OPEL ADAM 2015.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015.5, Model line: ADAM, Model: OPEL ADAM 2015.5Pages: 265, PDF Size: 7.09 MB
Page 221 of 265

Нега на возилото219
се гарантира. Внимавајте на
информациите за чување на
шишето со заптивна смеса.
Заменете го користеното шише со
заптивната смеса. Отфрлете го
шишето како што е пропишано од
соодветните закони.
Компресорот и заптивната смеса
може да се користат од околу
-30 °C.
Приложените адаптери може да се користат за пумпање на други
предмети, на пр. фудбалски
топки, воздушни душеци, гумени
чамци, итн. Тие се наоѓаат на
долната страна од компресорот.
За да се извади, притегнете го
цревото за воздух на компресорот и извлечете го адаптерот.
Менување тркала
Сторете ги следниве подготовки и
запазете ги следните информации:
■ Паркирајте го возилото на рамна,
цврста и нелизгава површина.
Предните тркала треба да бидат
наместени право.■ Кренете ја рачната сопирачка и ставете во прва брзина или во
рикверц.
■ Не менувајте повеќе од едно тркало одеднаш.
■ Дигалката користете ја само за менување на тркала во случај напродупчување, а не за сезонски
зимски или летни менувања на
гумите.
■ Дигалката не бара одржување.
■ Ако тлото на коешто стои возилото е меко, треба да сестави тврда штица (дебела
најмногу 1 см) под дигалката.
■ Извадете ги тешките предмети од возилото пред да го кревате.
■ Во возилото не смее да има луѓе
или животни кога се дига.
■ Не пикајте се под возило што е кренато со дигалка.■ Не го палете возилото кога екренато со дигалката.
■ Пред да ги зашрафите завртките
на тркалото, исчистете ги и малку намачкајте го стеснетиот крај од
секоја завртка со мазиво
достапно во трговијата.9 Предупредување
Не подмачкувајте го навојот на
завртката на тркалото.
1. Челични тркала:
Извлечете ја раткапната.
Легирани тркала со капачиња
на завртките
Откачете ги капачињата на
завртките за тркало со
шрафцигер и извадете ги. За да
се заштити тркалото, ставете
мека ткаенина помеѓу шрафцигерот и лесната
бандажа.
Легирани тркала со централно
капаче
Достапни се две верзии:
Page 222 of 265

220Нега на возилото
1.1. Вметнете го екстракторот
во отворениот процеп на
централното капаче и извадете
го капачето од тркалото.
Прирачен алат 3 205.
1.2. Ставете го екстракторот во
отворот на централното капаче
и извадете го капачето од
тркалото. Прирачен алат 3 205.
2. Ставете го клучот за тркалата
уверувајќи се дека е наместен
безбедно и олабавете ја секоја
завртка на тркалото за
половина вртење.
Тркалата може да се заштитени
со завртки за заклучување на
тркалата. За да ги разлабавите
овие специфични завртки, прво
ставете го адаптерот за
заклучување на завртките од
тркалото на главата на
завртката пред да го наместите
клучот за тркалата. Адаптерот
се наоѓа во касетата.
3. Уверете се дека дигалката е правилно наместена под
соодветната точка на возилото
за дигање.
Page 223 of 265

Нега на возилото221
Некои верзии имаат ленти со
покриени точки за кревање на
возилото: прво извлечете го
капакот на односната точка за
кревање пред да ја поставите
дигалката.4. Поставете ја дигалката на потребната височина.
Наместете ја непосредно под
точката за дигање, на тој начин што ќе се спречува лизгањето.Закачете ја рачката на
дигалката и при правилно
порамнета дигалка, завртете ја
рачката додека тркалото не е
ослободено од земјата.
5. Отшрафете ги завртките на тркалото.
6. Сменете го тркалото.
7. Зашрафете ги завртките на тркалото.
8. Спуштете го возилото.
9. Ставете го клучот за тркалата уверувајќи се дека е наместенбезбедно и стегнете ја секоја
завртка по вкрсен редослед.
Затезниот момент е 110 Nm.
Page 224 of 265

