OPEL ASTRA J 2017 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2017, Model line: ASTRA J, Model: OPEL ASTRA J 2017Pages: 331, PDF Size: 8.23 MB
Page 201 of 331

Возење и ракување199Показател
Системот го предупредува возачот
со акустични сигнали за
потенцијално опасни пречки зад
возилото и пред возилото. Зависно која страна на возилото е поблиску
до пречка, од таа страна ќе чуете
предупредувачки звучни сигнали
во возилото. Периодот помеѓу
звуците се скусува додека
возилото наближува до пречката.
Кога е оддалеченоста помала од
околу 30 см, звукот е постојан.
Освен тоа, оддалеченоста до
пречките може да се прикажува на
Информативниот центар за
возачот 3 101.На растојанието до предна или
задна пречка укажуваат
променливи линии за растојание
околу возилото.
На пречките од задната страна
истовремено се укажува звучно и
визулено.
На пречките од предната страна се
укажува прво визуелно. На
оддалечености помали од 80 см,
исто се огласува звучен сигнал.
Прикажувањето на оддалеченоста
на Информативниот центар за
возачот може да се потисне од од
пораки за возилото со повисок
приоритет. Откако ќе се одобри
пораката со притискање SET/CLR
на рачката за трепкачот,
показателот на оддалеченоста се
појавува пак.
Деактивирање
Задната помош за паркирање
автоматски се исклучува кога ќе се извади од рикверц.
Предната помош за паркирање
страна автоматски се исклучува
при брзина од поголема од 11 км/ч .
Може да се исклучи рачно со кусо
притискање на r или D.
Кога ќе се исклучи системот, сијаличката во копчето се гасне.
Освен тоа, на Информативниот
центар на возачот се појавува Park
Assist Off (Помошта при паркирање е исклучена) кога системот ќе се
исклучи рачно.
По рачното исклучување, предната помош за паркирање повторно се
вклучува ако се притисне r или
D или ако возилото е во рикверц.
Page 202 of 331

200Возење и ракувањеДефект
Во случај на дефект на системот или ако системот не работи поради
привремени услови, на пр. сензори прекриени со мраз, светнува
контролната сијаличка r или се
прикажува порака на
Информативниот центар за
возачот.
Пораки за возилото 3 109.
Контролна сијаличка r 3 98.
Напредна помош за паркирање9 Предупредување
Возачот носи целосна
одговорност за прифаќање на местото за паркирање
предложено од системот и
маневрот за паркирање.
Секогаш проверувајте ја
околината во сите насоки кога ја
користите напредната помош за паркирање.
Системот на напредна помош за
паркирање го упатува возачот на
паркирното место со давање
упатства на Информативниот
центар за возачот и преку звучни
сигнали. Возачот треба да ги
контролира забрзувањето,
сопирањето, управувањето и
менувањето брзини.
Системот ги користи сензорите на предно-задната помош при
паркирање во комбинација со два
дополнителни сензора од двете
страни на предниот и на задниот
браник.
Копче D
и логика на работењето
Со напредната помош за
паркирање и со предно-задната
помош за паркирање, (видете во
претходниот опис), се ракува
притискање D.
Кусо притискање на D ја
деактивира или активира предната помош за паркирање.
Долго притискање на D (околу
една секунда) ја активира или
деактивира напредната помош за
паркирање.
Логиката за работа на копчето за
управување со системите е како
што следува:
● Активна е предно-задната помош за паркирање: кусо
притискање ја деактивира
предно-задната помош за
паркирање.
● Предно-задната помош за паркирање е активна: со долго
притискање се вклучува
напредната помош за
паркирање ако возилото е
ставено во брзина за напред.
Page 203 of 331

