OPEL ASTRA J 2018.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2018.5, Model line: ASTRA J, Model: OPEL ASTRA J 2018.5Pages: 331, PDF Size: 8.4 MB
Page 41 of 331

Клучеви, врати и прозорци39притиснат до вториот степен.
Подвижниот покрив се затвора со
исклучена безбедносна функција.
За да се запре движењето,
отпуштете го прекинувачот.
Затворање на подвижниот покрив
однадвор
Подвижниот покрив може да се
затвори далечински надвор од
возилото.
Притиснете го и држете e за да се
затвори подвижниот покрив.
Отпуштете го копчето за да го
запрете движењето.
Стартување по прекин на
напојувањето
По прекин на напојувањето,
можеби ќе може да работи само
подвижниот покрив до одреден
степен. Нека го стартуваат
системот во вашиот сервис.
Стаклена плоча
Панорамски покрив
Свртете ја рачката и наместете го
покривот во погодна положба.
Покривот се заглавува во
положбата кога ќе се пушти
рачката.
Забелешка
Затворете ги штитниците за сонце
пред да ја лизнете поставата на
покривот.
Page 42 of 331

40Седишта, потпирачиСедишта,
потпирачиПотпирачи за глава ....................40
Активни потпирачи за глава ...42
Предни седишта .........................42
Положба на седиштата ...........42
Рачно прилагодување на седиштето ............................... 43
Преклопување на седиштето ............................... 46
Електрично местење на седиштето ............................... 47
Потпирач за рака .....................49
Греење ..................................... 50
Задни седишта ........................... 50
Потпирач за рака .....................50
Безбедносни ремени .................50
Безбедносен ремен прицврстен на три точки ........52
Систем на воздушни
перничиња .................................. 54
Систем на предни воздушни перничиња ............................... 55
Систем на странични воздушни перничиња .............55Систем на завесни воздушни
перничиња ............................... 56
Деактивирање на воздушното перниче ................................... 57
Системи за врзување на деца ..58
Места за монтирање на системот за врзување на
деца ......................................... 61Потпирачи за глава
Положба9 Предупредување
Возете само кога потпирачот за
глава е наместен во правилната
положба.
Горниот раб од потпирачот за
глава треба да биде на нивото на
горниот дел од главата. Ако тоа не
е возможно за особено високи луѓе, наместете го во највисоката
Page 43 of 331

Седишта, потпирачи41положба, а за пониски луѓе
наместете го во најниската
положба.
Местење
Потпирачи за глава на предните седишта
Местење на височината
Притиснете го копчето за
ослободување, наместете ја
височината, па заглавете го.
Хоризонтално местење
За хоризонтално местење,
повлечете го потпирачот за
главата нанапред. Тој може да се заглави во неколку положби.
За да се врати во својата најзадна положба, повлечете го целосно
нанапред и отпуштете го.
Потпирачи за глава на задните
седишта
Местење на височината
Повлечете го потпирачот за глава угоре или притиснете ја патентбравата за да се ослободи и
притиснете го потпирачот удолу.
Вадење
Притиснете ги двете спојки,
повлечете го потпирачот за глава
угоре и извадете го.
Page 44 of 331

42Седишта, потпирачиАктивни потпирачи заглава
Во случај на удар одзади, предните
делови на активните потпирачи за
глава се движат малку нанапред.
Затоа главата е поткрепена така
што ризикот од повреда на вратот е намален.
Забелешка
Одобрената дополнителна
опрема може да се прикачи само
ако не се користи седиштето.Предни седишта
Положба на седиштата9 Предупредување
Возете само со правилно
наместено седиште.
9 Предупредување
Никогаш не ги местете
седиштата додека возите
бидејќи тие може да се движат
неконтролирано.
9 Опасност
Не седете поблиску од 25 см до
воланот за да се овозможи
безбедно отворање на
воздушното перниче.
9 Предупредување
Не складирајте ништо под
седиштата.
● Седете така што задникот да биде колку е можно поназад до
потпирачот за грб. Наместете
го растојанието помеѓу
седиштето и педалите така
што нозете да бидат малку
свиткани кога ги притиснувате
педалите. Лизнете го
совозачкото седиште колку е
можно поназад.
● Наместете ја височината на седиштето доволно високо да
имате добра видливост од сите
страни и на сите инструменти
на екранот. Би требало да има
слободен простор од најмалку
една рака помеѓу главата и
Page 45 of 331