222Нега на возилото
10. Порамнете го отворот навентилот во раткапната на
челичното тркало со вентилот
на гумата пред да ја монтирате.
Наместете ги капачињата на
завртките или централното
капаче на легираното тркало.
11. Складирајте ги и прицврстете ги
заменетото тркало, прирачниот
алат 3 205 и адаптерот за
заклучување на завртките на
тркалото 3 59.
12. Проверете го притисокот на монтираната гума и
затегнатоста на навртките на
тркалото колку е можно
поскоро.
Нека Ви ја заменат или поправат
неисправната гума колку е можно поскоро.Положба за кревање за
платформа
Положба за задната рачка на
платформата за дигање, се наоѓа
централно под вдлабнатината на
прагот.
Положба за предниот крак на
платформата за кревање на
подвозјето.
Резервно тркало
Кога монтирате резервно тркало
кое се разликува од другите
тркала, тоа може да се смета за
привремено тркало за кое важат
соодветните ограничувања на
брзината, иако ова не е наведено
на ниедна етикета. Побарајте
помош во сервис за да проверите
колкаво е ограничувањето на
брзината.
Page 225 of 265

Нега на возилото223
Резервното тркало има челична
рамка.Внимание
Употребата на резервно тркало
кое е помало од другите тркала
или во комбинација со зимски
гуми може да повлијае врз
возната состојба. Заменете ја
неисправната гума колку е
можно поскоро.
Резервното тркало се наоѓа во
држач под подот на возилото.
1. Отворете го капакот на товарниот простор 3 75.
Извадете ја складишната кутија
доколку ја има 3 73.
2. Извадете го клучот за тркалата од кутијата со алати.3. Наместете го клучот за тркала на шестоаголната глава близу
до кутијата со алати и вртете го
налево додека не
почувствувате отпор.4. Поткренете го малку држачот на резервото тркало со рака и
откачете го резето.
5. Спуштете го држачот на резервното тркало.
Page 226 of 265

224Нега на возилото
6. Поткренете го малку држачотна резервото тркало со рака и
откачете го безбедносниот
кабел.
7. Спиштет ја дршката докрај и заменете го резервното тркало.
8. Сменете го тркалото 3 219.
Оштетеното тркало мора да се
прицврсти во товарниот
простор, видете подолу.
9. Подигнете го празниот држач на резервното тркало и
вметнете го безбедносниот
кабел.
10. Кренете го држачот на резервното тркало понатаму и
заглавете во резето.
Отворената страна на
патентбравата треба да биде
свртена кон напред.
11. Затворете го празниот држач за
резервното тркало вртејќи ја
шестоаголната завртка
постепено со клучот за
тркалата.
12. Одложете ги клучот за тркалата
и дигалката во кутијата за алати
во подот на возилото.
13. Затворете го капакот на товарниот простор.Складирање на оштетено
тркало во товарниот простор
Држачот на резервното тркало не е конструиран за други големини на
гуми освен за резервното тркало.
Оштетено тркало пошироко од
резервното мора да се складира во товарниот простор и да се
прицврсти со каиш. Прирачен алат
3 205.Тркала со големина на гумата до
195/55 R 16 1. Извадете го капакот на товарниот простор и кренете го
подот на товарниот простор.
Одложете ги двете зад
подигнатите потпирачи за грб
на задните седишта.
Page 227 of 265

Нега на возилото225
2. Одвртете ја пеперужнатанавртка и извадете ја кутијата
со алати.
3. Поставете го оштетеното тркало исправено во просторот
за алати, свртено нанапред.4. Извадете го ременот 1 од
кутијата со алати и ставете ја
јамката на ременот низ десната
алка за врзување.
5. Протнете го крајот на каишот со
куката преку јамката и
повлекувајте го додека каишот не се прицврсти стабилно до
алката за врзување.6. Вметнете го каишот преку спиците на тркалото како што е
покажано на илустрацијата.
7. Монтирајте ја куката на левата алка за врзување.
8. Затегнете го каишот и прицврстете го користејќи ја
патент-бравата.
Page 228 of 265