Возење и ракување201● Активна е напредната помошза паркирање: кусо
притискање ја активира
предно-задната помош за
паркирање.
● Активна е напредната помош за паркирање: долго
притискање ја деактивира
напредната помош за
паркирање.
● Напредната помош за паркирање и предно-задната
помош за паркирање се
активни: со кратко притискање
се исклучуваат двата системи.
АктивирањеПри барање место за паркирање,
системот треба да се активира со
држење на D околу една секунда.
Системот може да биде активиран
и да пребарува за место за
паркирање со брзина до само
30 км/ч.
Најголемото дозволено паралелно
растојание меѓу возилото и
паркираните автомобили е
1,8 метри.
Функционалност
Кога возилото поминува ред на
автомобили и системот е
активиран, системот на напредна
помош за паркирање почнува да бара соодветно паркирно место.
Кога ќе се открие прикладно место, визуелни информации се даваат
на Информативниот центар за
возачот и звучен сигнал.
Ако возачот не го запре возилото
за помалку од десет метри откако
ќе се предложи место за
паркирање, системот почнува да
бара друго соодветно место за
паркирање.
Предлогот на системот за место за паркирање се прифаќа кога
возачот ќе го запре возилото до
десет метри откако ќе се даде
пораката „Стоп“. Системот ја
Page 204 of 331

202Возење и ракувањепресметува оптималната
маршрута до паркирното место.
Потоа го маневрира возачот до
местото со давање детални
упатства.
Упатствата на екранот покажуваат:
● Навестување кога се вози побрзо од 30 км/ч.
● Барање за запирање на возилото кога се забележува
паркирно место.
● Насока на возењето за време на маневри за паркирање.
● Положба на воланот за времена паркирањето.
● За некои од упатствата се покажува линија за
напредување.
На успешен маневар за паркирање укажува симболот за ’Крајна
положба’.
Секогаш внимавајте на звукот на
предно-задната помош за
паркирање. Постојан звук значи
дека оддалеченоста до пречка е
помала од околу 30 см.
Менување на страната на
паркирањето
Системот е конфигуриран да
открива места за паркирање од
совозачката страна. За да се
откриваат места за паркирање од
возачката страна, вклучете го
трепкачот од возачката страна за
време на барањето.
Штом ќе се исклучи трепкачот,
системот повторно бара места за
паркирање од совозачката страна.
Приоритети за прикажувањето
По активирањето на напредната
помош за паркирање, во
Информативниот центар за
возачот се појавува порака.
Показателот за напредна помош за паркирање на Информативниот
центар за возачот може да се
потисне од од пораки за возилото
со повисок приоритет. Откако ќе ја
одобрите пораката со притискање
SET/CLR на рачката за трепкачите,
повторно се покажуваат
упатствата за напредната помош
за паркирање и маневарот за
паркирање може да продолжи.
Page 205 of 331

Возење и ракување203Деактивирање
Системот се деактивира со: ● кратко притискање на D ако
се вклучени напредната помош за паркирање и предно-
задната помош за паркирање
● долго притискање на D ако е
вклучена напредната помош за паркирање
● успешен завршен маневар за паркинг
● возење побрзо од 30 км/ч
● исклучување на палењето
На деактивирањето од страна на
возачот или на системот за време
на маневрирањето ќе укаже
Parking Deactivated (Паркирањето
е деактивирано) во
Информативниот центар за
возачот.Дефект
На Информативниот центар за
возачот се појавува порака кога:
● Има дефект во системот.
● Возачот не го завршил успешно маневарот за
паркирање.
● Системот не функционира.
Ако се открие предмет за време на упатствата за паркирање, се
појавува Stop (Застанете) на
Информативниот центар за
возачот. Отстранувањето на
предметот ќе ја продолжи
маневрата за паркирање. Ако не се
отстрани предметот, системот ќе
се деактивира. Држете го D околу
една секунда за да се активира
системот и да се бара ново место
за паркирање.Основни белешки за системите
за помош за паркирање9 Предупредување
Во одредени услови, сјајните
површини на разни предмети
или на облека, како и
надворешните извори на
бучава, може да предизвикаат системот да не ги открие
пречките.
Треба да се обрне посебно
внимание на ниските пречки
што може да го оштетат долниот дел на браникот.
Внимание
Перформансите на системот
може да бидат намалени кога
сензорите се прекриени, на пр.
со мраз или снег.
Перформансите на системот за помош при паркирање може да
се намалат поради голема
оптовареност.
Page 206 of 331

