OPEL ZAFIRA C 2018 Сопственички прирачник

Page 301 of 389

Нега на возилото2999Опасност
Системот за палење користи
многу висок напон. Не допирајте ги.
Хауба
Отворање
Повлечете ја рачката за
ослободување и вратете ја во
својата оригинална положба.
Свртете ја безбедносната брава
настрана кон левата страна на
возилото и отворете ја хаубата.
Багажникот се држи отворен
автоматски со подигач.
Ако багажникот е отворен за време
на Autostop, моторот ќе се запали
повторно автоматски поради
безбедноста.
Затворање
Пред да ја затворите хаубата,
притиснете го потпирачот во
држачот.
Спуштете ја хаубата и оставете да
падне на бравата од мала висина
(20-25 см). Проверете дали
хаубата е заглавена.Внимание
Не притискајте ја хаубата на
резето, за да избегнете
вдлабнувања.
Моторно масло
Редовно проверувајте го нивото на
моторното масло рачно за да се спречи оштетување на моторот.
Уверувајте се дека се користи
масло со правилната
спецификација. Препорачани
течности и средства за
подмачкување 3 347.
Максималната потрошувачка на
моторното масло е 0,6 литри на
1000 км.
Проверувајте го со возилото на
рамна површина. Моторот треба
да биде на работна температура и
исклучен барем пет минути.

Page 302 of 389

300Нега на возилото
Извадете ја прачката, избришете
ја, ставете ја повторно целосно,
извлечете ја и прочитајте го нивото на моторното масло.
Различни прачки се употребуваат
зависно од верзијата на моторот.Кога нивото на моторното масло
паднало до ознаката MIN, дотурете
моторно масло.
Препорачуваме употреба на
моторно масло од иста класа со
употребеното при последното
менување.
Нивото на моторното масло не
смее да ја надмине ознаката MAX
на прачката.
Кај некои мотори е потребна инка
за дополнување моторно масло.
Инката се наоѓа во складиштето од десната страна на товарниот
простор.
Користете ја инката за полнење
моторно масло во отворот за
моторно масло.

Page 303 of 389

Нега на возилото301Откако ќе наполните, ставете ја
инката во пластичната ќесичка и
одложете ја во складишната
преграда.Внимание
Вишокот на моторното масло
треба да се исиса или да се
отстрани.
Зафатнини 3 361.
Наместете го капачето право и
затегнете го.
Ладилник Средството за ладење овозможува
заштита од мрзнење до околу
-28 °C. Во студените региони со
многу ниски температури,
фабрички наполнетото средство за ладење овозможува заштита од
мрзнење до околу -37 °C.
Внимание
Употребувајте само одобрен
антифриз.
Течност за ладење и антифриз
3 347.
Ниво на течноста за ладењеВнимание
Прениското ниво на течноста за ладење може да предизвика
оштетување на моторот.
Ако системот за ладење е студен,
течноста за ладење треба да биде
над линиската ознака за полнење.
Дотурете ако нивото е ниско.
9 Предупредување
Оставете моторот да се олади
пред да го отворите капачето. Внимателно отворајте го
капакот, ослободуваќи го вишок
притисокот полека.
За дотурање, користете 1:1 мешавина на одобрен концентрат
од течност за ладење измешан со
чиста вода од чешма. Ако не е
достапен концентрат од течност за
ладење, користете чиста вода од
чешмата. Ставете го капакот
цврсто.
Мотор B16DTH: Откако ќе го
запалите моторот, ставете го
греењето на најтопло и брзината
на вентилаторот барем на првото
ниво околу пет минути. Тоа ќе
помогне да се издува воздухот од
системот за ладење.
Нека Ви ја провери
концентрацијата на течноста за
ладење и нека Ви ја отстрани
причината на губење на течноста за ладење автомеханичар.

