OPEL ADAM 2018.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2018.5, Model line: ADAM, Model: OPEL ADAM 2018.5Pages: 277, PDF Size: 7.46 MB
Page 221 of 277

Нега на возилото219
Кај верзиите со кутија за звучник,
комплетот за поправање гуми се
наоѓа во кутијата под капакот на
подот во товарниот простор. За да
го користите комплетот за
поправање гуми, првин извадете го капакот на подот: преклопете го
задниот дел напред и извлечете го капакот кон назад 3 72.1. Земете го комплетот за
поправање гуми од преградата.
2. Извадете го компресорот.
3. Извадете го кабелот за поврзување со струја и цревото
за воздух од преградите за
складирање на долната страна
на компресорот.
4. Зашрафете го цревото за воздух од компресорот наприклучокот на шишето со
заптивната смеса.
5. Наместете го шишето со заптивната смеса во држачот
на компресорот.
Поставете го компресорот
близу до гумата така што
шишето со заптивна смеса ќе
биде исправено.
Page 222 of 277

220Нега на возилото
6. Отштрафете ги капаците навентилите од дефектната гума.
7. Зашрафете го цревото за полнење на вентилот на гумата.
8. Прекинувачот на компресорот мора да биде поставен на J.
9. Приклучете го приклучникот на компресорот во штекерот за
струја или во приклучокот на
запалката.
За да се избегне
испразнувањето на
акумулаторот, Ви
препорачуваме да го оставете
моторот да работи.10. Поставете го преклопникот на компресорот на I. Гумата се
полни со заптивната смеса.
11. Мерачот за притисок на компресорот накратко се
покачува до 6 бари додека
шишето за заптивната смеса се празни (околу 30 секунди).
Потоа притисокот почнува да
опаѓа.
12. Целата заптивна смеса се пумпа во гумата. Потоа гумата
се надува.
13. Пропишаниот притисок за гумата би требало да се
достигне во рок од 10 минути.
Притисок во гумите 3 255.
Кога ќе се постигне правилниот
притисок, исклучете го
компресорот.
Ако пропишаниот притисок за
гумите не се достигне во рок од
10 минути, извадете го
комплетот за поправање гуми. Помрднете го возилото за едно
вртење на гумата. Повторно
закачете го комплетот за
поправање гуми и продолжете
со постапката за полнење за
10 минути. Ако пропишаниот
притисок за гумите се уште не е достигнат, гумата е премногу
Page 223 of 277

Нега на возилото221оштетена. Побарајте помош од
автомеханичар.
Исцедете го вишок притисокот од гумата со копчето над
индикаторот за притисок.
Не работете со компресорот
подолго од 10 минути.
14. Откачете го комплетот за поправање гуми. Притиснете ја
спојката на рамката за да го
извадите шишето со заптивна
смеса од рамката. Зашрафете
го цревото за пумпање на гуми
на слободниот приклучок на
шишето со заптивната смеса.
Тоа ја спречува заптивната
смеса да истече. Чувајте го
приборот за поправка на гумите во багажниот простор.
15. Извадете ја излишната заптивна смеса користејќи
ткаенина.
16. Земете ја налепницата која ја покажува најголемата
дозволена брзина од шишето
со заптивната смеса, и закачете ја во видното поле на возачот.17. Продолжете со возењето веднаш за да се распространи
средството рамномерно во
гумата. По возење околу 10 км
(но не повеќе од 10 минути),
застанете и проверете го
притисокот во гумата.
Притегнете го цревото на
воздухот директно врз вентилот
на гумата и за тоа време нека
работи компресорот.
Ако притисокот во гумата е
поголем од 1,3 бари, наполнете
ја до правилната вредност.
Повторете ја оваа поставка
додека веќе нема губење на
притисокот.
Ако притисокот во гумата паднал под 1,3 бари, возилото
не смее да се користи.
Побарајте помош од
автомеханичар.
18. Чувајте го приборот за поправка на гумите во
багажниот простор.
Повторно наместете ја
патосницата.
Капак на задната преграда за
складирање под подот 3 72.
Забелешка
Возните карактеристики на
поправената гума значително се
сменети, затоа нека Ви ја заменат таа гума.
Ако се слушне необичен шум или
компресорот се загрее, исклучете
го компресорот најмалку
30 минути.
Вградениот сигурносен вентил се
отвора при притисок од 7 бари.
Проверете го рокот на траење на
комплетот. По тој датум
способноста за затнување веќе не
Page 224 of 277

