OPEL ASTRA K 2017.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2017.5, Model line: ASTRA K, Model: OPEL ASTRA K 2017.5Pages: 555, PDF Size: 11.52 MB
Page 311 of 555

Инфозабавнен систем309Поставување на уред МТP
За уреди поврзани преку МТP, во
изборникот за поставки може да се
постават дополнителни поставки.
Во активен аудиоизвор,
притиснете MENU, лизгајте низ
списокот и изберете Settings
(Поставки) . Изберете Phone
Connection (MTP Only)
(Поврзување телефон (Само
MTP)) .
Ако сакате уредот само да се полни преку приклучокот за USB,
вклучете Charge Only (Само
полнење) . Ако се префрлите на
аудиоизвор USB додека оваа
поставка е активна, се прикажува
порака за полнење.
Ако сакате да репродуцирате
музички датотеки зачувани на
уредот, вклучете Scan Music Folder
Only (Скенирај ги само музичките
папки) или Scan All Folder ( Скенирај
ги сите папки) .
Bluetooth Изворите на звук со вклучен
Bluetooth (на пр. музички мобилни
телефони, МП3-плеери соBluetooth итн.) што ги поддржуваат
профилите за музика A2DP и
AVRCP за Bluetooth може да се
поврзат безжично со
Инфозабавниот систем.
Инфозабавниот систем може да
репродуцира музички датотеки од
уреди со Bluetooth.
Поврзување/откачување уред
За детален опис на поврзувањето Bluetooth 3 237.
Список на Bluetooth уреди
За да пристапите до списокот на
уреди со Bluetooth, вклучете го
аудиоизворот за Bluetooth,
притиснете MENU, па изберете
Manage Bluetooth Devices
(Уредување уреди Bluetooth) .
За детален опис на списокот на уреди со Bluetooth 3 237.
Формати на фајлови
Поддржани се само уредите што се форматирани во датотечни
системи FAT32, NTFS и HFS+.Забелешка
Некои фајлови може да не се
репродуцираат правилно.
Причината може да биде
различен формат на снимање или состојбата на фајлот.
Фајлови од продавниците на
интернет за коишто важо
управување со дигиталните права
(DRM) не можат да се
репродуцираат.
Формати на аудио датотеки што можат да се репродуцираат се
MP3, WMA, AAC и AIF.
Кога се репродуцира фајл со
ознаки ID3, Инфозабавниот систем
може да прикаже информации за,
на пр., насловот на песната и
изведувачот.
Репродукција на звукПочнување репродукција
Поврзете го уредот 3 202.
Притискајте MEDIA за да го
активирате саканиот
мултимедијален извор.
Пример: извор USB.
Page 312 of 555

310Инфозабавнен систем
Функциски копчињаМенување на претходна или
следна датотека
Притиснете t или v за да се
пушти претходната или следната
песна.
Ако се притисне t во првите пет
секунди од пуштањето на песната,
системот прескокнува на почетокот од тековната песна.
Брзо напред или назад
Притиснете ги и задржете ги t
или v за премотување назад или
напред.
Редослед на репродуцирање
Притиснете MENU на соодветниот
аудиоизвор и лизгајте низ списокот до Shuffle Songs (Мешање на
песните) .
За репродуцирање на песните од
уредот по случаен избор,
поставете го Shuffle Songs
(Мешање на песните) на On (Вкл.) .
За репродуцирање на песните по нормален редослед, поставете го
Shuffle Songs (Мешање на
песните) на Off (Искл.) .
Барање песна Во зависност од уредот, може да
барате песни во категориите и
поткатегориите или структура на
папките.
Забелешка
За да биде достапна оваа
функција, процесот на
индексирање мора да биде
завршен.
Категории
За да барате песна, притиснете MENU во соодветниот ауиоизвор,
па изберете Browse
(Разгледување) .
Движете се низ структурата на
папката и изберете ја саканата
песна.Папки
За да најдете песна, притиснете
MENU , па изберете Folder View
(Преглед на папки) . Се прикажува
структурата на папката на
односниот уред.
Движете се низ структурата на
папката и изберете ја саканата
песна.
Page 313 of 555

