OPEL ASTRA K 2017 Прирачник за инфозабавата
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2017, Model line: ASTRA K, Model: OPEL ASTRA K 2017Pages: 189, PDF Size: 3.03 MB
Page 81 of 189

Телефон81разговор без раце. Почитувајте
ги условите на државата во
којашто се наоѓате во моментов.
Не заборавајте да ги следите
посебните прописи кои важат во
конкретни предели и секогаш
исклучувајте го мобилниот
телефон ако употребата на
мобилни телефони е забранета, ако мобилниот телефон
предизвикува пречење или ако
дојде до опасни ситуации.
Bluetooth
Телефонскиот портал е
сертифициран од Bluetooth Special
Interest Group (SIG).
Повеќе информации за
спецификацијата ќе најдете на
интернет, на
http://www.bluetooth.com
Поврзување Bluetooth Bluetooth е радиостандард за
безжично поврзување на мобилни
телефони или други уреди.
За да поставите поврзување
Bluetooth со инфозабавниот
систем. треба да е активна
функцијата Bluetooth или уредот
Bluetooth. За повеќе информации,
видете во упатството за употреба
на уредот со Bluetooth.
Спојувањето (размена на PIN-
кодови меѓу уред со Bluetooth и Инфозабавниотсистем) и
поврзувањето уреди со Bluetooth со Инфозабавниот систем се врши преку изборникот за Bluetooth
поставки.
Изборник за Bluetooth поставки Притиснете HOME, а потоа
изберете ја иконата SETTINGS
(Поставки) .
Изберете Bluetooth (Блутут) за да
се прикаже односниот
подизборник.Спојување уред
Важни информации ● Со системот може да се спојат до пет уреди.
● Само еден споен уред може да
биде поврзан со
Инфозабавниот систем во
даден момент.
● Спојувањето обично треба да се изврши само еднаш, освен
ако уредот не се избрише од
списокот споени уреди. Ако
уредот бил поврзано
претходно, Инфозабавниот
систем автоматски
воспоставува врска.
● Работата на Bluetooth значително ја троши
батеријата на уредот. Затоа
поврзете го уредот со USB
приклучокот за да се полни.
Спојување преку апликацијата за
поставки
1. Притиснете HOME, а потоа
изберете ја иконата SETTINGS
(Поставки) .
Page 82 of 189

82ТелефонИзберете Bluetooth (Блутут) за
да се прикаже односниот
подизборник.
2. Изберете го Pair Device (Уред
за спарување) .
Односно, изберете Device
Management (Управување со
уреди) за да се прикаже
списокот со уреди и потоа
изберете Pair Device (Уред за
спарување) .
3. На инфозабавниот систем се прикажува порака со име и PIN-
код на инфозабавниот систем.
4. Активирајте ја функцијата за пребарување Bluetooth на
Bluetooth-уредот.
5. Потврдете го спојувањето: ● Ако е поддржано SSP (безбедно едноставно
спојување):
Споредете го PIN-кодот
(доколку се побара) и
потврдете ги пораките наинфозабавниот систем и
Bluetooth-уредот.
● Ако не е поддржано SSP (безбедно едноставно
спојување):
Доколку сакате, изберете Set PIN (Одреди ПИН) за да
го смените PIN-кодот на
инфозабавниот систем. Се
прикажува тастатура.
Внесте го новиот PIN-код и
потврдете го внесот.
Внесете го PIN-кодот на
инфозабавниот систем на Bluetooth-уредот и
потврдете го внесот.
6. Инфозабавниот систем и уредот се споени и се
прикажува список со уреди.
Забелешка
Ако поврзувањето Bluetooth не
биде успешно, се прикажува
порака за дефект на екранот на
Инфозабавниот систем.
7. Доколку се достапни на Bluetooth-уредот,
телефонскиот именик и
списокот со повици ќе сепреземе на инфозабавниот
систем. Доколку е потребно,
потврдете ја соодветната
порака на смартфонот.
Забелешка
За инфозабавниот систем да ги
прочита контактите, тие реба да
се зачувани во меморијата на
мобилниот телефон.
Ако функцијата не е поддржанаод уредот со Bluetooth, се
прикажува соодветна порака на
инфозабавниот систем.
Спојување преку апликацијата за
телефон
1. Притиснете HOME, а потоа
изберете ја иконата PHONE
(Телефон) .
2. Изберете го Pair Device (Уред
за спарување) .
3. Продолжете од чекор 3 од „Спојување преку апликацијата
за поставки“ (видете погоре).
4. Ако уредот е успешно споен, се
прикажува изборникот зателефон.
Page 83 of 189

