OPEL ADAM 2019 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2019, Model line: ADAM, Model: OPEL ADAM 2019Pages: 253, PDF Size: 6.59 MB
Page 61 of 253

Складирање59● Сместете го куферот сокомплетот за поправање гуми
во комора на складишната
кутија.
● Затворете го и заклучете го капакот.
Капак на товарниот простор
Не ставајте предмети врз капакот.
Отворање
Кренете го капакот од задниот крај. Се заглавува во речиси исправена
положба. Можно е понатамошно
отворање. За да затворите,
спуштете го капакот понатаму од
точката на заглавување.
Вадење
Турнете го капакот нагоре одлево и
оддесно од долната страна и
извадете го.
Монтирање Заглавате го капакот притискајќи го во водилките од двете страни.
Капак на задната
преграда за складирањепод подот
Заден капак на подот
Подигнете ја задната патосница за да пристапите до опремата за
итност во случај на дефект.
Алатки 3 189.
Капак на субвуферот
Кренете го задниот дел на капакот на подот за да дојдете до
предупредувачкиот триаголник.
Page 62 of 253

60СкладирањеКога го затворате капакот на подот,внимавајте да е прицврстен со
прицврстувачот велкро.
Вадење
Отстранете ја задната патосница
за да пристапите до опремата за
итност во случај на дефект и за замена на сијалиците на задните
светла:
● Кренете го и склопете го задниот дел кон напред.
● Повлечете го капакот кон назад, ќе се поткрене малку одводилката.
● Откачете го капакот од товарниот простор.
За да дојдете до десниот капак во
товарниот простор, на пр., за
замена на ламба, склопете го
задниот десен потпирач за грбот и
извлечете ја кутијата со алати што
е покрај субвуферот.
Замена на сијалиците 3 178.
Монтирање
● Ставете ја кутијата со алати ако е извадена.
● Наместете го капакот на подот во товарниот простор.
● Поместете го капакот на подотполека нанапред внимавајќинаведувачките навртки да
лизнат во приклучоците на товарниот простор и оставете
го капакот на подот да се
спушти во својата положба.
Page 63 of 253

Складирање61● Затворете го капакот на подотпреклопувајќи го торниот дел
наназад и прицврстете го со
прицврстувачот велкро.
● Кренете ги задните потпирачи за грб.
Општ практичен совет9 Предупредување
Поради безбедносни причини,
одлагајте ги сите делови во
товарниот простор на нивното
место, секогаш возете со
затворен заден капак на подот и, ако е можно, со исправени
задни потпирачи за грб.
Инаку, патниците може да се
повредат од исфрлени
предмети во случај на
ненадејно сопирање, промена
на правецот или незгода.
Алки за врзување
Алките за врзување се предвидени за обезбедување на предметите
против лизгање, на пр. користење
на каишеви за врзување или мрежа за багаж.
Предупредувачки
триаголник
Предупредувачкиот триаголник е
складиран со еластичните каиши
во товарниот простор под задната врата.
Доколку возилото е опремено со
складишна кутија во товарниот
простор, извадете ја складишната
кутија за да дојдете до
предупредувачкиот триаголник
3 58.
Верзија со кутија за субвуфер
Page 64 of 253

62Складирање
Кренете го задниот дел на капакот
на подот. Повлечете ја рачката за
да го извадите предупредувачкиот
триаголник.
Капак на задната преграда за
складирање под подот 3 59.
Прибор за прва помош
Ставете го приборот за прва
помош во преградата на
страничниот панел кај задните
седишта.
Систем на багажници
за на покрив
Багажник за на покрив Поради безбедносни причини и да
се избегне оштетувањето на
пчокривот се препорачуваат
системи на багажници одобрени за возилото. За повеќе информации,
контактирајте со автомеханичар.
Следете ги упатствата за
монтирање и кога не е во употреба извадете го багажникот за на
покрив.
Монтирање на багажник за на
покрив
Отворете го капакот од секоја точка
за монтирање со користење
монета.
Page 65 of 253

Складирање63Информации за
товарење
● Тешките предмети во товарниот простор треба да се
наместат до потпирачите за
грб. Уверете се дека
потпирачите за грб се
безбедно заглавени. Ако
предметите можат да се стават еден врз друг, потешките
предмети треба да се стават
долу.
● Спречете лизгање на предмети така што ќе ги врзете
со каиши прицврстени за
алките за врзување 3 61.
● Користете ја куката кај десниот
страничен ѕид на товарниот
простор за закачување кеси.
Максимална оптовареност:
5 кг.
● Кога се превозуваат предмети во товарниот простор,
потпирачите за грб од задниот
ред на седиштата не смеат да
бидат навалени напред.
● Не дозволувајте товарот да штрчи над горниот раб на
потпирачите за грб.
● Не ставајте предмети врз капакот на товарниот простор
или врз таблата со
инструменти, и не го
покривајте сензорот на врвот
од таблата со инструменти.
● Товарот не смее да пречи при ракување со педалите,
сопирачката за паркирање и рачката на менувачот, ниту да
го попречува слободното
Page 66 of 253

