OPEL ADAM 2019 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2019, Model line: ADAM, Model: OPEL ADAM 2019Pages: 253, PDF Size: 6.59 MB
Page 71 of 253

Инструменти и контроли69Повлечете ја рачката. Течноста за
миење се прска врз
шофершајбната и бришачот брише
неколку пати.
Течност за миење 3 171
Бришач и перач на задните прозорци
Бришач на задното стакло
Притиснете го преклопникот за да
се активира бришачот на задното
стакло:
ON:непрекинато работењеOFF:исклученоINT:прекинато работењеНе употребувајте го ако задното
стакло е замрзнато.
Исклучете ги во перални за
автомобили.
Бришачот на задното стакло се
вклучува автоматски кога е вклучен бришачот на шофершајбната и
менувачот е ставен во рикверц.
Активирањето или
деактивирањето на оваа функција
може да се промени во изборникот
Settings (Поставки) на Инфо-
екранот.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 98.
Миење на задното стаклоПритиснете ја рачката. Течноста за
миење се прска врз задното стакло и бришачот брише неколку пати.
Течност за миење 3 171
Надворешна температура Падот во температурата се
прикажува веднаш, а
покачувањето на истата со
временско доцнење.
Температурите под 3 °C се
прикажуваат со светкање.
Илустрацијата прикажува
Сликовен инфо-екран.
Page 72 of 253

70Инструменти и контроли
Илустрацијата прикажува
Информативен екран во боја.
Екран од високо ниво
Ако надворешната температура
падне до 3 °C, во Информативниот
центар за возачот се прикажува
предупредувачка порака.9 Предупредување
Површината на патот може да
биде веќе подмрзната иако
екранот означува неколку
степени над 0 °C.
Часовник
Сликовен инфо-екран
Притиснете CONFIG за да се
отвори изборникот Settings
(Поставки) .
Листајте низ листата и изберете ја
ставката Time Date (Време Датум)
за да се прикаже соодветниот подизборник.
Забелешка
Детален опис на ракувањето со
изборникот побарајте во
прирачникот за инфозабавата.
Set time (Постави време)
Притиснете го копчето
MENU-TUNE за да влезете во
подизборникот Set time (Постави
време) .
Свртете го копчето MENU-TUNE за
да ја смените моменталната
вредност на првата поставка.
Притиснете го копчето
MENU-TUNE за да ја потврдите
наместената вредност.
Потоа покажувачот се префрлува
на следната вредност. Ако се
постават сите вредности,
автоматски се враќате на следното
повисоко ниво на изборникот.
Page 73 of 253

Инструменти и контроли71Set date (Постави датум)
Притиснете го копчето
MENU-TUNE за да влезете во
подизборникот Set date (Постави
датум) .
Свртете го копчето MENU-TUNE за
да ја смените моменталната вредност на првата поставка.
Притиснете го копчето
MENU-TUNE за да ја потврдите
наместената вредност.
Потоа покажувачот се префрлува
на следната вредност. Ако се
постават сите вредности,
автоматски се враќате на следното
повисоко ниво на изборникот.
Set time format (Постави формат на времето)
За да се префрлувате меѓу
достапните опции, притискајте го
копчето MENU-TUNE повеќе пати.
Set date format (Постави формат на
датумот)
За да се префрлувате меѓу достапните опции, притискајте го
копчето MENU-TUNE повеќе пати.
RDS clock synchronization
( Синхронизација на часовник RDS)
Сигналот RDS од најмногу VHF
предаватели автоматски го мести
времето. Синхронизацијата на
RDS времето може да потрае
неколку минути. Некои
предаватели не испраќаат точeн
временски сигнал. Во таков случај
се препорачува да се исклучи
автоматската синхронизација на
времето.
За да се префрлувате меѓу опциите On (Вкл.) и Off (Искл.) ,
притискајте го копчето
MENU-TUNE повеќе пати.
Информативен екран во боја
Притиснете ;, па изберете го
екранот Settings (Поставки) .
Изберете Time and Date (Време и
датум) за да се прикаже односниот
подизборник.
Set Time Format (Поставете
формат на времето)
За да изберете формат на
времето, притиснете го екранското копче 12 ч или 24 ч.
Set Date Format (Поставете
формат на датумот)
Да го изберете саканиот формат на
датум, изберете Set Date Format
(Поставете формат на датумот) и
изберете некоја од достапните
опции во подизборникот.
Page 74 of 253