Телефон83Забелешка
Ако поврзувањето Bluetooth не
биде успешно, се прикажува
порака за дефект на екранот на
Инфозабавниот систем.
Поврзување споен уред 1. Притиснете HOME, а потоа
изберете ја иконата SETTINGS
(Поставки) .
Изберете Bluetooth (Блутут) за
да се прикаже односниот
подизборник.
2. Изберете Device Management
(Управување со уреди) за да се
прикаже списокот со уреди.
3. Изберете го уредот со Bluetooth
што сакате да го поврзете.
4. Уредот е поврзан и се прикажува во полето Connected
(Поврзано) од списокот со
уреди.
Откачување уред 1. Притиснете HOME, а потоа
изберете ја иконата SETTINGS
(Поставки) .Изберете Bluetooth (Блутут) за
да се прикаже односниот
подизборник.
2. Изберете Device Management
(Управување со уреди) за да се
прикаже списокот со уреди.
3. Изберете ╳ покрај уред со Bluetooth што е моментално
поврзан. Се прикажува порака.
4. Изберете Yes (Да) за да го
откачите уредот.
Бришење уред 1. Притиснете HOME, а потоа
изберете ја иконата SETTINGS
(Поставки) .
Изберете Bluetooth (Блутут) за
да се прикаже односниот
подизборник.
2. Изберете Device Management
(Управување со уреди) за да се
прикаже списокот со уреди.
3. Изберете ─ покрај уред со Bluetooth што треба да се
избрише. Се прикажува порака.
4. Изберете Yes (Да) за да го
избришете уредот.Итен повик9 Предупредување
Воспоставувањето на врската
не може да се гарантира во сите
ситуации. Затоа немојте да се потпрете исклучиво врз
мобилен телефон кога се
работи за мошне битна
комуникација (на пр. итен
медицински случај).
Во некои мрежи може да биде
неопходно за важечка SIM
картичка да се вметне правилно во мобилниот телефон.
9 Предупредување
Имајте на ум дека можете да се
јавувате и да примате повици со мобилниот телефон ако истиот
е во подрачје со услуги со
доволно силен сигнал. При
извесни околности не може да
се започнат повици за итни
случаи на сите мрежи за
мобилни телефони; возможно е
Page 84 of 189

84Телефондека тие не можат да се
започнат кога не се активни
извесни услуги на мрежата и/
или телефонски функции.
Можете да се распрашате за тоа
кај опслужувачите на локалната мрежа.
Бројот за јавување во итни
случаи може да биде поинаков
зависно од регионот и
државата. Ве молиме да се
распрашате однапред за
правилниот број за јавување во
итни случаи за соодветниот
регион.
Јавување во случај на опасност
Вртете го бројот за итни повици (на пр. 112 ).
Телефонската врска со центарот
за повици во случаи на опасност се
воспоставува.
Одговорете кога персоналот од
службата Ве праша за опасноста.
9 Предупредување
Не го завршувајте повикот
додека од Вас не се побара да
го сторите тоа од страна на
центарот за повици за итни
случаи.
Ракување
Штом ќе се воспостави врска
преку Bluetooth помеѓу вашиот
мобилен телефон и
Инфозабавниот систем, можете да
ракувате со многу функции на
мобилниот телефон преку
Инфозабавниот систем.
Забелешка
Не секој мобилен телефон ги
поддржува сите функции на
Порталот за телефон. Затоа,
можни се отстапувања од опсегот на функции опишани во
продолжение.
Апликација за телефон
Притиснете HOME, а потоа
изберете ја иконата PHONE
(Телефон) за да се прикаже
односниот изборник (со симбол
телефон).
Телефонскиот портал се состои од различни прикази што се достапни
преку табулаторите. Изберете го
саканиот табулатор.
Забелешка
Главниот изборник за телефонот
е достапен само ако е поврзан
мобилен телефон со
Инфозабавниот систем преку
Bluetooth. За детален опис 3 81.
Почнување телефонски повик
Плоча со копчиња
Притиснете HOME и потоа
изберете ја иконата PHONE
(Телефон) за да се прикаже
односниот изборник.
Доколку е неопходно, изберете
KEYPAD (ТАСТАТУРА) во
интерактивната лента за избор. Се
прикажува тастатура.
Page 85 of 189

