OPEL ZAFIRA C 2018 Сопственички прирачник
Page 241 of 389
Возење и ракување239Автоматски менувач
Автоматскиот менувач овозможува автоматско менување на брзини
(автоматски режим) или рачно
менување на брзини (рачен
режим).
Рачното менување е можно во
рачен режим М со потчукнување на
рачката на менувачот до + или -
3 240.
Екран на менувачот
Во Информативниот центар за
возачот се прикажува режимот или избраната брзина.
Во автоматскиот режим,
програмата за возење е прикажана
со D.
Во рачниот режим, се покажува M и
бројот на избраната брзина.
R покажува рикверц.
N покажува лер.
P покажува паркирна положба.
Рачка на менувачотP:паркирна положба, тркалата
се блокирани, ставајте во
брзина само кога возилото е
во мирување и сопирачката за паркирање е применетаR:рикверц, ставајте во него само
кога возилото е во мирувањеN:лерD:автоматски режимM:рачен режим<:ставање во поголема брзина
во рачен режим]:ставање во помала брзина во
рачен режим
Рачката на менувачот е заклучена
во P и може да се помести само
кога палењето е вклучено, копчето
Page 242 of 389
240Возење и ракувањена рачка на менувачот е
притиснатo и педалот на
сопирачките е нагазнат.
Без нагазнување на педалата на
сопирачките, контролната
сијаличка j свети.
Ако рачката на менувачот не е во
P кога палењето е исклучено,
трепка контролната сијаличка j.
За да ставите во P или R,
притиснете го копчето за
ослободување.
Моторот може да се запали само
кога рачката е во положбата P или
N . Кога е одбрана положбата N,
притиснете го педалот на
сопирачките или применете ја
сопирачката за паркирање пред да запалите.
Не давајте гас кога ставате во
брзина. Никогаш не ги нагазнувајте
педалот за гас и педалот за
сопирачките истовремено.
Кога е ставена некоја брзина,
возилото почнува полека да лази
кога се отпушта сопирачката.Моторно кочење
За да се искористи дејството на
моторното сопирање, одберете
помала брзина навреме кога
возите по надолнини, видете под
„рачен режим“.
Нишање на возилото
Нишањето на автомобилот е
дозволено само ако возилото е
заглавено во песок, кал, снег или
јама. Местете ја рачката на
менувачот помеѓу D и R повеќе
пати. Не турирајте го моторот и
избегнувајте нагли забрзувања.
Паркирање
Затегнете ја рачната сопирачка и ставете во P.
Клучот за палење може да се
извади само кога рачката на
менувачот е во положбата P.Рачен режим
Поместete ја рачката на менувачот
од положбата D кон лево во
положбата M.
Допрете ја рачката на менувачот
нагоре + за да се префрли во
поголема брзина.
Допрете рачката на менувачот
надолу - за да се префрли во
помала брзина.
Ако се одбере поголема брзина
кога брзината на возилото е
премала, или помала брзина кога
брзината на возилото е преголема, не се извршува менувањето на
Page 243 of 389
Возење и ракување241брзина. Тоа може да предизвика
порака во Информативниот центар
за возачот.
Во рачниот режим не се остварува
автоматско префрлување во
поголема брзина при поголем број
на вртежи на моторот.
Показател за менување брзини Симболот R со бројка до него се
покажува кога се препорачува
менување брзина заради штедење гориво.
Укажувањето за промена се
појавува само во рачниот режим.
Електронски програми завозење
● По ладно палење, програмата за работна температура ја
зголемува брзината на
моторот за брзо да го доведе
катализаторот до потребната
температура.
● Функцијата за автоматско префрлување во лер
автоматски го префрлува
менувачот на работење вместо кога возилото е
застанато во некоја брзина за
напред и педалот за
сопирачките е притиснат.
● Кога е активен режимот SPORT, менувачот ги менува
брзините при поголеми брзини
на моторот (освен ако не е
вклучена контролата на
патувањето). SPORT режимот
3 250.
