OPEL ASTRA K 2017.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2017.5, Model line: ASTRA K, Model: OPEL ASTRA K 2017.5Pages: 555, PDF Size: 11.52 MB
Page 371 of 555

Возење и ракување369Во случај на кратко запирање на
возилото напред, приспособливата
контрола на патувањето ќе тргне
автоматски без дејство од возачот. Ако е потребно, притиснете RES/+или педалата за гас за да продолжи
приспособливата контрола на
патувањето.
Ако запреното возило напред било запрено подолго време и потоа
почне да се движи нанапред,
зелената контролна сијаличка за
возило напред A ќе трепка и ќе се
огласи предупредувачка мелодија
како потсетник да го проверите
сообраќајот пред да продолжите.
Кога возилото напред ќе тргне,
притиснете RES/+ или педалата за
гас за да продолжи
приспособливата контрола на
патувањето. Ако запрете подолго
од пет минути или ако се отвори возачката врата и безбедносниот
ремен за возачот се ослободи,
автоматски се активира
електричната сопирачка за
паркирање за да го задржи
возилото. Ќе се вклучи
контролната сијаличка m. За да јаослободите електричната
сопирачка за паркирање,
притиснете ја педалата за гас.
Електрична сопирачка за
паркирање 3 3559 Предупредување
Кога приспособливата контрола
на патувањето со целосен опсегна брзината е деактивирана,
возилото нема повеќе да биде запрено и може да започне дасе движи. Бидете секогаш
подготвени за рачно
вклучување на сопирачката за
да го задржите возилото
неподвижно.
Не напуштајте го возилото
додека е запрено со
приспособливата контрола на
патувањето со целосен опсег на брзината. Секогаш ставајте ја
рачката на менувачот во
позиција за паркирање Р и
исклучете го палењето пред
напуштање на возилото.
Поставување на растојанието
напред
Кога приспособливата контрола на патувањето ќе открие побавно
возило на возната патека, ќе ја
приспособи брзината на возилото
за да го одржи растојанието напред
избрано од возачот.
Растојанието напред може да се
постави на блиску, средно или
далеку.
Притиснете E, моменталната
поставка се прикажува на
Информативниот центар за
возачот. Притиснете го E
повторно за да ја смените
Page 372 of 555

370Возење и ракувањеоддалеченоста за следење.
Поставката е прикажана и на
Информативниот центар за
возачот.
Избраното растојание напред е
прикажано со наполнети ленти за
растојание на страницата на
приспособливата контрола на
патувањето.
Имајте предвид дека поставката за
растојание напред е иста како и
поставката за чувствителноста на
предупредувањето за преден
судир 3 375.
Пример: Ако е избрана
поставката 3 (далеку), возачот се
предупредува поскоро пред
можниот судир ако
приспособливата контрола на
патувањето е неактивна или
исклучена.9 Предупредување
Возачот прифаќа целосна
одговорност за соодветно
растојание напред врз основа
на сообраќајните, временските
и условите на видливоста.
Оддалеченоста за следење
треба да се прилагоди или
системот треба да се исклучи кога бараат условите.
Откривање на возило напред
Зелената осветлена контролна
сијаличка A за возило напред се
прикажува кога системот ќе открие
возило на патеката за возење.
Опсегот на сензорите е помеѓу 25 и
150 метри, во зависност од
брзината на возилото.
Предупредување за преден судир
3 375.
Доколку овој симбол не се прикаже,
или доколку накратко се прикаже,
приспособливата контрола на
патувањето нема да реагира на
возилата напред.
Деактивирање
Возачот ја деактивира
приспособливата контрола на
патувањето кога:
● Ќе се притисне y.
● Ќе се притисне педалата за сопирачките.
● Педалата на куплунгот е притисната подолго од
четири секунди.
● Рачката на менувачот на автоматскиот менувач е
ставена во N.
Page 373 of 555

