OPEL ASTRA K 2019.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2019.5, Model line: ASTRA K, Model: OPEL ASTRA K 2019.5Pages: 353, PDF Size: 9.52 MB
Page 311 of 353

Нега на возилото309Внимание
Секогаш користете средство за
чистење со pH вредност
четири до девет.
Не користете средства за
чистење на жешки површини.
Не го чистете моторниот простор
со компресорска млазница или
млазни чистачи со голем притисок.
Целосно исушете го и избришете
го возилото. Често плакнете ја
еленската кожа. Употребувајте
посебни кожи за бојата и за
прозорците: остатоците од полир-
пастата на прозорците ќе ја
намалат видливоста.
Нека Ви ги подмачкува шарките на вратите со мазиво автомеханичар.
Не користете тврди предмети за
вадење на флеки од катран.
Користете спреј за вадење на
катран на обоените површини.
Надворешни светла
Капаците на предните фарови и на другите светла се направени од
пластика. Не користете
нагризувачки средства или
киселини, не користете гребач за
мраз и не сушете ги.
Полирање и нанесување восок Редовно полирајте го возилото со
полир паста (најдоцна кога веќе не
се формираат капки од водата).
Инаку бојата ќе се исуши.
Полирањето со средство за
полирање е неопходно само ако бојата го изгубила сјајот или ако на неа се нафатиле цврсти наслојки.
Полирањето на бојата со силикон
обликува заштитен слој, правејќи
го полирањето со восок
непотребно.
Пластичните делови на
каросеријата не смеат да се
намачкаат со восок или средства
за полирање.Прозорци и четкички на
бришачите на шофершајбната
Исклучете ги бришачите пред да
пристапите до нивните области.
Употребувајте мека крпа без
влакненца или еленска кожа
заедно со средство за чистење
прозорци и средство за вадење
инсекти.
Кога го чистите задниот прозорец
однатре, секогаш бришете
паралелно со грејачот за да
спречите оштетување.
За механичко вадење на мраз,
употребувајте гребло на мраз со
остар раб. Притиснете го гребачот
цврсто на стаклото за да не
влегуваат нечистотии под него и
гребете го стаклото.
Чистете ги четкичките на
бришачите што замачкуваат со
мека крпа и средство за чистење на прозорци.
Отстранете ги наслагите
нечистотија од замачкувачките
бришачи со мека крпа и средство
Page 312 of 353

310Нега на возилотоза чистење прозорци. Внимавајте и
да отстраните остатоци од восок,
инсекти и слично од стаклото.
Остатоци од мраз, загадување и
постојано бришење на суви стакла
ќе ги оштети, па и уништи
бришачите.
Подвижен покрив Никогаш не чистете го со раствори
или нагризувачки средства, горива, агресивни средства (на пр.
растворувачи на бои, раствори што
содржат ацетон итн.) киселини или многу алкални средства или
абразивни сунѓери. Не нанесувајте
восок или средства за полирање врз подвижниот покрив.
Тркала и гуми
Не користете компресорски
млазници за чистење.
Чистете ги бандажите со pH
неутрално средство за чистење на
тркалата.
Бандажите се бојосани и може да
се чистат со истите средства како и шасијата.Оштетување на бојата
Поправете ги помалите оштети на
бојата со апликатор пред да се
формира‘рѓа. Поголемите оштети
или предели со ’рѓа нека Ви ги
поправи автомеханичар.
Подвозје
Некои предели на подвозјето на возилото имаат премаз од PVC
додека другите критични предели
имаат траен слој од заштитен
восок.
Откако подвозјето ќе се измие,
проверете го истото и нанесете
повеќе заштитен восок ако е
потребно.
Битуменски / гумени материјали
може да го оштетат слојот од PVC.
Нека Ви ја изведе работата на подвозјето автомеханичар.
Пред и после зимата, измијте го
подвозјето и нека Ви го проверат
слојот на заштитниот восок.Опрема за влечење
Не ја чистете влечната кука со
компресорска млазница или
млазни чистачи со голем притисок.
Капак за воздухот
Исчистете го системот отвори за
воздух на предниот браник за да се
одржи правилно функционирање.
Нега на внатрешноста
Внатрешност и тапацир Чистете ја внатрешноста на
возилото, вклучувајќи ја и маската
и облогите на таблата со
инструменти, само со сува крпа или средство за чистење на
внатрешноста.
Чистете го кожниот тапацир со
чиста вода и мека крпа. Во случај
на тешка валканост користете
средство за нега на кожата.
Групата инструменти и екраните
треба да се чистат само со мека,
влажна крпа. Ако е потребно,
користете слаб раствор на
сапуница.
Page 313 of 353

