OPEL ASTRA K 2019 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2019, Model line: ASTRA K, Model: OPEL ASTRA K 2019Pages: 363, PDF Size: 9.56 MB
Page 131 of 363

Инструменти и контроли129Вртете го копчето за местење или
притиснете Q или P за да
изберете страница:
● Дневна километража 1/2 или А/Б
● Просечна потрошувачка на гориво
● Просечна брзина
● Дигитална брзина
● Досег на горивото
● Моментална потрошувачка на гориво
● Преостанат работен век на маслото
● Притисок во гумите
● Помош со сообраќајни знаци
● Оддалеченост за следење
● Timer (темпирање)
● Надворешна температура
● Ниво на AdBlue
На екранот од средно ниво,
страниците Преостанат век на
маслото, Притисок на гумите,
Помошник за сообраќајни знаци и
Показател на оддалеченоста заследење се прикажани на
изборникот за Информации за
возилото, изберете ?.
Дневна километража 1/2 или А/Б
Дневната километража го
прикажува моменталното
растојание од одредено
препоставување.
Дневната километража брои до
оддалеченост 9.999 км и пак
почнува од 0.
За да го ресетирате екранот на
средно ниво, притискајте го
SET/CLR неколку секунди.
За да го ресетирате екранот од
високо ниво, притиснете > и
потврдете со 9.
Информациите на страниците за
дневната километтража 1/А и 2/Б
може да се ресетираат посебно
додека е активен соодветниот
приказ.Average Fuel Consumption
(Просечна потрошувачка на
гориво)
Прикажување на просечната
потрошувачка. Мерењето може да
се ресетира кога било и почнува со
основната вредност.
За да ресетирате на екранот од
средно ниво, притисне SET/CLR
неколку секунди, на екранот од
горно ниво, притиснете > и
потврдете со 9.
Кај возила со мотори со два вида
гориво: Просечната потрошувачка се прикажува за моментално
избраниот режим, CNG или бензин.
Просечна брзина
Прикажување на просечната
брзина. Мерењето може да се
препостави во кое било време.
За да ресетирате на екранот од
средно ниво, притисне SET/CLR
неколку секунди, на екранот од горно ниво, притиснете > и
потврдете со 9.
Page 132 of 363

130Инструменти и контролиДигитална брзина
Дигитално прикажување на
моменталната брзина.
Досег на горивото
Досегот се пресметува според
моменталното ниво на
резервоарот за гориво и тековната потрошувачка. Екранот прикажува
просечни вредности.
По дотурањето гориво, возилото
автоматски го пресметува досегот
по кратка пауза.
Кога нивото на горивото во
резервоарот за гориво е ниско, се појавува порака на екранот и
контролната сијаличка Y на
мерачот за гориво светнува.
Ако резервоарот за гориво мора да се наполни веднаш, се појавува
предупредувачка порака и
останува на екранот.
Дополнително, контролната
сијаличка Y во мерачот за гориво
трепка 3 124.Досег на гориво, мотор со два вида
гориво
Приказ на приближниот досег на
вкупното гориво и за секој
резервоар (CNG и бензин). Ниско
ниво на гориво во кој било
резервоар се прикажува со Low
(Ниско) во соодветниот дел.
Ниво на гориво, мотор со два вида
гориво
За мотори со два вида гориво,
Информативниот центар за
возачот го прикажува нивото на
горивото за типот гориво што не се користи во моментот.
Instantaneous Fuel Consumption
(Моментална потрошувачка на
гориво)
Екран на моменталната
потрошувачка.
Page 133 of 363