Возење и ракување371Системот се деактивира
автоматски и кога:
● Брзината на возилото се зголемува над 190 км/ч или се
намалува под 55 км/ч (кај
возила со автоматски менувач се намалува до запирање без
деактивирање во рок од
пет минути).
● Системот за контрола на пролизгувањето е деактивиранили работи.
● Електронската контрола на стабилноста е деактивирана
или работи.
● Нема сообраќај и не е откриено
ништо од страните на патот
околу една минута. Во тој
случај, нема радарско ехо и
сензорот може да извести дека
е блокиран.
● Системот за активно итно сопирање ги активира
сопирачките.
● Возење на остри стрмнини.
● Радарскиот сензор е блокиран од мраз или слој вода.● Откриен е дефект на радарот,камерата, моторот или
системот на сопирачките.
● Сопирачките се премногу жешки.
Освен тоа, системот автоматски се
деактивира кај возилата со
автоматски менувач
(приспособлива контрола на
патувањето за целосен опсег на
брзината) кога:
● Електричната сопирачка за паркирање е активирана.
● Возилото е запрено од системот повеќе од
пет минути.
● Возилото сопира, безбедносниот ремен на
возачот е одврзан и возачката врата е отворена.
Кога приспособливата контрола на
патувањето е деактивирана,
контролната сијаличка m во
Информативниот центар за
возачот од зелена станува бела и
се прикажува скок-порака.
Зачуваната брзина се задржува.
На екранот од средно ниво,
зачуваната брзина се прикажува во
загради во Информативниот
центар за возачот кога системот е
деактивиран, но не е исклучен.
На екранот од високо ниво,
симболот за приспособливата
контрола на патувањето C се
променува од зелена во бела боја
кога системот е деактивиран, но не
е исклучен.
9 Предупредување
Кога ќе се деактивира
приспособливата контрола на
патувањето, возачот мора да ја
преземе целосната контрола
врз сопирачките и моторот.
Page 374 of 555

372Возење и ракувањеИсклучување
Притиснете C за да ја исклучите
приспособливата контрола на
патувањето. Во Информативниот
центар за возачот се исклучува C.
Зачуваната брзина се брише.
Со исклучување на палењето се
исклучува и приспособливата
контрола на патувањето и се
брише зачуваната брзина.
Внимание на возачот ● Користете ја приспособливата контрола на патувањето
внимателно на свиоци или
планински патишта, бидејќи
може да го изгуби возилото
напред и потребно е време
повторно да го регистрира.
● Не користете го системот на лизгави патишта бидејќи може
да создаде брзи промени на
припивањето на гумите(пролизгување на тркалата),
така што може да изгубите
контрола врз возилото.
● Не користете ја приспособливата контрола на
патувањето при дожд, снег или многу прашина, бидејќи
радарскиот сензор може да се
прекрие со слој вода, земја,
мраз или снег. Тоа ја намалува
или сосема ја онеспособува
видливоста. Во случај на
блокирање на сензорот,
исчистете го капакот на
сензорот.
Ограничувања на системот ● Автоматската сопирна сила на системот не дозволува наглосопирање и нивото на
сопирање може да не биде доволно за да се избегне
судир.
● По ненадејно менување лента,
на системот му треба
одредено време да го
регистрира следното возилонапред. Затоа, ако се открие ново возило, системот може да
забрза наместо да сопре.
● Приспособливата контрола на патувањето го игнорира
сообраќајот од спротивната
страна.
● Приспособливата контрола на патувањето не регистрира
пешаци и животни за сопирање
и тргнување.
● Приспособливата контрола на патувањето регистрира
запрени возила само при мала
брзина.
● Не користете ја приспособливата контрола на
патувањето кога влечете
приколка.
● Не користете ја приспособливата контрола на
патувањето на патишта со
стрмнини поголеми од 10%.
Page 375 of 555

Возење и ракување373Свиоци
Приспособливата контрола на
патувањето пресметува
предвидена патека врз основа на
центрифугалната сила. Оваа
предвидена патека ги зема
предвид својствата на
моменталниот свиок, но не може да земе предвид и следна промена на
свиокот. Системот може да го
изгуби возилото напред или да
земе предвид возило што не е во
истата лента. Тоа може да се случи
кога се влегува или излегува од
свиок или ако свиокот стане
поостар или поблаг. Ако веќе не
регистрира возило напред,
контролната сијаличка A ќе се
изгасне.
Ако центрифугалната сила е
преголема во свиок, системот го
забавува малку возилото. Тоа ниво
на сопирање не е конструирано да
избегне излетување од свиокот.
Возачот е одговорен за
намалување на избраната брзина
пред да влезе во свиок и, општо
земено, да ја приспособи брзината на видот на патот и постојните
ограничувања на брзината.
Автопати
На автопати, прилагодете ја
поставената брзина според
ситуацијата и времето. Секогаш земајте предвид дека
приспособливата контрола на
патувањето има ограничен опсег
на видливост, ограничено ниво на
сопирање и одредено време за
реакција за да потврди дали има
возило на возната патека.
Приспособливата контрола на
патувањето можеби нема да може
да го сопре возилото навреме за да
избегне судир со многу побавно
возило или по менување лента.
Тоа е особено опасно додека
возите брзо или ако видливоста е
намалена поради временските услови.
Кога влегувате или излегувате од
автопат, приспособливата
контрола на патувањето може да го изгуби возилото напред и да
забрза до поставената брзина.
Поради тоа, намалете ја
поставената брзина пред излез или
пред влегување на автопат.
Менување на патеката на возилото
Ако друго возило влезе на вашата
возна патека, приспособливата контрола на патувањето ќе го земе
предвид возилото кога ќе биде
целосно на вашата патека. Бидете
подготвени да реагирате и да ја
притиснете педалата на
сопирачката ако треба да сопрете
побрзо.
Page 376 of 555

