TPMS OPEL ANTARA 2015 Сопственички прирачник
[x] Cancel search | Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015, Model line: ANTARA, Model: OPEL ANTARA 2015Pages: 249, PDF Size: 6.11 MB
Page 201 of 249

Нега на возилото199Внимание
Системот за следење на
притисокот во гумите само
предупредува за послаб
притисок и не е замена за
редовното одржување на
гумите од страна на возачот.
Сите четири тркала треба да се опремат со сензори за притисокот
во гумите, и гумите треба да го
имаат пропишаниот притисок. Ако
се монтираат тркала без сензори,
системот за контрола на
притисокот на гумите не работи.
Забелешка
Во земјите каде што системот за
следење на притисокот на гумите
е законска обврска, користењето
тркала без сензори за притисокот
ќе го обезважи одобрението за
типот на возилото.
Сензорите на TPMS го следат
воздушниот притисок во гумите и ги
емитуваат резултатите од
мерењата на притисокот до
приемник што се наоѓа во
возилото.
Секоја гума, вклучително и
резервната, треба да се проверува секој месец кога е студена и
напумпана до препорачаниот
притисок 3 236.
Состојба на низок притисок на
гумите
Откриен слаб притисок во гума се
покажува со контролната сијаличка
w 3 98.
Ако се запали
w, сопрете штом
можете и напумпајте ги гумите
според препораките 3 236.
Кога системот ќе открие
неисправност, w трепка околу
една минута, а потоа свети
постојано. Оваа низа ќе се одвива
при секое следно палење на
возилото додека постои дефектот.
Кога свети w, системот може да не
открие или да пријави низок
притисок во гумите како што треба.
Притисоци на гумите наинформативниот екран
Page 203 of 249

Нега на возилото201
Пораки за возилото 3 111.
Ако притисокот во гумата треба да
се намали или зголеми, исклучете го палењето. Притисоци во гумите
3 197, 3 236.
Зависност од температурата Притисокот во гумата зависи од
нејзината температура. За време
на возењето, температурата и
притисокот на гумите се
зголемуваат.
Притисокот на гумите прикажан на
информативниот екран е
фактичкиот притисок. Затоа е
важно да се проверува притисокот
во гумите со ладни гуми.
Општи информации
Употребата на течните комплети за поправање на гуми што се
достапни во трговијата може да го
влоши функционирањето на
системот. Може да се користат
комплети за поправање гуми
одобрени од фабриката.
Комплет за поправање гуми 3 204.Надворешна моќна радио опрема
може да предизвика пречки кај
TPMS.
Плочките на вентилот на системот
за контрола на притисокот во
гумите и прстените на дихтунгот
треба да се заменат секој пат кога
се менуваат гумите.
Споредување на сензорите
на TPMS
Секој сензор на TPMS има
единствена идентификациска
шифра. Идентификациската
шифра мора да се спореди со
положбата на новата гума/новото
тркало откако ќе се ротираат
гумите на возилото или ќе се
заменат еден или повеќе сензори
за TMPS.
Споредувањето на сензорите
TPMS треба да се изврши и откако резервна гума ќе се замени со гума
за патување со сензор TPMS.
Контролната сијаличка w и
предупредувачката порака треба да се изгаснат при следниот циклус на палење.Сензорите се споредуваат со
положбата на гумата/тркалото со
помош на алатката за учење TPMS
по следниов редослед:
■ лева предна гума
■ десна предна гума
■ десна задна гума
■ лева задна гума
Консултирајте се со својот сервис
за сервисирање или купување на
алатката за повторно учење.
Потребни се две минути за
споредување на првата положба
на гума/тркало и пет минути вкупно
за да се споредат сите четири
положби на гуми/тркала. Ако трае
подолго, споредувањето
престанува и мора повторно да се почне.
Споредувањето на сензорите на
TPMS е следново:
1. Активирајте ја електричната сопирачка за паркирање 3 152;
кај возилата со автоматски
менувач, поместете ја рачката
на менувачот во положба P.
2. Вклучете го палењето 3 136.
Page 204 of 249

202Нега на возилото
3. Почнете го режимот за учењена TPMS со истовремено
притискање на копчињата p и
q на далечинскиот управувач,
- или -
Притиснете го копчето INFO на
инфозабавниот систем додека
не се појави порака за учење на
гумите на информативниот
екран. Притиснете го и држете
го копчето OK.
Сирената се огласува двапати и предниот лев трепкач
светнува како потврда дека е
вклучен режимот за учење.
4. Почнете со левата предна гума.
5. Ставете ја алатката за повторно учење до страната на
гумата, блиску до вентилот.
Потоа притиснете го копчето за
да го активирате сензорот на
TPMS. Кус сигнал од сирената
потврдува дека идентификациската шифра на
сензорот е споредена со таа
положба на гума и тркало.
Светнува следниот соодветен
трепкач.6. Продолжете со десната предна гума и повторете ја постапката
од чекор 5.
7. Продолжете со десната задна гума и повторете ја постапката
од чекор 5.
8. Продолжете со левата задна гума и повторете ја постапката
од чекор 5. Сирената се
огласува двапати да укаже дека идентификациската шифра на
сензорот се совпаѓа и
споредувањето на сензорите
на TPMS веќе не е активно.
9. Исклучете го палењето.
10. Поставете го препорачаното ниво на напумпаност за сите
четири гуми 3 236.
Длабочина на шарата
Редовно проверувајте ја
длабочината на шарите.
Гумите треба да се заменат од безбедносни причини ако
длабочината на шарите е 2-3 мм
(4 мм за зимски гуми).Од безбедносни причини, се
препорачува длабочината на
шарите на гумите на една оска да не се разликува повеќе од 2 мм.
Законски дозволената минимална
длабочина на шарата (1,6 мм) е
достигната кога шарата е изабена
до една од ознаките за изабеност
(TWI) . Нивната положба е означена
со обележувања од страните на
гумата.
Ако има поголемо абење напред
отколку назад, сменете ги
предните тркала и задните тркала.