64Складирањедвижење на возачот. Не
ставајте неприцврстени
предмети во внатрешноста.
● Не возете со отворен товарен простор.9Предупредување
Секогаш проверувајте дали
товарот во возилото е безбедно складиран. Инаку предметите
може да се расфрлат по
возилото и да предизвикаат
телесни повреди или
оштетувања на товарот или
возилото.
● Дозволената оптовареност е разликата помеѓу дозволената
бруто тежина на возилото
(видете на идентификациската табличка 3 224) и
максималната тежина според
ЕС.
За да ја пресметате
дозволената оптовареност,
внесете ги податоците за
вашето возило во табелата за
тежини на почетокот на
прирачникот.
Максималната тежина според
ЕЗ ги вклучува тежините на
возачот (68 кг), багажот (7 кг) и
сите течности (со 90% полн
резервоар за гориво).
Опционалните опреми и
апарати ја зголемуваат својата тежина.
● Возењето со товар на покривот
ја зголемува чувствителноста на возилото на странични
ветрови и има неповолно
влијание врз управувањето на
возилото поради
повишувањето на тежиштето
на возилото. Распределете го
товарот рамномерно и
прицврстете го правилно со
каишеви за држење. Дотерајте
ги притисокот во гумите и
брзината на возилото според
условите на оптовареноста. Често проверувајте ги и
повторно затегнувајте ги
каишевите.
Не возете побрзо од 120 км/ч.
Дозволената оптовареност на
покривот е 50 кг.
Оптовареноста на покривот екомбинираната тежина на
багажникот за на покрив и на
товарот.
Page 67 of 253

Инструменти и контроли65Инструменти и
контролиКонтроли ..................................... 66
Местење на воланот ...............66
Контроли на воланот ...............66
Волан со греење ......................66
Сирена ...................................... 67
Бришач и перач на шофершајбната ......................67
Бришач и перач на задните прозорци .................................. 69
Надворешна температура ......69
Часовник ................................... 70
Штекери за напојување ...........72
Запалка ..................................... 72
Пепелници ................................ 73
Предупредувачки светла,
мерачи и индикатори .................73
Група инструменти ..................73
Брзиномер ................................ 73
Километража ............................ 73
Дневна километража ...............73
Вртежомер ................................ 74
Мерач за гориво ....................... 74
Селектор на гориво .................74Мерач за температурата на
течноста за ладење на
моторот .................................... 76
Екран за сервисирање ............76
Контролни сијалички ...............78
Трепкачи ................................... 80
Потсетник за безбедносниот ремен ....................................... 81
Воздушно перниче и затегнувачи на ремените .......81
Деактивирање на воздушното перниче ................................... 82
Систем за полнење .................82
Индикаторско свтело за дефект ..................................... 82
Наскоро сервисирајте го возилото .................................. 82
Течност за системите на сопирачките и куплунгот ........82
Ракување со педалата ............83
Систем за деблокирање на сопирачките (ABS) ..................83
Менување брзини ....................83
Серво управување ...................83
Помош за паркирање ..............84
Електронската контрола на стабилноста е исклучена .......84
Електронска контрола на стабилноста и Систем за
контрола на превртувањето ..84Филтер за издувни гасови .......84
Систем за контрола на притисокот во гумите .............85
Притисок на моторното масло ....................................... 85
Ниско ниво на гориво ..............85
Имобилизатор .......................... 86
Надворешно светло ................. 86
Долго светло ............................ 86
Заден фар за магла .................86
Контрола на патувањето .........86
Отворена врата ........................ 86
Екрани ......................................... 86
Информативен центар за возачот .................................... 86
Инфо екран .............................. 92
Пораки за возилото ....................94
Предупредувачки мелодии .....97
Напон во батериите ................. 97
Приспособување на возилото
кон индивидуалните потреби ....98
Услуга за телематика ..............103
OnStar ..................................... 103
Page 68 of 253

66Инструменти и контролиКонтроли
Местење на воланот
Отклучете ја рачката, наместете го
воланот, па заглавете ја рачката и
уверете се дека истата е целосно
закочена.
Само тогаш местете го воланот ако
возилото е во мирување и бравата на воланот била ослободена.
Контроли на воланот
Со контролата на патувањето и
ограничувачот на брзината се
управува преку контролите на
левата страна од воланот.
Со Инфозабавниот систем може да
се управува преку контролите на
десната страна од воланот.
Системи за помош на возачот
3 144.
Повеќе информации се достапни
во прирачникот за Инфозабавниот
систем.
Волан со греење
Активирајте го греењето со
притискање на *. Активирањето се
означува со сијаличката во
копчето.
Page 69 of 253

Инструменти и контроли67
Означените предели за
зграпчување на воланот се
загреваат побрзо и до повисока
температура отколку другите
предели.
Греењето функционира кога
работи моторот и за време на
Autostop.
Систем за сопирање-поаѓање
3 132.
Сирена
Притиснете го j.
Бришач и перач на
шофершајбната
Бришач на шофершајбнатаHI:брзоLO:бавноINT:периодично бришење
или
автоматско бришење со
сензор за дождOFF:исклучено
За единечно бришење кога
бришачот на шофершајбната е
исклучен (off), притиснете ја
рачката надолу до положбата 1х.
Page 70 of 253

68Инструменти и контролиНе го употребувајте ако
шофершајбната е замрзната.
Исклучете ги во перални за
автомобили.
Приспособлив период на
бришењето
Рачката за бришачот е во
положбата INT.
Свртете го тркалцето за местење
за да ја наместите зачестеноста на бришењето.
Приспособлива чувствителност на
сензорот за дожд
Рачката за бришачот е во
положбата INT.
Свртете го тркалцето за местење
за да ја наместите чувствителноста
за сензорот за дожд.
Сензорот за дожд ја мери
количината на водата на
шофершајбната и автоматски ја
регулира зачестеноста и брзината
на бришењето.
Ако нема бришење 20 секунди,
бришачот се движи малку подолу
до паркирната положба.
Чувајте го сензорот да биде чист од прашина, нечистотија и мраз.
Миење на шофершајбната