OPEL ASTRA K 2019.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2019.5, Model line: ASTRA K, Model: OPEL ASTRA K 2019.5Pages: 353, PDF Size: 9.52 MB
Page 251 of 353

Возење и ракување249Полнење на природен гас
Вратичката на резервоарот за
гориво може да се отвори само ако возилото е отклучено. Ослободете
ја вратичката на резервоарот со притискање на истата.
9 Предупредување
Полнете само со максимален
излезен притисок од 250 бари.
Користете само станици за
полнење каде што има
компензирање на
температурата.
Постапката за полнење треба да
биде завршена, т.е. грлото за
полнење треба да биде
испразнето.
Капацитетот на резервоарот за
природен гас зависи од
надворешната температура,
составот на гасот и типот на
системот за полнење.
Зафатнини 3 326.
Затворете ја вратичката и оставете
да се заглави.
Термини за „возила со природен
гас“ во странство:ГерманскиErdgasfahrzeugeАнглискиNGVs = Natural Gas
VehiclesФранцускиVéhicules au gaz
naturel - или -
Véhicules GNVИталијанскиMetano auto
Термини за „природен гас“ во
странство:
ГерманскиErdgasАнглискиCNG = Compressed
Natural GasФранцускиGNV = Gaz Naturel
(pour) Véhicules
‑ или ‑
CGN = carburantgaz
naturelИталијанскиMetano (per auto)
Капаче за полнење гориво
Користете само оригинални
капачиња за полнење гориво.
Возилата со мотори на дизел
имаат специјални капачиња за
полнење гориво.
Page 252 of 353

250Возење и ракувањеКука за приколки
Општи информации Употребувајте само опрема за
влечење одобрена за Вашето
возило. Доверете му го
отпослежното монтирање на
опремата за влечење на
автомеханичар. Може да биде
потребно да се извршат измени кои делуваат врз системот за ладење,
топлоотпорните обвивки или друга
опрема.
Функцијата за откривање
откажување на сијаличките за
светлото на сопирачките на
приколката не може да открие
делумно откажување на
сијаличките, на пример, во случај на четири сијалички со моќност од
5 W, открива откажување на
сијаличките само кога останала
само една или ниту една сијаличка
од 5 W.
Монтирањето на опрема за
влечење може да го прекрие
отворот на алката за влечење. Ако
е така, за влечење користете јавлечната кука. Секогаш задржи ја
влечната кука во возилото кога не
е во употреба.
Возни карактеристики,совети за влечење
Пред да закачите приколка,
подмачкајте ја влечната топка со
мазиво. Меѓутоа, не го правите тоа ако за намалување на кривулести
движења се употребува
стабилизатор, којшто делува врз
влечната топка.
При влечење приколка не ја
надминувајте брзината од 80 км/ч.
Максималната брзина од 100 км/ч е соодветна само ако се користи
амортизер за осцилациите и
дозволената бруто тежина на
приколката не ја надминува
тежината на возилото при
сопирање.
За приколки со ниска стабилност
при возење и караван-приколки, се препорачува користење на
амортизер за осцилации.Ако приколката почне да се извива,
возете пополека, не обидувајте се
да го исправите управувањето и
сопирајте нагло ако е потребно.
Кога возите по удолнина, возете во
иста брзина како да возевте по
угорница и возете со слична
брзина на возилото.
Дотерајте го притисокот во гумите
до вредноста определена за полна
натовареност 3 327.
Влечење на приколка
Товари на приколката Дозволената оптовареност на
приколката е максимална вредност која зависи од возилото и моторот
и не смее да се пречекори.
Фактичката оптовареност на
приколката е разликата помеѓу
бруто тежината на приколката и
фактичката оптовареност на
влечната спојка кога е приклучена приколката.
Page 253 of 353

