OPEL ASTRA J 2016.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2016.5, Model line: ASTRA J, Model: OPEL ASTRA J 2016.5Pages: 383, PDF Size: 10.53 MB
Page 241 of 383

Возење и ракување239
Поради високата положба на
камерата, задниот браник може да
се види на екранот како ориентир
за положбата.
Подрачјето што го прикажува
камерата е ограничено.
Оддалеченоста на сликата што се
појавува на екранот се разликува
од фактичката оддалеченост.
Наведувачки линии
Динамичките наведувачки линии
се хоризонтални линии на
растојание од еден метар
проектирани на сликата за да ја
определат оддалеченоста од
прикажаните објекти.Траекториската патека на
возилото се прикажува во
согласност со аголот на свртеност на воланот.
Функцијата може да се деактивира
во изборникот Settings (Поставки)
на Инфо-екранот.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 148.
Предупредувачки симболи
Предупредувачките симболи се
покажуваат како триаголници 9 на
сликата што ги покажува пречките
откриени од задните сензори на
напредната помош за паркирање.
Поставки за екранот
Navi 650/Navi 950 : Осветленоста
може да се постави прво со
притискање и потоа вртење на
надворешниот прстен на копчето
за повеќе функции.
CD 600 : Осветленоста може да се
постави прво со притискање, а потоа со вртење на копчето за
повеќе функции.
Деактивирање
Камерата се деактивира кога ќе се
надмине одредена брзина
нанапред или ако не се стави во
рикверц околу десет секунди.
Page 242 of 383

240Возење и ракувањеАктивирањето или
деактивирањето на
ретровизорската камера може да
се смени во изборникот Settings
(Поставки) на Инфо-екранот.
Приспособување кон
индивидуалните потреби 3 148.
Дефект Пораки за дефект се прикажуваат
со 9 во горниот ред на
информативниот екран.
Ретровизорската камера може да
не работи правилно кога:
● Наоколу е темно.
● Сонце или фарови светат директно во објективот на
камерата.
● Мраз, снег, кал или нешто друго го прекрива објективот
на камерата. Исчистете го
објективот, исплакнете го со
вода и избришете го со мека
крпа.
● Задната врата не е затворена правилно.● Возилото се судрило од задната страна.
● Има екстремни промени на температурата.
Помошник за сообраќајни знаци
Функционалност Системот за помош со сообраќајни
знаци ги забележува сообраќајните
знаци преку предна камера и ги
прикажува во Информативниот
центар за возачот.Сообраќајни знаци коишто ќе се
забележат се:Знаци за ограничување и
забрането претекнување ● ограничување на брзина
● поминувањето е забрането
● крај на ограничувањето на брзината
● крај на забраната на поминувањетоСообраќајни знаци
Почеток и крај на:
● автопати
● Регионални патишта
● улици за играњеДополнителни знаци ● дополнителни знаци на сообраќајните знаци
● ограничување за влечење приколки
● ограничувања за влечење ● предупредување за влажност
● предупредување за мраз
● стрелки за насока
Page 243 of 383

Возење и ракување241Знаците за ограничување на
брзината се прикажуваат на
Информативниот центар за
возачот додека не се регистрира
следен знак за ограничување или
престанок на ограничувањето на
брзината или измине времето на
знакот по определено време.
Можно е на екранот да се појават
показатели за повеќе знаци.
Извичник во рамка укажува дека е
откриен дополнителен знак што
системот не го препознава.
Системот е активен до брзина од
200 км/ч, зависно од условите на
осветленост. Ноќе системот е
активен до брзина од 160 км/ч.
Штом брзината на возилото ќе се
намали под 55 км/ч, екранот се
ресетира и содржината на
страницата со сообраќајни знаци
се брише. Ќе се прикаже
означувањето на следната
препознаена брзина.
Индикации на екранот
Сообраќајните знаци се
прикажуваат на страницата
Откривање сообраќајни знаци на
DIC.
Изберете Settings (Поставки) X
со притискање MENU и изберете
Откривање сообраќајни знаци со
тркалцето за местење на рачката
за трепкачите 3 133.
Кога е избрана друга страница на изборникот на Информативниот
центар за возачот и потоа повторно ќе се одбере страницата
Page 244 of 383

242Возење и ракувањеОткривање сообраќајни знаци, ќе
се прикаже последниот препознаен
сообраќаен знак.
Функција за тревожење
Штом ќе се активира, знаците за
ограничување на брзината и за
непретекнување се прикажуваат
како појавни тревожења на
Информативниот центар за
возачот.
Функцијата за тревожење може да
се активира или деактивира во
изборникот за Поставки на
страницата на помошникот за
сообраќајни знаци со притискање
SET/CLR на рачката за трепкачите.Кога ќе се прикаже страницата за
Поставки, изберете Исклучено за
да ја деактивирате функцијата за тревожење. Вклучете повторно со
избирање на Вклучено.
Кога ќе се вклучи палењето,
функцијата за тревожење е
деактивирана.
Појавувачката индикација се
прикажува околу осум секунди во
Информативниот центар за
возачот.
Page 245 of 383

