OPEL ADAM 2015.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015.5, Model line: ADAM, Model: OPEL ADAM 2015.5Pages: 265, PDF Size: 7.09 MB
Page 101 of 265

Инструменти и контроли99
Системот е деактивиран.Електронска контрола на
стабилноста и Систем за контрола на
превртувањето b Симболот свети или трепка
жолто.
Трепка
Системот е активно вклучен.
Моќноста на моторот може да се
намали и возилото може да се
сопира автоматски до мал степен.
Свети
Присутен е дефект во системот. Во Информативниот центар за
возачот се појавува
предупредувачка порака. Може да
се продолжи со возењето.
Системот не функционира.
Меѓутоа, стабилноста при
возењето може да се влоши
зависно од условите на
површината на патот.Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Електронска контрола на
стабилноста 3 156, Систем за
контрола на превртувањето 3 155.
Систем за контрола на
притисокот во гумите
w свети или трепка жолто.
Свети
Губење на притисокот во гумата.
Застанете веднаш и проверете го
притисокот во гумата.
Трепка
Дефект во системот или гума без
монтиран сензор за притисок (на
пр. резервно тркало). По
60-90 секунди контролната
сијаличка свети непрекинато.
Посоветувајте се со
автомеханичар.
Систем за контрола на притисокот
во гумите 3 209.Притисок на моторното
масло
I свети црвено.
Се пали кога ќе се вклучи палењето
и се гасне кратко по палењето на
моторот.
Свети кога работи моторотВнимание
Може да е прекинато
подмачкувањето на моторот.
Тоа може да резултира со
оштетување на моторот и/или
закочување на погонските
тркала.
1. Притиснете ја педалата.
2. Изберете неутрална брзина.
3. Иставете го возилото од сообраќајниот тек колку е
можно побрзо без попречување
на другите возила.
4. Исклучете го палењето.
Page 102 of 265

100Инструменти и контроли9Предупредување
Кога моторот е изгаснат,
потребна е значително
поголема сила за сопирање и за управување.
За време на Autostop, серво-
уредот на сопирачките сеуште
работи.
Не вадете го клучот додека
возилото е во мирување, инаку
може неочекувано да се заклучи
воланот.
Проверете го нивото на маслото
пред да побарате помош од
автомеханичар 3 184.
Ниско ниво на гориво
Y свети или трепка жолто.
Свети
Нивото во резервоарот за гориво е прениско.
Трепка
Горивото е истрошено. Наполнете гориво веднаш. Никогаш не
дозволувајте резервоарот да се
испразни докрај.
Катализатор 3 148.
Имобилизатор d трепка жолто.
Дефект во системот на
имобилизаторот. Моторот не може
да се запали.
Надворешно светло 8 свети зелено.
Надворешните светла се запалени
3 119.
Долго светло
C свети сино.
Свети кога долгото светло е
запалено или за време на
аблендирањето 3 121.Заден фар за магла
r свети жолто.
Задниот фар за магла е запален
3 123.
Контрола на патувањето
m се пали во бело или зелено.
Свети бело Системот е вклучен.
Свети зелено
Контролата на патувањето е
активна.
Контрола на патувањето 3 159.
Отворена врата
h свети црвено.
Отворена е некоја врата или
задната врата.
Page 103 of 265

Инструменти и контроли101Информативни екрани
Информативен центар за
возачот
Информативниот центар за
возачот (DIC) се наоѓа во групата
инструменти.
Достапен е со екран на средно
ниво или екран на високо ниво.
Екран на средно ниво
Се прикажува: ■ вкупна километража
■ дневна километража
■ контролни сијалички
■ информативен изборник за возилотот, види следно
■ информативен изборник за патувањето/горивото, види
следно
■ пораки за возилото, прикажани како броеви на шифри 3 109.
Избирајте страници од изборникот
со притискање на копчето MENU
или со вртење на тркалото за
приспособување на рачката за
трепкачи.
Некои од прикажаните функции се
разликуваат кога возилото се вози
или е во мирување. Некои функции
се достапни само кога возилото се
вози.
Изборникот со информации за
возилото и изборникот со
информации за патувањето/
горивото се составени од страници што може да ги изберете, додека
пораки за возилото и контролни
сијалички се појавуваат кога е
неопходно.Екран со високо ниво
Се прикажува:
■ Vehicle Information Menu
(Изборник за информации за
возилото) X
■ Trip/Fuel Information Menu
(Изборник за информации за
патувањето/горивото) W
■ Изборник за помош при возење
EcoFlex s
Избирајте страници во изборникот
со притискање на копчето MENU на
рачката за трепкачи. Основните
Page 104 of 265