204Возење и ракувањеВажат посебни услови ако во
близина има повисоки возила
(на пр. теренски возила,
комбија, камионети).
Идентификацијата на предмети
и правилното укажување на
оддалеченоста во горните
делови од такви возила не може
да се гарантира.
Системот може да не открие
предмети со многу мала
површина за одразување,
на пр. тесни предмети или меки
материјали.
Системите за помош за
паркирање не откриваат
предмети надвор од опсегот за
откривање.
Забелешка
Системот за помош при
паркирање може да се активира и
деактивира со менување на
поставките на Инфо-екранот. Ако
е закачена приколка, треба да се
избере од изборникот.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 115.
Забелешка
Системот за помош при
паркирање автоматски ја
приметува фабрично
монтираната опрема за влечење.
Се деактивира кога е приклучен
штекерот.
Можно е сензорот да открие
непостоечки предмети (ехо
пречење), што е предизвикано од
надворешни звучни или
механички пречки.
Системот на напреднатата помош за паркирање може да не реагира на промени на паркирното место
откако ќе се почне паралелен
маневар за паркирање.
Забелешка
По употреба, напредната помош
за паркирање треба да се
калибрира. За оптимално
наведување при паркирање,
потребна е возна оддалеченост
од најмалку 35 км, вклучително и
свиоци.Известување за
странична слепа точка
Системот за известување за
странична слепа точка открива и
пријавува предмети од двете
страни на возилото, во одредена
„мртва“ зона. Системот известува
визуелно во секој ретровизор кога
открива објекти што може да не се
видливи во внатрешниот и
страничните ретровизори.
Сензорите на системот се наоѓаат
во браникот од левата и десната
страна на возилото.9 Предупредување
Известувањето за странична
слепа точка не го заменува
видот на возачот.
Системот не открива:
● возила вон страничните слепи зони што може да сеприближуваат брзо
● пешаци, велосипедисти или животни
Page 207 of 331

Возење и ракување205Пред менување лента, секогаш
проверувајте ги сите
ретровизори, погледнете преку рамо и користете го трепкачот.
Кога системот ќе открие возило востраничната слепа зона додека севози нанапред, независно дали се
претекнува возило или Ве
претекнуваат, портокалов
предупредувачки симбол B ќе се
запали на соодветниот страничен ретровизор. Ако возачот тогаш го
вклучи трепкачот,
предупредувачкиот симбол B
почнува да трепка портокалово
како предупредување да не се
менува лентата.
Забелешка
Ако возилото што претекнува е
побрзо од претекнатото возило
најмалку за 10 км/ч, може да не
свети предупредувачкиот симбол
B во соодветниот страничен
ретровизор.
Известувањето за странична слепа
точка е активно од брзини од
10 км/ч до 140 км/ч. Ако се вози
побрзо од 140 км/ч, системот се исклучува, на што укажуваат слаби светлосни предупредувачки
симболи B во двата странични
ретровизори. Со повторно
намалување на брзианта,
предупредувачките симболи ќе се
изгаснат. Ако потоа се открие
возило во слепата зона, симболот за предупредување B ќе светне
како што е нормално на
соодветната страна.
Кога ќе се стартува возилото,
екраните на двата странични
ретровизори накусо ќе светнат за
да укажат дека системот работи.
Системот може да се активира или
деактивира во изборникот Settings
(поставки) на Инфо-екранот.
Приспособување на возилото кон индивидуалните потреби 3 115.
На исклучувањето укажува порака во Информативниот центар за
возачот.
Зони на откривање
Сензорот на системот покрива
зона од околу три метри од двете
страни на возилото. Оваа зона почнува кај секој од страничните
ретровизори и има опсег наназад
околу три метри. Висината на
зоната е приближно околу
0,5 метри и два метри од тлото.
Системот се исклучува ако
возилото влече приколка.
Известувањето за странична слепа
точка е конструирано да игнорира
статични објекти како банкини, столбови, рабници, ѕидови и греди.
Page 208 of 331

