OPEL ASTRA J 2017 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2017, Model line: ASTRA J, Model: OPEL ASTRA J 2017Pages: 331, PDF Size: 8.23 MB
Page 151 of 331

Контрола на климатизацијата149● Вклучете го греењето назадното стакло Ü.
● За враќање на претходниот режим: притиснете V; За
враќање на автоматскиот
режим: притиснете AUTO.
Поставувањето на автоматското греење на задното стакло може да
се смени во изборникот Settings
(Поставки) на Инфо-екранот.
Приспособување кон
индивидуалните потреби 3 115.
Забелешка
Ако се притисне V додека работи
моторот, Autostop ќе биде
попречено додека повторно не се
притисне V.
Ако се притисне s кога е вклучен
вентилаторот и работи моторот,
ќе се спречи Autostop до повторно
притискање на s или додека не се
исклучи вентилаторот.Ако копчето V се притисне
додека моторот е во Autostop,
моторот ќе се запали повторно
автоматски.
Ако се притисне s додека е
вклучен вентилаторот и моторот е во Autostop, моторот ќе се запали
повторно автоматски.
Систем за сопирање-поаѓање
3 158.
Рачни поставки Поставките на системот за
контрола на климатизацијата може
да се изменат со активирање на
копчињата и вртливите копчиња
според следново. Менувањето на
една поставка ќе го деактивира
автоматскиот режим.Брзина на вентилаторот Z
Притиснете го долното копче за да
се намали, а горното копче за да се
зголеми брзината на вентилаторот.
Брзината на вентилаторот се
означува со бројот на сегментите
на екранот.
Подолго притискање на долното
копче: вентилаторот и ладењето се исклучуваат.
Подолго притискање на горното
копче: вентилаторот работи со
максимална брзина.
За да се вратите во автоматскиот
режим: Притиснете го AUTO.
Page 152 of 331

150Контрола на климатизацијатаРаспределба на
воздухот s, M , K
Притиснете го соодветното копче
за саканото прилагодување. LED-
копчето светнува за да покаже
активирање.
s:кон шофершајбната и
прозорците од предните врати (климатизацијата се вклучува
во позадина за да помогне да
не се замаглуваат прозорците)M:кон пределот на главата преку подвижните отвори за
проветрувањеK:кон пределот на нозете и
шофершајбнатаСите комбинации се возможни.
Враќање на автоматската
распределба на воздухот:
притиснете AUTO.
Ладење n
Притиснете го n
за да го вклучите
ладењето. LED-копчето светнува за да покаже активирање.
Ладењето функционира само кога
работи моторот и е вклучена
контролата на климатизацијата.
Повторно притиснете n за да го
исклучите ладењето.
Системот за климатизација лади и
суши кога надворешната
температура е над определено
ниво. Затоа може да се формира
кондензација и да капи под
возилото.
Ако веќе не е потребно ладење или
сушење, исклучете го системот за
ладење за да заштедите гориво.
Кога е исклучен системот за
ладење, системот за контрола на
климатизацијата нема да бара
повторно палење на моторот за
време на Autostop. Исклучок:
системот за одмрзнување е
активиран и надворешната
температура над 0 °C.
На екранот ќе се прикаже AC ON
кога е вклучено ладењето или AC
OFF кога е исклучено ладењето.
Активирањето или
деактивирањето на ладењето по
палењето на моторот може да се
смени во изборникот Settings
(Поставки) на Инфо-екранот.
Приспособување кон
индивидуалните потреби 3 115.
Систем за сопирање-поаѓање
3 158.
Page 153 of 331

Контрола на климатизацијата151Режим за кружење на
воздухот 4
Притиснете 4 за да го вклучите
кружењето на воздухот. LED-
копчето светнува за да покаже
активирање.
Повторно притиснете 4 за да го
исклучите кружењето на воздухот.
9 Предупредување
Менувањето на свежиот воздух
е намалено во режимот за
кружење на воздухот. При
работа без ладење, влажноста
на воздухот се зголемува, па
прозорците може одвнатре да
се замаглат. Квалитетот на
воздухот во патничката кабина
се влошува, што може да
предизвика дремливост кај
патниците.
При топло и многу влажно време,
шофершајбната може да се
замагли однадвор кога ќе се
насочи ладен воздух кон неа. Ако
шофершајбната се замагли
однадвор, активирајте го бришачот
за шофершајбната и деактивирајте го s.
Основни поставки Некои поставки може да се сменат
во изборникот Settings (Поставки)
на Инфо-екранот.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 115.
Дополнително греење
Грејач на воздухот
Брзото греење е дополнителен
електричен грејач кој автоматски го загрева патничкиот простор
побргу.
Page 154 of 331

