OPEL ASTRA K 2019 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2019, Model line: ASTRA K, Model: OPEL ASTRA K 2019Pages: 363, PDF Size: 9.56 MB
Page 241 of 363

Возење и ракување239непорамнување (повремено може
да се појават лажни
предупредувања).
Внимавајте предната регистерска
табличка да е правилно
монтирана (да не е свиткана и да
нема процеп до браникот од
левата или десната страна) и
сензорите да се цврсто вглавени
на своите места.
Системот на напредна помош за паркирање може да не реагира на
промени на достапното паркирно
место откако ќе почне маневар за паркирање. Системот може да
препознае влез, порта, двор, па
дури и крстосница како место за
паркирање. Откако ќе ставите во
рикверц, системот ќе почне
маневар за паркирање.
Внимавајте на достапноста на
предложеното место за
паркирање.
Системот не открива
неправилности на тлото, на пр. во
градежни зони. Возачот е
одговорен за тоа.Забелешка
По производството, на системот
му треба калибрација. За
оптимално наведување при
паркирање, потребна е возна
оддалеченост од најмалку 10 км,
вклучително и свиоци.
Известување за странична слепа точка
Системот за известување за
странична слепа точка открива и
пријавува предмети од двете
страни на возилото, во одредена
"мртва" зона. Системот прикажува
визуелно предупредување во секој
страничен ретровизор кога открива
објекти што може да не се видливи во внатрешниот и страничните
ретровизори.
Известувањето за странична слепа точка користи дел од сензорите за
напредна помош за паркирање што
се наоѓаат на предниот и задниот
браник од двете страни на
возилото.9 Предупредување
Известувањето за странична
слепа точка не го заменува
видот на возачот.
Системот не открива:
● возила вон страничните слепи зони што може да сеприближуваат брзо
● пешаци, велосипедисти или животни
Пред менување лента, секогаш
проверувајте ги сите
ретровизори, погледнете преку
рамо и користете го трепкачот.
Кога системот ќе открие возило во
страничната слепа зона додека се
вози нанапред, независно дали се
претекнува возилото или Ве
претекнуваат, жолт
предупредувачки симбол B ќе се
вклучи на соодветниот страничен
ретровизор. Ако возачот тогаш го
вклучи трепкачот,
предупредувачкиот симбол B
Page 242 of 363

240Возење и ракувањепочнува да трепка жолто како
предупредување да не се менува
лентата.
Забелешка
Ако возилото што претекнува е
побрзо од претекнатото возило
најмалку за 10 км/ч, може да не
свети предупредувачкиот симбол
B во соодветниот страничен
ретровизор.
Известувањето за странична слепа
точка е активно од брзини од
10 км/ч до 140 км/ч. Ако се вози
побрзо од 140 км/ч, системот се исклучува, на што укажуваат слаби светлосни предупредувачки
симболи B во двата странични
ретровизори. Со повторно
намалување на брзианта,
предупредувачките симболи ќе се
изгаснат. Ако потоа се открие
возило во слепата зона,
предупредувачките симболи B ќе
светнат како што е нормално, на
соодветната страна.
Кога ќе се стартува возилото,
екраните на двата странични
ретровизори кратко ќе светнат за
да покажат дека системот работи.
Системот може да се активира или деактивира во Инфо-екранот.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 138.
На исклучувањето укажува порака во Информативниот центар за
возачот.
Зони на откривање
Зоните на откривање почнуваат кај задниот браник и се протегаат
околу три метри наназад и
настрана. Висината на зоната е
приближно помеѓу половина метар
и два метри од тлото.Системот се активира ако возилото
влече приколка или ако е
прицврстен носач за велосипеди.
Известувањето за странична слепа точка е конструирано да игнорира
статични објекти како, на пр.
банкини, столбови, рабници,
ѕидови и греди. Паркирани или
возила што доаѓаат од
спротивната страна не се
откриваат.
Дефект Може да дојде до повремени
пропуштени известувања во
нормални околности и тие се
почести при влажни услови.
Известувањето за странична слепа
точка не работи кога левиот или
десниот агол на задниот браник е
прекриен со кал, нечистотија, снег, мраз, влажен снег, или при големо
невреме. Упатства за чистење
3 315.
Во случај на дефект на системот
или ако системот не работи поради привремени услови, симболите во
огледалата ќе бидат постојано осветлени и се прикажува порака
Page 243 of 363

