OPEL ADAM 2016 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2016, Model line: ADAM, Model: OPEL ADAM 2016Pages: 269, PDF Size: 7.28 MB
Page 161 of 269

Возење и ракување159TC исто така се активира повторно
следниот пат кога ќе се вклучи палењето.
Дефект
Ако има дефект на системот,
контролната сијаличка b постојано
свети и на Информативниот
центар за возачот се појавува
порака или шифра за
предупредување. Системот не
функционира.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Електронска контрола настабилноста
Електронската контрола на
стабилноста (ESC) ја подобрува
стабилноста при возењето кога е
потребно, без оглед на видот на
површината на патот или
прилепувањето на гумите.
Штом возилото почне да занесува
(недоволно вртење/нагло
свртување), излезната сила на
моторот се намалува и тркалата се
закочуваат посебно.ESC работи во комбинација со
систем за контрола на
пролизгувањето. Го спречува
шлајфувањето на погонските
тркала.
ESC функционира по секое палење на моторот штом ќе се изгасне
контролната сијаличка b.
Кога работи ESC, b трепка.
9 Предупредување
Не дозволувајте ова посебно
безбедносно својство да Ве
наведе да ризикувате за време
на возењето.
Приспособете ја брзината кон
условите на патот.
Контролна сијаличка b 3 97.
Деактивирање
Page 162 of 269

160Возење и ракувањеESC и TC можат да бидат
деактивирани:
● држете го притиснато b
најмалку пет секунди: ESC и TC
се деактивирани. Светнува t и
во Информативниот центар за
возачот се појавуваат пораки
за статусот.
● За да го деактивирате само Системот за контрола на
пролизгувањето, кратко
притиснете го b: TC е
неактивно, но ESC останува
активно. Порака за статус се
појавува во Информативниот
центар за возачот кога TC ќе се
деактивира.
Ако возилото стигне до прагот на
стабилност со деактивирано ESC,
системот автоматски ќе го
активира ESC повторно додека трае прагот кога педалата на
сопирачката ќе се притисне еднаш.
ESC повторно се активира со
повторно притискање на b. Ако
системот TC беше претходно
исклучен, и TC и ESC се
активирани повторно. Порака за
статус се појавува во
Информативниот центар за
возачот и t се исклучува кога TC
и ESC ќе се активираат повторно.
ESC исто така се активира
повторно следниот пат кога ќе се
вклучи палењето.
Дефект
Ако има дефект на системот,
контролната сијаличка b постојано
свети и на Информативниот
центар за возачот се појавува
порака или шифра за
предупредување. Системот не
функционира.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.Градски режим
Градскиот режим е функција што
овозможува поголема помош со
управувањето при помали брзини,
какви што се, на пр. во градскиот
сообраќај или при паркирање.
Помошта за управувањето е
поголема за поголема практичност.
Активирање
Притиснете B кога работи моторот.
Системот работи од мирување до
35 км/ч и во рикверц. Над оваа
брзина системот се враќа во
нормален режим. Кога ќе се
активира, градскиот режим се
вклучува автоматски под 35 км/ч.
Page 163 of 269

Возење и ракување161Запалено светло во копчето за
градски режим укажува дека
системот е активен.
Освен тоа, се појавува порака во
Информативниот центар за
возачот.
Градскиот режим останува активен
при Autostop, но функционира само
кога работи моторот.
Систем за сопирање-поаѓање
3 146.
Деактивирање
Притиснете B; светлото во копчето
се гаси и се појавува порака во
Информативниот центар за
возачот.
При секое стартување на моторот,
градскиот режим се деактивира.Дефект
Во случај на дефект на системот,
c се пали и се прикажува порака
во Информативниот центар за
возачот.
Пораки за возилото 3 107.
Калибрирање на системот Ако контролните сијалички c и b
светат заедно, потребно е
калибрирање на системот за серво
управување. Ова може да се случи, на пр., кога воланот ќе се сврти
еден круг, а палењето е исклучено.
Во тој случај, вклучете го палењето
и свртете го воланот еднаш од
забравување до забравување.
Ако контролните сијалички c и b
не се изгаснат по калибрирањето,
побарајте помош од сервисер.
Page 164 of 269