152Контрола на климатизацијатаОтвори за
проветрување
Приспособливи отвори запроветрување
Барем еден отвор за
проветрување треба да биде
отворен додека е вклучено
ладењето.
За да се отвори отворот, свртете го
тркалцето за местење кон
поголемиот W симбол. Дотерајте го
количеството на воздухот кај
отворот со вртење на тркалцето за местење.
Насочете го протокот на воздухотсо навалување и вртење на
решетките.
За да се затвори отворот, свртете
го тркалцето за местење кон
помалиот W симбол.
9 Предупредување
Не закачувајте предмети за
решетките на отворите за
проветрување. Ризик од
оштетување и повреда во случај на сообраќајка.
Фиксни отвори за
проветрување
Дополнителни отвори за
проветрување се наоѓаат под
шофершајбната и прозорците на
вратите и во пределите на нозете.
Page 155 of 331

Контрола на климатизацијата153Одржување
Довод на воздухот
Доводот за воздух пред
шофершајбната во моторниот
простор мора да се чува слободен
за да се овозможи довод на
воздухот. Извадете ги лисјата,
нечистотијата или снегот.
Филтер за полен
Филтерот за полени ги отстранува
правта, саѓите, поленот и спорите
од воздухот што влегува во
возилото преку доводот за воздух.
Обично работење на
климатизацијата
За да се обезбедат постојано
ефикасни перформанси, ладењето
мора да се вклучува неколку
минути еднаш месечно, без оглед
на времето и годишната доба. Не е
возможно ракувањето со ладењето кога надворешната температура е
прениска.
Сервис За оптимални перформанси на
ладењето, се препорачува
системот за контрола на
климатизацијата да се проверува
годишно, почнувајќи три години по
првата регистрација на возилото,
вклучувајќи ги следните:
● тестирање на функционалноста и притисокот
● функционалноста на греењето
● проверка за протекување
● проверка на погонските ремени● чистење на одводот накондензаторот и испарувачот
● проверка на перформансите
Забелешка
Течноста за ладење R-134a
содржи стакленички гасови со
флуор.
Page 156 of 331

154Возење и ракувањеВозење и
ракувањеПрактични совети за возење ..155
Контрола над возилото .........155
Управување ............................ 155
Поаѓање и ракување ................156
Разработување на новото возило .................................... 156
Положби на прекинувачот за палење .................................. 156
Задржано исклучување .........156
Палење на моторот ...............157
Исклучување на пребрзувањето .....................158
Систем за сопирање- поаѓање ................................. 158
Паркирање ............................. 161
Издувни гасови од моторот .....162
Филтер за дизелски честички ................................ 162
Катализатор ........................... 163
Автоматски менувач ................164
Екран на менувачот ...............164
Рачка на менувачот ...............165
Рачен режим .......................... 166Електронски програми за
возење ................................... 166
Дефект .................................... 167
Прекин на напојувањето .......167
Рачен менувач ......................... 168
Сопирачки ................................. 169
Систем за деблокирање на сопирачките .......................... 169
Сопирачка за паркирање ......170
Серво кочење ......................... 171
Помош при поаѓање на угорници ................................ 172
Системи за контрола на
возењето ................................... 172
Систем за контрола на пролизгувањето ....................172
Електронска контрола на стабилноста .......................... 173
Интерактивен систем за возење ................................... 174
Системи за помош на возачот 177 Контрола на патувањето .......177
Ограничувач на брзината .....179
Приспособлива контрола на патувањето ........................... 181
Предупредување за преден судир ...................................... 189
Показател за растојание однапред ............................... 193Активно итно сопирање ......... 194
Помош за паркирање ............196
Известување за странична слепа точка ........................... 204
Помошник за сообраќајни знаци ...................................... 206
Предупредување за напуштање лента .................210
Гориво ....................................... 211
Гориво за бензински мотори . 211
Гориво за мотори на дизел ...211
Гориво за работа на течен
гас .......................................... 212
Полнење гориво ..................... 214
Потрошувачка на гориво - CO 2-испуштање
...................218
Кука за приколки ......................219
Општи информации ...............219
Возни карактеристики, совети за влечење ............................ 219
Влечење на приколка ............219
Опрема за влечење ...............220
Помош за стабилноста на приколката ............................ 223
Page 157 of 331

Возење и ракување155Практични совети за
возење
Контрола над возилото
Не возете со изгаснат мотор
(освен за време на Autostop)
Многу уреди нема да
функционираат во таква ситуација
(на пр. серво уредот на
сопирачките, електронското
управување). Таквото возење е
опасно за Вас и за други. Сите
системи функционираат за време
на Autostop, но силата на серво
управувањето ќе биде
контролирано намалена, како и
брзината на возилото.
Систем за сопирање-поаѓање
3 158.
Засилување во празен од
Ако е потребно акумулаторот да се
полни поради неговата состојба,
мора да се зголеми излезната
моќност на генераторот. Ова сепостигнува со засилување на
работата во празен од што може да биде чујно.
Во Информативниот центар за
возачот се прикажува порака.
Педали
За да се обезбеди непречен од на
педалите, не смее да има
подлошки во пределот на
педалите.
Користете само патосници кои се
вклопуваат добро и се
зацврстуваат од држачите на
страната на возачот.
Управување
Ако се изгуби помошта за
хидраулично управување бидејќи
моторот сопрел или поради дефект
на системот, со возилото може да
се управува, но може да треба поголем напор.
Контролна сијаличка c 3 97.Внимание
Возила опремени со
хидраулично серво
управување:
Ако воланот се сврти докрај и се држи во таа положба подолго од
15 секунди, може да дојде до
оштетување на системот за
серво управување и може да
дојде до губење на помошта од
сервото.
Page 158 of 331