Возење и ракување243Препоставување на системотСодржината на меморијата на
сообраќајните знаци може да се
избрише во изборникот за
Поставки на страницата на
помошникот за сообраќајни знаци
со притискање и држење SET/CLR
на рачката за трепкачите. По
успешно ресетирање, ќе се огласи
тон и се покажува следниот симбол додека не се открие следен
сообраќаен знак.
Во некои случаи системот го
рестартира помошникот за
сообраќајни знаци автоматски.
Дефект
Системот за помош со сообраќајни знаци може да не работи правилно
кога:
● Пределот на шофершајбната каде што се наоѓа предната
камера не е чист.
● Сообраќајните знаци се целосно или делумно
прекриени или тешко се
распознаваат.
● Има неповолни услови од околината, на пр. силен дожд,
снег, директна сончева
светлина или сенки. Во овој
случај No Traffic Sign Detection
due to Weather (Нема
приметување на сообраќајните
знаци поради времето) е
прикажан во Информативниот
центар за возачот.
● Сообраќајните знаци се неправилно монтирани или се
оштетени.
● Сообраќајните знаци не се во согласност со Виенската
конвенција за сообраќајни
знаци.Внимание
Системот е наменет да му
помага на возачот во опсегот на одреден обем на брзини за дараспознава извесни
сообраќајни знаци. Не ги
игнорирајте тие сообраќајни
знаци кои не ги прикажува
системот.
Системот не распознава други
сообраќајни знаци, освен
вообичаените, кои можат да
пропишат или завршат
ограничување на брзината.
Не дозволувајте оваа посебна
функција да Ве наведе да
ризикувате кога возите.
Секогаш приспособувајте ја
брзината кон условите на патот.
Системите за помош на возачот не го ослободуваат возачот од
целосната одговорност за
работење со возилото.
Page 246 of 383

244Возење и ракувањеПредупредување занапуштање лента
Системот за предупредување за
напуштање на лента ги набљудува
обележувањата на лентите помеѓу
коишто возилото се вози преку
една предна камера. Системот ги
детектира менувања на лентата и
го предупредува возачот во случај на ненамерно менување на
лентата со визуелни и звучни
сигнали.
Критериуми за откривање на
ненамерното менување на лента
се:
● Неработење на трепкачите.
● Неработење со педалата на сопирачките.
● Немање активно работење со педалата за гас или
забрзување.
● Немање активно управување со воланот.
Ако возачот е активен, нема да се
издаде никакво предупредување.Активирање
Системот за предупредување за
напуштање лента се активира со
притискање на ). Запалената
сијаличка во копчето означува дека
системот е вклучен. Кога
контролна сијаличка ) во групата
инструменти ќе се запали зелена,
системот е готов да работи.
Со системот може да се работи
само при брзини на возилото над
56 км/ч и ако се обележени
лентите.
Кога системот ќе препознае
ненамерно менување на лентата,
контролната сијаличка ) се
сменува во жолта и трепка.
Истовремено се активира
мелодичен звук.
Деактивирање
Системот се исклучува со
притискање на ), светлото во
копчето се гаси.
При брзини под 56 км/ч со системот
не може да се работи.
Page 247 of 383

Возење и ракување245ДефектСистемот за предупредување за
напуштање на лента може да не
работи правилно кога:
● Шофершајбната не е чиста.
● Има неповолни услови од околината како јак дожд, снег,
директна сончева светлина
или сенки.
Системот не може да работи кога
нема ознаки за лентите.Гориво
Гориво за бензинскимотори
Користете само безоловно гориво што е усогласено со европскиот
стандард EN 228 или
E DIN 51626-1 или еквивалентно.
Моторот е способен да работи согориво што содржи до 10% етанол
(на пример, наречен E10).
Користете гориво со
препорачаниот октански број.
Специфичните барања за моторот
се дадени во прегледот на
податоците за моторот 3 334.
Специфична етикета за државата
што е ставена на капачето од
резервоарот може да има предност
пред барањето.Внимание
Не користете гориво или адитиви за гориво што содржат
метални состојки како адитиви
врз основа на манган. Тоа може
да предизвика оштетување на
моторот.Внимание
Користењето гориво што не е во
согласност со EN 228 или E DIN
51626-1 или слично може да
доведе до таложења или
оштетување на моторот и да
влијае врз гаранцијата.
Внимание
Употребата на горива со
пренизок октански број може да
доведе до неконтролирано
согорување и оштета на
моторот.
Гориво за мотори на дизел
Користете само дизел гориво што
се сообразува со EN 590.
Page 248 of 383

