OPEL ADAM 2016 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2016, Model line: ADAM, Model: OPEL ADAM 2016Pages: 269, PDF Size: 7.28 MB
Page 141 of 269

Контрола на климатизацијата139Вртење на копчето на $:
вентилаторот и ладењето се
исклучени.
За да се вратите на автоматскиот
режим: Притиснете го AUTO.
Распределба на воздухот
Вртете го десното вртливо копче за
саканото прилагодување.
Поставката се прикажува на
Инфо-екранот.
K:кон пределот на нозете9:кон шофершајбната,
прозорците на предните
врати и пределот на нозетеs:кон шофершајбната и
прозорците од предните
врати (климатизацијата се
вклучува во позадина за да
помогне да не се замаглуваат прозорците)M:кон пределот на главата преку
подвижните отвори за
проветрувањеL:кон пределот на главата и
нозете
Враќање на автоматската
распределба на воздухот:
притиснете AUTO.
Ладење n
Притиснете го n за да го вклучите
ладењето. Активирањето се
означува со сијаличката во
копчето. Ладењето функционира
само кога моторот работи и кога е
вклучен вентилаторот на
контролата на климатизацијата.
Повторно притиснете n за да го
исклучите ладењето.
Системот за климатизација лади и
суши штом надворешната
температура е малку над точката
на смрзнување. Затоа може да се
формира кондензација и да капе од
под возилото.
Ако веќе не е потребно ладење или сушење, исклучете го системот за
ладење за да заштедите гориво.
Кога е исклучен системот за
ладење, системот за контрола на
климатизацијата нема да бара
повторно палење на моторот за
време на Autostop. Исклучок:
системот за одмрзнување е
активиран и надворешната
температура над 0 °C бара
рестартирање.
Состојбата на ладењето се
прикажува на Инфо-екранот.
Page 142 of 269

140Контрола на климатизацијатаАктивирањето или
деактивирањето на ладењето по
стартувањето на моторот може да
се смени во Инфо-екранот.
Приспособување на возилото кон индивидуалните потреби 3 111.
Режим за кружење на
воздухот 4
Притиснете 4 за да го вклучите
кружењето на воздухот.
Активирањето се означува со
сијаличката во копчето.
Повторно притиснете 4 за да го
исклучите кружењето на воздухот.
9 Предупредување
Менувањето на свежиот воздух
е намалено во режимот за
кружење на воздухот. При
работа без ладење, влажноста
на воздухот се зголемува, па
прозорците може одвнатре да
се замаглат. Квалитетот на
воздухот во патничката кабина
се влошува, што може да
предизвика дремливост кај
патниците.
При многу топол и влажен
надворешен воздух,
шофершајбната може да се
замагли однадвор кога на неа ќе се насочи студен воздух. Ако
шофершајбната се замагли
однадвор, активирајте го бришачот
за шофершајбната и деактивирајте
го s.
Основни поставки Некои поставки може да се изменатво Инфо-екранот во
приспособувањето на возилото кон
индивидуалните потреби, 3 111.
Отвори за
проветрување
Приспособливи отвори запроветрување
Барем еден отвор за
проветрување треба да биде
отворен додека е вклучено
ладењето.
Дотерајте го количеството на
воздухот кај отворот со вртење на
тркалцето за местење. Отворот е
затворен кога тркалцето за
местење е свртено блиску до лево или десно.
Page 143 of 269

Контрола на климатизацијата141
Насочете го протокот на воздухот
со навалување и вртење на
решетките.
9 Предупредување
Не закачувајте предмети за
решетките на отворите за
проветрување. Ризик од
оштетување и повреда во случај на сообраќајка.
Фиксни отвори за
проветрување
Дополнителни отвори за
проветрување се наоѓаат под
шофершајбната и прозорците на
вратите и во пределите на нозете.Одржување
Довод на воздухот
Доводот за воздух пред
шофершајбната во моторниот
простор мора да се чува чист за да
се овозможи доводот на воздухот.
Извадете ги лисјата, нечистотијата
или снегот.
Филтер за полен
Филтерот за полен ги отстранува
правот, саѓите, поленот и спорите
од воздухот што влегуваат
однадвор.
Page 144 of 269

142Контрола на климатизацијатаОбично работење наклиматизацијата
За да се обезбедат постојано
ефикасни перформанси, ладењето
мора да се вклучува неколку
минути еднаш месечно, без оглед
на времето и годишната доба. Не е возможно ракувањето со ладењетокога надворешната температура е
прениска.
Сервис
За оптимални перформанси на
ладењето, се препорачува ситемот за контрола на климатизацијата да
се проверува годишно, почнувајќи три години по првата регистрација
на возилото, вклучувајќи ги
следните:
● тестирање на функционалноста и притисокот
● функционалноста на греењето
● проверка за протекување
● проверка на погонските ремени● чистење на одводот накондензаторот и испарувачот
● проверка на перформансите
Page 145 of 269