Инструменти и контроли131Кај возила со мотори со два вида
гориво: Моменталната
потрошувачка се прикажува за
моментално избраниот режим,
CNG или бензин.
Remaining Oil Life (Век на
останатото масло)
Покажува проценка за корисниот
век на маслото. Бројот во проценти
го покажува преостанатиот век на
маслото 3 117.
Tyre Pressure (Притисок на гумите) Го проверува притисокот во гумите на сите тркала при возењето
3 294.
Помош со сообраќајни знаци
Ги прикажува откриените
сообраќајни знаци за
моменталната делница на
маршрутата 3 243.
Following Distance (Растојание за
следење)
Ја прикажува оддалеченоста до
возилото што е напред во секунди
3 226. Ако е активна
приспособливата контрола напатувањето, на оваа страница се
покажува поставката за
оддалеченост за следење.
Timer (темпирање)
За да почнете или запрете,
притиснете 9. За да ресетирате,
притиснете > и потврдете го
ресетирањето.
Надворешна температура
Приказ на моменталната
надворешна температура.
AdBlue
Го прикажува нивото на AdBlue.
Изборник за еко-
информации, @
● Најголеми потрошувачи
● Економичен тренд
● Еко-индекс
На екранот од високо ниво,
страниците Најголеми
потрошувачи, Економичен тренд и
Еко-индекс се прикажани во
изборникот за информации за
патувањето/горивото, изберете
Info (Инфо) .Top Consumers (Врвни
потрошувачи)
Прикажан е список на најголемите
моментално вклучени
потрошувачи за удобност по
надолен ред. Покажан е
потенцијалот за штедење гориво.
При променливи услови за возење, моторот автоматски ќе го активира
греењето на задното стакло за да
го зголеми оптоварувањето на
моторот. Во тој случај, греењето на задното стакло е означено како
еден од најголемите потрошувачи,
без активирање од возачот.
Economy Trend (Економичен тренд)
Page 134 of 363

132Инструменти и контролиГо прикажува развојот на
просечната потрошувачка за
растојание од 50 км. Зацрнетите
сегменти ја прикажуваат
потрошувачката во чекори од 5 км
и го покажуваат влијанието на
топографијата или начинот на
возење врз потрошувачката на
гориво.
Индекс на економичност
Моменталната просечна
потрошувачка на гориво е
покажана на скала за
економичност. За економично
возење, приспособете го стилот на возењето за да остане показателотво рамките на зелената област.
Колку повеќе показателот се движи
кон црвената област, толку
потрошувачката на гориво е
повисока. Истовремено се
покажува и просечната
потрошувачка.
Во зависност од верзијата на
возилото, еко-индексот прикажува
вредности кои се однесуваат на
страницата A/1 на километражата
или на тековниот циклус на возење.Во последниот случај, показателот
се ресетира следниот пат кога ќе се вклучи палењето.
Изборник за Audio (Аудио) Изборникот за звук овозможува
разгледување за музика, избирање
од омилени или менување на
изворот за звук.
Видете во прирачникот за
Инфозабавата.
Изборник за Phone (Телефон) Изборникот за телефон
овозможува управување со
телефонските повици, листање низ
контактите или ракување со
телефонирањето без раце.
Видете во прирачникот за
Инфозабавата.
Изборник за
Navigation (Навигација)
Изборникот за навигација
овозможува водење по маршрута.
Видете во прирачникот за
Инфозабавата.Изборник за информации за
возилото, ? или Опции
Следнава листа ги содржи сите можни страници на Изборникот наопции. Некои може да не се
достапни за Вашиот модел на
возилото. Зависно од екранот,
некои функции се симболизирани.
Вртете го копчето за местење или
притиснете го Q или P за да
изберете страница и следете ги
упатствата дадени на
подизборниците:
● Мерни единици
● Информативни страници
● Предупредување за брзината
● Оптоварување на гумите
● Информации за софтверот
Мерни единици
Притиснете SET/CLR или > додека
се прикажани мерните единици.
Изберете империјални или
метрички единици со вртење на
тркалцето за местење или
притискање P. Потврдете со
притискање SET/CLR или 9.
Page 135 of 363

