OPEL ASTRA K 2019 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2019, Model line: ASTRA K, Model: OPEL ASTRA K 2019Pages: 363, PDF Size: 9.56 MB
Page 261 of 363

Возење и ракување259Проверка на затегнатоста на
влечната кука
● Црвената ознака на вртливото
копче треба да посочува кон
зелената ознака на влечната
кука.
● Меѓупросторот помеѓу вртливото копче и влечната
кука мора да биде околу 6 мм.
● Клучот треба да биде во положбата c.
Инаку влечната кука треба да се
затегне пред да се вметне:
● Отклучете ја влечната кука со вртење на клучот во
положбата c.
● Извлечете го вртливото копче
и свртете го во правец на
стрелките на часовникот колку
што може.
Вметнување на влечната кука
Вметнете ја затегнатата шипка на
влечната кука во отворот и турнете
ја цврсто угоре додека не се
заглави чујно.
Вртливата рачка скокнува назад во
оригиналната положба, потпирајќи
се на влечната кука без расцеп.
Page 262 of 363

260Возење и ракување9Предупредување
Не ја допирајте вртливата рачка
за време на вметнувањето.
Заклучете ја влечната кука со
вртење на клучот во положбата e.
Извадете го клучот и затворете го
заштитното капаче.
Алка за кабелот за приврзување
На илустрацијата е прикажан
хечбек со 5 врати.
На илустрацијата е прикажан
Sports Tourer.
Закачете го кабелот кој спречува
да се откачи приколката, за алката.
Проверете дали влечната кука е
правилно инсталирана
● Зелената ознака на вртливото копче треба да посочува кон
зелената ознака на влечната
кука.
● Не смее да има расцеп помеѓу вртливата рачка и шипката на
влечната кука.
● Влечната кука треба цврсто да
се заглави во отворот.
● Влечната кука треба да се заклучи и клучот да се извади.9Предупредување
Влечењето на приколка е
дозволена само ако влечната
кука е монтирана правилно. Ако влечната кука не е заглавена
правилно, побарајте помош од
автомехануичар.
Демонтирање на топчестата
влечна кука
Page 263 of 363

Возење и ракување261Отворете ја заштитната вратичка и
свртете го клучот во положбата c
за да се отклучи влечната кука.
Извлечете ја вртливата рачка и
свртете а во правец на стрелките
на часовникот колку што може.
Извлечете ја шипката на влечната
кука удолу.
Вметнете го заптивниот клин во
отворот.
Преклопете го приклучокот.
Кај Sports Tourer вметнете го
капакот на задниот браник, како
што е прикажано на илустрацијата.
Ставете ја влечната кука во
торбата и заклучете ја со
прицврстување на ременот низ
задната десна алка за врзување.
Завиткајте ја околу неа двапати и
затегнете го ременот за да се
прицврсти торбата.
Помош за стабилноста на приколката
Ако системот открие кривулести
движења, моќноста на моторот се
намалува и комбинацијата возила/
приколка селективно се сопира
додека не престане кривулестото
движење. Додека системот работи, држете го воланот колку што може
помирно.
Помошта за стабилноста на
приколката е функција на
електронската контрола на
стабилноста 3 208.
Page 264 of 363

262Нега на возилотоНега на возилотоОпшти информации.................263
Додатоци и модификации на возилото ................................ 263
Чување на возилото ..............263
Демонтирање на возилото на крајот на работниот век .......264
Прверки на возилото ...............264
Вршење работа ...................... 264
Хауба ...................................... 265
Моторно масло ......................265
Ладилник ................................ 267
Течност за миење ..................267
Сопирачки .............................. 268
Течност за сопирачките ........268
Акумулатор ............................. 268
Цедење на системот со дизел гориво .................................... 270
Замена на четкичките на бришачите ............................. 270
Замена на сијалиците ..............271
Халогенски предни фарови ..271
Предни фарови за магла ......273
Задни светла .......................... 274
Странични трепкачи ..............281Светло за регистарската
табличка ................................ 281
Внатрешни светла .................282
Осветлување на таблата со инструменти .......................... 282
Електричен систем ..................283
Осигурувачи ........................... 283
Кутија со осигурувачи во моторниот простор ...............284
Кутија со осигурувачи во таблата со инструменти .......286
Кутија со осигурувачи во товарниот простор ................288
Прирачен алат ......................... 290
Алати ...................................... 290
Тркала и гуми ........................... 292
Зимски гуми ............................ 292
Ознаки на гумите ...................292
Притисок на гумите ................ 292
Систем за следење на притисокот на гумите ...........294
Длабочина на шарата ...........299
Менување на големината на гумите и тркалата .................299
Раткапни ................................. 299
Синџири за гуми ..................... 300
Комплет за поправање гуми . 300
Менување тркала ................... 304
Резервно тркало ....................305Палење со кабли ......................310
Влечење ................................... 312
Влечење на возилото ............312
Влечење друго возило ..........314
Нега за изгледот ......................315
Нега на надворешноста ........315
Нега на внатрешноста ........... 317
Page 265 of 363

