bluetooth OPEL ASTRA K 2016.5 Прирачник за инфозабавата
[x] Cancel search | Manufacturer: OPEL, Model Year: 2016.5, Model line: ASTRA K, Model: OPEL ASTRA K 2016.5Pages: 185, PDF Size: 3.04 MB
Page 107 of 185

Вовед107За детален опис на:● Сликовни функции 3 126
● Филмски функции 3 127
PHONE (ТЕЛЕФОН)
Пред да може да се користи
телефонскиот портал, треба да се воспостави поврзување помеѓу
Инфозабавниот систем и
мобилниот телефон.
За детален опис за подготвување и
воспоставување Bluetooth-врска
меѓу инфозабавниот систем и
мобилен телефон 3 131.
Ако мобилниот телефон е поврзан, изберете PHONE (ТЕЛЕФОН) за да
се прикаже главниот изборник од телефонскиот портал.
За детален опис за ракувањето со
мобилниот телефон преку
Инфозабавниот систем 3 135.
PROJECTION (ПРОЕКЦИЈА)
За да се прикажат специфични
апликации од екранот на
паметниот телефон на
Инфозабавниот систем, поврзете
го паметниот телефон.
Изберете PROJECTION
(ПРОЕКЦИЈА) за да ја стартувате
функцијата за проекција.
Во зависност од поврзаниот
паметен телефон, се прикажува
главен изборник со различни
апликации што може да се изберат.
За детален опис 3 129.
SETTINGS (ПОСТАВКИ)
Изберете SETTINGS (ПОСТАВКИ)
за да отворите изборник за
различни поставки за системот, на
пример, деактивирање на Audible
Touch Feedback (Чујни допирни
повратни информации) .
OnStar
За да се прикаже изборник со
поставки за OnStar Wi-Fi, изберете
OnStar .
За подетални информации,
погледнете го сопственичкиот
прирачник.
Page 114 of 185

114Основно ракувањеЛизгајте низ списокот и изберете
Исклучи го приказот . Приказот е
исклучен; функциите на звукот
остануваат активни.
Основни фабрички поставки
Притиснете ; и потоа изберете
Settings (Поставки) .
Листајте и изберете Return to
Factory Settings (Врати на
фабрички поставки) .
За да ги обновите сите поставки за
приспособување на возилото кон индивидуалните потреби,
изберете Обнови ги поставките на
возилото .
За да ги избришете поврзаните
уреди со Bluetooth, зачуваните
список на контакти и броевите за
говорна пошта, изберете Clear All
Private Data (Избриши ги сите
приватни податоци) .
За да ги ресетирате поставките за
тон и гласност, избришете ги сите
омилени, избришете го изборот на
тон на ѕвонење, изберете Restore
Radio Settings (Обнови радио
поставки) .Во секој случај, се прикажува
порака за предупредување.
Изберете Continue (Продолжи) за
да ги ресетирате поставите.
Верзија на системот Притиснете ; и потоа изберете
Settings (Поставки) .
Листајте и изберете Software
Information (Информации за
софтверот) .
Ако е поврзан USB уред, на него можете да ги зачувате
информациите за возилото.
Одберете го System Update
(Ажурирање на системот) и потоа
Save Vehicle Info to USB (Зачувај ги информациите за возилото на
USB) .
За ажурирање на системот,
контактирајте со сервисот.
Поставки на возилото Поставките за возилото се
опишани во Сопственичкиот
прирачник.
Page 123 of 185

Надворешни уреди123Забелешка
Инфозабавниот систем не ги
поддржува сите модели на МP3-
плеери, уреди USB, iPod или
паметни телефони. Проверете го
списокот за компатибилност на
нашата веб-локација.
Поврзување/откачување уред
Поврзете еден од горенаведените
уреди во приклучокот за USB. Ако
е потребно, користете соодветен
кабел за поврзување. Музичката
функција почнува автоматски.
Забелешка
Ако се поврзе уред USB или iPod
што не може да се прочита, се
појавува соодветна порака за
грешка и Инфозабавниот систем
автоматски се префрлува на
претходната функција.
За да ја прекинете врската на
уредот USB или iPod-от, изберете
друга функција, а потоа извадете ја
меморијата USB.Внимание
Не откачувајте го уредот за
време на репродукција. Така
може да се оштети уредот или
Инфозабавниот систем.
Автоматско вклучување на USB
Стандардно, изборникот за звук
од USB се прикажува автоматски
кога ќе се поврзе USB-уред.
Ако сакате, може да ја
деактивирате оваа функција.
Притиснете ;, па изберете
Settings (Поставки) за да го
отворите изборникот поставки.
Изберете Radio (Радио) , листајте
до USB Auto Launch (Автоматско
вчитување USB) и допрете го
екранското копче до функцијата.
За да ја вклучите функцијата:
повторно допрете го екранското
копче.
Bluetooth Изворите на звук со вклучен
Bluetooth (на пр. музички мобилни
телефони, МП3-плеери со
Bluetooth итн.) што ги поддржуваат профилите за музика A2DP и
AVRCP за Bluetooth може да се
поврзат безжично со
Инфозабавниот систем.
Инфозабавниот систем може да
репродуцира музички датотеки што
се содржани на дополнителните
Bluetooth уреди, на пр. паметни
телефони или iPod/iPhone
производи.
Поврзување уред
За детален опис за
воспоставување поврзување
Bluetooth 3 132.
Формати на фајлови и папки
Максималниот капацитет на уред
поддржан од Инфозабавниот
систем е 2500 музички
фајлови, 2500 сликовни фајлови,
250 филмски фајлови, 2500 папки и
10 степени на структура на папки. Поддржани се само уреди
форматирани со систем на
фајлови FAT16/FAT32.
Page 125 of 185

