OPEL ASTRA J 2016.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2016.5, Model line: ASTRA J, Model: OPEL ASTRA J 2016.5Pages: 383, PDF Size: 10.53 MB
Page 251 of 383

Возење и ракување2499Опасност
Горивото е запаливо и
експлозивно. Пушењето е
забрането! Забранети се гол
пламен и искри.
Ако намирисате гориво во Вашето возило, нека Ви ја
отстрани причината на тоа
автомеханичар веднаш.
Внимание
Во случај на погрешно ставено
гориво, не вклучувајте го
палењето.
Вратичката на резервоарот за
гориво се наоѓа од задната десна
страна на возилото.
Вратичката на резервоарот за
гориво може да се отвори само ако возилото е отклучено. Ослободете
ја вратичката на резервоарот со притискање на истата.
За да го отворите, свртете го
капачето полека налево.Капачето за полнење гориво може
да се задржи во рамката на
вратичката на резервоарот.
За полнење, целосно вметнете ја
цевката на пумпата и вклучете ја.
По автоматско исклучување, може
да се дополни целосно со
вклучување на цевката на пумпата
уште најмногу двапати.
Внимание
Веднаш избришете го горивото
што претекло.
Page 252 of 383

250Возење и ракувањеЗа да го затворите, свртете го
капачето на резервоарот надесно
додека да кликне.
Затворете ја вратичката и
заглавете ја.
Полнење со течен гас
Следете ги упатствата за ракување и безбедноста на бензинската
пумпа кога полните гориво.
Вентилот за полнење течен гас е зад капачето на резервоарот за
гориво.
Одвртете го заштитното капаче од
грлото за полнење.
Навртете го потребниот адаптер
цврсто со рака на грлото за
полнење.
Адаптер ACME: Завртете ја
навртката на цревото за полнење
на адаптерот. Притиснете ја
рачката за блокирање на цревото
за полнење надолу.
Тркалезно грло за полнење:
Ставете го цревото за полнење во
адаптерот. Притиснете ја рачката
за блокирање на цревото за
полнење надолу.
Бајонет грло за полнење: Ставете
го цревото за полнење на
адаптерот и свртете го лево или
десно четвртина круг. Повлечете ја
рачката за блокирање на цревото
за полнење докрај.
ЕУРО грло за полнење:
Притиснете го цревото за полнење на адаптерот додека не се заглави.
Притиснете го копчето на пумпата
за течен гас. Системот за полнење
сопира или почнува да работи
полека кога ќе се дојде до 80% од
зафатнината на резервоарот
(максимално ниво за полнење).
Ослободете го копчето на
системот за полнење да се запре
процесот на полнење. Отпуштете
ја рачката за блокирање и извадете
Page 253 of 383

Возење и ракување251го цревото за полнење. Може да се
испушти мало количество течен
гас.
Извадете го адаптерот и одложете
го во возилото.
Ставете го заштитното капаче за
да спречите влегување туѓи тела
во отворот за полнење и во
системот.9 Предупредување
Поради конструкцијата на
системот, неизбежно е
испуштање течен гас по
отпуштањето на рачката за
блокирање. Не вдишувајте.
9 Предупредување
Резервоарот за течен гас може
да се наполни само 80% заради безбедносни причини.
Мултивентилот на резервоарот за
течен гас автоматски го ограничува
количеството за полнење. Ако се
додаде поголемо количество,
препорачуваме возилото да не се
изложува на сонце додека не се
искористи вишокот.
Адаптер за полнење
Бидејќи системите за полнење не
се стандардизирани, потребни се
различни адаптери коишто се
достапни од дистрибутерите на
Opel и од овластените сервисери
на Opel.
Адаптер ACME: Белгија,
Германија, Ирска, Луксембург,
Швајцарија
Адаптер бајонет: Холандија,
норвешка, Шпанија, Велика
Британија
ЕУРО адаптер: Шпанија
Page 254 of 383