374Возење и ракувањеПроблеми на нагорнини и со
приколка9 Предупредување
Не користете ја
приспособливата контрола на
патувањето на стрмнини.
Перформансите на системот по
нагорнини зависат од брзината на
возилото, натовареноста на
возилото, сообраќајните услови и
степенот на стрмнината. Може да
не открие возило на вашата патека
додека возите по ридови. На
стрмнини, може ќе треба да ја
користите педалата на гасот за да
ја одржувате брзината на
возилото. Кога одите по
надолнини, може ќе треба да
сопирате за да ја одржите или намалите брзината.
Имајте предвид дека со
притискање на сопирачката го
деактивирате системот.
Радарска единица
Радарската единица е монтирана
зад решетката на ладилникот зад
или под амблемот на брендот.
9 Предупредување
Радарската единица е
порамнета внимателно за
време на производството.
Затоа, по преден судир, не
користете го веќе системот.
Предниот браник може да
изгледа неоштетен, меѓутоа
сензорот одзади може да е
изместен и да реагира
неправилно. По сообраќајка,
посоветувајте се со
автомеханичар за да ви ја
потврди и поправи положбата
на сензорот за
приспособливата контрола на
патувањето.
Поставки
Поставката може да се смени во
изборникот за приспособување на
возилото кон индивидуалните
потреби на инфо-екранот во боја.
Изберете ја соодветната поставка
во Settings (Поставки) , I Vehicle
(Возило) на инфо-екранот во боја.
Информативен екран 3 134.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 139.
Дефект Ако приспособливата контрола на
патувањето не работи поради
привремени услови (на пр.
Page 377 of 555

Возење и ракување375блокирање од мраз, прегреани
сопирачки или маневри при мала брзина), или ако има постојана
грешка на системот, се прикажува
порака во Информативниот центар
за возачот.
Пораки за возилото 3 137.
Предупредување за преден судир
Предупредувањето за преден
судир може да помогне да се
избегне или намали штетата
предизвикана од предни судири.
Ако возилото е опремено со
стандардна контрола на
патувањето, предупредувањето за
преден судир ја користи предната камера во шофершајбната за да
открие возило директно напред, во
вашата патека на движење.
Ако возилото е опремено со
приспособлива контрола на
патувањето, предупредувањето за
преден судир го користи
радарскиот сензор за да открие
возило директно напред, во
вашата патека на движење.
Контролната сијаличка A
покажува кога има возило напред.
Ако се приближувате до возило
директно напред премногу бргу, се
огласува предупредувачка
мелодија и се дава
предупредување во
Информативниот центар за
возачот.
Дополнително возачот добива
известувања со запалена црвена
LED лента која е проектирана на
шофершајбната во видното поле
на возачот.
Предуслов е предупредувањето за преден судир со систем со предна
камера да не е деактивирано со
притискање на V на воланот или,
со радарски сензор, тој да не е
деактивиран во изборникот за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 139.
Активирање
Предупредувањето за преденсудир со предна камера открива
возила на растојание од околу 60 метри и работи автоматски на
секоја брзина поголема од брзина
на одење.
Предупредувањето за преден
судир со радарски сензор открива
возила на растојание од околу
150 метри и работи автоматски на
секоја брзина поголема од брзина
на одење.
Предупредување на возачот Контролната сијаличка за возило
напред A светнува зелено во
групата инструменти кога системот ќе открие возило на патеката за
возење.
Контролната сијаличка A се
менува во жолто кога растојанието
до возило во движење напред
премногу се намалува, или
премногу бргу се приближувате кон
друго возило.
Page 378 of 555