Надворешни уреди125Изберете Source (Извор) во
интерактивната лента за избор, па изберете го саканиот аудиоизворза да го отворите соодветниот
главен изборник за аудио.
Репродукцијата на звучните записи
почнува автоматски.
Функциски копчиња
Забелешка
Во тек на репродуцирање преку
AUX, функциските копчиња не се достапни.
Прекинување и продолжување нарепродукцијата
Допрете = за да го прекинете
репродуцирањето. Екранското
копче се менува во l.
Допрете l за да го продолжите
репродуцирањето.
Репродукција на следниот или
претходниот запис
Допрете v за да ја пуштите
следната нумера.
Допрете t во првите 2 секунди од
репродукцијата на нумерата за да
се вратите на претходната нумера.
Враќање на почетокот на
моменталниот запис
Допрете t по 2 секунди од
репродукцијата на нумерата.
Брзо напред и брзо назад
Допрете и задржете t или v.
Отпуштете за да се вратите во нормален режим на репродукција.
Или може да го движите лизгачот
што ја покажува моменталната
положба на записот налево или
надесно.Произволна репродукција на
записите
Допрете n за да ги пуштите
нумерите по случаен редослед.
Екранското копче се менува во o.
Допрете o повторно за да ја
деактивирате функцијата за
случаен редослед и да се вратите
на нормалниот режим за
репродукција.
Функцијата
Browse Music (Прегледајте ја
музиката)
Забелешка
Функцијата за прегледување не е
достапна за извори AUX и, во
зависност од уредот, може да
биде само делумно достапна за
извори Bluetooth.
За да се прикаже екранот за
прегледување, допрете го екранот. Можете да изберете и Menu
(Изборник) на долниот ред од
главниот екран за аудио за да се прикаже соодветниот изборник зааудио, па изберете Browse Music
(Прегледајте ја музиката) .
Page 130 of 185

130Препознавање говорПрепознавање
говорОпшти информации .................130
Користење ................................ 130Општи информации
Апликацијата за пренесување на
гласот на инфозабавниот систем
овозможува пристап до наредбите
за препознавање говор на вашиот
смартфон. Видете во корисничкото
упатство на производителот на
смартфонот за да видите дали
смартфонот ја поддржува оваа
функција.
За да ја користите апликацијата за
пренесување на гласот, паметниот телефон мора да биде поврзан со
Инфозабавниот систем преку
кабел за USB 3 122 или преку
Bluetooth 3 132.
Користење Активирање на
препознавањето говор
Притиснете и задржете g на
контролната табла или qw на
екранот за да започнете сесија за
препознавање говор. На екранот
се прикажува порака за говорна
команда.Штом ќе се чуе писок, може да
кажете команда. Информации за
поддржаните наредби побарајте во
упатството за ракување со вашиот
паметен телефон.
Прилагодување на гласноста на
говорните потсетници
Свртете го m на контролната табла
или притиснете + / - од десната
страна на воланот за да ја
зголемите или намалите гласноста на говорните потсетници.
Деактивирање на
препознавањето говор
Притиснете xn на воланот.
Исчезнува пораката за говорна
команда, и сесијата за
препознавање говор е завршена.
Page 131 of 185

