OPEL ASTRA K 2019.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2019.5, Model line: ASTRA K, Model: OPEL ASTRA K 2019.5Pages: 353, PDF Size: 9.52 MB
Page 31 of 353

Клучеви, врати и прозорци29
Далечински управувач: за да го
отстраните капачето, вметнете го
клучот во жлебот на дното на
капачето и завртете го клучот
нагоре.
Клучеви 3 20.Електронски клуч: за да го
отстраните капачето, притиснете
го копчето на задната страна и
извадете го сечилото на клучот од
куќиштето. Вметнете го клучот во
жлебот на дното на капачето и
завртете го клучот нагоре.
Систем на електронскиот клуч
3 22.
Рачно отклучување
Рачно отклучете ја возачката врата
со вметнување и вртење на клучот
во цилиндарот на бравата.
Другите врати може да се отворат
со повлекување на внатрешната
рачка двапати или со притискање
c од панелот на вратата на
возачот. Товарниот простор и
вратичката на резервоарот
веројатно нема да се отклучат.
Кога ќе се вклучи палењето, се
исклучува системот за заштита од
кражба.
Page 32 of 353

30Клучеви, врати и прозорциРачно заклучување
Притиснете го внатре копчето за
заклучување на сите врати освен
вратата на возачот или притиснете
e на панелот на вратата на
возачот. Потоа затворете ја
возачката врата и заклучете ја од
надвор со вртење на клучот во
цилиндарот на бравата.
Вратичката на резервоарот за
гориво и задната врата
најверојатно не се заклучени.
По заклучувањето, покријте го
цилиндерот на бравата со
капачето: ставете го капачето со
долната страна во жлебовите,
завртете и притиснете го капачето
додека не се вклопи на горната
страна.
Автоматско заклучување Автоматско заклучување по
поаѓање
Оваа безбедносна функција може да се конфигурира да ги заклучува
сите врати, товарниот простор и
вратичката на резервоарот
автоматски кога се вози и ќе се
надмине одредена брзина.
Кога е во мирување по возење,
возилото ќе се отклучи автоматски
штом се извади клучот од
прекинувачот за палење, или со
системот на електронски клуч кога палењето е исклучено.
Активирањето или
деактивирањето на автоматското
заклучување може да се постави
во изборникот Settings (Поставки) I
Vehicle (Возило) на Инфо-екранот.
Инфо-екран 3 132.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 137.
Поставката може да се зачува за
далечинскиот управувач или за
електронскиот клуч што се користи 3 24.
Автоматско повторно
заклучување по отклучувањето
Оваа функција може да се
конфигурира да ги заклучува сите
врати, товарниот простор и
вратичката на резервоарот
Page 33 of 353

Клучеви, врати и прозорци31автоматски кратко по
отклучувањето со далечинскиот
управувач или електронскиот
клуич под услов ниедна врата да не
била отворена.
Активирањето или
деактивирањето на автоматското повторно заклучување може да се
постави во изборникот Settings
(Поставки) I Vehicle (Возило) на
Инфо-екранот.
Инфо-екран 3 132.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 137.
Поставката може да се зачува за
далечинскиот управувач или за
електронскиот клуч што се користи
3 24.
Пасивно заклучување
Во возилата со систем на
електронски клуч, оваа функција го заклучува возилото автоматски по
неколку секунди ако претходно бил
препознаен електронски клуч во
возилото, сите врати потоа биле
затворени, а електронскиот клуч не останал во возилото.Ако електронскиот клуч остане во
возилото или палењето не е
исклучено, пасивното заклучување
нема да биде дозволено.
Ако имало два или повеќе
електронски клучеви во возилото и палењето било вклучено еднаш,
функцијата го заклучува возилото
ако само еден електронски клуч се
изнесе од возилото.
За да спречите пасивно
заклучување на возилото, на
пример, кога полните гориво или
ако патниците останат во возилото,
системот мора да се оневозможи.
За да го оневозможите системот,
притиснете го копчето за
централно заклучување c неколку
секунди додека една врата е
отворена. Ќе се слушнат три звучни
сигнали за да се потврди
деактивирањето. Функцијата
останува оневозможена сè додека
не се притисне копчето за
централно заклучување e или не се
вклучи палењето.Активирањето или
деактивирањето на пасивното
заклучување може да се постави
во изборникот Settings (Поставки) I
Vehicle (Возило) на Инфо-екранот.
Инфо-екран 3 132.
Приспособување на возилото кон индивидуалните потреби 3 137.
Поставката може да се зачува за
електронскиот клуч што се користи
3 24.
Детски брави
Page 34 of 353

