OPEL ADAM 2015 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015, Model line: ADAM, Model: OPEL ADAM 2015Pages: 255, PDF Size: 6.91 MB
Page 201 of 255

Нега на возилото199
Притисок во гумите 3 243.
Етикетата со информации за
притисокот во гумите на рамката на десната врата ги посочува
оригиналните гуми и соодветните
притисоци во гумите.
Податоците за притисокот во
гумите се однесуваат на ладни
гуми. Тоа важи за летни и зимски
гуми.
ECO притисокот на гумите служи да се постигне најмалата можна
потрошувачка на гориво.
Неправилниот притисок во гумите
ќе ја влоши безбедноста,
управувањето на возилото,
удобноста и економичноста на
потрошувачката на гориво, и ќе го
зголеми абењето на гумите.
Табелите за притисок во гумите ги
покажуваат сите можни
комбинации на гуми 3 243.
Идентификувајте ја гумата.
За гумите одобрени за Вашето
возило, видете во Сертификатот за
сообразност на ЕК доставен со
возилото или во други национални
документи за регистрација.
Возачот е одговорен за правилно
прилагодување на притисокот во
гумите.9 Предупредување
Ако притисокот е пренизок,
гумите може премногу да се
загреат и да се оштетат
однатре, што може да
предизвика цепење на шарите,
па дури и експлозија на гумите
при големи брзини.
Ако притисокот во гумите мора да
се намали или зголеми, исклучете го палењето. Откако ќе го
приспособите притисокот во
гумите вклучете го палењето и
изберете ја соодветната поставка
на страницата Оптоварување на
гумите во Информативниот центар
за возачот 3 98.
Систем за следење на
притисокот на гумите
Системот за контрола на
притисокот во гумите го проверува
притисокот во сите четири гуми
еднаш по минута кога брзината на
возилото ќе надмине определена
граница.
Page 202 of 255

200Нега на возилотоВнимание
Системот за следење на
притисокот во гумите само
предупредува за послаб
притисок и не е замена за
редовното одржување на
гумите од страна на возачот.
Сите четири тркала треба да бидат опремени со сензори за притисокот
во гумите и гумите треба да го
имаат пропишаниот притисок.
Забелешка
Во земјите каде што системот за
следење на притисокот на гумите
е законска обврска, користењето
тркала без сензори за притисокот
ќе го обезважи одобрението за
типот на возилото.
Актуелниот притисок во гумите може да се покаже на Vehicle
Information Menu (Изборник за
информации за возилото) во
Информативниот центар за
возачот.
Изборникот може да се изберат со
копчињата на рачката за
трепкачите.
Притиснете го копчето MENU за да
се избере Vehicle Information Menu
(Изборник за информации за
возилото) X .
Свртете го тркалцето за местење
за да го изберете системот за
контрола на притисокот во гумите.
Состојбата на системот и
предупредувања за притисокот се
прикажуваат со порака додека
трепка соодветната гума во
Информативниот центар за
возачот.
Page 203 of 255