● Специјални програми автоматски ги приспособуваат
точките за менување брзини
кога се вози по нагорнини или удолнини.
● Во снежни или подмрзнати услови или на други лизгави
површини, контролата на
електронскиот пренос му
овозможува на возачот да
избере рачно прва, втора или
трета брзина за поаѓање.Збоднување
Ако педалот за гас е притиснат докрај во автоматскиот режим, менувачот се префрлува во
помала брзина зависно од
брзината на моторот.
Дефект
Во случај на дефект, се прикажува порака на Информативниот центар за возачот. Пораки за возилото
3 137.
Менувачот веќе не менува
автоматски брзини. Непрекинато
патување е возможно со рачно менување.
Може да се избере само
најголемата брзина. Зависно од
дефектот, и втората брзина може
да се користи во рачниот режим.
Менувајте брзини само кога
возилото е во мирување.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Page 244 of 389
242Возење и ракувањеПрекин на напојувањетоВо случај на прекин на
напојувањето рачката на
менувачот не може да се извади од положбата P. Клучот за палење не
може да се извади од бравата за
палење.
Ако е акумулаторот испразнет,
запалете го возилото користејќи
кабли за палење 3 338.
Ако акумулаторот не е причина за
дефектот, отпуштете ја рачката на менувачот.
1. Затегнете ја рачната сопирачка.2. Ослободете ја облогата на рачката на менувачот од
средишната конзола напред,
преклопете ја угоре и завртете
ја влево.
3. Притиснете ја рачката за ослободување и поместете ја
рачката на менувачот од P или
N . Ако повторно се стави во
овие положби, рачката на
менувачот повторно ќе се
заглави во нив. Нека Ви ја
елиминира причината на
прекинот на напојувањето
автомеханичар.
4. Монтирајте ја облогата на рачката на менувачот врз
средишната конзола и
наместете ја повторно.
Page 245 of 389
Возење и ракување243Рачен менувач
За да ставите во рикверц,
притиснете ја педалата на
куплунгот. па притиснете го
копчето за ослободување на
рачката на менувачот и ставете во
рикверц.
Ако менувачот не влезе во
рикверц, ставете ја рачката во лер, отпуштете го куплунгот и повторно
притиснете го; потоа повторете го ставањето во рикверц.
Не нагазнувајте го куплунгот
непотребно.
Кога ракувате со него, притиснете
го куплунгот целосно. Не одморајте
ја ногата на педалот.Внимание
Не е препорачливо да се вози со раката легната на рачката наменувачот.
Показател за менување брзини
3 126.
Систем за сопирање-поаѓање
3 229.
Сопирачки
Системот на сопирачките се состои од две независни кола за
сопирање.
Ако откаже едно коло за сопирање,
возилото се уште може да се сопре со употреба на другото коло за
сопирање. Меѓутоа, дејството на
сопирањето се постигнува само
кога педалата на сопирачките е
притисната цврсто. Значително
повеќе сила треба за тоа.
Растојанието за сопирање се
зголемува. Побарајте помош од
автомеханичар пред да
продолжите со патувањето.
Кога моторот не работи,
поддршката на серво уредот за
сопирачките ја снемува штом
педалот за сопирачките ќе се
притисне еднаш или двапати.
Дејството на сопирањето не е
намалено, но за сопирање е
потребна значајно поголема сила.
Тоа е особено важно да се има на
ум кога се влече.
Контролна сијаличка R 3 125.
Page 246 of 389
244Возење и ракувањеСистем за деблокирањена сопирачките
Системот за деблокирање на
сопирачките (ABS) ги спречува
тркалата да се блокираат.
ABS почнува да го регулира
притисокот на сопирачките штом
некое тркало покажува тенденција
да се блокира. Возилото останува
управливо, дури при јако
сопирање.