226Нега на возилото
9. Ставете ја кутијата за алати одвнатрешната страна на
тркалото и прицврстете ја со
ременот 2 вметнат низ два
краци на тркалото.
Тркала со гума поголема од
195/55 R 16 1. Склопете ги потпирачите за грб
на задните седишта 3 72.
2. Извадете го ременот 1 од
кутијата со алати.
3. Поставете го оштетеното тркало со надворешната страна
кон долу во товарниот простор.4. Земете го ременот 1 и ставете
ја јамката на ременот низ
десната алка за врзување.
5. Протнете го крајот на каишот со
куката преку јамката и
повлекувајте го додека каишот
не се прицврсти стабилно до
алката за врзување.
Page 229 of 265

Нега на возилото227
6. Вметнете го каишот прекуспиците на тркалото како што е
покажано на илустрацијата.
7. Монтирајте ја куката на левата алка за врзување.
8. Затегнете го каишот и прицврстете го користејќи ја
патент-бравата.
9 Предупредување
Складирањето на дигалка,
тркало или дурга опрема во
товарниот простор може да
предизвика повреда ако тие не
се прицврстени соодветно. При
нагло застанување или судир,
неприцврстената опрема може
да удри некого.
Складирајте ги дигалката и
алатите секогаш во
соодветните складишни
прегради и прицврстувајте ги со фиксирање.
Оштетено возило ставено во
товарниот простор секогаш
мора да биде прицврстено со
ремен.
Привремено резервно тркало
Внимание
Употребата на привременото
резервно тркало може да
повлијае врз возната состојба.
Нека Ви ја заменат или
поправат неисправната гума
колку е можно поскоро.
Монтирајте само едно привремено
резервно тркало. Не возете побрзо
од 80 км/ч. Фаќајте ги свиоците
полека. Не го користете за подолг
период.
Ако на вашето возило му се издише
гума одзади додека влече друго
возило, ставете го привременото
резервно тркало напред, а
предното исправно тркало назад.
Синџири за гуми 3 214.
Резервно тркало со насочна
гума
Ако е возможно, монтирајте ги
еднонасочните гуми така што тие
ќе се вртат во насоката на
патувањето. Правецот на
тркалањето е означен со симбол
(на пр. стрелка) од страната на
гумата.
Page 230 of 265

228Нега на возилото
Следново се однесува до гумите
монтирани наспроти насоката на вртењето:
■ Возната состојба може да се смени. Нека Ви ја заменат или
поправат неисправната гума
колку е можно поскоро.
■ Возете особено претпазливо на влажни и снежни патишта.Палење со кабли
Не палете со полнач за
акумулатори.
Возило со испразнет акумулатор
може да се запали со употреба на
кабли за палење и акумулатор од друго возило.9 Предупредување
Внимавајте многу кога палите
со кабли за палење. Кое било отстапување од следниве
напатствија може да доведе до
повреди или оштета
предизвикана од експлозија на
акумулаторот или оштетување
на електричните системи на
двете возила.
9 Предупредување
Избегнувајте контакт на
акумулаторот со очите, кожата,
ткаенини и обоени површини.
Течноста содржи сулфурна
киселина што може да
предизвика повреди и
оштетувања во случај на
директен допир.
■ Не изложувајте го акумулаторот на гол пламен или на искри.
■ Испразнет акумулатор може да замрзне при температура од
0 °C. Одмрзнете го смрзнатиот
акумулатор пред да поврзувате
кабли за палење.
■ Носете заштитни очила и заштитна облека кога работите
со акумулатор.
■ Користете помошен акумулатор со ист напон (12 волти). Неговиот
капацитет (Ач) не смее да биде
значително помал од оној на испразнетиот акумулатор.
■ Употребувајте кабли за палење со изолирани клеми и пресек од
најмалку 16 мм 2
(25 мм 2
за
мотори на дизел).
■ Не откачувајте го испразнетиот акумулатор од возилото.