Инфозабавнен систем311Препознавање говор
Општи информации Апликацијата за пренесување на
гласот на инфозабавниот систем
овозможува пристап до наредбите
за препознавање говор на вашиот
смартфон. Видете во корисничкото
упатство на производителот на
смартфонот за да видите дали
смартфонот ја поддржува оваа
функција.
За да ја користите апликацијата за
пренесување на гласот, паметниот телефон мора да биде поврзан соИнфозабавниот систем преку
кабел за USB 3 202 или преку
Bluetooth 3 237.
Користење Активирање на контролата на
гласот
Притиснете и задржете PHONE на
контролната табла или 7w на
екранот за да започнете сесија запрепознавање говор. На екранот
се прикажува порака за говорна
команда.
Штом го слушнете сигналот може
да ја изговорите наредбата.
Информации за поддржаните
наредби побарајте во упатството
за ракување со вашиот паметен
телефон.
Прилагодување на гласноста на
говорните потсетници
Свртете го m на контролната табла
или притиснете + / - од десната
страна на воланот за да ја
зголемите или намалите гласноста
на говорните потсетници.
Деактивирање на функцијата за
препознавање говор
Притиснете xn на воланот.
Исчезнува пораката за говорна
команда и сесијата за
препознавање говор е завршена.Телефон
Општи информации Порталот за мобилен телефон Ви
дава можност да водите разговори на мобилен телефон преку
микрофон, и звучниците во
возилото, исто така и да ракувате
со најважните функции на
мобилниот телефон преку
Инфозабавниот систем во
возилото. За да можете да го
користете телефонскиот портал,
мобилниот телефон мора да е
поврзан со инфозабавниот ситем
преку Bluetooth.
Не сите функции за Телефон се поддржани од секој мобилен
телефон. Употребливите функции
на телефонот зависат од
односниот мобилен телефон и
операторот. Ќе најдете повеќе
информации за тоа во упатствата
за ракување за вашиот мобилен
телефон или можете да се
распрашате за нив кај вашиот
оператор на мрежата.
Page 314 of 555

312Инфозабавнен системВажни информации за
ракувањето и безбедноста на
сообраќајот9 Предупредување
Мобилните телефони имаат
дејства врз Вашата средина.
Затоа се изготвени безбедносни прописи и директиви. Треба да
бидете запознати со поврзаните директиви пред да ја користите
функцијата за телефон.
9 Предупредување
Употребата на уредот за
разговор без раце додека
возите може да биде опасна
зашто Вашата концентрација се намалува кога телефонирате.
Паркирајте го Вашето возило
пред да го користите уредот за
разговор без раце. Почитувајте
ги условите на државата во
којашто се наоѓате во моментов.
Не заборавајте да ги следите посебните прописи кои важат во
конкретни предели и секогаш
исклучувајте го мобилниот
телефон ако употребата на
мобилни телефони е забранета, ако мобилниот телефон
предизвикува пречење или ако
дојде до опасни ситуации.
Bluetooth
Телефонскиот портал е
сертифициран од Bluetooth Special
Interest Group (SIG).
Повеќе информации за
спецификацијата ќе најдете на
интернет, на
http://www.bluetooth.com.
Поврзување Bluetooth
Bluetooth е радиостандард за
безжично поврзување на мобилни
телефони или други уреди.
За да поставите поврзување
Bluetooth со инфозабавниот
систем. треба да е активна
функцијата Bluetooth или уредот
Bluetooth. За повеќе информации,
видете во упатството за употреба
на уредот со Bluetooth.
Спојувањето (размена на PIN-
кодови помеѓу уред со Bluetooth и
Инфозабавниот систем) и
поврзувањето уреди со Bluetooth
со Инфозабавниот систем се врши
преку телефонскиот портал.
Спојување уред
Важни информации ● Со системот може да се спојат до пет уреди.
● Само еден споен уред може да
биде поврзан со
Инфозабавниот систем во
даден момент.
● Спојувањето обично треба да се изврши само еднаш, освен
ако уредот не се избрише од списокот споени уреди. Ако
уредот бил поврзано
Page 315 of 555

Инфозабавнен систем313претходно, Инфозабавниот
систем ја воспоставува
врската автоматски.
● Работата на Bluetooth значително ја троши
батеријата на уредот. Затоа
поврзете го уредот со USB
приклучокот за да се полни.
Спојување на првиот уред 1. Притиснете PHONE, а потоа
изберете Pair (Пар) .
На инфозабавниот систем се
прикажува порака со име и PIN-
код на инфозабавниот систем.
2. Активирајте ја функцијата за пребарување Bluetooth на
Bluetooth-уредот.
3. Потврдете го спојувањето: ● Ако е поддржано SSP (безбедно едноставноспојување):
Споредете го PIN-кодот
(доколку се побара) и
потврдете ги пораките наинфозабавниот систем и
Bluetooth-уредот.
● Ако не е поддржано SSP (безбедно едноставно
спојување):
Внесете го PIN-кодот на
инфозабавниот систем на
Bluetooth-уредот и
потврдете го внесот.
4. Инфозабавниот систем и уредот се споени. Се прикажува
изборникот за телефонот.
5. Доколку се достапни на Bluetooth-уредот,
телефонскиот именик и
списокот со повици ќе се
преземе на инфозабавниот
систем. Доколку е потребно,
потврдете ја соодветната
порака на смартфонот.
Забелешка
За Инфозабавниот систем да ги
прочита контактите, тие мора да
се зачувани во меморијата на
мобилниот телефон.Спојување друг уред
Притиснете PHONE, лизгајте низ
списокот и изберете Bluetooth
Devices (Уреди со Bluetooth) .
Притиснете Add (Додавање) за да
го започнете процесот на
спојување со друг уред.
Продолжете од чекор 2 на
„Спојување на првиот
уред“ (видете погоре).
Поврзување споен уред Притиснете PHONE, лизгајте низ
списокот и изберете Bluetooth
Devices (Уреди со Bluetooth) .
Означете го саканиот уред и
изберете Connect (Поврзи) .
Ако е потребно, моментално
поврзаниот уред се исклучува.
Избраниот уред е поврзан.
Откачување уред
Притиснете PHONE, лизгајте низ
списокот и изберете Bluetooth
Devices (Уреди со Bluetooth) .
Означете го моментално
поврзаниот уред и изберете
Disconnect (Прекини врска) .
Page 316 of 555

