OPEL ASTRA K 2020 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2020, Model line: ASTRA K, Model: OPEL ASTRA K 2020Pages: 349, PDF Size: 27.42 MB
Page 261 of 349

Нега на возилото259Внимание
Само течностите за миење со
доволна концентрација на
антифриз даваат заштита при
ниски температури или нагол
пад во температурата.
Течност за миење 3 310.
Сопирачки Во случај на минимална дебелина
на плочките за сопирање, за време на сопирањето се слуша цвичење.
Можно е да се продолжи со
возењето, но нека Ви ги заменат
пакните на сопирачките колку е
можно поскоро.
Штом се ставени нови пакни, не
сопирајте непотребно силно при
првите неколку патувања.
Течност за сопирачките9 Предупредување
Течноста за сопирачките е
отровна и нагризува. Избегнете
контакт со очите, кожата,
текстил и бојадисани површини.
Нивото на течноста за сопирачките
мора да биде помеѓу ознаките MIN
и MAX .
Ако нивото на течноста е под MIN,
побарајте помош од
автомеханичар.
Течност за сопирачките и за
куплунгот 3 310.
Акумулатор
Акумулаторот се наоѓа во
товарниот простор.
Има точки за поврзување за
стартување со кабли 3 300.
Акумулаторот на возилото не се сервисира под услов
карактеристиките на возењето да
овозможат доволно полнење на
акумулаторот. Возењето по кратки
растојанија и чести палења на
моторот можат да го испразнат
Page 262 of 349

260Нега на возилотоакумулаторот. Избегнувајте ја
употребата на непотребни
електрични потрошувачи.
Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
Паркирање на возилото подолго од четири седмици може да доведе до
празнење на акумулаторот.
Откачете го негативниот пол од
акумулаторот на возилото.
Уверете се дека палењето е
исклучено пред да го поврзете или откачите акумулаторот на
возилото.
Заштита на акумулаторот од
празнење 3 158.
Откачување на акумулаторот
Ако треба да се откачи
акумулаторот (на пример за
одржување), сирената за аларм
мора да се деактивира на следниов
начин: Вклучете го, па исклучете го палењето и откачете го
акумулаторот во рок од
15 секунди.
Замена на акумулаторот Забелешка
Непочитувањето на упатствата
дадени во овој дел може да
доведе до привремено
деактивирање или попречување
на системот за сопирање-
поаѓање.
Кога се заменува акумулаторот,
проверете да нема отворени дупки за проветрување во близина на
позитивната клема. Ако некоја
дупка за проветрување е отворена
во тој предел, треба да се затвори
со нешто што личи на капаче, а
проветрувањето во близина на
негативната клема треба да се
отвори.Акумулаторот секогаш треба да се
заменува со акумулатор од ист тип.
Акумулаторот треба да го замени
автомеханичар.
Систем за сопирање-поаѓање
3 178.
Полнење на акумулаторот9 Предупредување
Кај возила со систем за
сопирање-поаѓање, уверете се
дека потенцијалот на
полнењето не надминува
14,6 V кога се користи полнач за батерија. Во спротивно, може да
се оштети батеријата на
возилото.
Палење со кабли 3 300.
Заштита од празнење Напон во батериите
Кога напонот на акумулаторот е
низок, на Информативниот центар
за возачот ќе се прикаже
предупредувачка порака.
Page 263 of 349

Нега на возилото261Кога возилото вози, функцијата за
намалување на оптоварувањето
привремено деактивира одредени
функции, на пример, греење на
задното стакло.
Деактивираните функции повторно
се активираат автоматски штом
тоа го дозволуваат условите.
Засилување во празен од
Ако е потребно акумулаторот да се
полни поради неговата состојба,
мора да се зголеми излезната
моќност на генераторот. Ова се
постигнува со засилување на
работата во празен од што може да биде чујно.
Во Информативниот центар за
возачот се појавува порака.
Штекер за струја
Приклучоците за струја се
деактивираат во случај на низок
напон во акумулаторот.Етикета за предупредување
Значење на симболите:
● Забранети се искри, отворен пламен или пушење.
● Секогаш штитете ги очите. Експлозивните гасови може дапредизвикаат слепило или
повреда.
● Чувајте го акумулаторот вон дофат на деца.
● Акумулаторот содржи сулфурна киселина што може
да предизвика слепило или
тешки изгореници.
● Видете во Сопственичкиот прирачник за повеќе
информации.
● Може да има експлозивен гас во близина на акумулаторот.
Цедење на системот со дизел гориво
Ако резервоарот се испразнил
докрај, системот за дизел гориво
треба да се исцеди. Вклучете го палењето трипати по 15 секунди.
Потоа верглајте го моторот
најмногу 40 секунди. Повторете го
овој процес по не помалку од
5 секунди. Ако моторот не се пали,
побарајте помош од
автомеханичар.
Page 264 of 349