206Возење и ракувањеПаркирани или возила што доаѓаат
од спротивната страна не се
откриваат.
Дефект
Може да дојде до повремени пропуштени известувања во
нормални околности.
Известувањето за странична слепа
точка не работи кога левиот или
десниот агол на задниот браник е
прекриен со кал, нечистотија, снег, мраз или кашавица. Упатства за
чистење 3 281.
Во случај на дефект на системот или ако системот не работи поради привремени услови, се прикажува
порака во Информативниот центар
за возачот. Во случај на траен
дефект побарајте помош во
сервис.Помошник за сообраќајни
знаци
ФункционалностСистемот за помош со сообраќајни
знаци ги забележува сообраќајните
знаци преку предна камера и ги
прикажува во Информативниот
центар за возачот.
Сообраќајни знаци коишто ќе се
забележат се:
Знаци за ограничување и
забрането претекнување ● ограничување на брзина
● поминувањето е забрането● крај на ограничувањето на брзината
● крај на забраната на поминувањетоСообраќајни знаци
Почеток и крај на:
● автопати
● Регионални патишта
● улици за играњеДополнителни знаци ● дополнителни знаци на сообраќајните знаци
● ограничување за влечење приколки
● ограничувања за влечење ● предупредување за влажност
● предупредување за мраз
● стрелки за насока
Знаците за ограничување на
брзината се прикажуваат на
Информативниот центар за
возачот додека не се регистрира следен знак за ограничување или
престанок на ограничувањето на
брзината или измине времето на
знакот по определено време.
Page 209 of 331

Возење и ракување207
Можно е на екранот да се појават
показатели за повеќе знаци.
Извичник во рамка укажува дека е
откриен дополнителен знак што системот не го препознава.
Системот е активен до брзина од
200 км/ч, зависно од условите на
осветленост. Ноќе системот е
активен до брзина од 160 км/ч.
Штом брзината на возилото ќе се
намали под 55 км/ч, екранот се
ресетира и содржината на
страницата со сообраќајни знаци
се брише. Ќе се прикаже
означувањето на следната
препознаена брзина.
Индикации на екранот Сообраќајните знаци се
прикажуваат на страницата
Откривање сообраќајни знаци на
DIC.
Изберете Settings (Поставки) X
со притискање MENU и изберете
Откривање сообраќајни знаци со
тркалцето за местење на рачката
за трепкачите 3 101.
Кога е избрана друга страница на изборникот на Информативниот
центар за возачот и потоа повторно ќе се одбере страницата
Откривање сообраќајни знаци , ќе
се прикаже последниот препознаен
сообраќаен знак.
Page 210 of 331

208Возење и ракувањеФункција за тревожење
Штом ќе се активира, знаците за
ограничување на брзината и за
непретекнување се прикажуваат
како појавни тревожења на
Информативниот центар за
возачот.
Функцијата за тревожење може да
се активира или деактивира во
изборникот за Поставки на
страницата на помошникот за
сообраќајни знаци со притискање
SET/CLR на рачката за трепкачите.Кога ќе се прикаже страницата за
Поставки, изберете Исклучено за
да ја деактивирате функцијата за тревожење. Вклучете повторно со
избирање на Вклучено.
Кога ќе се вклучи палењето,
функцијата за тревожење е
деактивирана.
Појавувачката индикација се
прикажува околу осум секунди во
Информативниот центар за
возачот.