OPEL ASTRA J 2018.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2018.5, Model line: ASTRA J, Model: OPEL ASTRA J 2018.5Pages: 331, PDF Size: 8.4 MB
Page 21 of 331

Накратко19ПоаѓањеПроверете ги пред да појдете ● Притисокот во гумите и нивната состојба 3 257,
3 301.
● Нивоата на моторното масло и
на течностите 3 227.
● Сите прозорци, ретровизори, надворешни светла и
регистарски таблички, дали се
чисти, да нема снег и мраз на
нив, и дали функционираат.
● Правилната положба на ретровизорите, седиштата и
безбедносните ремени 3 32,
3 42, 3 52.
● Функционирањето на сопирачките при мала брзина,
особено ако сопирачките се
мокри.Палење на моторот
● Cвртете го клучот во положбата 1.
● Помрднете го воланот малку за
да се ослободи бравата на
воланот.
● Притиснете ги куплунгот и сопирачката.
● Автоматскиот менувач во P
или N.
● Не нагазнувајте го педалот за гас.
● Мотори на дизел: свртете гоклучот во положба 2 за
предзагревање и почекајте да
се изгасне контролната
сијаличка !.
● Свртете го клучот во положба 3 и отпуштете го.
Палење на моторот 3 158.
Page 22 of 331

20НакраткоСистем за сопирање-поаѓање
Ако возилото оди со мала брзина
или е сопрено и одредени услови
се исполнети, вклучете го Autostop
на следниов начин:
● Притиснете ја педалата за куплунг.
● Поставете го менувачот во лер.
● Отпуштете ја педалата за куплунг.
Autostop е покажано на
вртежомерот со иглата во положба AUTOSTOP .
За повторно палење на моторот,
притиснете ја педалата за
куплунгот уште еднаш.
Систем за сопирање-поаѓање
3 159.Паркирање9 Предупредување
● Не го паркирајте возилото
врз лесно запалива
површина. Високата
температура на издувниот
систем може да ја запали
површината.
● Секогаш затегнувајте ја рачната сопирачка.
Затегнувајте ја рачната
сопирачка без да го
притиснете копчето за
ослободување. Затегнувајте
ја колку е можно поцврсто на
удолници или угорници.
Притиснете ја педалата за кочење истовремено за да се
намалат работните сили.
Кај возилата со електрична
сопирачка за паркирање,
повлечете го прекинувачот
m околу една секунда.
Електричната сопирачка за
паркирање се активира кога
Page 23 of 331

Накратко21ќе светне контролната
сијаличка m 3 97.
● Изгаснете го моторот.
● Ако возилото е на рамна површина или на нагорнина,
ставете во прва брзина или
ставете ја рачката на
менувачот во положба P
пред да го извадите клучот за палење. Ако возилото е на
угорница, свртете ги
предните тркала од работ на
тротоарот.
Ако возилото е на надолнина,
ставете во рикверц или
ставете ја рачката на
менувачот во положба P
пред да го извадите клучот за палење. Свртете ги преднитетркала кон работ на
тротоарот.
● Затворете ги прозорците и подвижниот покрив.
● Извадете го клучот за палење од бравата за
палење. Завртете го воланот
додека не се почувствувадека бравата на воланот се
заглавила.
Кај возилата со автоматски
менувач, клучот може да се
извади само кога рачката на менувачот е во положба P.
● Заклучете го возилото со
притискање на e на
далечинскиот управувач за
радиото.
Активирајте го системот за
тревожење при кражба 3 30.
● Вентилаторите на ладилникот може да работат и по
гаснењето на моторот 3 226.
Внимание
По возење со голема брзина на
моторот или при големо
оптоварување на моторот,
оставете го моторот да работи
кусо време со мало
оптоварување или во лер околу
30 секунди пред да го изгаснете
за да го заштитите
турбополначот.
Клучеви, брави 3 22, Оставање
на возилото да стои подолго време
3 225.
Page 24 of 331