314Инфозабавнен системУредот е исклучен.
Бришење уред Притиснете PHONE, лизгајте низ
списокот и изберете Bluetooth
Devices (Уреди со Bluetooth) .
Означете го уредот што сакате да
го избришете од списокот на уреди и изберете Delete (Избриши) .
Уредот е избришан.
Итен повик9 Предупредување
Воспоставувањето на врската
не може да се гарантира во сите
ситуации. Затоа немојте да се потпрете исклучиво врз
мобилен телефон кога се
работи за мошне битна
комуникација (на пр. итен
медицински случај).
Во некои мрежи може да биде
неопходно за важечка SIM
картичка да се вметне правилно во мобилниот телефон.
9 Предупредување
Имајте на ум дека можете да се
јавувате и да примате повици со мобилниот телефон ако истиот
е во подрачје со услуги со
доволно силен сигнал. При
извесни околности не може да
се започнат повици за итни
случаи на сите мрежи за
мобилни телефони; возможно е
дека тие не можат да се
започнат кога не се активни
извесни услуги на мрежата и/
или телефонски функции.
Можете да се распрашате за тоа
кај опслужувачите на локалната мрежа.
Бројот за јавување во итни
случаи може да биде поинаков
зависно од регионот и
државата. Ве молиме да се
распрашате однапред за
правилниот број за јавување во
итни случаи за соодветниот
регион.
Јавување во случај на опасност
Вртете го бројот за итни повици (на пр. 112 ).
Телефонската врска со центарот
за повици во случаи на опасност се воспоставува.
Одговорете кога персоналот од службата Ве праша за опасноста.9 Предупредување
Не го завршувајте повикот
додека од Вас не се побара да
го сторите тоа од страна на
центарот за повици за итни
случаи.
Ракување
Штом ќе се воспостави врска
преку Bluetooth помеѓу вашиот
мобилен телефон и
Инфозабавниот систем, можете да
ракувате со многу функции на
мобилниот телефон преку
Инфозабавниот систем.
Page 317 of 555

Инфозабавнен систем315Забелешка
Не секој мобилен телефон ги
поддржува сите функции на
Порталот за телефон. Затоа,
можни се отстапувања од опсегот
на функции опишани во
продолжение.
Почнување телефонски повик
Плоча со копчиња
Притиснете PHONE за да се
прикаже изборникот за телефонот.
Листајте и изберете Keypad
(Тастатура) . Се прикажува
тастатура.
Завртете MENU за да ја истакнете
цифрата што сакате да ја внесете
и потоа притиснете MENU за да ја
изберете односната цифра.
Внесете го саканиот број.
Изберете k или притиснете
BACK за да избришете цифри.
Изберете Call (Повикај) за да се
воспостави телефонски повик.
Контакти
Притиснете PHONE за да се
прикаже изборникот за телефонот.
Изберете го Contacts (Контакти) .
Се прикажува список со контакти.
Лизгајте низ списокот и изберете го саканиот запис од контактите. Се
прикажува контактот.
Изберете еден од телефонските
броеви зачувани под тој контакт.
Бројот се бира.
Списоци со повици
Притиснете PHONE за да се
прикаже изборникот за телефонот.
Изберете го Recent Calls
(Последни повици) . Се прикажува
списокот со неодамнешни повици.Во зависност од тоа кој повик го
барате, изберете Missed
(Пропуштени) , Received (Примени)
или Sent (Испратени) .
Изберете еден од телефонските
броеви зачувани во списокот со
неодамнешни повици. Бројот се
бира.
Дојдовен телефонски повик
Прифаќање телефонски повик
Ако е активен радио или
мултимедијален извор кога се
огласува повик, аудио-изворот се стишува и останува стишен додека
повикот не прекине.
Се прикажува порака со името или
бројот на повикувачот.
За да одговорите на повик,
изберете Answer (Одговори) .
Page 318 of 555