102Инструменти и контроли
симболи на изборникот се
прикажуваат во горната лента на
екранот.
Некои од прикажаните функции се
разликуваат кога возилото се вози
или е во мирување. Некои функции се достапни само кога возилото се
вози.
Пораки за возилото се појавуваат
кога е неопходно.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 113.
Меморизирани поставки 3 24.
Одбирање изборници и
функции
Изборниците и функциите може да се изберат преку копчињата на
рачката за трепкачите.
Притиснете го копчето MENU да се
префрлувате помеѓу изборниците
или да се вратите од подизборник
на следното повисоко ниво на
изборниците.
Свртете го тркалцето за местење
за да селектирате изборна опција
или да поставите нумеричка
вредност.
Притинете го копчето SET/CLR за
да изберете функција или да
потврдите порака.
Vehicle Information Menu
(Изборник за информации за возилото)
Притиснете го копчето MENU за да
ја изберете Страницата со
информации за возилото.
Свртете го тркалцето за местење
за да изберете подизборник.
Проследете ги упатствата дадени
во подизборниците.
■ Unit (Единица)
Притиснете го SET/CLR додека
да се прикаже страницата.
Изберете империјална
(единица 1) или метричка
(единица 3) со вртење на
тркалцето за местење.
Притиснете SET/CLR за да ја
одредите единицата.
■ Tire Pressure (Притисок во
гумите)
Притисокот на гумите за сите тркала се прикажува на оваастраница за време на возењето
3 209.
■ Tire Load (Оптовареност на
гумите)
Page 105 of 265

Инструменти и контроли103
Екранот за оптоварување нагумите ја избира категоријата за
притисок на гумите Light, Eco
или Max (Лесно, Еко или Макс)
според моменталниот притисок
во нив. Изберете категорија со
вртење на контролното тркалце.
Притиснете SET/CLR за да ја
поставите категоријата 3 209.
■ Remaining Oil Life (Век на
останатото масло)
Покажува проценка за корисниот
век на маслото. Бројката во % го
означува преостанатиот век на
употреба на маслото и укажува
кога треба да се смени
моторното масло или филтерот
3 92.
■ Speed Warning
(Предупредување за брзината)
Екранот за предупредување за
брзина алармира кога ќе се
надмине поставената брзина.
За да поставите
предупредување за брзината,
притиснете SET/CLR додека е
прикажана страницата. Свртете го тркалцето за местење за да ја
изберете вредноста. Притиснете
SET/CLR за да ја одредите
брзината.
Ако се надмине избраното
ограничување на брзината, се
огласува предупредувачка
мелодија. Штом ќе се постави
брзината, оваа функција може да се исклучи со притискање наSET/CLR додека се гледа
страницата.
Одбирањето и означувањето може
да бидат поинакви помеѓу екранот
со средно ниво и високо ниво.
Trip/Fuel Information Menu
(Изборник за информации за патувањето/горивото)
Притиснете го копчето MENU за да
ја изберете Страницата со
информации за патувањето/
горивото.
Свртете го тркалцето за местење
за да изберете подизборник:.
Екран на средно ниво
Page 106 of 265

104Инструменти и контроли
Екранот на средно ниво може да
биде достапен со изборникот за
информации за патувањето/
горивото.
Екран со високо ниво■ дневна километража 1
■ просечна потрошувачка 1
■ просечна брзина 1
■ дневна километража 2
■ просечна потрошувачка 2
■ просечна брзина 2
■ дигитална брзина
■ досег
■ моментална потрошувачка
Одбирањето и означувањето може
да бидат поинакви помеѓу екранот
со средно ниво и високо ниво.
Компјутер за патувања на двајца
возачи
Информациите на компјутерот за
патувања на двајца возачи може да се ресетира посебно за
Page 107 of 265

Инструменти и контроли105
километражата, просечната
потрошувачка и просечната
брзина, што овозможува да се
прикажуваат различни
информации за возењето.
Дневна километража
Дневната километража го
прикажува моменталното
растојание од одредено
препоставување.
Дневната километража брои до
2000 км, а потоа пак почнува од 0.
Ресетирајте ја дневната
километража со притискање на
копчето SET/CLR неколку секунди
на соодветната страница.
Просечна потрошувачка
Прикажување на просечната
потрошувачка. Мерењето може да
се препостави кога било и почнува
со основната вредност.
За да ресетирате, притискајте го
копчето SET/CLR неколку секунди
на соодветната страница.
Кај возилата со мотори на LPG:
Просечната потрошувачка се
прикажува за моментално
избраниот режим (LPG или
бензин).
Просечна брзина
Прикажување на просечната
брзина. Мерењето може да се
препостави во кое било време.
За да ресетирате, притискајте го
копчето SET/CLR неколку секунди
на соодветната страница.Дигитална брзина
Дигитално прикажување на
моменталната брзина.
Досег на горивото
Досегот се пресметува според
моменталната содржина на
резервоарот за гориво и тековната потрошувачка. Екранот прикажува
просечни вредности.
По дотурањето гориво, возилото
автоматски го пресметува досегот
по кратка пауза.
Кога нивото на горивото во
резервоарот е ниско, се појавува
порака на екранот. На мерачот за
гориво свети Y.
Кога резервоарот мора веднаш да
се наполни, се појавува порака на
екранот. На мерачот за гориво
свети Y.
Y 3 100.
Досег на горивото, верзија LPG
Приказ на приближниот досег со
преостанатото гориво во секој од
резервоарите за бензин и LPG,
Page 108 of 265