Возење и ракување251Дозволената оптовареност на
приколката е определена во
документите на возилото.
Воопшто, тие важат за стрмнини до
12%.
Дозволениот товар во приколката
се однесува на одредената
стрмнина и на надморската
височина. Бидејќи моќноста на
моторот се намалува со
зголемување на надморската
височина поради разретчување на
воздухот, со што се намалува и
способноста за искачување, и
дозволената тежина за влечење се намалува за 10% на секои
1000 метри надморска височина.
Бруто влечната тежина не мора да
се намалува кога се вози по
патишта со мала стрмнина (помала
од 8%, на пр. магистрални
патишта).
Не смее да се пречекори
дозволената бруто тежина за
влечење. Таа тежина е наведена на идентификациската табличка
3 317.Вертикална оптовареност на
влечната спојка
Вертикалната оптовареност на
влечната спојка е оптовареноста
којашто приколката ја врши врз
влечната топка. Таа може да се
менува со менување на
распределбата на тежината кога се товари приколката.
Максималната дозволена
вертикална оптовареност на
влечната спојка е забележана на
идентификациската табличка на
влечната опрема и во документите
на возилото. Секогаш трудете се за
максималната оптовареност,
особено во случај на тешки
приколки. Вертикалната
оптовареност на влечната спојка
никогаш не смее да падне под 25 кг.Оптовареност на задната оска
Кога е прикачена приколка, а
влечното возило е докрај
натоварено, дозволената
оптовареност на задната оска
(видете ја идентификациската
табличка или документите на
возилото) може да се надмине за
40 кг. Ако се надмине дозволената
оптовареност на задната оска,
максималната брзина е 100 км/ч.
Опрема за влечењеВнимание
При работење без приколкаизвадете ја влечната кука со
топка.
Чување на влечната кука
Торбата со влечната кука е
поставена на капакот од подот во
задниот дел од товарниот простор.
Page 254 of 353

252Возење и ракувањеПоставете го ременот низ задната
десна алката за врзување,
завиткајте го околу неа двапати и
затегнете го ременот за да се
прицврсти торбата.
На илустрацијата е прикажан
хечбек со 5 врати.
На илустрацијата е прикажан
Sports Tourer.
Монтирање на топчестата
влечна кука
Кај Sports Tourer отстранете го
капакот од задниот браник со
туркање.
Откачете го и преклопете го
приклучникот. Извадете го
заптивниот клин од дупката за
влечната кука и складирајте го.
Page 255 of 353

Возење и ракување253Проверка на затегнатоста на
влечната кука
● Црвената ознака на вртливото
копче треба да посочува кон
зелената ознака на влечната
кука.
● Меѓупросторот помеѓу вртливото копче и влечната
кука мора да биде околу 6 мм.
● Клучот треба да биде во положбата c.
Инаку влечната кука треба да се
затегне пред да се вметне:
● Отклучете ја влечната кука со вртење на клучот во
положбата c.
● Извлечете го вртливото копче
и свртете го во правец на
стрелките на часовникот колку
што може.
Вметнување на влечната кука
Вметнете ја затегнатата шипка на
влечната кука во отворот и турнете
ја цврсто угоре додека не се
заглави чујно.
Вртливата рачка скокнува назад во
оригиналната положба, потпирајќи
се на влечната кука без расцеп.
Page 256 of 353

254Возење и ракување9Предупредување
Не ја допирајте вртливата рачка
за време на вметнувањето.
Заклучете ја влечната кука со
вртење на клучот во положбата e.
Извадете го клучот и затворете го
заштитното капаче.
Алка за кабелот за приврзување
На илустрацијата е прикажан
хечбек со 5 врати.
На илустрацијата е прикажан
Sports Tourer.
Закачете го кабелот кој спречува
да се откачи приколката, за алката.
Проверете дали влечната кука е
правилно инсталирана
● Зелената ознака на вртливото копче треба да посочува кон
зелената ознака на влечната
кука.
● Не смее да има расцеп помеѓу вртливата рачка и шипката на
влечната кука.
● Влечната кука треба цврсто да
се заглави во отворот.
● Влечната кука треба да се заклучи и клучот да се извади.9Предупредување
Влечењето на приколка е
дозволена само ако влечната
кука е монтирана правилно. Ако влечната кука не е заглавена
правилно, побарајте помош од
автомехануичар.
Демонтирање на топчестата
влечна кука
Page 257 of 353

Возење и ракување255Отворете ја заштитната вратичка и
свртете го клучот во положбата c
за да се отклучи влечната кука.
Извлечете ја вртливата рачка и
свртете а во правец на стрелките
на часовникот колку што може.
Извлечете ја шипката на влечната
кука удолу.
Вметнете го заптивниот клин во
отворот.
Преклопете го приклучокот.
Кај Sports Tourer вметнете го
капакот на задниот браник, како
што е прикажано на илустрацијата.
Ставете ја влечната кука во
торбата и заклучете ја со
прицврстување на ременот низ
задната десна алка за врзување.
Завиткајте ја околу неа двапати и
затегнете го ременот за да се
прицврсти торбата.
Помош за стабилноста на приколката
Ако системот открие кривулести
движења, моќноста на моторот се
намалува и комбинацијата возила/
приколка селективно се сопира
додека не престане кривулестото
движење. Додека системот работи, држете го воланот колку што може
помирно.
Помошта за стабилноста на
приколката е функција на
електронската контрола на
стабилноста 3 201.
Page 258 of 353