222Нега на возилотосе гарантира. Внимавајте на
информациите за чување на
шишето со заптивна смеса.
Заменете го користеното шише со заптивната смеса. Отфрлете го
шишето како што е пропишано од
соодветните закони.
Компресорот и заптивната смеса
може да се користат од околу
-30 °C.
Испорачаните адаптери може да
се користат за пумпање други
работи, на пр. фудбалски топки,
душеци, базени за надувување и
сл. Тие се наоѓаат од долната
страна на компресорот. За да се
извади, притегнете го цревото за
воздух на компресорот и
извлечете го адаптерот.
Менување тркала
Сторете ги следниве подготовки и
запазете ги следните информации:
● Паркирајте го возилото на рамна, цврста и нелизгава
површина. Предните тркала
треба да бидат наместени
право.● Кренете ја рачната сопирачка и
ставете во прва брзина или во
рикверц.
● Не менувајте повеќе од едно тркало одеднаш.
● Дигалката користете ја само за
менување на тркала во случај
на продупчување, а не за
сезонски зимски или летни
менувања на гумите.
● Дигалката не бара одржување.
● Ако тлото на коешто стои возилото е меко, треба да се
стави тврда штица (дебела
најмногу 1 см) под дигалката.
● Извадете ги тешките предмети
од возилото пред да го
кревате.
● Во возилото не смее да има луѓе или животни кога се дига.
● Не пикајте се под возило што е
кренато со дигалка.
● Не го палете возилото кога е кренато со дигалката.
● Пред да ги зашрафите завртките на тркалото,
исчистете ги и малкунамачкајте го стеснетиот крај
од секоја завртка со мазиво
достапно во трговијата.9 Предупредување
Не подмачкувајте го навојот на
завртката на тркалото.
1. Челични тркала:
Извлечете ја раткапната.
Легирани тркала со капачиња
на завртките
Откачете ги капачињата на
завртките за тркало со
шрафцигер и извадете ги. За да
се заштити тркалото, ставете
мека ткаенина помеѓу шрафцигерот и лесната
бандажа.
Легирани тркала со централно
капаче
Page 225 of 277

Нега на возилото223
Ставете го екстракторот во
отворот на централното капаче
и извадете го капачето од
тркалото.
Прирачен алат 3 208.
2. Ставете го клучот за тркалата
уверувајќи се дека е наместен
безбедно и олабавете ја секоја
завртка на тркалото за
половина вртење.
Тркалата може да се заштитени
со завртки за заклучување на
тркалата. За да ги разлабавите
овие специфични завртки, прво
ставете го адаптерот за
заклучување на завртките од
тркалото на главата на
завртката пред да го наместите
клучот за тркалата. Адаптерот
се наоѓа во касетата.
3. Уверете се дека дигалката е правилно наместена под
соодветната точка на возилото
за дигање.
Некои верзии имаат панелни
ленти со покриени точки за
кревање на возилото: прво
извлечете го капакот на
соодветната точка за кревање
пред да ја поставите дигалката.
Page 226 of 277

224Нега на возилото
4. Поставете ја дигалката напотребната височина.
Наместете ја непосредно под
точката за дигање, на тој начин што ќе се спречува лизгањето.
Закачете ја рачката на
дигалката и при правилно
порамнета дигалка, завртете ја
рачката додека тркалото не е
ослободено од земјата.
5. Отшрафете ги завртките на тркалото.
6. Сменете го тркалото.
7. Зашрафете ги завртките на тркалото.
8. Спуштете го возилото.
9. Ставете го клучот за тркалата, уверете се дека е наместен
безбедно, па стегнете ја секоја
завртка по наизменичен
(вкрстен) редослед. Затезниот
момент е 110 Nm.
10. Порамнете го отворот на вентилот во раткапната на
челичното тркало со вентилот
на гумата пред да ја монтирате.
Наместете ги капачињата на
завртките или централното
капаче на легираното тркало.11. Складирајте ги и прицврстете ги
заменетото тркало, прирачниот
алат 3 208 и адаптерот за
заклучување на завртките на
тркалото 3 57.
12. Проверете го притисокот на монтираната гума и
затегнатоста на навртките на
тркалото колку е можно
поскоро.
Нека Ви ја заменат или поправат
неисправната гума колку е можно
поскоро.
Положба за кревање за
платформа
Page 227 of 277