252Возење и ракување
DISH адаптер: Босна и
Херцеговина, Бугарија, Данска,
Естонија, Франција, Грција,
Италија, Хрватска, Летонија,
Литванија, Македонија, Австрија,
Полска, Португалија, Романија, Шведска, Швајцарија, Србија,
Словачка, Словенија, Чешка,
Турција, Украина, Унгарија
Капаче за полнење гориво
Користете само оригинални
капачиња за полнење гориво.
Возилата со мотори на дизел
имаат специјални капачиња за полнење гориво.
Потрошувачка на гориво -
CO 2-испуштање
Потрошувачката на гориво
(комбинирана) на моделот Opel
Astra е од 7,8 до 3,6 л/100 км.
Испуштањето CO
2 (комбинирано) е
од 184 до 94 г/км.
За вредностите за вашето возило,
видете го Сертификатот за
сообразност на ЕК доставен со
вашето возило или другите
национални документи за
регистрација.
Општи информации Наведените бројки за
официјалната потрошувачка на
гориво и испуштањето CO 2 се
однесуваат на основниот модел за
ЕУ со стандардна опрема.
Податоците за потрошувачката на
гориво и испуштањето CO 2 се
одредуваат според прописот
R (EC) бр. 715/2007 (во најновата
важечка верзија), со земањепредвид на тежината на возилото
кога работи, како што е одредено
со прописот.
Бројките се дадени само за
споредба меѓу различните
варијанти на возилото и не треба
да се земаат како гаранција за
фактичката потрошувачка на
гориво на одредено возило.
Дополнителната опрема може да
предизвика малку повисоки
вредности на наведената
потрошувачка и испуштање CO 2.
Понатаму потрошувачката на
гориво зависи од личниот стил на
возењето, како и од условите на
коловозот и сообраќајот.
Page 255 of 383

Возење и ракување253Кука за приколки
Општи информации Употребувајте само опрема за
влечење одобрена за Вашето
возило. Доверете му го
отпослежното монтирање на
опремата за влечење на
автомеханичар. Може да биде
потребно да се извршат измени кои
делуваат врз системот за ладење,
топлоотпорните обвивки или друга
опрема.
Функцијата за откривање
откажување на ламбите за
светлото на сопирачките на
приколката не може да открие
делумно откажување на ламбите,
на пр. во случај на 4 ламби х
5 вати, открива откажување на
ламбите само кога останала само
една ламба од 5 вати или нема
ниедна.
Монтирањето на опрема за
влечење може да го прекрие
отворот на алката за влечење. Ако
е така, за влечење користете ја
влечната кука. Секогаш чувајте ја
влечната кука во возилото.Возни карактеристики,
совети за влечење
Пред да закачите приколка,
подмачкајте ја влечната топка со
мазиво. Меѓутоа, не го правите тоа ако за намалување на кривулести
движења се употребува
стабилизатор, којшто делува врз
влечната топка.
Со приколки што имаат мала
стабилност при возењето и
камперски приколки со дозволена
бруто тежина на возилото од
повеќе од 1300 кг (Спортс турер:
1200 кг) употребата на
стабилизатор особено се
препорачува кога се вози над
80 км/ч.
Ако приколката почне да се извива,
возете пополека, не обидувајте се
да го исправите управувањето и
сопирајте нагло ако е потребно.
Кога возите по удолнина, возете во
иста брзина како да возевте по
угорница и возете со слична
брзина на возилото.Дотерајте го притисокот во гумите
до вредноста определена за полна
натовареност 3 346.
Влечење на приколка
Товари на приколката Дозволената оптовареност на
приколката е максимална вредност која зависи од возилото и моторот
и не смее да се пречекори.
Фактичката оптовареност на
приколката е разликата помеѓу
бруто тежината на приколката и
фактичката оптовареност на
влечната спојка кога е приклучена
приколката.
Дозволената оптовареност на
приколката е определена во
документите на возилото. Општо,
тие важат за стрмнини до најмногу
12%.
Дозволената оптовареност на
приколката важи до определената
стрмнина и до надморска височина
од 1000 метри. Бидејќи моќноста на моторот се намалува со
зголемување на надморската
височина поради разретчување на
Page 256 of 383

