OPEL ADAM 2015.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015.5, Model line: ADAM, Model: OPEL ADAM 2015.5Pages: 265, PDF Size: 7.09 MB
Page 61 of 265

Складирање59СкладирањеПростори за складирање ........... 59Товарен простор ........................72
Систем на багажници за на
покрив ......................................... 78
Информации за товарење ......... 79Простори за
складирање9 Предупредување
Не чувајте тешки или остри
предмети во просторите за
складирање. Инаку, капакот на
просторот за складирање може да се отвори и патниците може
да се повредат од исфрлени
предмети во случај на нагло
сопирање, ненадејна промена
на правецот или сообраќајка.
Касета
Повлечете ја рачката за да го
отворите капакот на касетата.
Касетата има држач за монети и
адаптер за клуч за навртките за
заклучување на тркалата.
Касетата мора да биде затворена
додека се вози.
Page 62 of 265

60СкладирањеДржачи за чаши
Држачите за чаши се наоѓаат во
конзолата меѓу предните седишта.
Направени се чаши во различни
големини.
Џебовите на двете врати се
направени да држат шишиња.
Дополнителни држачи за чаши и
шишиња се наоѓаат на задните
странични панели.
Еластичен ремен за држач за чаши
Подвижен гумен ремен се наоѓа во
складишната преграда пред
рачката на менувачот. Извлечете
го ременот за да прицврстите чаша или пепелник.
Page 63 of 265

Складирање61Предна складишна
преграда
Просторите за складирање се
наоѓаат под прекинувачот за
светло, во средишната конзола
пред рачката на менувачот, во џебовите на вратите и на
страничните панели до задните
седишта.
Заден систем за
превозување
Заден систем за превезување за два велосипеда
Задниот систем за превезување
(систем Flex-Fix) овозможува да се
закачи еден велосипед за носачот
што се извлекува и што е вграден
во подот на возилото. Може да се
закачи уште еден велосипед на
адаптер. Превозувањето на други
предмети не се дозволува.
Максималната оптовареност на
задниот систем за превезување е
50 кг со приклучен адаптер и 30 кг
без адаптер. Тоа овозможува
закачување на електричен
велосипед на носачот на
извлекување. Максималната
оптовареност на адаптерот е 20 кг.
Меѓуоскиното растојание на
велосипедот не треба да биде поголемо од 1,15 метри. Инаку не е можно безбедно прицврстување на
велосипедот.
Ако не е во употреба, системот за
превезување мора да се лизне
назад во подот на возилото.
Не смее да има никакви предмети
на велосипедите кои може да се
олабават за време на
превозувањето.
Page 64 of 265

62СкладирањеВнимание
Ако задниот систем за
превезување е извлечен и
возилото е целосно натоварено, висината на шасијата ќе биде
намалена.
Возете внимателно секогаш
кога патот е многу стрм или кога возите преку косина, тумба и сл.
Внимание
Посоветувајте се со својот
продавач на велосипеди пред
да закачите велосипеди со
јаглеродни рамки.
Велосипедите може да се
оштетат.
Проширување
Отворете ја задната врата.
9 Предупредување
Не смее да има никого во зоната
на проширувањето на задниот
систем за носење, ризик од
повреда.
Повлечете ја рачката за
ослободување нагоре. Системот
се ослободува и брзо излегува од
браникот.
Целосно извлечете го задниот
систем за превозување додека не
слушнете дека се заглавува.
Уверете се дека не е возможно да
се турне задниот систем за
превозување навнатре без да се
повлече рачката за ослободување
повторно.
9 Предупредување
Дозволено е да се наместат
предмети на задниот систем за
носење само ако системот се
заглавил правилно. Ако задниот
систем за носење не се
Page 65 of 265

Складирање63заглавува правилно, не местетепредмети на системот и лизнете
го системот назад. Побарајте
помош од автомеханичар.
Отклопете го светлото на
регистарската табличка
Кренете го светлото на
регистарската табличка и склопете
го наназад.
Преклопете ги задните ламби
нанадвор
Свртете ги шарките на двете задни
ламби наназад колку што може да
оди.
Свртете ги двете задни ламби
наназад колку што можат да одат.
Page 66 of 265