Возење и ракување143Возење и
ракувањеПрактични совети за возење ..144
Контрола над возилото .........144
Управување ............................ 144
Поаѓање и ракување ................144
Разработување на новото возило .................................... 144
Положби на прекинувачот за палење .................................. 145
Задржано исклучување .........145
Палење на моторот ...............145
Исклучување на пребрзувањето .....................146
Систем за сопирање- поаѓање ................................. 146
Паркирање ............................. 149
Издувни гасови од моторот .....150
Катализатор ........................... 150
Рачен менувач ......................... 151
Автоматизиран рачен
менувач ..................................... 152
Екран на менувачот ...............152
Палење на моторот ...............152
Рачка на менувачот ...............153Рачен режим .......................... 154
Електронски програми за возењето ............................... 155
Дефект .................................... 155
Сопирачки ................................. 156
Систем за деблокирање на сопирачките .......................... 156
Сопирачка за паркирање ......157
Серво кочење ......................... 157
Помош при поаѓање на угорници ................................ 157
Системи за контрола на
возењето ................................... 158
Систем за контрола на пролизгувањето ....................158
Електронска контрола на стабилноста .......................... 159
Градски режим .......................160
Системи за помош на возачот 162 Контрола на патувањето .......162
Ограничувач на брзината .....163
Помош за паркирање ............165
Известување за странична слепа точка ........................... 175
Гориво ....................................... 176
Гориво за бензински мотори . 176
Гориво за работа на течен гас .......................................... 177Полнење гориво ..................... 179
Потрошувачка на гориво - CO 2-испуштање
...................182
Page 146 of 269

144Возење и ракувањеПрактични совети за
возење
Контрола над возилото Никогаш не оставајте го
возилото да оди на падини со
изгаснат мотор
Многу уреди нема да
функционираат во таква ситуација
(на пр. серво уредот на
сопирачките, електронското
управување). Таквото возење е
опасно за Вас и за други.
Сите системи функционираат при
Autostop.
Систем за сопирање-поаѓање
3 146.
Засилување во празен од
Ако е потребно акумулаторот да се полни поради неговата состојба,
мора да се зголеми излезната
моќност на генераторот. Ова се
постигнува со засилување на
работата во празен од што може да
биде чујно.Се појавува порака на екранот на
високо ниво.
Педали
За да се обезбеди непречен од на педалите, не смее да има
подлошки во пределот на
педалите.
Користете само патосници кои се
вклопуваат добро и се
зацврстуваат од држачите на
страната на возачот.
Управување
Ако се изгуби помошта за
хидраулично управување бидејќи
моторот сопрел или поради дефект на системот, со возилото може да
се управува, но може да треба поголем напор.
Контролна сијаличка c 3 96.Поаѓање и ракување
Разработување на новотовозило
Не сопирајте непотребно силно
при првите неколку патувања.
За време на првото возење може
да се јави чад поради
испарувањето на восокот и
маслото од системот за издувни
гасови. Паркирајте го возилото на
отворено место за некое време по првото возење и не ги вдишувајте
пареите.
За време на периодот за
разработување, потрошувачката
на гориво и моторно масло може да
бидат поголеми.
Autostop може да се попречи за да се овозможи полнење на
акумулаторот.
Page 147 of 269

Возење и ракување145Положби на прекинувачотза палење0:исклучено палење1:бравата на воланот е
ослободена, исклучено
палење2:вклучено палење3:палење
Задржано исклучување
Следните електронски системи
може да работата додека да се
отвори вратата на возачот или
најдоцна за десет минути по
исклучување на палењето:
● електричните прозорци
● штекери за напојување
● електричен подвижен покрив
Инфозабавниот систем ќе
продолжи да се напојува уште 30 минути или додека не се извади
клучот од бравата, без оглед дали
некоја врата е отворена.
Палење на моторот
Свртете го копчето во положба 1
за
да се ослободи бравата на
воланот.
Рачен менувач: нагазнете ги
педалите на куплунгот и
сопирачките.
Автоматизиран рачен менувач:
притиснете ја педалата за
сопирачките.
Не нагазнувајте го педалот за гас.
Свртете го клучот накусо во
положбата 3 и отпуштете го:
анласерот го пушта автоматска
постапка со кратка пауза додека
моторот не проработи. Видете во
„Автоматска контрола на
анласерот“.
Пред да го запалите повторно или за да го изгаснете моторот, вратете
го клучот во положба 0.
За време на Autostop, моторот
може да се запали со притискање
на педалата на кумплунгот.
Page 148 of 269

