OPEL ASTRA K 2019 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2019, Model line: ASTRA K, Model: OPEL ASTRA K 2019Pages: 363, PDF Size: 9.56 MB
Page 101 of 363

Инструменти и контроли99Екрани....................................... 126
Информативен центар за возачот .................................. 126
Инфо екран ............................ 133
Пораки за возилото ..................136
Предупредувачки мелодии ...137
Напон во батериите ............... 137
Приспособување на возилото
кон индивидуалните потреби ..138
Услуга за телематика ..............147
OnStar ..................................... 147Контроли
Местење на воланот
Отклучете ја рачката, наместете го
воланот, па заглавете ја рачката и
уверете се дека истата е целосно
закочена.
Не го местете воланот освен ако
возилото е во мирување и бравата на воланот била ослободена.
Контроли на воланот Со информативниот центар за
возачот, некои системи за помош
на возачот, инфозабавниот систем
и со приклучен мобилен телефон може да се управува преку
контролите на воланот.
Илустрациите покажуваат
различни верзии.
Page 102 of 363

100Инструменти и контроли
Со контролата на патувањето и
ограничувачот на брзината се
управува преку контролите на
левата страна од воланот.
Дополнително, предупредувањето
за преден судир може да се
постави преку контролите на
левата страна од воланот.
Со Инфозабавниот систем може да
се управува преку контролите на
десната страна од воланот.
Системи за помош на возачот
3 210.
Повеќе информации се достапни
во прирачникот за Инфозабавниот
систем.
Волан со греење
Активирајте го греењето со
притискање на *. Активирањето се
означува со сијаличката во
копчето.
Препорачаните предели за
зграпчување на воланот се
загреваат побрзо и до повисока
температура отколку другите
предели.
Греењето функционира кога
работи моторот и за време на
Autostop.
Систем за сопирање-поаѓање
3 184.
Page 103 of 363

Инструменти и контроли101Сирена
Притиснете го j.
Бришач и перач на
шофершајбната
Бришач на шофершајбната со
прилагодлив интервал на
бришењеHI:брзоLO:бавноINT:периодично бришењеOFF:исклучување
За единечно бришење кога
бришачот на шофершајбната е
исклучен, притиснете ја рачката
надолу кон положбата 1x.
Не го употребувајте ако
шофершајбната е замрзната.
Исклучете ги во перални за
автомобили.
Приспособлив период на
бришењето
Рачката за бришачот е во
положбата INT.
Свртете го тркалцето за местење
за да ја наместите зачестеноста на бришењето.
Page 104 of 363

102Инструменти и контролиБришач на шофершајбна со
сензор за дождHI:брзоLO:бавноAUTO:автоматско бришење со
сензор за дождOFF:исклучување
Во AUTO положба, сензорот за
дожд ја мери количината на водата на шофершајбната и автоматски ја
регулира зачестеноста на
бришење на шофершајбната.
За единечно бришење кога
бришачот на шофершајбната е
исклучен, притиснете ја рачката
надолу кон положбата 1x.
Не го употребувајте ако
шофершајбната е замрзната.
Исклучете ги во перални за
автомобили.
Приспособлива чувствителност на
сензорот за дожд
Рачката за бришачот е во
положбата AUTO.
Свртете го тркалцето за местење
за да ја наместите чувствителноста
за сензорот за дожд.
Чувајте го сензорот да биде чист од прашина, нечистотија и мраз.
Функцијата на сензорот за дожд
може да се активира и деактивира
во Приспособувањето на возилото
кон индивидуалните потреби.
Изберете ја соодветната поставка
во Settings (Поставки) , I Vehicle
(Возило) на инфо-екранот.
Информативен екран 3 133.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 138.
Page 105 of 363

Инструменти и контроли103Миење на шофершајбната
Повлечете ја рачката. Течноста за
миење се прска врз
шофершајбната и бришачот брише неколку пати.
Течност за миење 3 267.
Бришач и перач на
задните прозорци
Бришач на задното стакло
Свртете го надворешниот капак за
да го активирате бришачот на
задното стакло:
OFF:исклучувањеINT:прекинато работењеON:непрекинато работење
Не го употребувајте ако задното
стакло е замрзнато.
Исклучете ги во перални за
автомобили.
Бришачот на задното стакло се
вклучува автоматски кога е вклучен бришачот на шофершајбната и
менувачот е ставен во рикверц.
Активирањето или
деактивирањето на оваа функција
може да се смени во изборникот
Settings (Поставки) на
Инфо-екранот.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 138.
Миење на задното стакло
Притиснете ја рачката.
Page 106 of 363

104Инструменти и контролиТечноста за миење се прска врз
задното стакло и бришачот брише
неколку пати.
Системот за миење на задното стакло се деактивира кога нивото
на течноста е ниско.
Течност за миење 3 267.
Надворешна температура Падот во температурата се
прикажува веднаш, а
покачувањето на истата со
временско доцнење.
Илустрацијата покажува пример.
Ако надворешната температура
падне до 3 °C, во Информативниот
центар за возачот се прикажува
предупредувачка порака.
9 Предупредување
Површината на патот може да
биде веќе подмрзната иако
екранот означува неколку
степени над 0 °C.
Часовник
Датумот и времето се прикажуваат на Инфо-екранот.
Информативен екран 3 133.
Сликовен инфо-екран
Притиснете MENU за да го
отворите соодветниот аудио
изборник.
Изберете го Time and Date (Време
и датум) .
Местење на Време
Изберете Set Time (Местење на
часовникот) за влезете во
односниот подизборник.
Изберете Auto Set (Автоматско
поставување) на дното на екранот.
Активирајте или On - RDS (Вкл.
RDS) или Off (Manual) (Искл.)
(Рачно) .
Ако Off (Manual) (Искл.) (Рачно) е
избран, прилагодете ги часовите и
минутите.
Page 107 of 363