22Клучеви, врати и прозорциКлучеви, врати и
прозорциКлучеви, заклучување ...............22
Клучеви ..................................... 22
Картичка на автомобилот .......23
Далечински управувач ............23
Меморизирани поставки .........24
Систем на централната брава ....................................... 25
Автоматско заклучување ........27
Детски брави ............................ 27
Врати ........................................... 27
Товарен простор ......................27
Безбедност на возилото ............29
Систем за заштита од
кражба ..................................... 29
Систем за тревожење при кражба ..................................... 30
Имобилизатор .......................... 32
Странични ретровизори ............32
Конвексен облик ......................32
Електрично местење ...............32
Преклопни прозорци ................ 33
Ретровизори со греење ...........33Ретровизори ............................... 34
Рачна заштита од отсјај ..........34
Автоматско намалување на отсјај ........................................ 34
Прозорци .................................... 34
Шофершајбна .......................... 34
Механички прозорци ...............35
Електрични прозорци ..............35
Греење на задното стакло ......37
Штитници за сонце ..................37
Покрив ......................................... 38
Подвижен покрив .....................38
Стаклена плоча ........................39Клучеви, заклучување
КлучевиВнимание
Не закачувајте тешки или
обемни елементи на клучот за
палење.
Резервни клучеви
Бројот на клучот е наведен во
Картичката на автомобилот или на
етикетата која се вади.
Бројот на клучот треба да се
наведе кога се нарачуваат
резервни клучеви бидејќи тој е
компонента на системот на
имобилизаторот.
Брави 3 280.
Бројот на шифрата за адаптерот за
завртките за заклучување на
тркалата е наведен на картичка.
Треба да се наведе кога се
нарачува резервен адаптер.
Менување на тркалата 3 268.
Page 25 of 331

Клучеви, врати и прозорци23Клуч со дел што се преклопува
Притиснете го копчето за да се
извлече. За да се преклопи клучот,
прво притиснете го копчето.
Картичка на автомобилот
Картичката на автомобилот
содржи податоци за возилото
поврзани со безбедноста, и затоа
теба да се чува на сигурно место.
Кога возилото се носи кај
автомеханичар, тие податоци за
возилото се потребни за да се
извршат извесни работи.
Далечински управувач
Се користи за ракување со:
● централната брава
● системот за заштита од кражба
● системот за тревожење при кражба
● електричните прозорци
● подвижен покрив
Далечинскиот управувач има опсег
од околу 20 метри. Него може да го
ограничат надворешни влијанија.
Предупредувачките трепкачи го
потврдуваат работењето.
Ракувајте со него внимателно,
штитете го од влага и високи
температури и избегнувајте
непотребно ангажирање.
Дефект Ако со централната брава не може
да се работи со далечинскиот
управувач, причината може да
биде следното:
● Надминат опсег.
● Слаб напон на акумулаторот. ● Често, повеќекратно работење
со далечинскиот управувач
додека не е во опсегот, што ќе
побара повтроно
синхронизирање.
● Преоптоварување на системот на централната брава поради
често ангажирање, тогаш
напојувањето се прекинува
накратко.
● Пречки од посилни радио бранови од други извори.
Отклучување 3 25.
Page 26 of 331

24Клучеви, врати и прозорциОсновни поставкиНекои поставки може да се сменат
во изборникот Поставки на
Инфо-екранот. Приспособување
на возилото кон индивидуалните
потреби 3 116.
Замена на батеријата на
далечинскиот управувач
Заменете ја батеријата штом се
намалува опсегот.
Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
Клуч со дел што се преклопува
Извлечете го клучот и отворете го
уредот. Заменете ја батеријата
(вид на батеријата CR 2032),
обрнувајќи внимание на положбата
на инсталирањето. Затворете го
уредот и синхронизирајте го.
Меморизирани поставки
При секое вадење на клучот од
бравата за палење, клучот
автоматски ги меморира следните
поставки:
● светла
● Инфозабавен систем
● централната брава
● Поставки на спортскиот режим
● поставки за удобност
Зачуваните поставки автоматски
се користат следниот пат кога
меморираниот клуч ќе се вметне во
бравата за палење и ќе се сврти во положбата 1 3 157.
Предуслов е Personalization by
driver (приспособување кон
индивидуалните потреби на
возачот) да е активиран во личните
поставки на Сликовниот
инфо-екран. Тоа мора да се
постави за секој клуч што се
користи. Кај возилата со
Информативен екран во боја,
приспособувањето на возилото кон
индивидуалните потреби е
постојано активирано.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 116.
Page 27 of 331