254Возење и ракувањевоздухот, со што се намалува и
способноста за искачување,
дозволената тежина за влечење
исто така се намалува за 10% на
секои 1000 метри дополнителна
надморска височина. Бруто
влечната тежина не мора да се
намалува кога се вози по патишта
со мала стрмнина (помала од 8%,
на пр. магистрални патишта).
Не смее да се пречекори
дозволената бруто тежина за
влечење. Таа тежина е наведена
на идентификациската табличка
3 329.
Вертикална оптовареност на
влечната спојка
Вертикалната оптовареност на
влечната спојка е оптовареноста
којашто приколката ја врши врз
влечната топка. Таа може да се
менува со менување на
распределбата на тежината кога се товари приколката.
Максималната дозволена
вертикална оптовареност на
влечната спојка (75 кг) е наведена
на идентификациската табличка навлечната опрема и во документите на возилото. Секогаш трудете се за
максималната оптовареност,
особено во случај на тешки
приколки. Вертикалната
оптовареност на влечната спојка
никогаш не смее да падне под 25 кг.
Оптовареност на задната оска
Кога е прикачена приколка, а
влечното возило е целосно
натоварено, дозволената
оптовареност на задната оска
(видете ја идентификациската
табличка или документите на
возилото) може да се надмине за
60 кг, а вредноста за бруто тежина
на возилото за 60 кг. Ако се
надмине дозволената
оптовареност на задната оска,
максималната брзина е 100 км/ч.Опрема за влечењеВнимание
При работење без приколка извадете ја влечната кука со
топка.
Чување на влечната кука
Торбичката со топчестата влечна
кука се складира во задната
складишна преграда на подот.
Протнете го ременот низ алката за
врзување, завиткајте го околу неа
двапати и затегнете го ременот за
да се прицврсти торбата.
Page 257 of 383

Возење и ракување255Монтирање на топчестата
влечна кука
Сите верзии освен хечбек со
3 врати: Притиснете ги
прицврстувачите навнатре и
склопете го капакот надолу
однапред. Извадете го капакот.
Откачете го и преклопете го
приклучникот. Извадете го
заптивниот клин од дупката за
влечната кука и складирајте го.
Проверка на затегнатоста на
влечната кука
● Црвената ознака на вртливото
копче треба да посочува кон
зелената ознака на влечната
кука.
● Меѓупросторот помеѓу вртливото копче и влечната
кука мора да биде околу 6 мм.
● Клучот треба да биде во положбата c.
Инаку влечната кука треба да се
затегне пред да се вметне:
● Отклучете ја влечната кука со вртење на клучот во
положбата c.
Page 258 of 383

256Возење и ракување
● Извлечете го вртливото копчеи свртете го во правец на
стрелките на часовникот колку
што може.
Вметнување на влечната кука
Вметнете ја затегнатата шипка на
влечната кука во отворот и турнете
ја цврсто угоре додека не се
заглави чујно.
Вртливата рачка скокнува назад во
оригиналната положба, потпирајќи
се на влечната кука без расцеп.
9 Предупредување
Не ја допирајте вртливата рачка
за време на вметнувањето.
Заклучете ја влечната кука со
вртење на клучот во положбата e.
Извадете го клучот и затворете го
заштитното капаче.
Алка за кабелот за приврзување
Закачете го кабелот кој спречува
да се откачи приколката, за алката.
Page 259 of 383

Возење и ракување257Проверете дали влечната кука е
правилно инсталирана
● Зелената ознака на вртливото копче треба да посочува кон
зелената ознака на влечната
кука.
● Не смее да има расцеп помеѓу вртливата рачка и шипката на
влечната кука.
● Влечната кука треба цврсто да
се заглави во отворот.
● Влечната кука треба да се заклучи и клучот да се извади.9Предупредување
Влечењето на приколка е
дозволена само ако влечната
кука е монтирана правилно. Ако влечната кука не е заглавена
правилно, побарајте помош од
автомехануичар.
Демонтирање на топчестата
влечна кука
Отворете ја заштитната вратичка и свртете го клучот во положбата c
за да се отклучи влечната кука.
Извлечете ја вртливата рачка и
свртете а во правец на стрелките
на часовникот колку што може.
Извлечете ја шипката на влечната
кука удолу.
Вметнете го заптивниот клин во
отворот. Преклопете го
приклучокот.
Сите верзии освен хечбек со
3 врати: Закачете го задниот дел на
капакот во процепот на браникот и
склопете ја предната страна
нагоре.
Притиснете ги прицврстувачите
нанадвор.
Помош за стабилноста на приколката
Ако системот открие кривулести
движења, моќноста на моторот се
намалува и комбинацијата возила/
приколка селективно се сопира
додека не престане кривулестото
Page 260 of 383

258Возење и ракувањедвижење. Додека системот работи,држете го воланот колку што може
помирно.
Помошта за стабилноста на
приколката (TSA) е функција на
Електронската контрола на
стабилноста 3 205.