Телефон85
Внесете го саканиот број и
изберете Call (Повик) . Бројот се
бира.
За бирање број за брзо бирање,
внесете го бројот и допрете го и
задржете го последниот број.
Бројот се бира.
Контакти
Притиснете HOME и потоа
изберете ја иконата PHONE
(Телефон) за да се прикаже
односниот изборник.
Доколку е неопходно, изберете
CONTACTS (КОНТАКТИ) во
интерактивната лента за избор. Се
прикажува список со контакти.За детален опис на списоците со
контакти 3 25.
Лизгајте до саканиот запис за
контакти.
Икона со за кратка функција
Ако има само еден број за контакт,
иконата за брзо бирање се
прикажува до односниот запис во
списокот со контакти.
Изберете z за директно да го
воспоставите повикот.Преглед на детали за контакт
Ако се зачувани повеќе од еден
број за контакт, изберете го
односниот контакт.Се прикажува преглед на детали за
контакт.
Изберете еден од телефонските
броеви зачувани за контактот.
Бројот се бира.
Списоци со повици
Притиснете HOME и потоа
изберете ја иконата PHONE
(Телефон) за да се прикаже
односниот изборник.
Доколку е неопходно, изберете
RECENT (ПОСЛЕДНИ) во
интерактивната лента за избор. Се прикажува списокот со
неодамнешни повици.
Page 86 of 189

86ТелефонЗабелешка
Пропуштените повици се
означуваат со црвено во списокот
со неодамнешни повици и се
означуваат со 9 веднаш до
иконата телефон во таблата со
апликации.
Изберете еден од телефонските
броеви зачувани во списокот со
неодамнешни повици. Бројот се
бира.
Омилени
Отворање страница со омилени
елементи.
Доколку е потребно, лизгајте низ
страниците.
Изберете го екранското копче на
саканиот омилен елемент.
За детален опис 3 20.
Дојдовен телефонски повик Прифаќање телефонски повикАко е активен радио или
мултимедијален извор кога се
огласува повик, аудио-изворот се
стишува и останува стишен додека
повикот не прекине.На долниот дел од екранот се
прикажува порака со името или
бројот на повикувачот.
За одговарање на повик, изберете
Answer (Одговори) во пораката.
Отфрлање телефонски повик
За отфрлање на повик, изберете
Ignore (Игнорирај) во пораката.
Менување тон за ѕвонење
Притиснете HOME, а потоа
изберете ја иконата SETTINGS
(Поставки) .
Изберете Bluetooth (Блутут) за да
се прикаже соодветниот
подизборник и потоа изберете
Ringtones (Ѕвонења) . Се
прикажува список со сите
телефони што се споени со
инфозабавниот систем.
Изберете го саканиот телефон. Се
прикажува список со сите достапни
тонови за ѕвонење за односниот
телефон.
Одберете го саканиот тон за
ѕвонење.
Функции за време на повик Во време на повик, се прикажува
преглед на повикот во тек.
Page 87 of 189

Телефон87Завршување телефонски повик
Изберете End (Крај) за да завршите
повик.
Исклучување на микрофонот
Изберете Mute (Исклучи звук) за
привремено да го деактивирате
микрофонот.
Екранското копче се менува во
Unmute (Вкл. звук) .
За да го активирате микрофонот
повторно, изберете Unmute (Вкл.
звук) .
Деактивирање на функцијата за
слободни раце
За да продолжите со разговорот на вашиот мобилниот телефон,
изберете Handset (Телефонски
уред) .
Екранското копче се менува во
Handsfree (Без раце) .
За да ја активирате повторно
функцијата за разговор без раце,
изберете Handsfree (Без раце) .Втор телефонски повик
Почнување втор телефонски повик За да воспоставите втор
телефонски повик, изберете Add
(Додавање) во прегледот на повик
во тек. Се прикажува изборникот за
телефонот.
Воспоставете втор телефонски
повик. За детален опис видете
погоре.
За да го откажете
воспоставувањето на вториот
повик и да се вратите на прегледот на повик во тек, изберете Current
Call (Моментален повик) .
Двата повика се прикажани во
прегледот при повик.
Втор дојдовен телефонски повик
На долниот дел од прегледот на
повик во тек се прикажува порака
со името или бројот на
повикувачот.
Изберете Answer (Одговори) или
Ignore (Игнорирај) во пораката.
Уредување телефонски повици За да ги прекинете двата повици,
изберете End (Крај) на долниот дел
од екранот.
За да го прекинете само едниот
повик, изберете A веднаш до
односниот повик.
Page 88 of 189