Нега на возилото263Општи информации
Додатоци и модификации на возилото
Го препорачуваме користењето на
оригинални делови и опрема, и
делови одобрени од фабриката
специфично за Вашиот вид на возило. Не можеме да оцениме или
гарантираме сигурност за други
производи - дури и да имаат
регулативно или поинаку дадено
одобрение.
Каква било измена, преиначување или други промени што се
направена на стандардните
спецификации на возилото
(вклучувајќи ги, без ограничување,
измените на софтверот, измените
на електронските контролни уреди) може да ја поништи гаранцијата
што ја нуди Opel. Дополнително,
таквите промени може да влијаат
врз системите за помош на
возачот, врз потрошувачката на
гориво, испуштањето CO 2 и други
испуштања на издувни гасови од
возилото и да предизвикаат
возилото повеќе да не ја почитувадозволата за работа што ќе влијае
врз важноста на регистрацијата на
возилото.Внимание
При превезување на возилото
со воз или со возило за
влечење, калниците може да се
оштетат.
Чување на возилото
Складирање за долго времеАко возилото има да се складира за
повеќе месеци:
● Измијте го и полирајте го возилото.
● Нека Ви ја проверат заштитата
со восок во моторниот простор
и подвозје.
● Исчистете ги и намачкајте ги гумените кедери.
● Наполнете го резервоарот за гориво докрај.
● Сменете го моторното масло.
● Исцедете го садот за течноста за миење.
● Проверете ги течноста за ладење, антифризот и
заштитата од корозија.
● Дотерајте го притисокот во гумите до вредноста
определена за полна
натовареност.
● Паркирајте го возилото на суво, добро проветрено место.
Ставете во прва брзина или
рикверц или рачката на
менувачот во P. Спречете
тркалање на возилото.
● Не затегнувајте ја рачната сопирачка.
● Отворете ја хаубата, затворете
ги сите врати и заклучете го
возилото.
● Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Внимавајте сите системи да
бидат исклучени, на пр.
системот за тревожење при
кражба.
Page 266 of 363

264Нега на возилотоВраќање во работна состојба
Кога возилото има да се врати в
работа:
● Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Активирајте ја електрониката
на електричните прозорци.
● Проверете го притисокот во гумите.
● Наполнете го садот за течноста за миење.
● Проверете го нивото на моторното масло.
● Проверете го нивото на течноста за ладење.
● Ставете ја регистарската табличка ако е потребно.Демонтирање на возилото
на крајот на работниот век
Информациите за центрите за
демонтирање и рециклирање на
возилата што се на крајот на
работниот век се наоѓаат на
нашата страница на интернет, каде што се бара со закон. Доверете му
ја работава само на овластен
центар за рециклирање.Прверки на возилото
Вршење работа9 Предупредување
Вршете проверки на моторниот
простор само кога е исклучено палењето.
Вентилаторот за ладење може
да проработи дури и ако е
исклучено палењето.
Page 267 of 363

