OPEL ASTRA K 2016 Сопственички прирачник
ASTRA K 2016
OPEL
OPEL
https://www.carmanualsonline.info/img/37/38361/w960_38361-0.png
OPEL ASTRA K 2016 Сопственички прирачник
Trending: oil change, window, air condition, ECU, tyre pressure, key, stop start
Page 1 of 307
OPEL ASTRAСопственички прирачник
Page 2 of 307
Page 3 of 307
Вовед............................................ 2
Накратко ....................................... 6
Клучеви, врати и прозорци ........21
Седишта, потпирачи ..................45
Складирање ................................ 73
Инструменти и контроли ............ 83
Светла ....................................... 136
Контрола на климатизацијата . 149
Возење и ракување ..................161
Нега на возилото ...................... 226
Сервисирање и одржување ....276
Технички податоци ................... 279
Информации за купувачот ....... 292 Индекс ....................................... 298Содржина
Page 4 of 307
Page 5 of 307

Вовед3Податоци што сеспецифични за возилото
Ве молиме да ги внесете
податоците на Вашето возило на
претходната страница за да се
чуваат лесно достапни. Тие
информации се наоѓаат во
поглавјата „Сервис и одржување“ и
„Технички податоци“, како и на
идентификациската табличка.
Вовед Вашето возило е планирана
комбинација на напредната
технологија, безбедноста,
екологијата и економичноста.
Овој Сопственички прирачник Ви ги
дава сите потребни информации
за да можете да го возите Вашето
возило безбедно и ефикасно.
Уверете се дека Вашите патници
се свесни за можните ризици од
несреќи и повреди што може да
произлезат од неправилната
употреба на возилото.
Секогаш морате да ги исполнувате
специфичните закони и прописи на земјата во којашто се наоѓате.Закониве може да бидат поинакви
од информациите во овој
Сопственички прирачник.
Не водењето сметка за описот
даден во овој прирачник може да
влијае на вашата гаранција.
Кога Прирачников споменува
посета кај автомеханичар, го
препорачуваме Вашиот Партнер
на Opel Service.
За возилата на гас, препорачуваме сервисер на Opel овластен за
сервисирање возила на гас.
Сите Партнери на Opel Service
пружаат првокласни услуги по
пристапни цени. Искусните
механичари обучени од Opel
работат според посебни упатства
од Opel.
Пакетот со литературата за
купувачот секогаш треба да се чува
при рака во возилото.
Користење на
прирачников
● Овој прирачник ги опишува сите опции и својства достапниза овој модел. Извесни описи,вклучувајќи ги оние за
функциите на екранот и
изборниците, може да не важат
за Вашето возило поради
верзијата на моделот,
спецификациите на земјата,
специјалните опреми или
додатоци.
● Во поглавјето „Накратко“ ќе најдете првичен преглед.
● Содржината на почетокот на прирачников и во секое
поглавје покажува каде се
наоѓа информацијата.
● Индексот ќе Ви овозможи да пребарувате специфични
информации.
● Овој Сопственички прирачник прикажува возила со воланот
од левата страна. Ракувањето
со возилата со воланот од
десната страна е слично.
● Сопственичкиот прирачник ги користи фабричните ознаки на
моторот. Соодветните
комерцијални ознаки се
наоѓаат во поглавјето
„Технички податоци“.
Page 6 of 307

4Вовед● Податоците за насоките на пр.лево или десно, или предно
или задно секогаш се
однесуваат на правецот на
патувањето.
● Екраните на возилото може да не го поддржат Вашиот
конкретен јазик.
● Пораките на екранот и внатрешните натписи се
напишани со масни букви.
Опасност,
Предупредувања и Вниманија9 Опасност
Текстовите означени со
9 Опасност даваат
информации за ризикот од смртоносна повреда.
Игнорирањето на тие
информации може да Ви го
загрози животот.
9 Предупредување
Текстовите означени со
9 Предупредување даваат
информации за ризикот од
незгода или повреда.
Игнорирањето на тие
информации може да доведе до
повреди.
Внимание
Текстовите означени со
Внимание даваат информации
за можните оштетувања на
возилото. Игнорирањето на тие информации може да доведе до
оштетување на возилото.
Симболи
Споменувањата на страниците
што се означени со 3. 3 значат
„видете на страницата“.
Упатувањата на страниците и
записите на индексите се
однесуваат на вовлечените
наслови дадени во табелата со
содржината со делови.
Хронолошкиот редослед за
бирање изборни ставки во
приспособување на возилото кон индивидуалните потреби е
прикажан со I.
Ви пожелуваме многу часови
пријатно возење.
Adam Opel AG
Page 7 of 307
Page 8 of 307
6НакраткоНакраткоПрвични информации
за возењетоОтклучување на возилото
Притиснете c
за да се отклучат
вратите и товарниот простор.
Отворете ги вратите со
повлекување на кваките.
За да ја отворите задната врата,
притиснете го допирниот
прекинувач под амблемот.
Далечински управувач 3 22,
Систем на централна брава 3 26,
Систем на електронски клуч
3 23, Товарен простор 3 33.
Page 9 of 307
Накратко7Местење на седиштата
Надолжно прилагодување
Повлечете ја рачката, слизнете го
седиштето, отпуштете ја рачката.
Обидете се да го движите
седиштето напред-назад за да
проверите дали е заглавено во
положбата.
Положба на седиштата 3 46,
Рачно прилагодување на
седиштата 3 47, Електрично
местење на седиштето 3 50.
Наклонетост на потпирачите за
грб
Свртете го тркалцето. Не
навалувајте се на потпирачот за грб кога го местите.
Положба на седиштата 3 46,
Рачно прилагодување на
седиштата 3 47, Електрично
местење на седиштето 3 50.
.
Височина на седиштето
Пумпање со рачката
угоре:седиштето погореудолу:седиштето подолу
Положба на седиштата 3 46,
Рачно прилагодување на
седиштата 3 47, Електрично
местење на седиштето 3 50.
Page 10 of 307
8НакраткоНавалување на седиштата
Притиснете го прекинувачот
горе:предниот крај погоредолу:предниот крај подолу
Положба на седиштата 3 46,
Рачно прилагодување на
седиштата 3 47, Електрично
местење на седиштето 3 50.
Местење на потпирачите
за глава
Притиснете го копчето за
ослободување, наместете ја
височината, па заглавете го.
Потпирачи за глава 3 45.
Безбедносен ремен
Извлечете го безбедносниот
ремен и заглавете го во бравата.
Ременот не смее да се превртува и
мора да лежи припиен до телото.
Потпирачот за грб не смее да биде навален премногу назад (најмногу
околу 25°).
За да го ослободите ременот,
притиснете го црвеното копче на
бравата на ременот.
Положба на седиштето 3 46,
Безбедносни ремени 3 56,
Систем на воздушни перничиња
3 59.
Trending: climate control, service, low oil pressure, seats, display, mirror, ECU