156Возење и ракувањеПоаѓање и ракувањеРазработување на новото
возило
Не сопирајте непотребно силно при првите неколку патувања.
За време на првото возење може
да се јави чад поради
испарувањето на восокот и
маслото на системот за издувни гасови. Паркирајте го возилото наотворено место за извесно време
по првото возење за да не ги
вдишувате пареите.
За време на периодот на
разработувањето потрошувачката
на гориво и на моторно масло може
да биде поголема и процесот на
чистењето на филтерот за
дизелски честички може да се
одвива почесто. Autostop може да
се попречи за да се овозможи
полнење на акумулаторот.
Филтер за дизелски честички
3 162.Положби на прекинувачот
за палење0:исклучено палење1:бравата на воланот е
ослободена, исклучено
палење2:вклучено палење, за мотор на
дизел: предзагревање3:палењеЗадржано исклучување
Следните електронски системи
може да работата додека да се
отвори вратата на возачот или
најдоцна за десет минути по
исклучување на палењето:
● електричните прозорци
● подвижен покрив
● штекери за напојување
Инфозабавниот систем ќе
продолжи да се напојува уште
30 минути или додека не се извади
клучот од бравата, без оглед дали
ќе се отвори некоја врата.
Page 159 of 331

Возење и ракување157Палење на моторот
Рачен менувач: ракувајте со
куплунгот.
Автоматски менувач: нагазнете ја
сопирачката и ставете ја рачката
на менувачот во P или N.
Не нагазнувајте го педалот за гас.
Мотори на дизел: свртете го клучот во положбата 2 за предзагревање
додека да се изгасне контролната
сијаличка !.
Свртете го клучот накратко во
положбата 3 и отпуштете го:
анласерот се пушта со автоматска
постапка со кратко доцнење дури
моторот работи, видете под
„Автоматска контрола на
анласерот“.
Пред да го запалите повторно или
за да го изгаснете моторот, вратете го клучот во положба 0.
За време на Autostop, моторот
може да се запали со притискање
на педалата на куплунгот.
Палење на моторот при ниски
температури
Палењето на моторот без
дополнителни грејачи е можно до
-25 °C за мотори на дизел и до
-30 °C за бензински мотори.
Потребно е моторно масло со
правилна вискозност, правилно
гориво, редовно извршени сервиси
и доволно наполнет акумулатор.
При температури под -30 °C, на
автоматскиот менувач му треба
загревање од околу пет минути.
Рачката на менувачот мора да
биде во положбата P.Автоматска контрола на
анласерот
Функцијава ја контролира
постапката за палење на моторот. Возачот не мора да го држи клучот
во положбата 3. Штом се
применува, системот ќе продолжи да запали автоматски додека не
проработи моторот. Поради
постапката за проверување
моторот проработува по кратка
пауза.
Возможни причини за непалење на моторот:
● Куплунгот не е притиснат (рачен менувач).
● Педалот на сопирачките не е притиснат или рачката на
менувачот не е во P или N
(автоматски менувач).
● Дојде до надминување на времето.
Page 160 of 331

158Возење и ракувањеЗагревање на турбо моторПо палењето, достапниот вртежен
момент на моторот може да биде
ограничен за краток временски
период, особено кога
температурата на моторот е ниска.
Ограничувањето овозможува
системот за подмачкување
целосно да го заштити моторот.
Исклучување на пребрзувањето
Доводот за гориво се затвора
автоматски за време на
пребрзувањето, т.е. кога возилото
се вози во некоја брзина, но
педалата за гас е отпуштена.
Во зависност од условите за
возење, исклучувањето на
пребрзувањето може да се
деактивира.Систем за сопирање-
поаѓање
Системот за сопирање-поаѓање
помага да се заштеди гориво и да се намали испуштањето издувни
гасови. Кога дозволуваат условите, го исклучува моторот штом
возилото е во мала брзина или е
сопрено, на пр. на семафор или во
сообраќаен метеж. Го пали
моторот автоматски штом ќе се
отпушти куплунгот. Сензорот за
акумулаторот обезбедува Autostop
да се врши само ако акумулаторот е доволно полн за повторно
палење.
Активирање
Системот за сопирање-поаѓање е достапен штом ќе се запали
моторот, возилото ќе појде и
условите како што се опишани
подолу во овој дел се исполнети.Деактивирање
Исклучете го системот за
сопирање-поаѓање со притискање на eco . Исклучувањето е
прикажано со гасење на
сијаличката во копчето.