72Инструменти и контролиAuto Set (Автоматско поставување)
За да изберете дали времето и
датумот ќе се постават автоматски или рачно, одберете Auto Set
(Автоматско поставување) .
За времето и датумот да бидат поставени автоматски, одберете On - RDS (Вкл. RDS) .
За времето и датумот да бидат
поставени рачно, одберете Off -
Manual (Искл. - Рачно) . Ако Auto Set
(Автоматско поставување) е
поставено на Off - Manual (Искл. -
Рачно) , елементите Set Time
(Местење на часовникот) и Set
Date (Местење на датумот)
стануваат достапни во
подизборникот.
Поставување на време и датум
За да го прилагодите времето и
датумот, изберете Set Time
(Местење на часовникот) или Set
Date (Местење на датумот) .
Допрете + или - за да ги
приспособите поставките.Штекери за напојување
Во средишната конзола се наоѓа
штекер за струја од 12 V.
Не надминувајте ја максималната
потрошувачка од 120 W.
При исклучено палење штекерот за напојување е деактивиран. Освен
тоа, штекерот за струја се
деактивира во случај на низок
напон во акумулаторот.
Приклучените електрични апарати
треба да ги задоволуваат
барањата за електромагнетна
соодветност одредени со
DIN VDE 40 839.
Не приклучувајте апарати што
произведуваат електрична струја,
на пр. електрични уреди за
полнење или акумулатори.
Не оштетувајте го штекерот со
користење на несоодветни
приклучоци.
Систем за сопирање-поаѓање
3 132.
Запалка
Запалката е во средишната
конзола.
Page 75 of 253

Инструменти и контроли73Притиснете ја запалката навнатре.
Таа се исклучува автоматски кога
спиралата ќе се зажари. Извлечете ја запалката.
ПепелнициВнимание
Се користат само за пепел, а не за запално ѓубре.
Преносливиот пепелник може да
се стави во држачите за чаши.
Предупредувачки
светла, мерачи и
индикатори
Група инструменти Стрелките на инструментите
накратко се вртат до крајната
положба кога ќе се вклучи
палењето.
Брзиномер
Ја покажува брзината на моторот.
Километража
Долната линија го прикажува
забележаното растојание во km.
Дневна километража Горната линија го прикажува
запишаното растојание од
последното препоставување.
За ресетирање, притиснете го
копчето SET/CLR на рачката
неколку секунди 3 86.
Дневната километража брои до 2000 км, а потоа пак почнува од 0.
Page 76 of 253

74Инструменти и контролиВртежомер
Ја прикажува брзината на моторот.Возете со мал број вртежи на
моторот за секоја брзина колку е
можно подолго.
Внимание
Ако стрелката е во црвената предупредувачка зона,
надмината е максимално
дозволената брзина на моторот. Моторот е во опасност.
Мерач за гориво
Го прикажува нивото во
резервоарот за гориво.
Стрелката ја покажува страната на возилото каде се наоѓа вратичката
на резервоарот за гориво.
При работа на течен гас, се
прикажува нивото во резервоарот
за гас.
Контролната сијаличка Y се пали
ако нивото во резервоарот е ниско.
Наполнете гориво веднаш ако
трепка.
За време на работата на течен гас, системот автоматски се
префрлува на работа на бензин
кога резервоарите за гас се празни 3 74.
Никогаш не дозволувајте
резервоарот за гориво да се
испразни докрај.
Поради останатото гориво во
резервоарот, количината н
аполнењето може да биде помалку од назначената зафатнина.
Селектор на гориво
Page 77 of 253

Инструменти и контроли75Со притискање на LPG се
префрлува меѓу работа на бензин
и на течен гас штом ќе се достигнат
потребните параметри
(температура на течноста за
ладење, температурата на гасот и
минималната брзина на моторот).
Барањата обично се достигнуваат
по околу 60 секунди (зависно од
надворешната температура) и
првото цврсто притискање на
педалата за гас. Состојбата на
сијаличката го покажува тековниот
режим на работа.Сијаличката е
изгасната:работа на бензинСијаличката
трепка:проверка на
условите за
ракување со
претворањето на
горивото во
течен гас. Свети
ако се исполнети
условите.Сијаличката
светнува:работа на течен
гасСијаличката
трепка пет
пати и се гасне:резервоарот за
течен гас е
празен или има
неправилност во
системот за
течен гас. Во
Информативниот
центар за
возачот се
прикажува
порака.
Избраниот режим на гориво е зачуван и се активира повторно во
следниот циклус за палење, ако
дозволуваат условите.
Откако резервоарите за течен гас
ќе се испразнат, автоматски се
активира работата на бензин
додека не се исклучи палењето.
Кога се врши автоматско
префрлање помеѓу работа на
бензин или гас, може да се
забележи кратко одложување во
моќноста на моторот.
Кога резервоарот за бензин е
празен, моторот нема да стартува.
Секои шест месеци испразнете го
резервоарот за бензин додека не се запали контролната сијаличка
Y , па наполнете гориво. Тоа помага
да се одржи квалитетот на
горивото и функционирањето на
системот за работа на бензин.
Редовно полнете го резервоарот
целосно за да се избегне
формирањето на корозија во
резервоарот.
Дефекти и поправки
Ако режимот на гас не е можен,
проверете дали има доволно течен гас или бензин за стартување.
Поради екстремни температури, во
спој со составот на гасот, може да
биде потребно малку подолго
време додека системот се
префрли од бензински на режим на гас.
Во екстремни ситуации, системот
може и да се врати во режимот на
бензин ако не се исполнети
минималните барања. Ако
условите дозволуваат, може да
биде овозможено рачно да се
врати ракувањето со течен гас.
Page 78 of 253