262Нега на возилотоЗамена на четкичките набришачите
Шофершајбна
Кренете го бришачот до исправенаположба, притиснете го копчето за
да ја ослободите четкичката и
извадете ја.
Прицврстете ја четкичката на
бришачот под мал агол во однос на рачката на бришачот и притиснете
ја се додека не се заглави.
Спуштете ја рачката на бришачот внимателно.
Заден прозорец
Подигнете ја рачката на бришачот.
Откачете ја четкичката на
бришачот како што е покажано на
илустрацијата и извадете ја.
Прицврстете ја четкичката на
бришачот под мал агол во однос на рачката на бришачот и притиснете
ја се додека не се заглави.
Спуштете ја рачката на бришачот
внимателно.
Замена на сијалиците
Исклучете го палењето и исклучетего соодветниот прекинувач или
затворете ги вратите.
Држете ги новите сијалици само кај
базата. Не допирајте го стаклото на
сијалицата со голи раце.
Користет само само исти вид на сијаличка за замена.
Заменете ги сијалиците на
фаровите од внатрешноста на
моторниот простор.
Проверка на ламбите
По замена на ламба, вклучете го
палењето, вклучете ги и проверете ги светлата.
Халогенски предни фарови
Халогенски предни фарови со
посебни ламби за средно и долго
светло.
Page 265 of 349

Нега на возилото263
Надворешна сијалица за (1) средно
светло.
Внатрешна сијалица за ( 2) долго
светло.
Средно светло (1)
1. Завртете го капачето налево и извадете го.
2. Со повлекување откачете ја спојката со пружина оддржачот. Повлечете ја
фасонката од куќиштето на
фарот.
3. Одвојте ја сијалицата од држачот на истата и заменете
ја.
4. Ставете ја фасонката со заглавување на двата држачи
во куќиштето на фарот и
свртете ги надесно за да се
затегне.
Page 266 of 349

264Нега на возилото5. Турнете ја спојката со пружинаназад на место.
6. Ставете го капачето и завртете го обратно од насоката на
стрелките на часовникот.
Долго светло (2)
1. Завртете го капачето налево и извадете го.
2. Ослободете ја спојката сопружина од држачот со
помрднување нанапред и
настрана. Завртување на
спојката со пружина надолу.
3. Повлечете ја фасонката од куќиштето на фарот.4. Одвојте ја сијалицата оддржачот на истата и заменете
ја.
5. Вметнете го држачот на сијалицата и инсталирајте
изворен клип.
Ставете го капачето и завртете
го обратно од насоката на
стрелките на часовникот.
Предни трепкачи
Во случај на дефектни LED диоди, нека Ви ги заменат истите кај
автомеханичар.
Page 267 of 349

Нега на возилото265Странично светлоВо случај на дефектни LED диоди,нека Ви ги заменат истите кај
автомеханичар.
Светло за дневно возење
Во случај на дефектни LED диоди, нека Ви ги заменат истите кај
автомеханичар.
Предни фарови за магла До сијаличките може да се
пристапи од долната страна на
возилото.1. Одвртете го шрафот со шрафцигер и извадете ја
маската.
2. Откачете го кабел штекерот со притискање на држачот.
3. Извадете ја и заменете ја фасонката и приклучете го
кабел штекерот. Имајте
предвид дека сијаличката и
фасонката се една единица и
треба да се заменат заедно.
4. Ставете ја фасонката во комплетот на светлото вртејќија надесно и заглавете ја.
5. Монтирајте го комплетот на светлото затегнувајќи ги
завртките.
6. Ставете ја маската и затегнете ја завртката.
Задни светла
Хечбек со 5 врати
1. Ослободете го капакот од односната страна и извадете
го.
Page 268 of 349

266Нега на возилото
2. Возила со комплет запоправање гуми: За да ги
замените светилките на
десната страна, прво
отшрафете ја пластичната
навртка и извадете ја па вметнете го шишето со
заптивната смеса.3. Однатре отшрафете ја пластичната навртка за
прицврстување со рака.
4. Внимателно извлечете го комплетот на задното светло оджлебот и извадете го.
5. Откачете го кабелот од држачот.
6. Притиснете ги трите држачи и извадете го носачот на ламбата
од комплетот на фарот.
Page 269 of 349

Нега на возилото267
7. Извадете и заменете гисијалиците:
Трепкач ( 1)
Задно/стоп светло ( 2)
На верзија со LED-задни светла
и LED-светла за сопирање,
само сијаличка за трепкач ( 1)
може да биде отстранета и
заменета.
8. Прикачете го носачот на сијалица кон комплетот на
фарот.
9. Прикачете го кабелот на држачот.
10. Прикачете го комплетот на фарот на каросеријата изатегнете ја сигурносната
навртка од внатрешноста на
товарниот простор. Закачете го капакот.
Во зависност од верзијата, задните
светла и светлата на сопирачките
се дизајнирани како LED диоди. Во
случај на дефект, се прават замени на LED диодите од страна на
автомеханичар.Комплет светла во задната врата
1. Ослободете го капакот во задната врата и извадете го.
2. Одвртете ја пластичнатасигурносна навртка со рака.
Page 270 of 349

268Нега на возилото
3. Внимателно извлечете гокомплетот на задното светло одпроцепите и извадете го.
4. Откачете го приклучокот од комплетот на фарот.
5. Притиснете ги трите држачи иизвадете го носачот на ламбата
од комплетот на фарот.
На верзија со LED задни светла,
позицијата на спојките за
држење е малку поинаква.
6. Извадете ја и заменете ја сијалицата:
Задно светло ( 1)
Заден фар за магла ( 2) (лева
страна)
Рикверц светлина ( 2) (десна
страна)