246Возење и ракувањеВо земјите надвор од Европската
унија, користете дизел гориво со
концентрација на сулфур под 50
ppm.Внимание
Користењето гориво што не е во
согласност со EN 590 или
слично може да доведе до
губење на моќноста на
возилото, зголемено абење или
оштетување на моторот и може
да влијае врз гаранцијата.
Не користете бродски дизел масла,
масла за греење, Аквазол и слични емулзии на дизел и вода. Дизел
горивата не смеат да се разредат
со горива за бензински мотори.
Гориво за работа на течен
гас
Течниот гас е познат како LPG
(Liquefied Petroleum Gas - течен
нафтен гас - ТНГ) или по
француското име GPL (Gaz de
Pétrole Liquéfié). LPG е познат и
како автоплин.
ТНГ се состои главно од пропан и бутан. Октанскиот степен е меѓу
105 и 115, зависно од делот бутан.
ТНГ се чува течен на на притисок
од околу 5 - 10 бари.
Точката на вриење зависи од
притисокот и соодносот на
мешавината. На атмосферски
притисок, таа е меѓу -42 °C (чист
пропан) и -0,5 °C (чист бутан).Внимание
Системот работи на околна
температура од околу -8 °C до
100 °C.
Целосната функција на системот за ТНГ може да се гарантира само
со течен гас што ги задоволува
минималните барања на
DIN EN 589.
Селектор на гориво
Со притискање на LPG се
префрлува меѓу работа на бензин
и на течен гас штом ќе се достигнат
потребните параметри
(температура на течноста за
ладење, температурата на гасот и
минималната брзина на моторот).
Барањата обично се достигнуваат
по околу 60 секунди (зависно од
надворешната температура) и
првото цврсто притискање на
педалата за гас. Состојбата на
сијаличката го покажува тековниот
режим на работа.
Page 249 of 383

Возење и ракување2471 исклучување:работа на бензин1 трепка:проверка на
условите за
ракување со
претворањето на
горивото во
течен гас. Свети
ако се исполнети
условите.1 свети:работа на течен
гас1 трепка 5
пати и се гаси:резервоарот за
течен гас е
празен или има
неправилност во
системот за
течен гас. Во
Информативниот
центар за
возачот се
прикажува
порака.
Ако резервоарот за гориво е
празен, моторот нема да запали.
Избраниот режим на гориво се
зачуван и се реактивира во
следниот циклус за палење ако
условите дозволуваат.
Откако резервоарите за течен гас
ќе се испразнат, автоматски се
активира работата на бензин
додека не се исклучи палењето.
Кога се врши автоматско
префрлање помеѓу работа на
бензин или гас, може да се
забележи кратко одложување во
моќноста на моторот.
Секои шест месеци испразнете го
резервоарот за бензин додека не
се запали контролната сијаличка
i , па наполнете гориво. Тоа
помага да се одржи квалитетот на
горивото и функционирањето на
системот за работа на бензин.
Редовно полнете го резервоарот
целосно за да се избегне
формирањето на корозија во
резервоарот.
Дефекти и поправки
Ако не е возможен режим на гас,
проверете го следново:
● Има ли доволно течен гас?
● Има ли доволно бензин за палење?Поради екстремни температури, воспој со составот на гасот, може да
биде потребно малку подолго
време додека системот се
префрли од бензински на режим на
гас.
Во екстремни ситуации, системот
може и да се врати во режимот на
бензин ако не се исполнети
минималните барања. Ако
условите дозволуваат, може да
биде овозможено рачно да се
врати ракувањето со течен гас.
Побарајте помош од
автомеханичар во случај на сите
други дефекти.Внимание
Поправки и приспособувања смеат да вршат само обучени
специјалисти за да се одржи
безбедноста и гаранцијата на
системот за ТНГ.
На течниот гас му е додаден
карактеристичен мирис за да може лесно да се забележи ако се
испушта.
Page 250 of 383

248Возење и ракување9Предупредување
Ако ви замириса на гас во
возилото или во непосредната
околина, веднаш префрлете на
бензин. Пушењето е забрането!
Забранет е отворен оган или
средства за палење.
Ако е можно, затворете го рачниот
вентил за затворање на
мултивентилот. Мултивентилот се
наоѓа на резервоарот за течен гас
во товарниот простор, под задната
прекривка на подот.
Свртете го тркалцето надесно.
Ако веќе не се чувствува мирис на
гас кога е затворен рачниот вентил за затворање, возилото може да се
користи во режимот за бензин. Ако
и понатаму има мирис на гас, не
палете го моторот. Нека Ви ја
отстрани причината на дефектот
автомеханичар.
Кога користите подземни паркинзи, следете ги упатствата на
операторот и почитувајте ги
локалните закони.
Забелешка
Во случај на незгода, изгасете ги
палењето и светлата. Затворете
го рачниот вентил за затворање
на мултивентилот.Полнење гориво9 Опасност
Пред да полните гориво,
исклучете ги палењето и сите
надворешни грејачи со комори за согорување. Исклучете ги
сите мобилни телефони.
Следете ги упатствата за
ракување и безбедноста на
бензинската пумпа кога полните
гориво.