Контролата на ABS станува очигледна преку пулсирање во
педалот на сопирачките и звукот на процесот за регулирање.
За оптимално сопирање, држете го
педалот за сопирачките целосно
притиснат за време на целиот
процес на сопирањето, иако
педалот ќе пулсира. Не
намалувајте го притисокот врз
педалот.
По палењето, системот врши
самоиспитување што може да биде
бучно.
Контролна сијаличка u 3 126.
Приспособливо стоп-светло
При целосно сопирање, сите три
стоп-светла трепкаат за време на
примената на ABS контролата.
Дефект
9 Предупредување
Ако има дефект во ABS,
тркалата може да бидат склони
да се блокираат поради такво
кочење што е посилно од
обичното. Предностите на ABS
веќе не функционираат. При
силно сопирање, со возилото не може веќе да се управува и
може да скршне.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Сопирачка за паркирање9 Предупредување
Пред да го напуштите возилото,
проверете го статусот на
рачната сопирачка.
Контролната сијаличка R
(рачна сопирачка за паркирање) или m (електрична сопирачка
за паркирање) мора постојано
да светат.
Рачна сопрачка за паркирање
Page 247 of 389
Возење и ракување2459Предупредување
Секогаш затегнувајте ја рачната
сопирачка цврсто без да
ракувате со копчето за
ослободување, и на удолнини
или угорнини затегнете ја
истата колку е можно поцврсто.
За да ја отпуштите рачната
сопирачка, малку повлечете ја
рачката нагоре, притиснете го
копчето за ослободување и
спуштете ја рачката целосно.
За да се намалат работните
сили на рачната сопирачка,
истовремено притискајте ја
ножната сопирачка.
Контролна сијаличка R 3 125.
Електрична сопирачка за
паркирање
Се применува кога возилото е во
мирување
9 Предупредување
Повлечете го прекинувачот m
за минимум една секунда се
додека контролниот индикатор
m свети постојано и електрична
сопирачка за паркирање се
применува 3 125. Електричната
сопирачка за паркирање работи
автоматски со соодветна сила.
Пред да го напуштите возилото, проверете го статусот на
електрична сопирачка за
паркирање. Контролна
сијаличка m 3 125.
Електричната сопирачка за
паркирање може да се активира
секогаш, дури ако палењето е
исклучено.
Не ракувајте со системот на
електричната сопирачка за
паркирање пречесто без да работи
моторот, тоа ќе го испразни
акумулаторот.
Ослободување
Вклучете го палењето. Држете го
педалот на ножната сопирачка
притиснат и потоа притиснете го
прекинувачот m.
Функција за поаѓање
Возила со рачен менувач:
Притискање на куплунгот, па мало
отпуштање на куплунгот и мало
Page 248 of 389
246Возење и ракувањепритискање на гаста автоматски ја
ослободува електричната
сопирачка за паркирање. Тоа не е
возможно кога прекинувачот m се
повлекува истовремено.
Возила со автоматски менувач:
Активирање на D, па притискање
на гаста автоматски ја ослободува електричната сопирачка за
паркирање. Тоа не е возможно кога
прекинувачот m се повлекува
истовремено.
Динамично сопирање кога
возилото се движи
Кога возилото се движи и
прекинувачот m се држи повлечен,
системот на електричната
сопирачка за паркирање ќе го
забави возилото, но нема да се
активира статично.
Штом прекинувачот m ќе се
ослободи, динамичното сопирање ќе престане.Проверка на функционалноста
Кога возилото не се движи,
електричната сопирачка за
паркирање може да се активира
автоматски. Ова се прави за да се
провери системот.
Дефект
На дефектен режим на
електричната сопирачка за
паркирање укажува контролната
сијаличка j и порака за возилото
што е прикажана на
Информативниот центар за
возачот. Пораки за возилото 3 137.
Активирање на електричната
сопирачка за паркирање:
повлечете го и држете го
прекинувачот m подолго од пет
секунди. Ако контролната
сијаличка m светне, електричната
сопирачка за паркирање е
активирана.
