, Ви
препорачуваме да го оставете
моторот да работи.
10. Поставете го преклопникот на
компресорот на I. Гумата се
полни со заптивната смеса.
11. Мерачот за притисок на компресорот накратко се
покачува до шест бари додека
шишето за заптивната смеса се празни (околу 30 секунди).
Потоа притисокот почнува да
опаѓа.
12. Целата заптивна смеса се пумпа во гумата. Потоа гумата
се надува.
13. Пропишаниот притисок за гумите би требало да се
достигне во рок од десет
минути. Притисок во гумите
3 365. Кога ќе се постигне
правилниот притисок,
исклучете го компресорот.

Page 334 of 393

332Нега на возилотоАко пропишаниот притисок за
гумите не се достигне во рок од
десет минути, извадете го
комплетот за поправање гуми.
Помрднете го возилото за едно вртење на гумата. Повторно
закачете го комплетот за
поправање гуми и продолжете
со постапката за полнење за
десет минути. Ако пропишаниот
притисок за гумите се уште не е достигнат, гумата е премногу
оштетена. Побарајте помош од
автомеханичар.
Исцедете го вишок притисокот од гумата со копчето над
индикаторот за притисок.
Не работете со компресорот
подолго од десет минути.
14. Откачете го комплетот за поправање гуми. Притиснете ја
спојката на рамката за да го
извадите шишето со заптивна
смеса од рамката. Зашрафете
го цревото за пумпање на гуми
на слободниот приклучок на
шишето со заптивната смеса.
Тоа ја спречува заптивнатасмеса да истече. Чувајте го
приборот за поправка на гумите во багажниот простор.
15. Извадете ја излишната заптивна смеса користејќи
ткаенина.
16. Земете ја налепницата која ја покажува најголемата
дозволена брзина од шишето
со заптивната смеса, и закачете ја во видното поле на возачот.
17. Продолжете со возењето веднаш за да се распространисредството рамномерно во
гумата. По возење околу 10 км
(но не повеќе од десет минути),
застанете и проверете го
притисокот во гумите.
Притегнете го цревото на
воздухот директно врз вентилот на гумата и за тоа време нека
работи компресорот.
Ако притисокот во гумата е
поголем од 1,3 бари, поставете
го до правилната вредност.
Повторете ја оваа поставка
додека веќе нема губење на
притисокот.
Ако притисокот во гумата
паднал под 1,3 бари, возилото
не смее да се користи.
Побарајте помош од
автомеханичар.
18. Чувајте го приборот за поправка на гумите во
багажниот простор.

Page 335 of 393

Нега на возилото333Забелешка
Возните карактеристики на
поправената гума значително се
сменети, затоа нека Ви ја заменат
таа гума.
Ако се слушне необичен шум или
компресорот се загрее, исклучете
го компресорот најмалку
30 минути.
Вградениот безбедносен вентил
се отвора при притисок од седум
бари.
Проверете го рокот на траење на комплетот. По тој датум
способноста за затнување веќе не
се гарантира. Внимавајте на
информациите за чување на
шишето со заптивна смеса.
Заменете го користеното шише со заптивната смеса. Отфрлете го
шишето како што е пропишано од
соодветните закони.
Компресорот и заптивната смеса
може да се користат од околу
-30 °C.
Испорачаните адаптери може да
се користат за пумпање други
работи, на пр. фудбалски топки,душеци, базени за надувување и
сл. Тие се наоѓаат од долната
страна на компресорот. За да се
извади, притегнете го цревото за
воздух на компресорот и
извлечете го адаптерот.
Менување тркала
Некои возила се опремени со
комплет за поправање гуми
наместо резервно тркало 3 329.
Сторете ги следниве подготовки и
запазете ги следните информации:
● Паркирајте на рамна, тврда и нелизгава површина.
Предните тркала треба да
бидат наместени право.
● Затегнете ја рачната сопирачка и ставете во прва
брзина, рикверц или P.
● Извадете го резервното тркало
3 336.
● Не менувајте повеќе од едно тркало одеднаш.●Дигалката користете ја само за
менување на тркала во случај
на продупчување, а не за
сезонски зимски или летни
менувања на гумите.
● Дигалката не бара одржување.
● Ако тлото на коешто стои возилото е меко, треба да се
стави тврда штица (дебела најмногу 1 см) под дигалката.
● Извадете ги тешките предмети
од возилото пред да го
кревате.
● Во возилото не смее да има луѓе или животни кога се дига.
● Не пикајте се под возило што е
кренато со дигалка.
● Не го палете возилото кога е кренато со дигалката.
● Исчистете ги навртките за тркалото и навојот со чистакрпа пред да го монтирате
тркалото.

Page 336 of 393

334Нега на возилото9Предупредување
Не подмачкувајте ги навртката,
завртката и конусот на
завртката на тркалото.
1. Откачете ги капачињата на навртките на тркалото со
шрафцигер и извадете ги.
Извлечете ја раткапната.
Прирачен алат 3 321.
Лесни бандажи: Откачете ги
капачињата на навртките на
тркалото со шрафцигер и
извадете ги. За да се заштити
тркалото, ставете мека
ткаенина помеѓу шрафцигерот
и лесната бандажа.
2. Отворете го клучот за тркалата и ставете го уверувајќи се декае наместен цврсто и
разлабавете ја секоја навртка
на тркалото за половина
вртење.
Тркалата може да се заштитени
со завртки за заклучување на
тркалата. За да ги разлабавите
овие специфични завртки,
првин ставете го адаптерот на
главата на завртката пред да го наместите клучот за тркалата.
Адаптерот се наоѓа во касетата.3. Некои верзии може да имаат покриено место за ставање на
дигалката. Извлечете го
капакот странично.