Телефон131ТелефонОпшти информации.................131
Поврзување Bluetooth ..............132
Итен повик ................................ 134
Ракување .................................. 135
Мобилни телефони и ЦБ
радио опрема ........................... 140Општи информации
Порталот за мобилен телефон ви
дава можност да водите разговори
на мобилен телефон преку
микрофонот и звучниците во
возилото, исто така и да ракувате
со најважните функции на
мобилниот телефон преку
Инфозабавниот систем во
возилото. За да можете да го
користете телефонскиот портал,
мобилниот телефон мора да е поврзан со инфозабавниот систем
преку Bluetooth.
Не сите функции за телефон се
поддржани од секој мобилен
телефон. Употребливите функции
на телефонот зависат од
односниот мобилен телефон и
операторот. Повеќе информации
за ова можат да се најдат во
упатствата за ракување за
мобилниот телефон или може да
се распрашате кај операторот.Важни инфорамции за
ракувањето и безбедноста на
сообраќајот9 Предупредување
Мобилните телефони имаат
дејства врз Вашата средина. Од оваа причина се подготвиле
безбедносни прописи и
директиви. Треба да бидете
запознати со поврзаните
директиви пред да ја користите
функцијата за телефон.
9 Предупредување
Употребата на уредот за
разговор без раце додека
возите може да биде опасна
зашто Вашата концентрација се намалува кога телефонирате.
Паркирајте го Вашето возило
пред да го користите уредот за
Page 132 of 185

132Телефонразговор без раце. Почитувајте
ги условите на државата во
којашто се наоѓате во моментов.
Не заборавајте да ги следитепосебните прописи кои важат во конкретни предели и секогаш
исклучувајте го мобилниот
телефон ако употребата на
мобилни телефони е забранета, ако мобилниот телефон
предизвикува пречење или ако
дојде до опасни ситуации.
Bluetooth
Телефонскиот портал е
сертифициран од Bluetooth Special Interest Group (SIG).
Повеќе информации за
спецификацијата можат да се
најдат на интернет на
http://www.bluetooth.com
Поврзување Bluetooth
Bluetooth е радиостандард за
безжично поврзување на мобилни телефони, паметни телефони,
модели на iPod/iPhone или други
уреди.
Спојувањето (размена на PIN-
кодови меѓу уред со Bluetooth и
Инфозабавниотсистем) и
поврзувањето уреди со Bluetooth
со Инфозабавниот систем се врши
преку изборникот Bluetooth.
Изборник за Bluetooth
Притиснете ; и потоа изберете
SETTINGS (ПОСТАВКИ) .
Изберете Bluetooth за да се
прикаже изборникот Bluetooth.Спојување уред
Важни информации ● Со системот може да се спојат до пет уреди.
● Само еден споен уред може да
биде поврзан со
Инфозабавниот систем во
даден момент.
● Спојувањето обично треба да се изврши само еднаш, освен
ако уредот не се избрише од списокот споени уреди. Ако
уредот бил поврзано
претходно, Инфозабавниот
систем ја воспоставува
врската автоматски.
● Работењето со Bluetooth значително ја празни
батеријата на уредот. Затоа
поврзете го уредот со USB
приклучокот за да се полни.
Спојување нов уред 1. Активирање на функцијата Bluetooth на уредот со
Bluetooth. За повеќе
Page 133 of 185

Телефон133информации, видете во
упатството за употреба на
уредот со Bluetooth.
2. Притиснете ;, па изберете
SETTINGS (ПОСТАВКИ) на
инфоекранот.
Изберете Bluetooth, а потоа
Device Management
(Управување со уреди) за да се
прикаже односниот изборник.
Забелешка
Ако нема поврзан телефон, до
изборникот Device Management
( Управување со уреди) може да се
пристапи и преку изборникот за телефон: Притиснете ; и потоа
изберете PHONE (ТЕЛЕФОН) .
3. Допрете Search Device
(Пребарај го уредот) . Сите
уреди со Bluetooth што може да
се откријат наоколу се
прикажуваат во нов список.
4. Допрете го уредот со Bluetooth што сакате да го споите.
5. Потврдете го спојувањето: ● Ако е поддржано SSP (безбедно едноставно
спојување):
Потврдете ја пораката на
Инфозабавниот систем и на уредот со Bluetooth.
● Ако не е поддржано SSP (безбедно едноставно
спојување):
На Инфозабавниот систем: се прикажува порака Info
(Инфо) што Ви бара да
внесете PIN-код на уредот
со Bluetooth.
На уредот со Bluetooth:
внесете го PIN-кодот и
потврдете го внесеното.
6. Инфозабавниот систем и уредот се споени.Забелешка
Ако уредот Bluetooth е успешно
споен, h до уредот Bluetooth
укажува дека телефонската
функција е вклучена и y укажува
дека е вклучена функцијата за музика Bluetooth.
7. Телефонскиот именик се презема автоматски на
Инфозабавниот систем. Во
зависност од телефонот,
Инфозабавниот систем треба
да има дозвола за
пристапување до телефонскиот именик. Ако е потребно,
потврдете ги пораките
прикажани на уредот со
Bluetooth.
Ако функцијата не е поддржана
од уредот со Bluetooth, се
прикажува соодветна порака.
Менување на PIN-кодот за
Bluetooth
Притиснете ; и потоа изберете
SETTINGS (ПОСТАВКИ) .
Page 134 of 185