64Складирање
Преклопување на отворот за
тркала нанадвор
Извадете го ременот и преклопете
го отворот за тркала нанадвор.
Заклучете го задниот систем за
превозување
Извадете го ременот и свртете ги
двата лоста за држење настрана
до каде што можат да одат.
Инаку не се гарантира безбедното функционирање.
Составување на багажникот за
велосипеди
Кренете го багажникот одзади (1) и
повлечете го наназад.
Преклопете го багажникот нагоре
(2).
Page 67 of 265

Складирање65
Притиснете го багажникот (1) и
свртете ја рачката (2) наназад за да се заглави.
Притиснете го копчето (1) и
извадете го левиот дел на
багажникот (2).
Притиснете го копчето (1) и
вметнете го левиот дел од
багажникот во десниот дел (2).
Закачување на адаптерот
Кога носите два велосипеда,
адаптерот треба да се фиксира
пред да се закачи првиот
велосипед.
1. Ставете го адаптерот на задниот систем за превезување
како што е прикажано на
илустрацијата.
Page 68 of 265

66Складирање
2.Свртете ја рачката (1) нанапред
и држете, потоа спуштете го
адаптерот (2) од задниот дел.
3. Отпуштете ја рачката и проверете дали адаптерот е
заглавен.
4. Протнете го ременот закачен за
адаптерот под рачката за
преклопување на задниот
систем за превезување
наназад. Затегнете го ременот.
Закачување на првиот велосипед
1. Свртете ги педалите во положба како на илустрацијата
и ставете го велосипедот на
отворот за тркала.
Внимавајте велосипедот да
стои средишно на процепите за
тркала.
2. Закачете го краткиот држач за рамката на велосипедот.
Свртете го тркалцето надесно
за да го прицврстите.
Page 69 of 265

Складирање67
3.Прицврстете ги двете тркала на
велосипедот за процепите за
тркалата користејќи ги
ремените за држење.
4. Проверете го велосипедот за да се уверите дека е безбедно
прицврстен.Внимание
Внимавајте процепот меѓу
велосипедот и возилото да е
барем 5 см. Ако е потребно,
олабавете го управувачот и
свртете го странично.
Закачување на вториот велосипед
Закачувањето втор велосипед е
слично на закачувањето на првиот. Дополнително, треба да се земат
предвид неколку работи.
1. Секогаш свртете ги педалите во
соодветна положба пред да го
ставите велосипедот.
2. Наместете ги велосипедите на задниот систем за превезување
наизменично налево и надесно.
3. Порамнете го задниот со предниот велосипед.
Главчините на тркалата на
велосипедите не смеат да се
допираат.
4. Закачате го задниот велосипед со подолгиот држач и соремените за држење како што е опишано за предниот
велосипед. Држачите треба да
се фиксирани паралелно.5. Дополнително, прицврстете ги двете тркала на задниот
велосипед за отворите за
тркала користејќи ги ремените
за затегнување.
Се препорачува да се закачи
предупредувачки знак на
најзадниот велосипед за да се
зголеми видливоста.
Преклопете го задниот систем за
превезување наназад
Задниот систем за превезување
може да се преклопи наназад за да
се добие пристап до товарниот
простор.
Page 70 of 265

68Складирање
■ Без закачен адаптер.
Притиснете ја рачката (1) за да
одглавите и држете.
Повлечете го багажникот (2)
наназад за да се склопи задниот
систем за превезување.
■ Со закачен адаптер.
9 Предупредување
Внимавајте кога го одглавувате
задниот систем за превезување бидејќи тој ќе се навали
наназад. Ризик од повреда.
Држете ја рамката (1) на задниот
велосипед со една рака и
повлечете ја јамката (2) за да
одглавите.
Држете го задниот велосипед со
двете раце и склопете го задниот систем за превезување наназад.
За да ја зголемите видливоста,
задните светла на возилото се
активираат кога задниот систем за
превезување ќе се склопи наназад.
9 Предупредување
Кога повторно го преклопувате
задниот систем за превезување
нанапред, внимавајте дали
системот е безбедно заглавен.
Вадење на велосипедите
Разврзете ги каишевите за држење
на двете гуми на велосипедот.
Свртете го тркалцето налево и
извадете ги држачите.
Откачување на адаптерот 1. Преклопете ги процепите за тркалата навнатре.