32Клучеви, врати и прозорци9Предупредување
Користете ги детските брави
кога и да седат деца на задните
седишта.
Поместете ја иглата во задната
врата нанапред. Вратата не може
да се отвори однатре.
За да го деактивирате, поместете
ја иглата на задната позиција.
Врати
Товарен простор
Задна врата
ОтворањеХечбек со 5 врати
По отклучувањето, притиснете го
копчето за задната врата под
амблемот на брендот и отворете ја
задната врата.
Sports Tourer
По отклучувањето, притиснете го
копчето за задната врата под
лајсната на задната врата и
отворете ја задната врата со рака.
Централна брава 3 24.
Page 35 of 353

Клучеви, врати и прозорци33Затворање
Користете една од внатрешните
рачки.
Не притискајте го копчето за
задната врата додека затворате бидејќи така повторно ќе ја
отклучите задната врата.
Централна брава 3 24.
Електрична задна врата9 Предупредување
Внимавајте кога ракувате со
електричната задна врата.
Ризик од повреда, особено за
децата.
Внимавајте многу на
подвижната задна врата кога
работите со неа. Уверете се
дека ништо не се приклешти за време на ракувањето и никој не
стои во пределот на движењето.
Електричната задна врата може да се управува со:
● Притискање X два пати на
електронскиот клуч. За да
спречите ненамерно отворање на задната врата, X мора да се
притисне подолго при
заклучување или отклучување.
● Ракување без раце со сензорот
за движење под задниот
браник.
● Копчето за задната врата под надворешната лајсна на
задната врата C при
отворена задна врата.
● Прекинувачот C на
внатрешниот дел од вратата
кај возачот.
Кај возилата со автоматски
менувач, со задната врата може да
се ракува само кога возилото е во
мирување и рачката на менувачот
е во P.
Трепкачите трепкаат и се слуша мелодија кога работи
електричната задна врата.
Забелешка
Ракувањето со електричната
задна врата не ја опслужува
централната брава. За да ја
отворите задната врата со
копчето на електричниот клуч или со копчето за задната врата или
со функцијата за слободни раце,
не е неопходно да го отклучите
возилото. Предуслов е
електронскиот клуч да биде
Page 36 of 353

34Клучеви, врати и прозорцинадвор од возилото, на
растојание од приближно 1 м од
задната врата.
Не го оставајте електронскиот клуч во товарниот простор.
Заклучете го возилото по
затворањето, ако претходно било
отклучено.
Централна брава 3 24.
Ракување со електронскиот клуч
Притиснете X двапати за да ја
отворите или затворите задната
врата. За да спречите ненамерно
отворање на задната врата, X
мора да се притисне подолго при заклучување или отклучување.
Ракување без раце со сензорот за
движење под задниот браник
За да ја отворите или затворите
задната врата, придвижете го
стапалото под задниот браник напред-назад во делот прикажан
на илустрацијата. Ако има помош
за паркирање, областа се
препознава под прикажаниот
сензор. Не држете го стапалото
подолго или не движете го
премногу бавно под браникот.
Електронскиот клуч мора да биде
надвор од возилото во опсег од
околу 1 м од задната врата.9 Опасност
Не допирајте ги деловите од
возилото под возилото при
активна функција за слободни
раце. Постои ризик од повреда
од жешките делови на моторот.
Ракувањето со копчето за задната
врата под надворешната лајсна на
задната врата
Page 37 of 353

Клучеви, врати и прозорци35За да се отвори задната врата,
притиснете го копчето за задната
врата под лентата на задната
врата додека задната врата не
почне да се движи. Ако возилото е
заклучено, електронскиот клуч
мора да биде надвор од возилото
во опсег од околу 1 м од задната
врата.
За да се затвори, притискајте го
C во отворената задна врата
додека таа не почне да се движи.
Ракување со прекинувачот на
внатрешниот дел од вратата кај
возачот
Притискајте C на внатрешниот
дел од вратата кај возачот, додека
задната врата не почне да се
отвора и затвора.
Запрете го движењето или сменете ја насоката на истото
За да го запрете движењето на
задната врата веднаш:
● притиснете X еднаш на
електронскиот клуч или
● притиснете го копчето за задната врата под
надворешната рачка на
задната врата или
● притиснете C на отворената
задна врата или
● притиснете C на
внатрешниот дел од вратата
кај возачот.
Повторното притискање на едниот
од прекинувачите ќе го смени
правецот на движење.
Режими на ракувањето
Електричната задна врата има три
режими на ракување, кои ги
контролира прекинувачот C во
возачката врата. За да се смени режимот, свртете го прекинувачот:
Page 38 of 353