Нега на возилото201
Откриен слаб притисок во гума се
покажува со контролната сијаличка
w 3 96.
Ако се запали w, сопрете штом
можете и напумпајте ги гумите
според препораките 3 243.
Ако w светка 60-90 секунди а потоа
свети непрекинато, има дефект во
системот. Посоветувајте се со
автомеханичар.
Откако ќе се напумпаат, може да
биде потребно возење за да се
ажурираат вредностите на
притисокот во гумите во
Информативниот центар за
возачот. За тоа време може да
свети w.
Ако се запали w при пониски
температури и се изгасне по
одредено време возење, може да
се работи за низок притисок.
Проверете го притисокот во
гумите.
Пораки за возилото 3 105.
Ако притисокот во гумите мора да
се намали или зголеми, исклучете
го палењето.
Монтирајте само тркала со сензори
за притисок, инаку притисокот во
гумите нема да се прикажува и w ќе
свети постојано.
Резервното тркало или
привременото резервно тркало не
е опремено со сензори за притисок. Системот за контрола на
притисокот во гумите не
функционира за тие гуми.
Контролна сијаличка w се пали. За
понатамошните три гуми системот
останува функционален.Употребата на комплетите за
поправање на гуми со течност што
се достапни во продажба може да
го влоши функционирањето на
системот. Може да се користат
фабрички одобрени комплети за
поправање гуми.
Надворешни радио опреми со
голема моќност може да му пречат на системот за контрола на
притисокот во гумите.
Секогаш кога се заменуваат
гумите, сензорите на системот за
следење на притисокот во гумите
треба да се демонтираат и
сервисираат. За навртниот сензор;
заменете ги јадрото на вентилот и
заптивниот прстен. За прицврсниот сензор; заменете го целиот вентил.
Состојба на оптовареност на
возилото Прилагодете го притисокот во
гумите според состојбата на
оптовареност, согласнос о
етикетата за информации за
гумите или табелата со притисоци
за гумите 3 243 и изберете ја
соодветната поставка во изборикот
Page 204 of 255

202Нега на возилото
Tire Load (Оптовареност на
гумите) во Информативниот
центар за возачот, Vehicle
Information Menu (Изборник за
информации за возилото) 3 98.
Изберете:
■ Light (Светло) за удобен
притисок за до 3 лица.
■ Eco (Еко) за економичен
притисок за до 3 лица.
■ Max (Макс.) за целосна
оптовареност.
Споредување на сензорите
на TPMS
Секој сензор на TPMS има
единствена идентификациска
шифра. Кодот за идентификација
мора да се спореди со позицијата
на новото тркало/гума по ротирање
на гумите или по замена на целиот комплет на тркалото, како и по
замена на еден или повеќе сензори
на TPMS. Споредувањето на
сензорите TPMS треба да се
изврши и откако резервна гума ќе
се замени со гума за патување со
сензор TPMS.
Светлото за неисправност и
предупредувачката порака или
шифра треба да се изгасат при следното палење. Сензорите сеспоредуваат со положбите на
гумите/тркалата со користење на алатката за повторно учење на
TPMS по следниов редослед:
левата предна гума, десната
предна гума, задната десна гума и
задната лева гума. Трепкачот на
тековната активна позиција свети
додека сензорот не се поврзе.Консултирајте се со својот сервис
за сервисирање или купување на
алатката за повторно учење. Има
две минути за споредување на
првата положба на гума/тркало и
пет минути вкупно за да се
споредат сите четири положби на
гуми/тркала. Ако трае подолго,
споредувањето престанува и мора
повторно да се почне.
Споредувањето на сензорите на
TPMS е:
1. Активирајте ја сопирачката за паркирање.
2. Вклучете го палењето.
3. Со копчето MENU на рачката за
трепкачите изберете Vehicle
Information Menu (Изборник за
информации за возилото) на
Информативниот центар за
возачот (DIC).
4. Со тркалцето дојдете до изборникот за притисокот на
гумите.
5. Притиснете го копчето SET/CLR за да почне
споредувањето на сензорите.
Page 205 of 255