Возење и ракување241на Информативниот центар за
возачот. Побарајте помош од
автомеханичар.
Ретровизорска камера Ретровизорската камера му помага
на возачот кога вози наназад со
прикажување поглед на подрачјето зад возилото.
Сликата од камерата се прикажува
на информативниот екран во боја.9 Предупредување
Ретровизорската камера не го
заменува видот на возачот.
Имајте предвид дека предмети
што се надвор од полето на
видливост на камерата и на
сензорите за напредна помош
за паркирање, на пр. под
браникот или под возилото, не
се прикажуваат.
Не возете наназад со возилото
гледајќи само во инфо-екранот
и проверете ги подрачјето
одзади и околу возилото пред
да возите наназад.
Активирање
Ретровизорската камера се
активира автоматски кога ќе се стави во рикверц.
Функционалност
Кај хечбек со 5 врати, камерата е
поставена меѓу светлата за
регистарската табличка.
Кај Sports Tourer камерата е
поставена под рачката на задната
врата.
Подрачјето што го прикажува
камерата е ограничено.
Оддалеченоста на сликата што се
појавува на екранот се разликува
од фактичката оддалеченост.
Наведувачки линии
Динамичките наведувачки линии
се хоризонтални линии на
растојание од еден метар
проектирани на сликата за да ја
определат оддалеченоста од
прикажаните предмети.
Page 244 of 363

242Возење и ракување
Траекториската патека на
возилото се прикажува во
согласност со аголот на свртеност
на воланот.
Предупредувачки симболи
Предупредувачките симболи се
покажуваат како триаголници 9 на
сликата што ги покажува пречките
откриени од задните сензори на
напредната помош за паркирање.
Дополнително, 9 се појавува на
горната лента на Инфо-екранот со
предупредување да се провери
околината околу возилото.
Деактивирање
Камерата се исклучува кога ќе се
надмине одредена брзина
нанапред или ако не се стави во
рикверц околу 15 секунди.
Деактивирање на водечките линии
и предупредувачки симболи
7-инчен информативен екран во
боја: Активирање или
деактивирање на визуелни
водечки линии и предупредувачки
симболи може да се промени со
копчиња на допир во долната зона
на екранот.
8'' Инфо-екран во боја: Активирање или деактивирање на визуелни
водечки линии и предупредувачки
симболи може да се промени во
изборникот со поставки во
Инфо-екран. Изберете ја
соодветната поставка во Settings
(Поставки) , I Rear Camera (Задна
камера) .
Информативен екран 3 133.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 138.
Дефект
Пораки за дефект се прикажуваат
со 9 во горниот ред на
информативниот екран.
Ретровизорската камера може да
не работи правилно кога:
● Наоколу е темно.
● Сонце или фарови светат директно во објективот на
камерата.
● Мраз, снег, кал или нешто друго го прекрива објективот
на камерата. Исчистете го
Page 245 of 363

Возење и ракување243објективот, исплакнете го со
вода и избришете го со мека
крпа.
● Возилото влече приколка.
● Возилото се судрило од задната страна.
● Има екстремни промени на температурата.
Помошник за сообраќајни
знаци
Функционалност
Помошникот за сообраќајни знаци
ги забележува сообраќајните знаци
преку предна камера и ги
прикажува во Информативниот
центар за возачот.
Ако возилото е опремено со
вграден систем за навигација,
сообраќајните знаци од картите со
податоци може дополнително да
се вклучат.
Сообраќајни знаци коишто ќе се
забележат се:
Знаци за ограничување и
забрането претекнување ● ограничување на брзина
● поминувањето е забрането
● крај на ограничувањето на брзината
● крај на забраната на поминувањетоСообраќајни знаци
Почеток и крај на:
● градски региони (специфични за земјата)
● автопати● регионални патишта
● улици за играњеДополнителни знаци ● дополнителни знаци на сообраќајните знаци
● ограничување за влечење приколки
● ограничувања за влечење ● предупредување за влажност
● предупредување за мраз
● временски ограничувања
● далечински ограничувања
● стрелки за насока
Знаците за ограничување на
брзината и за непретекнување се
прикажуваат на Информативниот
центар за возачот додека не се
регистрира следен знак за
ограничување или престанок на
ограничувањето на брзината или
измине времето на знакот по
определено време.
Page 246 of 363