106Инструменти и контроли
заедно со вкупниот досег со двата
типа гориво. Менувајте меѓу
режимите притискајќи го копчето
SET/CLR .
Моментална потрошувачка
Екран на моменталната
потрошувачка.
Кај возилата со мотори на LPG:
Моменталната потрошувачка се прикажува за моментално
избраниот режим ; LPG или бензин.
ECO Information Menu
(Изборник за еко-
информации) s
Притиснете го копчето MENU за да
изберете s во горниот ред на
екранот.
Свртете го тркалцето за местење
за да изберете подизборник.
Притиснете го копчето SET/CLR за
да се потврди.Подизборниците се:
■ Показател за менување брзина :
Моменталната брзина е
прикажана во стрелка. Бројката
над неа препорачува ставање во
поголема брзина поради
штедење гориво.
Приказ на еко-индексот :
Моменталната потрошувачка на
горивото е прикажана со
сегменти. За економично
возење, приспособете го возниот стил за да се одржат поцрнетите
сегменти во рамките на
подрачјето Eco. Колку повеќе
сегменти се поцрнети, толку е
поголема потрошувачката на
горивото. Истовремено е
покажана и моменталната
потрошувачка.
■ Top Consumers (Врвни
потрошувачи) : Прикажан е
список на најголемите
моментално вклучени
потрошувачи за удобност по
надолен ред. Укажан е
потенцијалот за штедење
гориво. Исклучен потрошувач исчезнува од списокот и
вредноста на потрошувачката се
ажурира.
Page 109 of 265

Инструменти и контроли107
■Economy Trend (Економичен
тренд) : Го прикажува развојот на
просечната потрошувачка за
растојание од 50 км. Поцрнетите
сегменти ја прикажуваат
потрошувачката во чекори од 5 км и прикажано е влијанието на топографијата или начинот на
возење врз потрошувачката.
Информативен екран во
боја
Зависно од конфигурацијата,
возилото има
Информативен екран во боја што
функционира со допирен екран.
Информативниот екран во боја што функционира со допирен екран ги
прикажува во бои:
■ времето 3 86
■ надворешната температура 3 85
■ датумот 3 86
■ електронската контрола на
климатизацијата 3 133
■ упатствата на помошта за паркирање и напредната помош
за паркирање 3 163
■ Инфозабавен систем, видете го описот во прирачникот за
инфозабавниот систем
■ системските пораки
■ пораките за возилото 3 109
■ поставките за приспособување на возилото кон индивидуалните
потреби 3 113
Видот на информацијата и како таа
се прикажува зависи од внесените
поставки.
Одбирање изборници и
поставки
Изборниците и поставките се
бираат преку допирниот екран.
Page 110 of 265

108Инструменти и контроли
Притиснете го копчето ;: се
прикажува страницата Home.
Допрете ја иконата Settings
(Поставки) на екранот: Се
прикажува страницата со изборник
Settings (Поставки) . Изберете
поставка со допирање.
Допрете го избраното уште еднаш
за да потврдите поставка или
вредност.
Притиснете го копчето q за да
излезете од изборник или поставка без менување или бришење на
последниот знак во низа знаци.
За да излезете од изборникот
Settings (Поставки) , притискајте го
екранското копче q во чекори или
притиснете го копчето ; откако ќе
ги потврдите промените.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 113.
Меморизирани поставки 3 24.
Сликовен инфо-екран
Зависно од конфигурацијата,
возилото има Сликовен инфо-
екран.Сликовниот инфо-екран ги
покажува:
■ времето 3 86
■ надворешната температура 3 85
■ датумот 3 86
■ електронската контрола на климатизацијата 3 133
■ Инфозабавен систем, видете го описот во прирачникот за
инфозабавниот систем
■ поставките за приспособување на возилото кон индивидуалните
потреби 3 113
Одбирање изборници и
поставки
Изборниците и поставките се
достапни преку екранот.