Нега на возилото311Текстилниот тапацир чистете го со
правосмукалка и четка. Флеките
вадете ги со средство за чистење на тапацирот.
Ткаенината на преслеките може да
не е со трајни бои. Тоа може да
предизвика видливо
избледнување на бојата, особено
на тапацир со светли бои. Дамки и
избледена боја треба да се
исчистат што е можно поскоро.
Чистете ги безбедносните ремени
со млака вода или средство за
чистење на внатрешноста.Внимание
Затворајте ги Велкро патентите
бидејќи отворените Велкро
патенти на облеката може да го
оштетат тапацирот на
седиштата.
Истото се однесува и до облеки
со предмети со остри рабови,
како патенти или каишеви или
фармерки со нитни.
Пластични и гумени делови
Пластичните и гумените делови
може да се исчистат со истото средство за чистење кое се
користи за чистење на
каросеријата. Употребете
средство за чистење на
внатрешноста ако е потребно. Не
користете други средства.
Избегнувајте ги растворувачите, а
особено бензинот. Не користете компресорски млазници за
чистење.
Page 314 of 353

312Сервисирање и одржувањеСервисирање и
одржувањеОпшти информации .................312
Сервисни информации ..........312
Препорачани течности,
средства за подмачкување и
делови ....................................... 313
Препорачаните течности и средства за подмачкување ..313Општи информации
Сервисни информации За да се гарантира економичното ибезбедното работење на возилото
и да се одржи вредноста на Вашето
возило, мошне битно е сето
одржување да се изведува во
соодветните периоди, како што е
определено.
Деталниот, актуелен сервисен
распоред за Вашето возило е
достапен кај автомеханичарот.
Екран за сервисирање 3 116.
Европски сервисни периоди
Вашето возило, освен возило со
CNG (природен гас), треба да се
одржува на секои 30.000 км или по една година, кое и да настапи прво. Вашето возило со CNG (природен
гас), треба да се одржува на секои
15.000 км или по една година, кое и
да настапи прво. Кога е потребна
дополнителна замена на
моторното масло и филтеротпорано од одржувањето, тоа се
прикажува на системот за
работниот век на моторното масло.
Покус сервисен период може да
важи за потешки услови за
возење,на пр. за таксија и за
полициски автомобили.
Европските сервисни периоди
важат за следниве држави:
Андора, Австрија, Белгија, Босна и
Херцеговина, Бугарија, Хрватска,
Кипар, Чешка, Данска, Естонија,
Финска, Франција, Германија,
Грција, Гренланд, Унгарија,
Исланд, Ирска, Италија, Латвија,
Лихтенштајн, Литванија,
Луксембург, Македонија, Малта,
Монако, Црна Гора, Холандија,
Норвешка, Полска, Португалија,
Романија, Сан Марино, Србија,
Словачка, Словенија, Шпанија,
Шведска, Швајцарија,
Обединеното кралство.
Екран за сервисирање 3 116.
Page 315 of 353

Сервисирање и одржување313Меѓународни сервисни
периоди
Вашето возило треба да се
одржува на секои 15000 км или по
една година, кое и да настапи прво.
Кога е потребна дополнителна
замена на моторното масло и
филтерот порано од одржувањето,
тоа се прикажува на системот за
работниот век на моторното масло.
Тешки услови за работа постојат
ако често се случуваат една или
неколку од следниве околности:
Ладно стартување, тргнување и
застанување, влечење приколка,
возење по планински терен,
возење на лоша или песоклива
подлога, зголемено загадување на
воздухот, присуство на песок и
големо количество прашина во
воздухот, возење на голема
надморска висина и големи
промени на температурата. Во
овие тешки услови за работа,
можеби ќе биде потребно
сервисирање на одредени делови
почесто од редовниот сервисен
период.Меѓународните сервисни периоди важат за државите што не се
наброени во списокот за
европските сервисни периоди.
Екран за сервисирање 3 116.
Потврдувања
Потврдата на сервисирањето се евидентира во сервисна и гарантна книшка. Датумот и километражата
се дополнува со печат и потпис на сервисот.
Проверете дека сервисната и
гарантна книшка е пополнета
исправно бидејќи постојаното
заверување на сервисирањето е
суштинско ако треба да се исполни
каква било рекламација или
добронамерно барање. Добро
служи и кога се продава возилото.Препорачани
течности, средства за
подмачкување и
делови
Препорачаните течностии средства заподмачкување
Користете само производи кои ги
задоволуваат препорачаните
спецификации.9 Предупредување
Работните материјали се
опасни и можат да бидат
отровни. Ракувајте со нив
внимателно. Обрнете внимание
на информациите дадени на
упаковката.
Моторно масло
Моторното масло се познава по
својот квалитет и вискозитет.
Квалитетот е поважен од
вискозитетот кога избирате кое
моторно масло ќе користите.
Page 316 of 353