244Возење и ракување
Можно е на екранот да се појават
показатели за повеќе знаци.
Знакот за извичник во рамка
укажува дека е детектиран
дополнителен знак што системот
не може јасно да го идентификува.
Системот работи без загуба на
перформансите до брзина од
200 километри на час зависно од
условите на осветлување. Ноќе
системот е активен до брзина од
160 км/ч.
Индикации на екранот
Информации за моментално
важечки сообраќајни знаци се
достапни на назначениот
помошник за сообраќајни знаци во
Информативниот центар на
возачот.
Дополнително, важечката граница
на моментално ограничување на брзината е постојано прикажана во долната линија на
Информативниот центар за
возачот. Во случај на достапно
ограничување на брзината со знак,
симболот + се прикажува во оваа
област.
На екранот од средно ниво,
одберете Info (Инфо)
Изборник ? преку MENU и
одберете ја страната на помошник
за сообраќајни знаци со тркалцето
за прилагодување на рачката за
трепкач 3 126.
Page 247 of 363

Возење и ракување245
На екран од високо ниво, изберете
Info ( Инфо) изборник преку десните
копчиња на воланот и притиснете P или Q за да ја одберете
страната на помошник за
сообраќајни знаци 3 126.
Кога е избрана друга страница на изборникот на Информативниот
центар за возачот и потоа повторно
ќе се одбере страницата на
помошник за сообраќајни знаци, ќе се прикаже последниот препознаен сообраќаен знак.
Функција за тревожење
Функцијата за тревожење може да
биде активирана или деактивирана во изборникот за поставки на
страницата на помошник за
сообраќајни знаци.
Откако еднаш ќе се активира и кога
страницата за забележување на
сообраќајни знаци не е прикажана
во моментот, новооткриените
ограничувања на брзината и
знаците за забрана на поминување
се прикажуваат како скок-
известувања во Информативниот
центар за возачот.
На екранот од средно ниво, кога е
прикажана страницата на
помошникот со сообраќајни знаци,
притиснете SET/CLR на рачката за
трепкач.
Page 248 of 363

246Возење и ракувањеОдберете Alerts ON (Вклучени
тревожења) или Alerts OFF
(Исклучени тревожења) со вртење
на тркалцето за прилагодување и
притиснете SET/CLR.
На екранот од високо ниво, кога е
прикажана страницата на
помошникот со сообраќајни знаци,
притиснете q на контролите на
воланот.
Активирајте ги предупредувањата
со поставување J, деактивирајте
ги предупредувањата со
поставување I преку копчето 9.
Појавното тревожење се
прикажува околу осум секунди во
Информативниот центар за
возачот.
Препоставување на системот
Содржината на прикажаните
сообраќајни знаци може да се
избрише во изборникот за
поставување на страницата на
помошникот за сообраќајни знаци
со избирање Reset (Ресетирај) и
потврда со притискање SET/CLR
на рачката за трепкачите подолго
време или 9 на контролите на
воланот.
Алтернативно, SET/CLR или 9
може да го притиснете за три
секунди за да ја избришете
содржината на страницата.
По успешното ресетирање, ќе се
слушне мелодија и ќе се прикаже
следниов „Стандарден
знак“ додека не се открие следниот
сообраќаен знак или не се добие од податоците од картата од системот
за навигација.
Во некои случаи системот го брише помошникот за сообраќајни знаци
автоматски.
Отстранување на
сообраќајните знаци
Постојат различни сценарија кои
водат кон отстранување на тековно прикажаните сообраќајни знаци.
По отстранувањето, во
Информативниот центар на
возачот се прикажува
„Стандардниот знак“ или некој од
податоците од картата од системот за навигација.
Причините за отстранување на
знаците:
● Управувано е однапред дефинирано растојание или
поминало одредено време (се
разликува за секој тип знак)
● Возилото вози на кривина
Page 249 of 363