Инструменти и контроли133Информативни страници
Притиснете > додека се прикажани
информативните страници. Се
прикажува листа на сите ставки на
информативниот изборник.
Изберете ги функциите што треба
да се прикажуваат на
информативната страница
притискајќи 9. Избраните
страници имаат 9 во квадратче.
Функциите што не можат да се
видат имаат празно квадратче.
Видете Информативен изборник
погоре.
Предупредување за брзинатаФункцијата за предупредување за
брзина го предупредува возачот
кога ќе се надмине поставената
брзина.
За да поставите предупредување
за брзината, притиснете SET/CLR
или > додека е прикажана
страницата. Вртете го тркалцето за местење или притиснете Q или
P за да ја изберете и прилагодите
вредноста. Притиснете SET/CLR
или 9 за да ја одредите брзината.
Штом ќе се постави брзината, оваа функција може да се исклучи со
притискање на SET/CLR или 9
додека се гледа страницата. Ако се
надмине одреденото
ограничување за брзината, се
прикажува појавно
предупредување со мелодија.
Tyre Load (Оптовареност на
гумите)
Категоријата за притисокот во
гумите според моментално
напумпаниот притисокот на гумите
може да се избере 3 294.Информации за софтверот
Ги прикажува информациите за
софтверот со отворен код.
Инфо екран
Инфо-екранот се наоѓа на таблата со инструменти близу до групата
инструменти.
Зависно од конфигурацијата,
возилото има
● Сликовен инфо-екран
или
● 7-инчен Информативен екран
во боја на допир
или
● 8-инчен Информативен екран
во боја на допир
Возилото има Информативен
екран во боја на допир од 7 инчи .
Возилото има Информативен
екран во боја на допир од 8 инчи .
Информативните екрани може да ги покажуваат:
● времето 3 104
● надворешната температура 3 104
Page 136 of 363

134Инструменти и контроли● датумот 3 104
● Инфозабавен систем, видете го описот во прирачникот за
Инфозабавниот систем
● наклонување од ретровизорска камера 3 241
● наклонување од инструкции од
помош за паркирање 3 231
● навигација, видете го описот во прирачникот на
инфозабавниот систем
● системските пораки
● поставките за приспособување
на возилото кон
индивидуалните потреби
3 138Сликовен инфо-екран
Притиснете го X за да го вклучите
екранот.
Притиснете MENU за да ја
одберете страницата на главниот
изборник.
Свртете го MENU за да ја одберете
страницата на главниот изборник.
Притиснете го MENU за да
потврдите избор.
Притиснете го BACK за да
излезете од изборник без да
смените поставка.
7'' Информативен екран во боја
Одбирање изборници и поставки
Изборниците и поставките се
достапни преку екранот.
Притиснете го X за да го вклучите
екранот.
Притиснете го ; за да се прикаже
почетната страница.
Допрете ја со прст бараната икона
на изборникот за приказ.
Допрете ја соодветната икона за да потврдите избор.
Допрете 9 за да се вратите на
следното повисоко ниво на
изборникот.
Page 137 of 363

Инструменти и контроли135Притиснете го ; за да се вратите
на почетната страница.
За следни информации, видете во прирачникот на Инфозабавата.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 138.
8'' Информативен екран во боја
Одбирање изборници и поставки
Има три опции за ракување со екранот:
● со копчињата под екранот● со допир на прстот на допирниот екран
● преку препознавање на говорРакување со копчињата
Притиснете го X за да го вклучите
екранот.
Притиснете го ; за да се прикаже
почетната страница.
Свртете MENU за да изберете
икона за прикажување на изборник или функција или излистајте ја
листата на подизборникот.
Притиснете го MENU за да
потврдите избор.
Притиснете го BACK за да
излезете од изборник без да
смените поставка.
Притиснете го ; за да се вратите
на почетната страница.
За следни информации, видете во
прирачникот на Инфозабавата.Ракување со допирниот екран
Приказот мора да е вклучен со
притискање X. Притиснете ; за да
ја изберете почетната страница.
Допрете ја со прст бараната икона
на изборникот за приказ или
функцијата.
Листајте ги подолгите листи со
подизборници со прстот нагоре или надолу.
Потврдувајте ги бараната функција
или изборот со допирање.
Допрете q на екранот за да
излезете од изборник без да
смените поставка.
Притиснете го ; за да се вратите
на почетната страница.
За следни информации, видете во
прирачникот на Инфозабавата.Препознавање на говор
Описот видете го во прирачникот
за Инфозабава.
Page 138 of 363