Клучеви, врати и прозорци25Систем на централнатабрава
Ги отклучува и заклучува вратите,
товарниот простор и вратичката на резервоарот за гориво.
Едно повлекување на внатрешната
рачка од некоја врата ја отклучува
односната врата. Повлекувањето
на рачката уште еднаш ја отвора
вратата.
Забелешка
Во случај на сообраќајка во
којашто се активираат воздушни
перничиња или затегнувачи на
ремените, возилото автоматски
се отклучува.
Забелешка
За кратко време по
отклучувањето со далечинскиот
управувач, вратите се
заклучуваат повторно автоматски
ако не се отворила ниедна врата.Отклучување
Притиснете го c.
Две поставки може да се изберат: ● За отклучување само на возачката врата и вратничката
за полнење гориво, притиснете
c еднаш. За отклучување на
сите врати, притиснете c
двапати.
● Притиснете c еднаш за да се
отклучат сите врати, товарниот
простор и вратичката за
полнење гориво.
Поставката може да се смени во
изборникот Поставки на
Инфо-екранот. Приспособување
на возилото кон индивидуалните
потреби 3 116.
Поставката може да се сними за клучот кој се употребува.
Меморизирани поставки 3 24.
Отклучување и отворање на
задната врата 3 27.
Заклучување
Затворете ги вратите, товарниот
простор и вратичката на
резервоарот.
Притиснете го e.
Page 28 of 331

26Клучеви, врати и прозорциАко возачката врата не е правилно
затворена, системот на
централната брава нема да
работи.
Копчиња за централната брава
Заклучување или отклучување на
сите врати, товарниот простор и
вратичката на резервоарот од
патничкиот простор.
Притиснете e за да заклучите.
Притиснете c за да отклучите.
Дефект во ситемот на
далечинскиот управувач
Отклучување
Рачно отклучете ја возачката врата
со вртење на клучот во бравата.
Вклучете го палењето и
притиснете го копчето на
централна брава c за да се
отклучат сите други врати,
товарниот простор и вратичката на резервоарот. Со вклучување на
палењето, системот за заштита од
кражба се деактивира.
Заклучување
Рачно заклучете ја возачката врата со вртење на клучот во бравата.
Дефект во централната брава
Отклучување
Рачно отклучете ја возачката врата
со вртење на клучот во бравата.
Другите врати може да се отворат
со повлекување на внатрешната
квака двапати. Товарниот простор
и вратичката на резервоарот за
гориво не може да се отворат. За
да го деактивирате системот за
заштита од кражба, вклучете го
палењето 3 30.
Заклучување
Турнете ги навнатре копчињата за
заклучување на сите врати освен
на возачката врата. Потоа
затворете ја возачката врата и
заклучете ја однадвор со клучот.
Вратичката на резервоарот за
гориво и задната врата не може да се заклучат.
Page 29 of 331

Клучеви, врати и прозорци27Автоматско заклучувањеОваа безбедносна функција може
да се намести автоматски да се
заклучат сите врати, товарниот
простор и вратичката на
резервоарот за гориво штом ќе се
надмине извесна брзина.
Дополнително, може да се
конфигурира да ја отклучува
возачката врата или сите врати
откако ќе се исклучи палењето и ќе
се извади клучот (рачен менувач)
или рачката на менувачот ќе се
стави во положбата P (автоматски
менувач).
Поставките може да се сменат во изборникот Поставки на
Инфо-екранот. Приспособување
на возилото кон индивидуалните
потреби 3 116.
Поставките може да се снимат за
клучот кој се употребува 3 24.Детски брави9 Предупредување
Користете ги детските брави
кога и да седат деца на задните
седишта.
Користејќи клуч или соодветен
шрафцигер, свртете ја детската брава во задната врата во
хоризонтална положба. Вратата не може да се отвори однатре.
За деактивирање, свртете ја
детската брава во вертикална
положба.
Врати
Товарен простор
Задна врата
ОтворањеХечбек со 3 врати
Притиснете x на далечинскиот
управувач или притиснете го
амблемот на брендот на долната
половина за да ја отклучите и
отворите задната врата.
Page 30 of 331

28Клучеви, врати и прозорци
Со притискање x задната врата
се отвора дури и ако вратите се заклучени.
Ночбек со 4 вратиЗа да ја отворите хаубата,
притиснете x на далечинската
контрола барем две секунди, или,
за да отворите однатре,
притиснете x на средишната
конзола; хаубата се подотвора.
Со вратите централно заклучени,
хаубата не може да се отвори со
притискање x на средишната
конзола.
Затворање
Користете една од внатрешните
рачки.
Не притиснувајте го прекинувачот
на допирање или амблемот на
брендот додека се затвора бидејќи тоа, повторно, ќе ја отклучи
задната врата.
Централна брава 3 25.