316Инфозабавнен системОтфрлање телефонски повик
За отфрлање на повик, изберете
Ignore (Игнорирај) во пораката.
Функции за време на повик
Во време на повик, се прикажува
преглед на повикот во тек.
Завршување телефонски повик
Изберете End (Крај) за да завршите
повик.
Исклучување на микрофонот
Изберете Mute (Исклучи звук) за
привремено да го деактивирате
микрофонот.
Екранското копче се менува во
Unmute (Вкл. звук) .
За да го активирате микрофонот
повторно, изберете Unmute (Вкл.
звук) .
Деактивирање на функцијата за
слободни раце
За да продолжите со разговорот на вашиот мобилниот телефон,
изберете Handset (Телефонски
уред) .
Екранското копче се менува во
Hands-free (Без раце) .
За да ја активирате повторно
функцијата за разговор без раце,
изберете Hands-free (Без раце) .
Втор дојдовен телефонски
повик
Ако дојде втор повик, се прикажува
друга порака со името или бројот
на повикувачот.
За да одговорите на вториот повик
и да го ставите првиот на чекање,
изберете Switch (Префрли) .
За отфрлање на повик, изберете
Ignore (Игнорирај) во пораката.
Префрлање меѓу телефонски
повици
Притиснете PHONE или qw на
аудиоконтролата на воланот за да
се префрлате меѓу двата повици.На екранот се прикажуваат
информациите за моментално
активниот повик.
Уредување телефонски повици
Повиците може да се прекинуваат
еден по друг.
Изберете го End (Крај).
Моментално активниот повик е
прекинат.
Текстуални пораки
Текстуалните пораки што се
примаат додека телефонот е
поврзан на Инфозабавниот систем
може да се прикажат на
Инфоекранот.
Page 319 of 555

Инфозабавнен систем317ПредусловиСледните предуслови мора да се
исполнат:
● Функцијата Bluetooth на односниот телефон мора да е
активна (видете во упатството
на уредот).
● Зависно од телефонот, може да биде потребно да се
постави уредот како
„видлив“ (видете во упатството
на уредот).
● Односниот телефон мора да е спарен и поврзан со
Инфозабавниот систем. За
детален опис 3 237.
● Односниот телефон мора да поддржува Bluetooth профил
за пристап до пораки (BT MAP).
Прегледување порака Забелешка
Доколку возилото се движи со
брзина поголема од 8 км/ч,
текстуалната порака нема да се
прикаже на екранот.Кога ќе пристигне нова текстуална
порака, се прикажува порака.
Изберете View (Преглед) за да се
прочита пораката.
Мобилни телефони и ЦБ радио опрема
Упатства за инсталирање и
инструкции за ракување
При инсталирање и ракување со
мобилниот телефон мора да се
придржувате кон упатствата за
инсталација кои се однесуваат на
возилото и насоките на
производителот за ракување со мобилниот телефон и додатоците
за разговор без раце.
Неспроведувањето може да ја
поништи сообраќајната дозвола на
возилото (директива на ЕУ 95/54/
EС).
Предуслови за функционирање
без проблеми:
● Надворешната антена професионално да се монтира
за да се добие максималниот
опсег.
● Максималната моќ на предавателот е: 10 вати
● Мобилниот телефон треба да се монтира на соодветното
место. Имајте ја предвид
соодветната забелешка во Сопственичкиот прирачник,
поглавје Систем на воздушни
перничиња .
Побарајте совет за
предопределените точки за
вградување на надворешната
антена или на држачот на
опремата и за начините на
користењето на уреди со
предавателска снага поголема од
10 вати.
Употребата на додатокот за
разговор без раце без надворешна антена со стандардите за мобилни
телефони GSM 900/1800/1900 и UMTS се дозволува само ако
максималната снага на
Page 320 of 555

318Инфозабавнен системпредавателот на мобилниот
телефон е 2 вати за GSM 900 или
1 ват за другите видови.
За безбедносни причини не го
употребувајте телефонот за време
на возењето. Дури и употребата на уредот за разговор без раце може
да Ви го одземе вниманието
додека возите.9 Предупредување
Ракувањето со радио опреми и
мобилни телефони кои не ги
исполнуваат горенаведените
стандадри за мобилни
телефони, се дозволува само со употребата на антена сместена
надвор од возилото.
Внимание
Мобилните телефони и радио
опремите може да доведат до
неисправности во
електрониката на возилото кога
со нив се ракува внатре во
возилото без надворешна
антена, освен ако не се
почитуваат горенаведените
прописи.