Нега на возилото2659Опасност
Системот за палење користи
многу висок напон. Не допирајте ги.
Хауба
Отворање
Повлечете ја рачката за
ослободување и вратете ја во
својата оригинална положба.
Свртете ја безбедносната брава
настрана кон левата страна на
возилото и отворете ја хаубата.
Прицврстете го потпирачот на
хаубата.
Ако багажникот е отворен за време
на Autostop, моторот ќе се запали
повторно автоматски поради
безбедноста.
Затворање
Пред да ја затворите хаубата,
притиснете го потпирачот во
држачот.
Спуштете ја хаубата и оставете да
падне на резето од мала висина
(20-25 см). Проверете дали
хаубата е заглавена.Внимание
Не притискајте ја хаубата на
резето за да избегнете
вдлабнувања.
Моторно масло
Редовно проверувајте го нивото на
моторното масло рачно за да се
спречи оштетување на моторот.
Уверувајте се дека се користи
Page 268 of 363

266Нега на возилотомасло со правилната
спецификација. Препорачани
течности и средства за
подмачкување 3 320.
Максималната потрошувачка на
моторното масло е 0,6 литри на
1000 км.
Проверувајте го со возилото на рамна површина. Моторот треба
да биде на работна температура и
исклучен барем пет минути.
Извлечете ја прачката, избришете
ја, ставете ја повторно целосно,
извлечете ја и прочитате го нивото на моторното масло.
Различни прачки се употребуваат
зависно од верзијата на моторот.
Кога нивото на моторното масло
паднало до ознаката MIN дотурете
моторно масло.
Нивото на моторното масло не
смее да ја надмине ознаката MAX
на прачката.
Препорачуваме употреба на
моторно масло од иста класа со
употребеното при последното
менување.Внимание
Веднаш избришете го истуреното моторно масло.
Внимание
Вишокот на моторното масло
треба да се исиса или да се
отстрани. Ако маслото е над
максималното ниво, не
стартувајте го возилото и
контактирајте со
автомеханичар.
Зафатнини 3 336.
Page 269 of 363

Нега на возилото267Наместете го капачето право и
затегнете го.
Ладилник
Средството за ладење овозможува заштита од мрзнење до околу
-28 °C. Во студените региони со
многу ниски температури,
фабрички наполнетото средство за
ладење овозможува заштита од
мрзнење до околу -37 °C.Внимание
Употребувајте само одобрен
антифриз.
Течност за ладење и антифриз
3 320.
Ниво на течноста за ладење
Внимание
Прениското ниво на течноста за ладење може да предизвика
оштетување на моторот.
Ако системот за ладење е студен,
течноста за ладење треба да биде
над линиската ознака за полнење.
Дотурете ако нивото е ниско.
9 Предупредување
Оставете моторот да се олади
пред да го отворите капачето. Внимателно отворајте го
капакот, ослободуваќи го вишок
притисокот полека.
За дотурање, користете 1:1
мешавина на купен концентрат од
течност за ладење мешан со чиста вода од чешмата. Ако не е
достапен концентрат од течност за
ладење, користете чиста вода од
чешмата. Ставете го капакот
цврсто. Нека Ви ја провери
концентрацијата на течноста за
ладење и нека Ви ја отстрани
причината на губење на течноста за ладење автомеханичар.
Течност за миење
Наполнете со чиста вода мешана
со соодветно количество одобрена
течност за миење на
шофершајбната која содржи
антифриз.
Page 270 of 363

268Нега на возилотоВнимание
Само течностите за миење со
доволна концентрација на
антифриз даваат заштита при
ниски температури или нагол
пад во температурата.
Течност за миење 3 320.
Сопирачки Во случај на минимална дебелина
на плочките за сопирање, за време на сопирањето се слуша цвичење.
Можно е да се продолжи со
возењето, но нека Ви ги заменат
пакните на сопирачките колку е
можно поскоро.
Штом се ставени нови пакни, не
сопирајте непотребно силно при
првите неколку патувања.
Течност за сопирачките9 Предупредување
Течноста за сопирачките е
отровна и нагризува. Избегнете
контакт со очите, кожата,
текстил и бојадисани површини.
Нивото на течноста за сопирачките
мора да биде помеѓу ознаките MIN
и MAX .
Ако нивото на течноста е под MIN,
побарајте помош од
автомеханичар.
Течност за сопирачките и за
куплунгот 3 320.
Акумулатор
Акумулаторот на возилото се наоѓа
во товарниот простор под капакот
во задниот дел на подот зад
задните седишта. Капак на задниот под 3 88.
Постојат точки за поврзување за
палењето со кабли во моторниот
простор.
Палење со кабли 3 310.