Page 337 of 393

Нега на возилото3354. Уверете се дека дигалката еправилно наместена под
соодветната точка на возилото
за дигање.
5. Поставете ја дигалката на потребната височина.
Наместете ја непосредно под
точката за дигање, на тој начин што ќе се спречува лизгањето.
Закачете го клучот за тркалото
и при правилно порамнета
дигалка, вртете го клучот се
додека тркалото не се крене од
земјата.
6. Отшрафете ги навртките на тркалото.
7. Сменете го тркалото. Резервно тркало 3 336
8. Зашрафете ги навртките на тркалото.
9. Спуштете го возилото и тргнете
ја дигалката.
10. Ставете го клучот за тркалата, уверете се дека е наместен
безбедно, па стегнете ја секоја
навртка по наизменичен
(вкрстен) редослед. Затезниот
момент е 140 Nm.
11. Наместете го отворот за вентилот во раткапната до
вентилот на гумата пред да ја
монтирате.
Ставете ги капачињата на навртките на тркалото.
12. Наместете го капакот на местото за дигалката.
13. Складирајте ги заменетото тркало 3 336, прирачниот алат
3 321 и адаптерот за
заклучување на завртките на
тркалото 3 76.
14. Проверете го притисокот на монтираната гума изатегнатоста на навртките на
тркалото колку е можно
поскоро.
Нека Ви ја заменат или поправат
неисправната гума колку е можно
поскоро.

Page 338 of 393

336Нега на возилотоПоложба за дигање за
дигалката со платформа за
дигање
Положбата за задната рачка на
платформата за дигање е
средишно под жлебот на прагот.
Положбата за предната рачка на
платформата за дигање е кај
подвозјето.
Резервно тркало
Резервното тркало може да се
класифицира како привремено
резервно тркало зависно од
големината, во споредба со
другите монтирани тркала и
правилата во државата. Во овој
случај, важи дозволената
максимална брзина иако на
резервното тркало нема етикета
што го покажува тоа.
Резервното тркало има челична
рамка.Внимание
Употребата на резервно тркало
кое е помало од другите тркала
или во комбинација со зимски
гуми може да повлијае врз
возната состојба. Заменете ја
неисправната гума колку е
можно поскоро.
Резервното тркало се наоѓа во
држач под подот на возилото.
1. Отворете ја складишната преграда во товарниот простор
3 321.
2. Извадете ги двете капачиња од
шестоаголните навртки.

Page 339 of 393

Нега на возилото337
3. Наместете го клучот за тркалана шестоаголната глава и
вртете го налево додека не
почувствувате отпор.
4. Продолжете со следната шестоаголна навртка на истиот
начин.5. Кренете го држачот на резервното тркало и откачете
ги двете брави.
6. Спуштете го држачот на резервното тркало.
7. Отстранете го безбедносниот кабел.
8. Спуштете го држачот докрај иизвадете го резервното тркало.
9. Сменете го тркалото. Оштетеното тркало мора да се
прицврсти во товарниот
простор, видете подолу.
10. Подигнете го празниот држач на резервното тркало и
вметнете го безбедносниот
кабел.
11. Кренете го држачот на резервното тркало понатаму и
заглавете го во двете резиња.

Page 340 of 393

338Нега на возилотоОтворените страни на бравите
мора да се насочени во
правецот на возење.
12. Затворете го празниот држач за
резервното тркало вртејќи ги
двете шестоаголни завртки во
насока на стрелките од
часовникот со клучот за
тркалата.
13. Ставете ги капачињата на шестоаголните завртки.
14. Ставете ги клучот за тркалата и
дигалката во складиштето пред задната врата.
15. Затворете го капакот на просторот за складирање.
Кога го ставате резервното тркало
во држачот, имајте предвид дека
тркалото е поставено со вентилот
на гумата над процепот на
држачот.
Складирање на оштетено
тркало со целосна големина во
товарниот простор
Држачот на резервното тркало не е
конструиран за други големини на
гуми освен за резервното тркало.Оштетено тркало пошироко од
резервното мора да се складира во товарниот простор и да се
прицврсти со каиш. Прирачен алат
3 321.
Седиштата во третиот ред треба да се склопени 3 89.
1. Наместете го тркалото близу до
левиот страничен ѕид на
товарниот простор.
2. Протнете го крајот со јамка од ременот низ предната алка за
врзување на левата страна.
3. Протнете го крајот на ременот со куката преку јамката и
повлекувајте го додека ременот
не се прицврсти стабилно до
алката за врзување.
4. Вметнете го каишот преку спиците на тркалото како што е
покажано на илустрацијата.
5. Монтирајте ја куката на задната
лева алка за врзување.
6. Затегнете го каишот и прицврстете го користејќи ја
патент-бравата.

Page:   < prev 1-10 ... 291-300 301-310 311-320 321-330 331-340 341-350 351-360 361-370 371-380 ... 400 next >