Седишта, потпирачи43рамката на покривот.
Колковите би требало да лежат леко врз седиштето без да го
притискаат него.
● Седете така што рамениците да бидат колку е можно
поназад до потпирачот за грб. Наместете ја накосеноста на
потпирачот за грб така што да
може лесно да се дофати
воланот со благо свиткани
лакти. Гледајте да има контакт
помеѓу рамениците и
потпирачот за грб кога го
вртите воланот. Не го
навалувајте потпирачот за грб
премногу назад.
Препорачуваме максимална
накосеност од околу 25°.
● Прилагодете го седиштето и воланот на начин што зглобот
ќе се наоѓа на врвот на воланот
додека раката е целосно
испружена и рамениците се
потпираат на потпирачот за
грб.
● Местење на воланот 3 79.
● Наместете го потпирачот за глава 3 40.● Наместете ја височината на
безбедносниот ремен 3 52.
● Намастете го потпирачот за колковите така што да има
простор со ширина од околу
два прста помеѓу работ на
седиштето и шуплината на
коленото.
● Наместете го потпирачот за половината така што ќе го
поткрепува природниот облик
на ’рбетот.
Рачно прилагодување на седиштето
Возете само со заглавени седишта
и потпирачи за грб.Надолжно прилагодување
Повлечете ја рачката, слизнете го
седиштето, отпуштете ја рачката.
Обидете се да го движите
седиштето напред-назад за да
проверите дали е заглавено во
положбата.
Page 46 of 331

44Седишта, потпирачиНаклонетост на потпирачот за
грб
Повлечете ја рачката, наместете ја наваленоста и отпуштете ја
рачката. Нека се заглави
потпирачот за грб чујно.
Височина на седиштето
Пумпање со рачката
угоре:седиштето погореудолу:седиштето подолуНавалување на седиштата
Пумпање со рачката
угоре:предниот крај погореудолу:предниот крај подолу
Page 47 of 331

Седишта, потпирачи45Потпирач за половината
Дотерајте го потпирачот за
половината користејќи го
четиринасочниот прекинувач за да
им одговара на личните барања.
Местење на потпирачот нагоре и
надолу: притиснете го
прекинувачот угоре или удолу.
Зголемување и намалување на
потпирачот: притиснете го
прекинувачот нанапред или
наназад.
Приспособлив потпирач за
колковите
Повлечете ја рачката и слизнете го потпирачот за колковите.
Странично перниче, верзија
OPC
Прилагодете ги широчината на
седиштето и на потпирачот за грб
со прекинувачите според личните потреби.
Со предниот преклопен
прекинувач се менува широчината
на седиштето.
Со задниот преклопен прекинувач
се менува широчината на
потпирачот за грб.
Page 48 of 331

46Седишта, потпирачиПреклопување наседиштетоВнимание
Кога седиштето е на најголема
висина, притиснете го
потпирачот за глава надолу и кренете ги штитниците за сонце пред да го склопите потпирачотза грб напред.
Преклопување на седиштата со
рачно управување
Кренете ја рачката за отпуштање и
склопете го потпирачот за грб
наназад, потоа клизнете го
седиштето напред до сопирањето.
За да го вратите, клизнете го
седиштето наназад до
сопирањето. Кренете го
потпирачот за грб во иправена
положба без ракување со ниедна
рачка. Проверете дали потпирачот за грб се заглавува.9 Предупредување
Кога го исправате, проверете
дали седиштето е добро
заглавено во положбата пред да
возите. Ако не го направите тоа, може да се предизвика повредаво случај на нагло сопирање или
судар.
Мемориската функција
овозможува седиштето да се
заглави во првобитната положба.
Не ракувајте со рачката за
навалување на потпирачот за грб
додека потпирачот е навален
нанапред.
Во возилата со панорамски покрив:
за да се навали потпирачот за грб
нанапред, притиснете ги
потпирачите за глава надолу и
подигнете ги штитниците за сонце.
На илустрацијата е прикажана
рачката за отпуштање кај
седиштето OPC.
9 Предупредување
Заради избегување повреда,
поместете го потпирачот за
грбот во исправена положба
пред да го превиткате.
Page 49 of 331

Седишта, потпирачи47Преклопување на
електричните седишта
Подигнете ја рачката за
ослободување и навалете го
потпирачот за грб нанапред.
Седиштето се лизга автоматски
напред до сопирањето.
За да го вратите, кренете го
потпирачот за грб во исправена
положба и заглавете го.
Седиштето се лизга автоматски
назад до првобитната положба.
Ако потпирачот за глава на
преклопениот потпирач за грбот е блокиран од горната рамка,
дозволете седиштето да оди малку
назад пред да го кренете
потпирачот за грбот 3 47.
Безбедносна функција
Ако електричното седиште наиде
на отпор додека се лизга напред
или назад, веднаш се сопира и се
враќа назад.
Преоптоварување
Ако функцијата за преклопување е
преоптоварена електрично,
напојувањето се прекинува
автоматски за кратко време.
Електрично местење наседиштето9 Предупредување
Треба да се внимава кога се
ракува со електричните
седишта. Има ризик од повреда, особено за децата. Може да се
заглават предмети.
Внимавајте многу на седиштата
кога ги дотерувате истите.
Треба да се известат патниците
на возилото соодветно.
Надолжна положба на
седиштето
Поместете го прекинувачот
нанапред/наназад.
Page 50 of 331

48Седишта, потпирачиВисочина на седиштето
Поместете го прекинувачот угоре/
удолу.
Навалување на седиштата
Поместете го предниот дел на
прекинувачот нагоре/надолу.
Потпирачи за грб на седиштата
Свртете го прекинувачот
нанапред/наназад.