76Инструменти и контролиПобарајте помош од
автомеханичар во случај на сите
други дефекти.Внимание
Поправки и приспособувања смеат да вршат само обучени
специјалисти за да се одржи
безбедноста и гаранцијата на
системот за ТНГ.
На течниот гас му е додаден
карактеристичен мирис за да може лесно да се забележи ако се
испушта.
9 Предупредување
Ако ви замириса на гас во
возилото или во непосредната
околина, веднаш префрлете на
бензин. Пушењето е забрането!
Забранет е отворен оган или
средства за палење.
Ако и понатаму има мирис на гас,
не палете го моторот. Нека Ви ја
отстрани причината на дефектот
автомеханичар.
Кога користите подземниј
паркинзи, следете ги упатствата на операторот и почитувајте ги
локалните закони.
Забелешка
Во случај на незгода, исклучете го палењето.
Гориво за работа на течен гас
3 161.
Мерач за температурата на течноста за ладење на
моторот
Ја прикажува температурата на
течноста за ладење.
лева зона:уште не е достигната работната
температура на
моторотсредишна
зона:нормална работна
температурадесна зона:температурата е
превисокаВнимание
Ако температурата на течноста
за ладење на моторот е
превисока, запрете го возилото, изгаснете го моторот. Опасност
за моторот. Проверете го
новито на течноста за ладење.
Екран за сервисирање
Системот за контрола на
работниот век на моторното масло
Ве известува кога да се сменат
моторното масло и филтерот. Врз
основа на условите за возење,
периодот при којшто ќе се укаже на
менување на моторното масло и
филтерот може да варира во
голема мера.
Page 79 of 253

Инструменти и контроли77Кога системот пресметал дека
векот на траење на моторното
масло се намалил, во
Информативниот центар за
возачот се појавува
предупредувачка порака.
Моторното масло и филтерот
треба да ги замени автомеханичар
во рок од една недела или по
500 км, кое и да настапи прво.
Тоа може да биде дополнителна
замена на моторно масло и филтер или како дел од редовниот сервис.
Екран од средно ниво
Преостанатиот век на траење на
моторното масло се прикажува во
проценти покрај контролната
сијаличка I на екранот од средно
ниво.
Екран од високо ниво
Преостанатиот век на траење на моторното масло се прикажува во
проценти на Vehicle Information
Menu (Изборник за информации за
возилото) на екранот од високо
ниво.
За да се прикаже преостанатиот
век на траење на моторното масло, користете ги копчињата на рачката:Притиснете MENU за да изберете
Vehicle Information Menu (Изборник
за информации за возилото) .
Свртете го тркалцето за мстење за да изберете Remaining Oil Life ( Век
на останатото масло) .
Ресетирање
Притиснете SET/CLR на рачката
неколку секунди за да ресетирате.
Треба да е активна страницата за
преостанатиот век на траење на
моторното масло. Вклучете го само палењето, моторот мора да биде
исклучен.
Page 80 of 253

78Инструменти и контролиСистемот треба да се препостави
секој пат кога се менува моторното масло за да се обезбеди правилно
функционирање. Побарајте помош
од автомеханичар.
Следна услуга
Кога е потребно одржување на
возилото, во Информативниот
центар за возачот се појавува
порака. Одржувањето треба да го
изврши автомеханичар во рок една
недела или по 500 км, кое и да
настапи прво.
Информативен центар за возачот
3 86.
Информации за сервисирањето
3 219.
Контролни сијалички
Контролните сијалички што се
опишани ги нема во сите возила.
Описот важи за сите верзии на
инструментите. Зависно од
опремата, положбата на
контролните сијалички е различна.Кога палењето се вклучува
повеќето контролни сијалички ќе се запалат за кратко време како тест
за функционалност.
Боите на контролната сијаличка
значат:црвено:опасност, важен
потсетникжолта:предупредување,
информација, дефектзелена:потврдување на
активирањетосино:потврдување на
активирањетобело:потврдување на
активирањето