Отпуштете ја електричната
сопирачка за паркирање:
притиснете го и држете го
прекинувачот m подолго од
две секунди. Ако контролнатасијаличка m се изгасне,
електричната сопирачка за
паркирање е отпуштена.
Контролната сијаличка m трепка:
електричната сопирачка за
паркирање не е целосно
активирана или отпуштена. Кога
трепка постојано, отпуштете ја
електричната сопирачка за
паркирање и обидете се да ја
активирате повторно.
Серво кочење
Ако педалата на сопирачките се
нагазне брзо и силно, автоматски
се применува максимална сила на сопирање.
Работењето на помошта на
сопирањето може да се забележи
по пулсирање во педалата за
сопирачките и поголем отпор кога
се нагазнува педалата.
Одржувајте постојан притисок врз
педалата на сопирачката додека е
потребно целосно сопирање.
Максималната сила на сопирањето автоматски се намалува кога ќе се
отпушти педалата на сопирачките.
Page 249 of 389
Возење и ракување247Помош при поаѓање наугорници
Системот помага да се спречи несакано движење кога се вози по
стрмнини.
При отпуштање на педалата за
сопирачката по застанување на
закосена површина, сопирачките
се активирани уште две секунди.
Сопирачките се отпуштаат
автоматски штом возилото ќе
почне да забрзува или ќе заврши
времето за задржување од
две секунди.
Помошта при поаѓање на
нагорнини не е активна за време на
Autostop.Системи за контрола
на возењето
Систем за контрола на пролизгувањето
Системот за контрола на
пролизгувањето (TC) е компонента
на Електронската контрола на
стабилноста.
TC ја подобрува стабилноста при
возењето кога е потребно, без
оглед на видот на површината на
коловозот или прилепувањето на
гумите, со спречување на
шлајфувањето на погонските
тркала.
Штом погонските тркала почнат да
шлајфуваат, излезната силата на
моторот се намалува и тркалото
кое најмногу шлајфува поединечно
се сопира. Тоа значително ја
подобрува стабилноста при
возење на возилото на лизгави
површини на коловозот.
TC функционира по секое палење
на возилото, штом ќе се изгасне
контролната сијаличка b.
Кога TC работи, b трепка.
9 Предупредување
Не дозволувајте ова посебно
безбедносно својство да Ве
наведе да ризикувате за време
на возењето.
Приспособете ја брзината кон
условите на патот.
Контролна сијаличка b 3 127.
Page 250 of 389
248Возење и ракувањеДеактивирање
TC може да се исклучи кога е
потребно вртење на погонските
тркала во место: притиснете
кратко b.
Порака за статус се појавува во
Информативниот центар за
возачот кога TC ќе се деактивира.
Контролна сијаличка k се пали.
Кога TC е деактивирана, ESC
останува активен, но со повисок
праг на контрола.
ТС повторно се активира со
повторно притискање на b. Порака
за статус се појавува во
Информативниот центар за
возачот кога TC ќе се активира
повторно.
TC исто така се активира повторно
следниот пат кога ќе се вклучи
палењето.
Дефект Ако има дефект на системот,
контролната сијаличка b постојано
свети и на Информативниот
центар за возачот се појавува
порака. Системот не функционира.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Електронска контрола настабилноста
Електронската контрола на
стабилноста (ESC) ја подобрува
стабилноста при возењето кога епотребно, без оглед на видот на површината на патот или
прилепувањето на гумите.
Штом возилото почне да занесува
(недоволно вртење/нагло
свртување), излезната сила на
моторот се намалува и тркалата се
сопираат посебно.
ESC работи во комбинација со
систем за контрола на
пролизгувањето. Го спречува
шлајфувањето на погонските
тркала.
ESC функционира по секое палење на возилото, штом ќе се изгасне
контролната сијаличка b.
Кога ESC работи, b трепка.