256Нега на возилотоНега на возилотоОпшти информации.................257
Додатоци и модификации на возилото ................................ 257
Чување на возилото ..............257
Демонтирање на возилото на крајот на работниот век .......258
Прверки на возилото ...............258
Вршење работа ...................... 258
Хауба ...................................... 259
Моторно масло ......................259
Ладилник ................................ 261
Течност за миење ..................261
Сопирачки .............................. 262
Течност за сопирачките ........262
Акумулатор ............................. 262
Цедење на системот со дизел гориво .................................... 264
Замена на четкичките на бришачите ............................. 264
Замена на сијалиците ..............265
Халогенски предни фарови ..265
Предни фарови за магла ......267
Задни светла .......................... 268
Странични трепкачи ..............275Светло за регистарската
табличка ................................ 275
Внатрешни светла .................276
Електричен систем ..................277
Осигурувачи ........................... 277
Кутија со осигурувачи во моторниот простор ...............278
Кутија со осигурувачи во таблата со инструменти .......280
Кутија со осигурувачи во товарниот простор ................282
Прирачен алат ......................... 284
Алати ...................................... 284
Тркала и гуми ........................... 285
Зимски гуми ............................ 285
Ознаки на гумите ...................286
Притисок на гумите ................ 286
Систем за следење на притисокот на гумите ...........288
Длабочина на шарата ...........293
Менување на големината на гумите и тркалата .................293
Раткапни ................................. 293
Синџири за гуми ..................... 294
Комплет за поправање гуми . 294
Менување тркала ................... 298
Резервно тркало ....................299
Палење со кабли ......................304Влечење................................... 306
Влечење на возилото ............306
Влечење друго возило ..........307
Нега за изгледот ......................308
Нега на надворешноста ........308
Нега на внатрешноста ........... 310
Page 259 of 353

Нега на возилото257Општи информации
Додатоци и модификации на возилото
Го препорачуваме користењето на
оригинални делови и опрема, и
делови одобрени од фабриката
специфично за Вашиот вид на возило. Не можеме да оцениме или
гарантираме сигурност за други
производи - дури и да имаат
регулативно или поинаку дадено
одобрение.
Каква било измена, преиначување или други промени што се
направена на стандардните
спецификации на возилото
(вклучувајќи ги, без ограничување,
измените на софтверот, измените
на електронските контролни уреди) може да ја поништи гаранцијата
што ја нуди Opel. Дополнително,
таквите промени може да влијаат
врз системите за помош на
возачот, потрошувачката на
гориво, испуштањето CO 2 и други
испуштања на издувни гасови одвозилото. Исто така, можат да ја
поништат и дозволата за работа на
возилото.Внимание
При превезување на возилото
со воз или со возило за
влечење, калниците може да се
оштетат.
Чување на возилото
Складирање за долго времеАко возилото има да се складира за
повеќе месеци:
● Измијте го и полирајте го возилото.
● Нека Ви ја проверат заштитата
со восок во моторниот простор
и подвозје.
● Исчистете ги и намачкајте ги гумените кедери.
● Наполнете го резервоарот за гориво докрај.
● Сменете го моторното масло.
● Исцедете го садот за течноста за миење.
● Проверете ги течноста за ладење, антифризот и
заштитата од корозија.
● Дотерајте го притисокот во гумите до вредноста
определена за полна
натовареност.
● Паркирајте го возилото на суво, добро проветрено место.
Ставете во прва брзина или
рикверц или рачката на
менувачот во P. Спречете
тркалање на возилото.
● Не затегнувајте ја рачната сопирачка.
● Отворете ја хаубата, затворете
ги сите врати и заклучете го
возилото.
● Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Внимавајте сите системи да
бидат исклучени, на пример, системот за тревожење при
кражба.
Page 260 of 353

258Нега на возилотоВраќање во работна состојба
Кога возилото има да се врати в
работа:
● Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Активирајте ги електричните
прозорци 3 44.
● Проверете го притисокот во гумите.
● Наполнете го садот за течноста за миење.
● Проверете го нивото на моторното масло.
● Проверете го нивото на течноста за ладење.
● Ставете ја регистарската табличка ако е потребно.Демонтирање на возилото
на крајот на работниот век
Информациите за центрите за
демонтирање и рециклирање на
возилата што се на крајот на
работниот век се наоѓаат на
нашата страница на интернет, каде што се бара со закон. Доверете му
ја работава само на овластен
центар за рециклирање.Прверки на возилото
Вршење работа9 Предупредување
Вршете проверки на моторниот
простор само кога е исклучено палењето.
Вентилаторот за ладење може
да проработи дури и ако е
исклучено палењето.