Возење и ракување247●Ако не се достапни податоци за
карта за навигација и брзината се намали под 52 км/ч
(откривање влез во град)
● Ако се достапни податоци за карта за навигација и влез воград/излез се детектирани како
резултат на промена на
податоците на картата
Забележување сообраќајни
знаци во спој со системот за
навигација
Ако возилото е опремено со системза навигација, тековно
прикажаниот знак може или да
потекнува од детекција на оптички
знак или од податоци од карта.
Ако тековно прикажаните знаци
потекнуваат од податоци на карта
и информациите за картите се
променат, нов знак ќе биде
прикажан. Ова може да води до
откривање нов знак, иако можеби
никаков знак на патот не е поминат.Дефект
Помошник за сообраќајни знаци
може да не работи коректно ако:
● Областа на шофершајбната, каде е сместена предната
камера, не е чиста или е
покриена со надворешни
елементи на пр. налепници.
● Сообраќајните знаци се целосно или делумно
прекриени или тешко се
распознаваат.
● Има неповолни услови од околината, на пр. силен дожд,
снег, директна сончева
светлина или сенки.
● Сообраќајните знаци се неправилно монтирани или се
оштетени.
● Сообраќајните знаци не се во согласност со Виенската
конвенција за сообраќајни
знаци.
● Податоците од картата за навигација се застарени.Внимание
Системот е наменет да му
помага на возачот во опсегот на одреден обем на брзини за дараспознава извесни
сообраќајни знаци. Не ги
игнорирајте тие сообраќајни
знаци кои не ги прикажува
системот.
Системот не распознава други
сообраќајни знаци, освен
вообичаените, кои можат да
пропишат или завршат
ограничување на брзината.
Не дозволувајте оваа посебна
функција да Ве наведе да
ризикувате кога возите.
Секогаш приспособувајте ја
брзината кон условите на патот.
Системите за помош на возачот не го ослободуваат возачот од
целосната одговорност за
работење со возилото.
Page 250 of 363

248Возење и ракувањеПомош за задржување налента
Помош за задржување на лентапомага да се избегнат судири како
резултат на ненамерно напуштање на лентата. Предната камера ги
следи ознаките на лентата по која
вози возилото. Ако возилото се
приближи до ознаките за лентата,
воланот нежно се врти за да ја
врати положбата на возилото во
лентата. Завртете го воланот во
истата насока, ако управувањето
со системот не е доволно. Завртете го воланот нежно во спротивнатанасока, доколку е планирана
промена на лентата.
При значајно преминување на
ознаките на лентата, помошта за
задржување на лентата почнува со визуелно и звучно
предупредување.
Се претпоставува ненамерна
промена на лентата
● без користење на трепкач
● користење на трепкач во спротивна насока од
промената на лента● без кочење
● без забрзување
● без активно вртење.
Забелешка
Системот е исклучен за време на
откривање на двосмислено
обележувања на лентите, на
пример, во градежни области.
Забелешка
Системот може да биде исклучен, ако детектира ленти, кои се
премногу тесни, премногу широки
или криви.
АктивирањеПомошта за задржување на лента
се активира со притискање на a.
ЛЕД-светилката во копчето се
осветлува за да означи дека
системот е вклучен.
Кога контролната сијаличка a во
групата инструменти ќе се запали
зелена, системот е готов за помош.
Со системот може да се работи при
брзини на возилото помеѓу 60 км/ч
и 180 км/ч и ако лентите се
обележени.
Системот нежно го врти воланот и
контролната сијаличка a се
променува во жолта, ако возилото
се приближува кон откриената
лента за обележување без
користење на трепкач во таа
насока.