376Возење и ракувањеВнимание
Бојата на осветлувањето на овојиндикатор за контрола не
соодветствува со локалните
закони во сообраќајот на
оддалеченост за следење.
Возачот сноси целосна
одговорност за одржување на
безбедноста на оддалеченост
за следење во согласност со
правилата што се применуваат
во сообраќајот, времето и
условите на патот итн. на сите
времиња.
Кога времето до потенцијалниот
судир со возило напред станува
премногу кратко и судирот е
неизбежен, симболот на
алармирање судир се појавува во
Информативниот центар за
возачот и возачот добива
известување со запалена црвена
LED лента која е проектирана на
шофершајбната во видното поле
на возачот.
Истовремено се огласува
предупредувачка мелодија.
Притиснете ја педалата на
кочницата и завртете го возилото, ако така бара ситуацијата.
Избор на чувствителноста на
предупредувањето
Притиснете V или E за да ја
поставите чувствителноста на
предупредувањето на блиску,
средно или далеку и на некои
верзии, на исклучено.
Првото притискање на копчето ја
прикажува тековната поставка во
Информативниот центар за
возачот. Дополнителните
притискања на копчето ќе ја
променат оваа поставка.
Избраната поставка ќе остане сè
додека не се промени. Времето на предупредувањето ќе се разликува
Page 379 of 555

Возење и ракување377според брзината на возилото.
Колку е побрзо возилото, толку
подалеку ќе се појави
предупредувањето. Земете ги
предвид сообраќајните и
временските услови кога го
одбирате времето на
предупредувањето.
Имајте предвид дека поставката за
чувствителноста на навременоста
на предупредувањето е иста како и поставката за растојание однапред
на приспособливата контрола на
патувањето. Затоа, менувањето на чувствителноста на навременоста
на предупредувањето ја менува
поставката за растојание однапред
на приспособливата контрола на
патувањето.
Деактивирање
Системот може да се деактивира.
На предупредувањето за преден
судир со радарски сензор,
системот може да се оневозможи
преку изборникот за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби, 3 139.
На предупредувањето за преден
судир со предна камера,
притиснете V неколку пати сè
додека во Информативниот центар за возачот не се прикаже Forward
Collision Alert Off (Искл.
предупредување за преден судир) .
Ако е деактивирано
предупредувањето за преден
судир, чувствителноста на
предупредувањето е поставено на
„средно“ кога следниот пат ќе биде
вклучено палењето.
Кога палењето ќе се исклучи, ќе се
зачува последната избрана
поставка.Општи информации9 Предупредување
Предупредувањето за преден
судир е само систем за
предупредување и не ги
активира сопирачките. Кога се
приближувате кон возило
напред премногу брзо, може да
не ви остави доволно време за
да избегнете судир.
Возачот прифаќа целосна
одговорност за соодветно
растојание напред врз основа
на сообраќајните, временските
и условите на видливоста.
Секогаш е потребно целосно
внимание на возачот при
возењето. Возачот треба да е
постојано подготвен да
дејствува и да ги активира
сопирачките.
Ограничувања на системот
Предупредувањето за преден
судир е направено да
предупредува само за возила, но може да реагира и на други објекти.
Page 380 of 555

378Возење и ракувањеВо следниве случаи,
предупредувањето за преден
судир може да не открие возило
напред или перформансите на
сензорот се ограничени:
● на патишта со многу свиоци
● кога времето ја ограничува видливоста, како кога има
магла, дожд или снег
● кога сензорот е блокиран од снег, мраз, лапавица, кал,
нечистотија, оштетување на
шофершајбната или под
влијание на надворешни
елементи, на пример,
налепници
Показател за растојание однапред
Следниов показател за растојание
однапред ја прикажува
оддалеченоста од возило што се
движи однапред. Предната камера на шофершајбната се користи за
откривање на растојанието од
возилото директно напред на
патеката на возилото. Активно е
при брзини поголеми од 40 км/ч.Кога ќе се открие возило пред вас,
оддалеченоста се покажува во
секунди, прикажани на страницата
во Информативниот центар за
возачот.
На екран од средно ниво, одберете
изборник Info (Инфо) ? преку
MENU на рачката за трепкач и
свртете го тркалцето за
подесување за да ја изберете
следната страница со ознака за растојание 3 127
На екранот од повисоко ниво,
одберете го Инфо изборникот
преку вртливи копчиња на
управувачот и притиснете o за да
изберете показател за растојание
однапред 3 127.
Минималното покажано растојание е 0,5 секунди.
Ако нема возило напред или
возилото напред е надвор од
опсегот, ќе бидат прикажани две
цртички: -.- сек.
Ако е активна приспособливата
контрола на патувањето, на оваа страница се прикажува поставката
за чувствителноста на
предупредувањето наместо
поставката за оддалеченост за
следење 3 366.