Page 304 of 389

302Нега на возилотоТечност за сервоуправувањеВнимание
Многу мали загадувања можеда предизвикат оштетување на
системот за управување и
неправилна работа. Не
дозволувајте загадувачи да
дојдат во допир со делот што
доаѓа во допир со течноста на капачето на резервоарот/
прачката за мерење или да
навлезат во резервоарот.
Вообичаено, течноста за серво
управување не треба да се
проверува. Ако се јави необичен
звук при управувањето или серво
управувањето реагира необично,
побарајте помош од
автомеханичар.
Течност за миење
Наполнете со чиста вода мешана
со соодветно количество одобрена
течност за миење на
шофершајбната која содржи
антифриз.
Внимание
Само течностите за миење со
доволна концентрација на
антифриз даваат заштита при
ниски температури или нагол
пад во температурата.
Сопирачки
Во случај на минимална дебелина
на плочките за сопирање, за време
на сопирањето се слуша цвичење.
Можно е да се продолжи со
возењето, но нека Ви ги заменат
пакните на сопирачките колку е
можно поскоро.
Штом се ставени нови пакни, не
сопирајте непотребно силно при
првите неколку патувања.

Page 305 of 389

Нега на возилото303Течност за сопирачките9Предупредување
Течноста за сопирачките е
отровна и нагризува. Избегнете
контакт со очите, кожата,
текстил и бојадисани површини.
Нивото на течноста за сопирачките
мора да биде помеѓу ознаките MIN
и MAX .
Ако нивото на течноста е под MIN,
побарајте помош од
автомеханичар.
Течност за сопирачките и за
куплунгот 3 347.
Акумулатор
Акумулаторот на возилото не се
сервисира под услов
карактеристиките на возењето да
овозможуваат доволно полнење на
акумулаторот. Возењето по кратки
растојанија и чести палења на
моторот можат да го испразнат
акумулаторот. Избегнувајте ја
употребата на непотребни
електрични потрошувачи.
Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
Паркирање на возилото подолго од четири седмици може да доведе до
празнење на акумулаторот.
Откачете го негативниот пол од
акумулаторот на возилото.
Уверете се дека палењето е
исклучено пред да го поврзете или откачите акумулаторот на
возилото.
Заштита на акумулаторот од
празнење 3 156.
Откачување на акумулаторот
Ако акумулаторот на возилото
треба да се откачи (на пр. за
одржување), сирената на алармот
треба да се деактивира на
следниот начин: вклучете го, па
исклучете го палењето, потоа
откачете го акумулаторот на
возилото во рок од 15 секунди.
Замена на акумулаторот Забелешка
Непочитувањето на упатствата
дадени во овој дел може да
доведе до привремено

Page 306 of 389

304Нега на возилотодеактивирање или попречување
на системот за сопирање-
поаѓање.
Кога се заменува акумулаторот,
проверете да нема отворени дупки за проветрување во близина на
позитивната клема. Ако некоја
дупка за проветрување е отворена
во тој предел, треба да се затвори
со нешто што личи на капаче, а
проветрувањето во близина на
негативната клема треба да се
отвори.
Користете само акумулатори над
коишто може да се монтира кутија
со осигурувачи.
Акумулаторот секогаш треба да се
заменува со акумулатор од ист тип.
Препорачуваме акумулаторот да
Ви го замени автомеханичар.
Систем за сопирање-поаѓање
3 229.Полнење на акумулаторот9 Предупредување
Кај возилата со систем за
сопирање-поаѓање, внимавајте потенцијалот за полнење да не
надмине 14,6 волти кога
користите полнач на
акумулатори. Инаку,
акумулаторот може да се
оштети.
Палење со кабли 3 338.
Етикета за предупредување
Значење на симболите: ● Забранети се искри, отворен пламен или пушење.
● Секогаш штитете ги очите. Експлозивните гасови може дапредизвикаат слепило или
повреда.
● Чувајте го акумулаторот вон дофат на деца.
● Акумулаторот содржи сулфурна киселина што може
да предизвика слепило или
тешки изгореници.
● Видете во Сопственичкиот прирачник за повеќе
информации.
● Може да има експлозивен гас во близина на акумулаторот.