134ТелефонИзберете Bluetooth, а потоа
Change Pairing PIN ( Променете PIN
за спарување) за да се прикаже
односниот подизборник. Се
прикажува тастатура.
Внесете го бараниот
четирицифрен PIN-код.
За да избришете внесен број,
изберете ⇦.
Потврдете го внесеното со бирање Enter (Внеси) .
Поврзување споен уред Притиснете ; и потоа изберете
SETTINGS (ПОСТАВКИ) .
Изберете Bluetooth, а потоа Device
Management (Управување со уреди) за да се прикаже односниот
изборник.
Изберете го уредот со Bluetooth
што сакате да го поврзете. Уредот
е поврзан.
Забелешка
Поврзаниот уред и достапните
опции се нагласени.Откачување уред
Притиснете ; и потоа изберете
SETTINGS (ПОСТАВКИ) .
Изберете Bluetooth, а потоа Device
Management (Управување со
уреди) за да се прикаже односниот
изборник.
Изберете уред со Bluetooth што е
поврзан. Се прикажува порака.
Изберете Yes (Да) за да го откачите
уредот.
Бришење уредПритиснете ; и потоа изберете
SETTINGS (ПОСТАВКИ) .
Изберете Bluetooth, а потоа Device
Management (Управување со
уреди) за да се прикаже односниот
изборник.
Изберете DEL (Избриши) до
уредот Bluetooth. Се прикажува
порака.
Изберете Yes (Да) за да го
избришете уредот.Информации за уредот
Притиснете ; и потоа изберете
SETTINGS (ПОСТАВКИ) .
Изберете Bluetooth, а потоа Device
Information (Информации за
уредот) за да се прикаже
односниот изборник.
Прикажаните информации
вклучуваат Device Name (Име на
уредот) , Address (Адреса) и PIN
Code (PIN) .
Итен повик9 Предупредување
Воспоставувањето на врската
не може да се гарантира во сите
ситуации. Затоа немојте да се потпрете исклучиво врз
мобилен телефон кога се
Page 135 of 185

Телефон135работи за мошне битна
комуникација (на пр. итен
медицински случај).
Во некои мрежи може да биде
неопходно за важечка SIM
картичка да се вметне правилно
во мобилниот телефон.9 Предупредување
Имајте на ум дека можете да се
јавувате и да примате повици со мобилниот телефон ако истиот
е во подрачје со услуги со
доволно силен сигнал. При
извесни околности не може да
се започнат повици за итни
случаи на сите мрежи за
мобилни телефони; возможно е
дека тие не можат да се
започнат кога не се активни
извесни услуги на мрежата и/
или телефонски функции.
Можете да се распрашате за тоа
кај опслужувачите на локалната мрежа.
Бројот за јавување во итни
случаи може да биде поинаков
зависно од регионот и
државата. Ве молиме да се
распрашате однапред за
правилниот број за јавување во
итни случаи за соодветниот
регион.
Јавување во случај на опасност
Вртете го бројот за итни повици (на пр. 112 ).
Телефонската врска со центарот
за повици во случаи на опасност се воспоставува.
Одговорете кога персоналот од службата Ве праша за опасноста.
9 Предупредување
Не го завршувајте повикот
додека од Вас не се побара да
го сторите тоа од страна на
центарот за повици за итни
случаи.
Ракување
Штом ќе се воспостави врска
преку Bluetooth помеѓу вашиот
мобилен телефон и
Инфозабавниот систем, можете да
ракувате со многу функции на
мобилниот телефон преку
Инфозабавниот систем.
Забелешка
Во режимот за разговор без раце,
ракувањето со мобилниот
телефон и понатаму ќе биде
возможно, на пример, примање
повик или дотерување на
гласноста.
По поставувањето на врската
помеѓу мобилниот телефон и
Инфозабавниот систем,
податоците од мобилниот телефон
се пренесуваат до Инфозабавниот
систем. Тоа може да потрае,
зависно од мобилниот телефон и количеството податоци што треба
да се пренесат. За тоа време,
ракувањето со мобилниот телефон преку Инфозабавниот систем е
можно само до одредена мерка.