Инструменти и контроли105Притискајте 12-24 HR (12-24 часа)
на дното на екранот за да изберете
режим за часовникот.
Ако е избран режимот 12 часа, се
прикажува трета колона за избор
на АМ и РМ. Одберете ја саканата
опција.
Местење на Датум
Изберете Set Date (Местење на
датумот) за влезете во односниот
подизборник.
Изберете Auto Set (Автоматско
поставување) на дното на екранот.
Активирајте или On - RDS (Вкл.
RDS) или Off (Manual) (Искл.)
(Рачно) .
Ако Off (Manual) (Искл.) (Рачно) е
избран, прилагодете ги поставките
за датум.
7'' Информативен екран во боја Притиснете ; и потоа изберете
Settings (Поставки) .
Изберете Time and Date (Време и
датум) за да се прикаже односниот
подизборник.
Set Time Format (Поставете
формат на времето)
За да изберете формат на
времето, притиснете го екранското копче 12 ч или 24 ч.
Set Date Format (Поставете формат на датумот)
Да го изберете саканиот формат на
датум, изберете Set Date Format
(Поставете формат на датумот) и
изберете некоја од достапните
опции во подизборникот.
Auto Set (Автоматско поставување)
За да изберете дали времето и
датумот ќе се постават автоматски или рачно, одберете Auto Set
(Автоматско поставување) .
За времето и датумот да бидат
поставени автоматски, одберете
On - RDS (Вкл. RDS) .
За времето и датумот да бидат
поставени рачно, одберете Off -
Manual (Искл. - Рачно) . Ако Auto Set
(Автоматско поставување) е
поставено на Off - Manual (Искл. -
Рачно) , елементите Set Time
(Местење на часовникот) и Set
Date (Местење на датумот)
стануваат достапни во
подизборникот.
Поставување на време и датум
За да го прилагодите времето и
датумот, изберете Set Time
(Местење на часовникот) или Set
Date (Местење на датумот) .
Притискајте ги + и - за да ги
прилагодите поставките.
Page 108 of 363

106Инструменти и контроли8'' Информативен екран во бојаПритиснете ;, а потоа изберете ја
иконата Settings (Поставки) .
Изберете го Time and Date (Време
и датум) .
Местење на времето Изберете Set Time (Местење на
времето) за влезете во односниот
подизборник.
Изберете Auto Set (Автоматско
поставување) на дното на екранот.
Активирајте или On - RDS (Вкл.
RDS) или Off - Manual (Искл. -
Рачно) .
Ако Off - Manual (Искл. - Рачно) е
избран, наместете ги часовите и минутите со притискање на n или
o .
Притиснете го 12-24 Hr (12-24
часа) на десната страна на екранот
за да изберете режим за
часовникот.
Ако е избран режимот 12 hour (12
часа), се прикажува трета колона
за поставка АМ и РМ. Одберете ја
саканата опција.
Местење на датумот
Изберете Set Date (Местење на
датумот) за влезете во односниот
подизборник.
Забелешка
Ако информациите за датумот се автоматски обезбедени, оваа
ставка од изборникот не е
достапна.
Изберете Auto Set (Автоматско
поставување) на дното на екранот.
Активирајте или On - RDS (Вкл.
RDS) или Off - Manual (Искл. -
Рачно) .Ако Off - Manual (Искл. - Рачно) е
избран, наместете ги поставките за датум со притискање на n или o.
Приказ на часовник
Изберете Clock Display
(Прикажување на часовникот) за
влезете во односниот
подизборник.
За да го исклучите приказот на дигиталниот часовник во
изборникот, изберете Off
(Исклучување) .
Штекери за напојување
Page 109 of 363

Инструменти и контроли107Во средишната конзола се наоѓа
штекер за струја од 12 V. При
исклучено палење, овој штекер за напојување е деактивиран.
Не надминувајте ја максималната потрошувачка од 120 W.
Електричните апарати што се
приклучени мора да ги
исполнуваат барањата за
електромагнетната
компатибилност што се утврдени
во DIN VDE 40 839.
Не приклучувајте апарати што
произведуваат електрична струја,
на пр. електрични уреди за
полнење или акумулатори.
Не оштетувајте ги штекерите со
користење на несоодветни
приклучоци.
Систем за сопирање-поаѓање
3 184.USB-приклучоци
Во зависност од Инфозабавниот
систем, помеѓу предните седишта
се наоѓаат еден или два USB-
приклучоци за полнење уреди.
Овие приклучоци имаат и
податочно поврзување со
Инфозабавниот систем. За следни
информации, видете во
прирачникот на Инфозабавата.
USB-порта за полнење
Два приклучоци за USB само за
полнење уреди се наоѓаат во
задниот дел од средишната
конзола.
Секој приклучок обезбедува
2,1 ампери и пет волти.
Забелешка
Приклучоците секогаш треба да
бидат чисти и суви.
Page 110 of 363

108Инструменти и контролиПепелнициВнимание
Се користат само за пепел, а неза запално ѓубре.
Преносливиот пепелник може да
се стави во држачите за чаши.