146Возење и ракувањеПалење на возилото при ниски
температури
Стартувањето на моторот без
дополнителни грејачи е можно до -30 °C. Потребно е моторно масло
со правилна вискозност, правилно
гориво, извршени сервиси и
доволно наполнет акумулатор.
Автоматска контрола на
анласерот
Функцијава ја контролира
постапката за палење на моторот.
Возачот не мора да го држи клучот
во положбата 3. Штом се
применува, системот ќе продолжи
да запали автоматски додека не
проработи моторот. Поради
постапката за проверување
моторот проработува по кратка
пауза.Возможни причини за непалење на моторот:
● педалата за куплунгот не е притисната (рачен менувач).
● педалата за сопирачките не е притисната (автоматизиранрачен менувач).
● дојде до надминување на времето.
Загревање на турбо мотор По палењето, достапниот вртеженмомент на моторот може да биде
ограничен за краток временски
период, особено кога
температурата на моторот е ниска.
Ограничувањето овозможува
системот за подмачкување
целосно да го заштити моторот.
Исклучување на пребрзувањето
Доводот за гориво се затвора
автоматски за време на
пребрзувањето, на пр. кога
возилото се вози во некоја брзина
без давање гас.Систем за сопирање-
поаѓање
Системот за сопирање-поаѓање помага да се заштеди гориво и да се намали испуштањето издувни
гасови. Кога дозволуваат условите,
го исклучува моторот штом
возилото е во мала брзина или е
сопрено, на пр. на семафор или во
сообраќаен метеж.
Кај возилата со рачен менувач,
моторот се пали автоматски штом
ќе се притисне куплунгот.
Кај возилата со автоматизиран
рачен менувач, моторот се пали
автоматски штом ќе се отпушти
педалата на сопирачките.
Сензорот за акумулаторот
обезбедува Autostop да се врши
само ако акумулаторот е доволно
полн за повторно палење.
Активирање
Системот за сопирање-поаѓање е
достапен штом ќе се запали
моторот, возилото ќе појде и
условите како што се опишани
подолу во овој дел се исполнети.
Page 149 of 269

Возење и ракување147Деактивирање
Исклучете го системот за
сопирање-поаѓање со притискање на eco . Исклучувањето е
прикажано со гасење на
сијаличката во копчето.
AutostopВозила со рачен менувач:
Ако возилото оди со мала брзина
или е сопрено, вклучете го Autostop на следниов начин:
● Притиснете ја педалата за куплунг.
● Поставете го менувачот во лер.
● Отпуштете ја педалата за куплунг.
Моторот ќе се изгасне, а палењето
останува вклучено.Возила со автоматизиран рачен менувач:
Ако возилото е во мирување со
притисната педала на
сопирачките, Autostop се активира автоматски.
Моторот ќе се изгасне, а палењето останува вклучено.
Системот за сопирање-поаѓање ќе
се исклучи на стрмнина од 15 % или повеќе.Показател
Autostop е покажано на
вртежометарот со иглата во
положба AUTOSTOP .
За време на Autostop, греењето и
сопирачките остануваат активни.
Услови за Autostop
Системот за сопирање-поаѓање проверува дали се исполнети ситеуслови:
● Cистемот за сопирање- поаѓање не е исклучен рачно.
● Хаубата е целосно затворена.
Page 150 of 269

148Возење и ракување● Возачката врата е затворенаили безбедносниот ремен на
возачот е врзан.
● Акумулаторот е доволно наполнет и е во добра
состојба.
● Моторот е загреан.
● Температурата на течноста за ладење на моторот не е
превисока.
● Температурата на издувните гасови од моторот не е
превисока, на пр. по возење со големо оптоварување на
моторот.
● Околната температура е повисока од -5 °C.
● Системот за контрола на климатизацијата дозволува
Autostop.
● Вакуумот на сопирачката е доволен.
● Возилото било возено барем со брзина на одење од
последното Autostop.
Инаку, Autostop е попречено.Одредени поставки на системот за контрола на климатизацијата може
да го попречат Autostop. Видете во
поглавјето „Контрола на
климатизацијата“ за повеќе детали 3 136.
Веднаш по возење по автопат,
Autostop може да биде попречено.
Разработување на новото возило
3 144.
Заштита на акумулаторот од
празнење
За да обезбедите сигурно палење
на моторот, вградени се неколку
функции за заштита од празнење
на акумулаторот како дел од
системот за сопирање-поаѓање.
Мерки за штедење енергија
За време на Autostop, неколку
електрични функции, на пр.
греењето на задното стакло, се
исклучени или префрлени во
режим за штедење енергија.
Брзината на вентилаторот на
системот за контрола на
климатизациајта се намалува за да
се заштеди енергија.Повторно палење на моторот
од страна на возачотВозила со рачен менувач:
Притиснете ја педалата на
куплунгот за повторно палење на
моторот.
Палењето на моторот е прикажано
од иглата на вртежометарот во
положба за лер.
Ако рачката на менувачот се
помести од лер пред претходно
притискање на куплунгот,
контролната сијаличка - свети
или е прикажана како симбол на
Информативниот центар за
возачот.
Контролна сијаличка - 3 95.Возила со автоматизиран рачен
менувач:
Отпуштете ја педалата на
сопирачката и извадете ја рачката на менувачот од D за да го
рестартирате моторот.
Палењето на моторот е прикажано
од иглата на вртежометарот во
положба за лер.