314Сервисирање и одржувањеКвалитетот на маслото ја
обезбедува на пр. чистотата на
моторот, заштитата од абење и
контролата на стареење на
маслото, додека класата по
вискозност дава информација за
густината на маслото над некој
опсег на температурите.
Изберете соодветно моторно
масло според неговиот квалитет и
минималната надворешна
температура 3 319.
Дотурање моторно маслоВнимание
Ако се истури масло, избришете го и фрлете го правилно.
Моторните масла од други
производители и марки можат да
се мешаат доколку тие го
исполнуваат бараниот квалитет и
вискозитет за моторни масла.
Забрането е користењето моторни
масла за сите бензински мотори
само со квалитет ACEA бидејќи тоа
може да предизвика оштетување
на моторот во одредени услови на
работа.
Изберете соодветно моторно
масло според неговиот квалитет и
минималната надворешна
температура 3 319.
Дополнителни адитиви за
моторното масло
Употребата на дополнителни
адитиви за моторното масло може
да предизвика оштетувања и да ја
поништи гаранцијата.
Класи по вискозитет на моторното
масло
SAE класата по вискозитет дава
информација за густината на
маслото.
Повеќекласното масло се означува
со две бројки, на пр., SAE 5W-30.
Првата бројка, по којашто следи W, ја означува вискозноста при ниски
температури, а втората бројка ја означува вискозноста при високи
температури.Изберете ја соодветната класа по
вискозитет зависно од
минималната надворешна
температура 3 319.
Сите препорачани степени на
вискозност се погодни за високи
температури на околината.
Течност за ладење и антифриз
Користете го само органското
киселинско долготрајно средство
за ладење (LLC) (антифриз)
одобрено за возилото.
Посоветувајте се со
автомеханичар.
Системот е фабрички наполнет со
средство за ладење направено за
одлична заштита од корозија и од
смрзнување до околу -28 °C. Во
ладните региони со многу ниски
температури, фабрички
наполнетото средство за ладење
овозможува заштита од
смрзнување до околу -37 °C. Оваа
концентрација треба да се одржува
во текот на целата година.
Употребата на дополнителни
адитиви за течноста за ладење кои
Page 317 of 353

Сервисирање и одржување315се предвидени да дадат
дополнителна заштита од корозија или изолација против помали
протекувања може да
предизвикаат функциски
проблеми. Одговорноста за
последиците кои произлегуваат од
употребата на дополнителни
адитиви за течноста за ладење ќе
биде одбиена.
Течност за миење
Користете само течност за миење
што е одобрена за возилото за да
спречите оштетување на
бришачите, бојата, пластичните и гумените делови. Посоветувајте се
со автомеханичар.
Течност за сопирачките и за
куплунгот
Со времето течноста за
сопирачките ќе апсорбира влага и
ќе се намали нејзината
ефективност. Затоа течноста за
сопирање треба д асе замени во
предвидените временски периоди.
Page 318 of 353

316Технички податоциТехнички податоциИдентификација на возилото..316
Идентификациски број на возилото ................................ 316
Идентификациска табличка ..317
Идентификација на моторот . 318
Податоци за возилото .............319
Препорачани течности и средства за подмачкување ..319
Податоци за моторот .............321
Перформанси ......................... 323
Димензии на возилото ........... 325
Зафатнини .............................. 326
Притисоци во гумите .............327Идентификација на
возилото
Идентификациски број на возилото
Илустрациите покажуваат
различни верзии.
Бројот за идентификација на
возилото може да е отпечатен на
идентификациската табличка и на
работ на подот, под покривката на
подот, видливо под капак.
Бројот за идентификација на
возилото може да е изгравиран на
таблата за инструменти, видлив низ шофершајбната, или во
моторната преграда на десната
плоча на каросеријата.
Page 319 of 353

Технички податоци317Идентификациска
табличка
Идентификациската табличка е
сместена на рамката на предната
лева или десна врата.
Информации на
идентификациската етикета:
1:производител2:број на одобрение на типот3:идентификациски број на
возилото4:дозволена бруто тежина на
возилото во кг5:дозволена бруто влечна
тежина во кг6:најголема дозволена
оптовареност на предната оска во кг7:најголема дозволена
оптовареност на задната оска
во кг8:податоци специфични за
возилото или за земјата
Вкупниот износ на оптовареноста
на предната и задната оска не смее
да ја надмине дозволената бруто
тежина на возилото.
Максималната тежина на возилото
зависи од спецификациите на
возилото, на пример, изборната опрема и додатоците. Видете во
Сертификатот за сообразност на
ЕК доставен со возилото или во
другите национални документи за
регистрација.
Техничките податоци се одредени
во согласност со стандардите на
Европската Заедница. Го
задржуваме правото да вршиме
измени. Спецификациите во
документите на возилото секогаш
се поважечки од оние дадени во
овој прирачник.
Page 320 of 353

318Технички податоциИдентификација намоторот
Табелите со технички податоци ја
користат идентификациската
шифра на моторот. Табелата на
податоците за моторот
дополнително го покажуваат
инженерскиот код.
Податоци за моторот 3 321.
За да го идентификувате моторот, видете во Сертификатот за
сообразност на ЕК доставен со
Вашето возило или другите
национални документи за
регистрација.
Сертификатот за сообразност го
покажува кодот за идентификација
на моторот, други национални
публикации може да покажат
инженерски код. Проверете ја
зафатнината на клипот и силата на моторот за да се идентификува
соодветниот моторот.