Нега на возилото203
Треба да се прикаже порака
што ќе побара прифаќање на
процесот.
6. Притиснете го копчето SET/CLR повторно за да го
потврдите изборот. Сирената
се огласува двапати за да
сигнализира дека приемникот е
во режим на повторно учење.
7. Почнете со левата предна гума.
8. Ставете ја алатката за повторно учење до страната на
гумата, блиску до вентилот.
Потоа притиснете го копчето за
да го активирате сензорот на
TPMS. Кус сигнал од сирената
потврдува дека
идентификациската шифра на
сензорот е споредена со таа
положба на гума и тркало.
9. Продолжете со десната предна гума и повторете ја постапката
од чекор 8.
10. Продолжете со десната задна гума и повторете ја постапката
од чекор 8.11. Продолжете со левата задна гума и повторете ја постапката
од чекор 8. Сирената се
огласува двапати да укаже дека идентификациската шифра на
сензорот е споредена со левата задна гума и споредувањето на
сензорите на TPMS веќе не е
активно.
12. Исклучете го палењето.
13. Прилагодете го притисокот во сите четири гуми споредпрепорачаните вредности
прикажани на етикетата за
притисок во гумите.
14. Проверете дали стаусот за оптеретување на фумите е
поставен според избраниот
притисок 3 98.
Зависност од температурата
Притисокот во гумата зависи од
нејзината температура. За време
на возењето, температурата и
притисокот се зголемуваат.
Вредноста на притисокот во гумата прикажана во Информативниот
систем за возачот го покажувафактичкиот притисок во гумите.
Затоа е важно да се проверува
притисокот во гумите со ладни
гуми.
Длабочина на шарата
Редовно проверувајте ја
длабочината на шарите.
Гумите треба да се заменат од
безбедносни причини ако
длабочината на шарите падне под
2-3 мм (4 мм за зимските гуми).
Од безбедносни причини, се
препорачува длабочината на
шарите на гумите на една оска да не се разликува повеќе од 2 мм.
Page 206 of 255

204Нега на возилото
Законски дозволената минимална
длабочина на шарата (1,6 мм) е
достигната кога шарата е изабена
до една од ознаките за изабеност
( TWI). Нивната положба е означена
со обележувања од страните на
гумата.
Гумите стареат, дури ако не се употребуваат. Препорачуваме
замена на гумите на 6 години.
Менување на
големината на гумите и
тркалата
Ако се употребуваат гуми со
различна големина од оние
монтирани во фабриката, може да
биде потребно да се програмираат брзиномерот како и номиналниот
притисок во гумите повторно и да
се извршат други преиначувања на
возилото.
По префрлувањето на гуми со друга големина, нека Ви ја заменат
етикетата со притисоци за гумите.Внимание
Кога се користат тркала од 14
инчи, растојанието до тлото се
намалува. Ова мора да се земе
предвид кога се преминуваат
препреки.
9 Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или тркала може да доведе
до незгоди и ќе го анулира
одобрението на видот на
возилото.
Раткапни
Раткапните и гумите што се
одобрени од фабриката за
соодветното возило и ги
исполнуваат сите соодветни
барања за комбинирање на
тркалата и гумите, можат да се
користат.
Ако раткапните и гумите кои се
користат не се фабрично
одобрени, гумите не смеат да
имаат заштитно ребро на работ.
Раткапните не смеат да му пречат
на ладењето на сопирачките.
Page 207 of 255

Нега на возилото2059Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или раткапни може да
доведува до нагло губење на
притисок и притоа несреќи.
Челични тркала: Кога користите
навртки за заклучување на
тркалата, раткапните може да не се прицврстени на челичните тркала.
Синџири за гуми
Синџири за гуми се дозволуваат
само на предните тркала.
Секогаш употребувајте синџири со
ситни алки што не додаваат повеќе од 10 мм до шарата и внатрешните
страни на гумата (вклучувајќи ја и
бравата на синџирот).9 Предупредување
Оштетувањата може да
доведат до пукање на гумата.
Синџири за гуми не се дозволуваат
на гуми од големините 175/70 R 14 ,
185/70 R 14, 185/60 R 15, 185/65 R 15 и 195/55 R 16.
Синџири за гуми не се дозволени
на гуми со големина 215/45 R 17 и
225/35 R 18.
Употребата на синџири за гуми не
се дозволува на привременото
резервно тркало.
Комплет за поправање
гуми Помалите оштетувања на шаратана гумата може да се поправат со
комплетот за поправање гуми.
Не ги вадете туѓите предмети од
гумите.
Оштетувањата на гумите што
надминуваат 4 мм или што се на
страничниот ѕид од гумата не може
да се поправат со комплетот за
поправање гуми.9 Предупредување
Не возете побрзо од 80 км/ч.
Не го користете за подолг
период.
Управувањето со воланот и
ракувањето може да станат
поинакви.
Ако имате издишна гума:
Затегнете ја рачната сопирачка и ставете во прва брзина.
Page 208 of 255