Нега на возилото225Положба за задната рачка на
платформата за дигање, се наоѓа
централно под вдлабнатината на
прагот.
Положба за предниот крак на
платформата за кревање на
подвозјето.
Резервно тркало
Резервното тркало може да се
класифицира како привремено
резервно тркало зависно од
големината, во споредба со
другите монтирани тркала и
правилата во државата. Во овој
случај важи дозволена максимална
брзина, иако на резервното тркало
нема етикета за тоа.
Резервното тркало има челична
рамка.Внимание
Употребата на резервно тркало
кое е помало од другите тркала
или во комбинација со зимски
гуми може да повлијае врз
возната состојба. Заменете ја
неисправната гума колку е
можно поскоро.
Резервното тркало се наоѓа во
држач под подот на возилото.
1. Отворете го капакот на товарниот простор 3 72.
Извадете ја складишната кутија
доколку ја има 3 70.
2. Извадете го клучот за тркалата од кутијата со алати.
3. Наместете го клучот за тркала на шестоаголната глава близу
до кутијата со алати и вртете го
налево додека не
почувствувате отпор.
Page 228 of 277

226Нега на возилото4. Поткренете го малку држачотна резервото тркало со рака и
откачете го резето.
5. Спуштете го држачот на резервното тркало.
6. Поткренете го малку држачотна резервото тркало со рака и
откачете го безбедносниот
кабел.
7. Спиштет ја дршката докрај и заменете го резервното тркало.
8. Сменете го тркалото 3 222.
Оштетеното тркало мора да се
прицврсти во товарниот
простор, видете подолу.
9. Подигнете го празниот држач на резервното тркало и
вметнете го безбедносниот
кабел.
10. Кренете го држачот на резервното тркало понатаму и
заглавете во резето.
Отворената страна на
патентбравата треба да биде
свртена кон напред.
11. Затворете го празниот држач за
резервното тркало вртејќи ја
шестоаголната завртка
постепено со клучот за
тркалата.
12. Одложете ги клучот за тркалата
и дигалката во кутијата за алати
во подот на возилото.
13. Затворете го капакот на товарниот простор.
Складирање на оштетено
тркало во товарниот простор
Држачот на резервното тркало не е
конструиран за други големини на
гуми освен за резервното тркало.
Оштетено тркало пошироко од
резервното мора да се складира во товарниот простор и да се
прицврсти со каиш.
Прирачен алат 3 208.Тркала со големина на гумата до
195/55 R 16 1. Извадете го капакот на товарниот простор и кренете го
подот на товарниот простор.
Page 229 of 277

Нега на возилото227Одложете ги двете зад
подигнатите потпирачи за грб
на задните седишта.
2. Одвртете ја пеперужната навртка и извадете ја кутијата
со алати.
3. Поставете го оштетеното тркало исправено во просторот
за алати, свртено нанапред.
4. Извадете го ременот 1 од
кутијата со алати и ставете ја
јамката на ременот низ десната
алка за врзување.
5. Протнете го крајот на каишот со
куката преку јамката и
повлекувајте го додека каишот не се прицврсти стабилно до
алката за врзување.6. Вметнете го каишот преку спиците на тркалото како што е
покажано на илустрацијата.
7. Монтирајте ја куката на левата алка за врзување.
8. Затегнете го каишот и прицврстете го користејќи ја
патент-бравата.
Page 230 of 277

228Нега на возилото
9. Ставете ја кутијата за алати одвнатрешната страна на
тркалото и прицврстете ја со
ременот 2 вметнат низ два
краци на тркалото.
Тркала со гума поголема од
195/55 R 16 1. Склопете ги потпирачите за грб
на задните седишта 3 69.
2. Извадете го ременот 1 од
кутијата со алати.
3. Поставете го оштетеното тркало со надворешната страна
кон долу во товарниот простор.
4. Земете го ременот 1 и ставете
ја јамката на ременот низ
десната алка за врзување.
5. Протнете го крајот на каишот со
куката преку јамката и
повлекувајте го додека каишот
не се прицврсти стабилно до
алката за врзување.
6. Вметнете го каишот преку спиците на тркалото како што е
покажано на илустрацијата.
7. Монтирајте ја куката на левата алка за врзување.
8. Затегнете го каишот и прицврстете го користејќи ја
патент-бравата.