136Инструменти и контролиПриспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 138.
Помошен режим
Некои функции на
Информативниот центар за
возачот и инфо-екранот може да се
ограничени за некои возачи.
Товарниот простор е заклучен и не
може да се отклучи.
За повеќе информации, видете во
прирачникот на Инфозабавата.Пораки за возилото
Пораките се означуваат во
Информативниот центар за
возачот, во некои случаи заедно со предупредувачка мелодија.
На екранот од средно ниво
притиснете SET/CLR на рачката за
трепкачите да ја потврдите
пораката.
На екранот од горно ниво притиснете 9 на воланот да ја
потврдите пораката.
Пораки за возилото и за
сервисирање
Пораките за возилото се
прикажуваат како текст.
Проследете ги упатствата дадени
во пораките.
Пораки на инфо-екранот во боја
Некои важни пораки може да се
појават дополнително на
Информативниот екран во боја.
Некои пораки се појавуваат само
неколку секунди.
Page 139 of 363

Инструменти и контроли137Предупредувачки
мелодии
Ако се појават неколку
предупредувања истовремено, ќе
се слушне само една
предупредувачка мелодија.
Кога се пали моторот или
додека се вози
Предупредувачкото ѕвоно што се
огласува кога не се врзани
сигурносните појаси има приоритет
во однос на било кое друго
предупредувачко ѕвоно.
● Ако безбедносниот ремен не е врзан.
● Ако некоја врата или задната врата не е целосно затворена
кога се поаѓа.
● Ако извесна брзина е надмината при активирана
рачна сопирачка.
● Ако приспособливата контрола
на патувањето се исклучи
автоматски.
● Ако се приближувате премногу
до возилото пред вас.● Ако се надмине програмираната брзина или
ограничувањето на брзината.
● Ако во Информативниот центар за возачот се појави
предупредувачка порака.
● Ако електронскиот клуч не е во
патничкиот простор.
● Ако помошта при паркирање открие пречка.
● Ако дојде до ненамерно менување на лентата.
● Ако филтерот за издувни гасови го достигнал
максималното ниво за
полнење.
● Доколку безбедносната функција на електричната
задна врата наиде на пречки во подвижниот дел.
Кога возилото е паркирано и/
или возачката врата е отворена
● Со надворешните светла запалени.За време на Autostop
● Ако е отворена возачката врата.
● Ако кој било услов за автоматско стартување не е
исполнет.
Напон во батериите
Кога напонот на акумулаторот е
низок, на Информативниот центар
за возачот ќе се прикаже
предупредувачка порака.
1. Исклучете ги електричните потрошувачи што не се
неопходни за безбедно возење, на пр. греењето на седиштата,
греењето на задното стакло или
останатите поголеми потрошувачи.
2. Наполнете го акумулаторот со постојано возење определено
време или со помош на уред за
полнење.
Предупредувачката порака ќе
исчезне откако моторот ќе запали
двапати без пад на напонот.
Page 140 of 363

138Инструменти и контролиАко акумулаторот не може да се
наполни, отстранете ја причината
за дефектот со помош на
автомеханичар.Приспособување на
возилото кон
индивидуалните
потреби
Однесувањето на возилото може да се приспособи кон
индивидуалните потреби со
менување на поставките на Инфо-
екранот.
Некои од личните поставки за
различни возачи може да се
меморизираат поединечно за секој клуч на возилото. Меморизирани
поставки 3 25.
Зависно од опременоста на
возилото и од прописите во земјата некои од функциите опишани
подолу може да не се достапни.
Некои функции се прикажани или
активни само кога работи моторот.
Лични поставки
Сликовен инфо-екран
Притиснете MENU за да го
отворите соодветниот изборник.Изберете Settings (Поставки) ,
листајте низ листите и изберете Vehicle Settings (Поставки навозилото)
Во соодветните подизборници
следните поставки може да се
сменат:
Vehicle Settings (Поставки на
возилото)
● Climate and Air Quality
(Квалитет на климата и
воздухот)
Auto Fan Max Speed
(Автоматска максимална
брзина на вентилаторот) : Го
менува нивото на проток на