162Возење и ракувањеСистеми за помош навозачот9 Предупредување
Системите за помош на возачот
се конструирани да го
поддржуваат возачот, а не да го заменат вниманието на возачот.
Возачот има целосна
одговорност кога го вози
возилото.
Кога се користат системите за
помош за возачот, секогаш
внимавајте на моменталната
сообраќајна ситуација.
Контрола на патувањето
Контролата на патувањето може
да сними и одржува брзини од
околу 30 до 200 км/ч. Може да дојде
до отстапувања од снимените
брзини кога се вози по угорници
или удолнини.
Од безбедносни причини
контролата на патувањето не може да се активира се додека еднаш не
се искористи педалата за
сопирање. Активирањето во прва
брзина не е возможно.
Не ја користите контролата на
патувањето ако не е препорачливо да се одржи постајана брзина.
Возила со автоматизиран рачен
менувач:
Контролата на патувањето
активирајте ја само во автоматски
режим.
Контролна сијаличка m 3 99.
Вклучување
Притиснете m; контролната
сијаличка m во групата
инструменти свети бело.
Активирање Забрзете се до саканата брзина и
свртете го малото тркалце на
SET/- , актуелната брзина се
зачувува и одржува. Контролната
сијаличка m во групата
инструменти свети зелено.
Педалот за гас може да се отпушти.
Брзината на возилото може да се
зголеми со нагазување на
педалата за гас. Кога ќе се отпушти педалот за гас, се продолжува со
претходно зачуваната брзина.
Контролата на патувањето
останува активирана при промена
на брзината.
Зголемување на брзината При активна контрола на
патувањето, држете го малото
тркалце свртено на RES/+ или
вртете го накратко на RES/+ повеќе
Page 165 of 269

Возење и ракување163пати: брзината се зголемува
продолжително или во мали
чекори.
Како алтернатива забрзете се до
саканата брзина и снимете ја со
вртење на SET/-.
Намалување на брзината
При активна контрола на
патувањето, држете го малото
тркалце свртено на SET/- или
вртете го накратко на SET/- повеќе
пати:брзината се намалува
продолжително или во мали
чекори.
Деактивирање
Притиснете y; контролната
сијаличка m во групата
инструменти свети бело.
Контролата на патувањето се
деактивира. Последната зачувана
брзина останува во меморијата за
да може повторно да се активира
подоцна.
Автоматско деактивирање: ● Брзината на возилото е под околу 30 км/ч.
● брзината на возилото е над околу 200 км/ч.
● Педалата на сопирачките е притисната.
● Педалата на куплунгот е притисната неколку секунди.
● Брзината на моторот е многу мала.
● Работи системот за контрола на пролизгувањето или
електронската контрола за стабилност.Продолжување со снимената
брзина
Свртете го малото тркалце на
RES/+ при брзини над 30 км/ч.
Снимената брзина ќе се постигне.
Исклучување
Притиснете m; контролната
сијаличка m во групата
инструменти се гаси. Зачуваната
брзина се брише.
Со исклучување на палењето се
исклучува и контролата на
патувањето и се брише зачуваната брзина.
Ограничувач на брзината Ограничувачот на брзината го
спречува возилото да надмине
претходно поставена максимална
брзина.
Максималната брзина може да се
постави при брзини над 25 км/ч.
Page 166 of 269