Page 307 of 389

Нега на возилото305Цедење на системот со
дизел гориво
Ако резервоарот се испразнил
докрај, системот за дизел гориво
треба да се исцеди. Вклучете го палењето трипати по 15 секунди.
Потоа верглајте го моторот
најмногу 40 секунди. Повторете го
овој процес по не помалку од пет
секунди. Ако моторот не се пали,
побарајте помош од
автомеханичар.
Замена на четкичките набришачитеКренете го бришачот до исправена положба, притиснете го копчето за
да ја ослободите четкичката и
извадете ја.
Прицврстете ја четкичката на
бришачот под мал агол во однос на рачката на бришачот и притиснете
ја се додека не се заглави.
Спуштете ја рачката на бришачот внимателно.
Четкичка на бришачот на
задното стаклоПодигнете ја рачката на бришачот.
Откачете ја четкичката на
бришачот како што е покажано на
илустрацијата и извадете ја.
Прицврстете ја четкичката на
бришачот под мал агол во однос на рачката на бришачот и притиснете
ја се додека не се заглави.
Спуштете ја рачката на бришачот
внимателно.

Page 308 of 389

306Нега на возилотоЗамена на сијалицитеИсклучете го палењето и исклучетего соодветниот прекинувач или
затворете ги вратите.
Држете ги новите сијалици само кај
базата. Не допирајте го стаклото на сијалицата со голи раце.
Користете само ист вид сијаличка
за замена.
Заменете ги сијалиците на
фаровите од внатрешноста на
моторниот простор.
Проверка на ламбите По замена на ламба, вклучете го
палењето, вклучете ги и проверете
ги светлата.
Халогенски предни фарови
Халогенски предни фарови со
посебни ламби за средно и долго
светло. Страничните светла и
светлата за дневно возење се
направени како LED и не можат да
се заменат.
Надворешна сијалица за ( 1) средно
светло.
Внатрешна сијалица за ( 2) долго
светло.
Преден трепкач ( 3).
Средно светло (1)
1. Завртете го капачето налево и
извадете го.

Page 309 of 389

Нега на возилото3072. Завртете го држачот насијалицата налево за да се
ослободи. Повлечете ја
фасонката од куќиштето на
фарот.
3. Извадете ја ламбата од фасонката така што ќе ја
повлечете.
4. Заменете ја ламбата и приклучете ја на кабел
штекерот.
5. Ставете ја фасонката, заглавете ги двата држачи во
куќиштето на фарот и свртете
ги надесно за да се затегне.
6. Ставете го капачето и завртете го обратно од насоката на
стрелките на часовникот.
Долго светло (2)
1. Завртете го капачето налево и извадете го.
2. Повлечете ја фасонката одкуќиштето на фарот.
3. Извадете ја ламбата одфасонката така што ќе ја
повлечете.

Page 310 of 389

308Нега на возилото4. Заменете ја ламбата иприклучете ја на кабел
штекерот.
5. Ставете ја и турнете ја фасонката во куќиштето на
фарот така што ќе го поставите
држачот на местото.
6. Ставете го капачето и завртете го обратно од насоката на
стрелките на часовникот.
Предни трепкачи (3)
1. Завртете ја фасонката на ламбата налево за да се
ослободи. Повлечете ја
фасонката од куќиштето на
фарот.
2. Извадете ја ламбата од фасонката така што ќе ја
свртите налево и ќе ја повлечете.
3. Заменете ја и ставете нова ламбата во фасонката и
свртете ја надесно.
4. Ставете ја фасонката во куќиштето на фарот и завртете
ја надесно.
LED предни фарови
Предните фарови за средно и
долго светло, страничните светла,
светлата за дневно возење и
трепкачите се направени како LED
и не можат да се заменат.
Во случај на дефект, светлата
треба да ги поправи
автомеханичар.
Фарови за магла Сијалиците се достапни од под
возилото.
1. Отстранете ги надворешните завртки од капакот како што е
покажано на илустрацијата.

Page:   < prev 1-10 ... 261-270 271-280 281-290 291-300 301-310 311-320 321-330 331-340 341-350 ... 390 next >