36Клучеви, врати и прозорци
● Нормален режим MAX:
Електричната задна врата се
отвора до целосната височина.
● Посреден режим 3/4:
Електричната задна врата се отвора до намалена височина
што може да се прилагоди.
● Режим Off: Со задната врата
може да се ракува само рачно.
Наместете ја намалената височина
при отворањето во средниот
режим
1. Свртете го прекинувачот за работниот режим на 3/4.
2. Отворете ја електричната
задна врата со било кој
прекинувач за ракување.
3. Запрете го движењето во саканата височина со
притиснување на било кој
прекинувач за ракување. Ако е
потребно, рачно поместете ја
запрената задна врата во
саканата положба.
4. Притиснете го и задржете го копчето C од внатрешната
страна на отворената задна
врата 3 секунди.
Забелешка
Прилагодувањето на висината на
отворањето треба да се
програмира на рамно.
Ќе се слушне мелодија што ја
означува новата поставка и
трепкачите ќе трепкаат.
Намалената височина може да се постави само при агол на отворање
поголем од 30°.
Кога се врти тркалцето за местење во возачката врата на средниот
режим 3/4, електричната задна
врата ќе престане да се отвара во
новопоставената положба.
Задната врата може да се држи
отворена само ако е над
минималната височина (најмал
агол на отворање од 30°).
Височината при отворањето не може да се програмира под таависочина.
Безбедносна функција
Ако електричната задна врата
наиде на пречка за време на
отворањето или затворањето,
насоката на движењето
Page 39 of 353

Клучеви, врати и прозорци37автоматски ќе се смени малку.
Повеќе пречки во еден електронски
циклус ќе ја деактивираат
функцијата. Во тој случај,
затворете ја или отворете ја
задната врата рачно.
Електричната задна врата има
сензори за приклештување од
страничните рабови. Ако
сензорите приметат пречки помеѓу
задната врата и шасијата, задната
врата ќе се отвора додека не се
активира повторно или не се
затвори рачно.
На безбедносната функција
укажува предупредувачка
мелодија.
Отстранете ги сите пречки пред да се врати обичното електронско
работење.
Ако возилото е опремено со
фабрички монтирана опрема за
влечење и електрично е
приклучена приколка,
електричната задна врата може да се отвори само со копчето за
задната врата или да се затвори соG во отворената задна врата.
Уверете се дека нема пречки во
пределот на движењето.
Преоптоварување
Ако електричната задна врата се
активира на кратки интервали,
функцијата ќе биде оневозможена некое време. Придвижете ја
задната врата рачно до крајната
позиција за да го ресетирате
системот.
Општи практични совети за
ракување со задната врата9 Опасност
Не возете со отворена или
подотворена задна врата,
на пр. кога превозувате кабасти
предмети, бидејќи во возилото
може да навлезат отровни
издувни гасови што не можат да
се видат или намирисаат. Тоа
може да предизвика несвест и
дури смрт.
Внимание
Пред да ја отворите задната врата, проверете дали има
пречки во горниот дел, на пр.
врата од гаража, со цел да се избегне оштетување на задната
врата. Секогаш проверувајте ја
движечката површина над и зад задната врата.
Забелешка
Инсталирањето на определени
тешки додатоци врз задната
врата може да повлијае врз
нејзината способност да остане
отворена.
Забелешка
Ракувањето со електричната
задна врата се исклучува при
низок напон на акумулаторот. Во
тој случај, со задната врата нема да може да се ракува ни рачно.
Забелешка
Кога е исклучена електричната
задна врата и сите врати се
отклучени, со задната врата може
да се ракува само рачно. Во тој
Page 40 of 353

38Клучеви, врати и прозорцислучај, рачното затворање на
задната врата бара значително
поголема сила.
Забелешка
При ниски надворешни
температури, задната врата не
може сама да се отвори во целост.
Во овој случај, подигнете ја
задната врата рачно до нејзината
нормална крајна положба.Безбедност на
возилото
Систем за заштита одкражба9 Предупредување
Не користете го системот ако
има луѓе во возилото! Вратите
не може да се отклучат однатре.
Системот ги блокира сите врати.
Сите врати треба да се затворат,
инаку системот не може да се
активира.
Отклучувањето на возилото го
исклучува механичкиот систем за
заштита од кражба. Тоа не е
возможно со копчето на
централната брава.
Вклучување
Притиснете го e на далечинскиот
управувач двапати во рок од
5 секунди.
Систем за тревожење прикражба
Системот за тревожење при
кражба е комбиниран со системот
за заштита од кражба.