206Нега на возилото
Комплетот за поправање гуми е во
кутијата за алати под капакот на
подот во товарниот простор.
Кај верзиите со заден систем за
превозување или мотор на течен
гас, комплетот за поправање гуми
се наоѓа во куфер зацврстен со
каиш на левиот страничен ѕид во
товарниот простор.
Кај верзиите со складишна кутија
во товарниот простор, куферот со
комплетот за поправање гуми се
наоѓа во комора на кутијата 3 70.
Кај верзиите со кутија за звучник,
комплетот за поправање гуми се
наоѓа во кутијата под капакот на
подот во товарниот простор. За да
го користите комплетот за
поправање гуми, првин извадете го капакот на подот: преклопете го
задниот дел напред и извлечете го капакот кон назад 3 72.
Page 209 of 255

Нега на возилото207
1. Земете го комплетот запоправање гуми од преградата.
2. Извадете го компресорот.
3. Извадете го кабелот за поврзување со струја и цревото
за воздух од преградите за
складирање на долната страна
на компресорот.
4. Зашрафете го цревото за воздух од компресорот наприклучокот на шишето со
заптивната смеса.
5. Наместете го шишето со заптивната смеса во држачот
на компресорот.
Поставете го компресорот
близу до гумата така што
шишето со заптивна смеса ќе
биде исправено.
6. Отштрафете ги капаците на вентилите од дефектната гума.
7. Зашрафете го цревото за полнење на вентилот на гумата.
8. Прекинувачот на компресорот мора да биде поставен на J.
9. Приклучете го приклучникот на компресорот во штекерот за
струја или во приклучокот на
запалката.
За да се избегне
испразнувањето на
акумулаторот, Ви
препорачуваме да го оставете
моторот да работи.
Page 210 of 255

208Нега на возилото
10. Поставете го преклопникот накомпресорот на I. Гумата се
полни со заптивната смеса.
11. Мерачот за притисок на компресорот накратко се
покачува до 6 бари додека
шишето за заптивната смеса се празни (околу 30 секунди).
Потоа притисокот почнува да
опаѓа.
12. Целата заптивна смеса се пумпа во гумата. Потоа гумата
се надува.
13. Пропишаниот притисок за гумата би требало да се
достигне во рок од 10 минути.
Притисок во гумите 3 243. Кога
ќе се постигне правилниот
притисок, исклучете го
компресорот.
Ако пропишаниот притисок за
гумите не се достигне во рок од
10 минути, извадете го
комплетот за поправање гуми. Помрднете го возилото за едно
вртење на гумата. Повторно
закачете го комплетот за
поправање гуми и продолжете
со постапката за полнење за
10 минути. Ако пропишаниот
притисок за гумите се уште не е достигнат, гумата е премногу
оштетена. Побарајте помош од
автомеханичар.
Исцедете го вишок притисокот од гумата со копчето над
индикаторот за притисок.
Не работете со компресорот
подолго од 10 минути.
14. Откачете го комплетот за поправање гуми. Притиснете ја
спојката на рамката за да го
извадите шишето со заптивна
смеса од рамката. Зашрафете го цревото за пумпање на гуми
на слободниот приклучок на
шишето со заптивната смеса.
Тоа ја спречува заптивната
смеса да истече. Чувајте го
приборот за поправка на гумите во багажниот простор.
15. Извадете ја излишната заптивна смеса користејќи
ткаенина.
16. Земете ја налепницата која ја покажува најголемата
дозволена брзина од шишето
со заптивната смеса, и закачете
ја во видното поле на возачот.