164Возење и ракувањеВозачот може да забрза само до
претходно поставената брзина.
Може да дојде до отстапувања од ограничената брзина само при
возење надолу.
Претходно поставеното
ограничување за брзината се
прикажува на Информативниот
центар за возачот кога е активен
системот.
Активирање
Притиснете L. Ако претходно се
активирани контролата на
патувањето, се исклучуваат кога ќе
се активира ограничувачот на
брзината и контролната сијаличка m се гаси.
Поставување на ограничување
на брзината
Со активен ограничувач на
брзината, држете го тркалцето
свртено на RES/+ или кратко
вртете го на RES/+ неколкупати
додека не се прикаже саканата
максимална брзина на
Информативниот центар за
возачот.
Или, забрзајте до саканата брзина и свртете го тркалцето накратко на SET/- , моменталната брзина се
зачувува како максимална брзина.
Ограничувањето на брзината се
прикажува во Информативниот
центар за возачот.
Менување на ограничувањето
на брзината
Со активен ограничувач за
брзината, свртете го тркалцето на
RES/+ за да ја зголемите или на
SET/- за да ја намалите саканата
максимална брзина.
Надминување на
ограничувањето на брзината
Во случај на итна потреба,
возможно е да се пречекори
ограничувањето на брзината со
цврсто притиснување на педалата
за гас преку отпорната точка.
Page 167 of 269

Возење и ракување165Ограничувањето за брзината ќе
трепне на Информативниот центар
за возачот и се огласува мелодија
за ова време.
Отпуштете го педалот за гас и
функцијата за ограничување на
брзината одново се активира штом се постигне брзина помала од
ограничувањето.
Деактивирање
Притиснете y: ограничувачот на
брзината се деактивира и возилото може да се вози без ограничување
на брзината.
Ограничената брзина се
меморира.
Дополнително, на екранот на
високо ниво се појавува соодветна
порака.
Продолжување на
ограничената брзина
Свртете го тркалцето на RES/+. Ќе
се постигне зачуваното
ограничување на брзината.Исклучување
Притиснете L, показателот за
ограничувањето на брзината во
Информативниот центар за
возачот се гаси. Зачуваната
брзина се брише.
Со притискање m за да се активира
контролата на патувањето или со исклучување на палењето, се
деактивира и ограничувачот на
брзината и зачуваната брзина се
брише.
Помош за паркирање
Задна помош за паркирање9 Предупредување
Возачот носи целосна
одговорност за маневрот за
паркирање.
Секогаш проверувајте наоколу кога одите наназад и користетего системот за задна помош за
паркирање.
Задната помош за паркирање го
олеснува паркирањето со мерење
на растојанието помеѓу возилото и
пречките назад. Го известува и
предупредува возачот давајќи
акустични и визуелни сигнали.
Системот има четири
ултрасонични сензори за
паркирање во задниот браник.
Активирање
Кога се става во рикверц, системот
е подготвен за работа автоматски.
Запалена сијаличка во копчето на
помош за паркирање r означува
дека системот е подготвен да
работи.
Page 168 of 269

166Возење и ракувањеПоказател
Системот го предупредува возачот
со акустични сигнали за
потенцијално опасни пречки зад
возилото во опсег на оддалеченост
до 1,5 метри. Периодот помеѓу
звуците се скусува додека
возилото наближува до пречката.
Кога е оддалеченоста помала од
околу 30 см, звукот е постојан.
Освен тоа, оддалеченоста до
пречките се прикажува на
Информативниот центар за
возачот 3 99 или, зависно од
верзијата, на Инфо-екранот во боја
3 105.Деактивирање
Системот се исклучува автоматски
кога ќе се извади од рикверц.
Можно е и рачно деактивирање со
притискање на копчето за помош за
паркирање r.
Во двата случаи, светлото во
копчето се гаси.
Дефект
Во случај на дефект или ако
системот не работи привремено,
на пр. поради голема бучава
надвор или други фактори што
пречат, светлото во копчето трепка три секунди, а потоа се гаси.
Контролната сијаличка r се пали
во групата инструменти 3 97 се
појавува порака во
Информативниот центар за
возачот.
Предно-задна помош за
паркирање9 Предупредување
Возачот носи целосна
одговорност за маневрот за
паркирање.
Секогаш проверувајте наоколу кога одите наназад или напред
и го користите системот за
помош за паркирање.
Предно-задната помош за
паркирање ја мери оддалеченоста
меѓу возилото и пречките пред и
зад возилото. Системот дава
акустични сигнали и прикажува
пораки.
Page 169 of 269