88ТелефонКонференциски повик
Изберете B за да ги споите двата
повици. Двата повици стануваат активни.
Екранското копче B се менува
во C.
За да ги одвоите повиците,
изберете C.
Телефони
Изберете PHONES (Телефони) на
интерактивната лента за избор за
приказ на списокот на уреди.
За детален опис 3 81.
Текстуални пораки
Апликацијата TEXT (ТЕКСТ)
дозволува примање текстуални
пораки и одговарање преку
Инфозабавниот систем.
Забелешка
Ако возилото се движи побрзо од
8 км/ч, можно е да не се достапни некои функции од апликацијата затекст.
Предуслови
Мора да се исполнети следните
предуслови за да може да се
користи апликацијата TEXT
(ТЕКСТ) :
● Функцијата Bluetooth на односниот телефон мора да е
активна (видете во упатството
на уредот).
● Зависно од телефонот, може да биде потребно да се
постави уредот како
„видлив“ (видете во упатството
на уредот).
● Во зависност од телефонот, може да биде потребно рачно
да се дозволи пристап до
функцијата за текстуални
пораки на телефонот (видете
во упатството за уредот).
● Односниот телефон мора да е спарен и поврзан со
Инфозабавниот систем. За
детален опис 3 81.
● Односниот телефон мора да поддржува Bluetooth профил
за пристап до пораки (BT MAP).
Page 89 of 189

Телефон89Активирање апликација за
текстуални пораки
Притиснете го копчето HOME, а
потоа изберете ја иконата на
апликацијата TEXT (ТЕКСТ) .
Ако добиете нова текстуална
порака, ќе добиете потсетување со
порака. Изберете едно од
копчињата на екранот за да
влезете во апликацијата TEXT
(ТЕКСТ) .
Забелешка
Текстуалните предупредувања се прикажуваат само ако Text Alerts
(Текстуални тревожења) во
изборникот за поставки за
текстуалните пораки е поставено
на On (Вклучување) .
Преслушување порака
Изберете INBOX (Влезно сандаче)
во интерактивната лента за избор.
Текстуалните пораки складирани
на односниот телефон се
појавуваат во список.
Забелешка
Во зависност од телефонот, не
сите текстуални пораки што се
складираат во телефонот ќе се
прикажуваат во приемното
сандаче.
За преслушување порака,
изберете 3 покрај соодветната
порака.
Односно, изберете ја пораката што сакате да се прикаже во прегледот
на пораки. Изберете LISTEN
(Слушај) во интерактивната лента
за избор.Прегледување порака
Изберете INBOX (Влезно сандаче)
во интерактивната лента за избор. Текстуалните пораки складирани
на односниот телефон се
појавуваат во список.
Изберете ја саканата порака за да
се прикаже целосниот текст на
пораката.
Повикување на испраќачот
Изберете INBOX (Влезно сандаче)
во интерактивната лента за избор.
Текстуалните пораки складирани
на односниот телефон се
појавуваат во список.
Page 90 of 189

90ТелефонИзберете ја пораката што сакате дасе прикаже во прегледот на пораки.
Изберете Call (Повик) во
интерактивната лента за избор.
Праќачот на пораката е повикан.
Одговарање на порака Забелешка
Во зависност од телефонот,
функцијата за одговор може да не
е поддржана.
Изберете INBOX (Влезно сандаче)
во интерактивната лента за избор. Текстуалните пораки складирани
на односниот телефон се
појавуваат во список.
Изберете ја пораката што сакате да се прикаже во прегледот на пораки.
Изберете REPLY (Одговори) во
интерактивната лента за избор. Се
прикажува листа на готови пораки.
Изберете ја саканата претходно
дефинирана текстуална порака.
Ако не може да искористите ниту
една од претходно дефинираните
пораки, може да напишете новапорака, видете „Управување со
претходно дефинирани пораки“ во
продолжение.
Бришење порака Изберете INBOX (Влезно сандаче)
во интерактивната лента за избор.
Текстуалните пораки складирани
на односниот телефон се
појавуваат во список.
Изберете ја пораката што сакате да се прикаже во прегледот на пораки.
За да избришете текстуална
порака, изберете Delete
(Избриши) во интерактивната
лента за избор.
Список на уредите
Изберете PHONES (Телефони) за
да се прикаже списокот со уреди.
За детален опис 3 81.
Поставки за текстуална порака
Изберете Settings (Поставки) за да
влезете во изборникот со поставки.Известување за текстуална порака
Ако сакате да се појавува
известување кога ќе примите нова
текстуална порака, поставете Text
Alerts - On (Текстуални тревожења
- Вкл.) .
Управување со претходно
дефинирани пораки
Изберете Manage Predefined
Messages (Управувај со готови
пораки) за да се прикаже список со
сите претходно дефинирани
пораки.