Возење и ракување167
Системот има по шест ултразвучни
сензори за паркирање во предниот и задниот браник.
Користи два различни акустични
предупредувачки сигнали за
предната и задната област за
следење, секоја со различна
фреквенција на тонот.
Предно-задната помош за
паркирање секогаш се комбинира
со напредната помош за
паркирање, видете во делот
„Напредна помош за
паркирање“ подолу.
Копче за помош за паркирање и
логика за ракување
Предно-задната помош за
паркирање и напредната помош за паркирање го користат истото
копче за активирање и
деактивирање:
Кусо притискање на D ја активира
или деактивира помошта за
паркирање.
Долго притискање на D (околу
една секунда) ја активира или
деактивира напредната помош за
паркирање, видете во посебниот опис.
Логиката на копчето ракува со
системите со притискање на
следниот начин:
● Ако е активна само предно- задната помош за паркирање,
кусо притискање ја деактивира
предно-задната помош за
паркирање.
● Ако е активна само предно- задната помош за паркирање,
долго притискање ја активира
напредната помош за
паркирање.
● Ако е активна само напредната
помош за паркирање, кусо
притискање ја активира
предно-задната помош за
паркирање.
● Ако е активна само напредната
помош за паркирање, долго
притискање ја деактивира
напредната помош за
паркирање.
Page 170 of 269

168Возење и ракување● Ако е избрана брзина занапред или лер, кусо
притискање ја активира или
деактивира само предната помош за паркирање.
● Ако е избрана брзина за назад,
кусо притискање ја активира
или деактивира предната и
задната помош за паркирање.
Ракување
Кога е во брзина за назад,
предната и задната помош за
паркирање е подготвена за работа.
Запалена сијаличка во копчето на
помош за паркирање D означува
дека системот е подготвен да
работи.
Предната помош за паркирање
може да се активира и при брзина
до 11 км/ч со кусо притискање на
копчето за помош за паркирање.
Ако D се вклучи еднаш во еден
циклус на палењето, предната
помош за паркирање се
деактивира при брзина над
11 км/ч. Повторно ќе се активира
ако брзината на возилото не
надминала 25 км/ч претходно. Акобрзината на возилото надминала
25 км/ч претходно, предната
помош за паркирање останува
деактивирана кога брзината ќе се
намали под 11 км/ч.
Кога ќе се деактивира системот,
светлото во копчето се гаси и во
Информативниот центар за
возачот се појавува Park Assist Off
(Помошта при паркирање е
исклучена) .
Системот се деактивира
автоматски кога брзината на
возилото ќе надмине 25 км/ч.
Показател
Системот го предупредува возачот
со звучни сигнали за потенцијално
опасни пречки зад возилото во
опсег на оддалеченост до
1,5 метри. и пред него до
1,2 метри. Зависно која страна на
возилото е поблиску до пречка, од
таа страна ќе слушате
предупредувачки звучни сигнали
во возилото. Периодот помеѓу
звуците се скусува додека
возилото наближува до пречката. Кога е оддалеченоста помала од
околу 30 см, звукот е постојан.Освен тоа, оддалеченоста до
пречките се прикажува на
Информативниот центар за
возачот 3 99 или, зависно од
верзијата, на Инфо-екранот во боја 3 105.
Оддалеченоста до предна и задна
пречка се прикажува со менување
на линиите на оддалеченост во
Информативниот центар за
возачот.
Показателот за оддалеченост
може да се потисне со пораки за
возилото од повисок приоритет.
Откако ќе се одобри пораката со