OPEL ASTRA K 2020 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2020, Model line: ASTRA K, Model: OPEL ASTRA K 2020Pages: 349, PDF Size: 27.42 MB
Page 221 of 349

Возење и ракување2199Предупредување
Интелигентното серво
сопирање може да го зголеми
сопирањето на возилото во
ситуации кога можеби не е
неопходно. Може да го
блокирате протокот на
сообраќајот. Ако тоа се случи,
тргнете ја ногата од педалата за сопирачките, па применете
сопирање според потребата.
Деактивирање
Кај возилата со предна камера,
активното итно сопирање може да
се исклучи ако неколку пати го
притиснете прекинувачот за
растојание V на поставката
Исклучено , 3 213. Ако се
деактивира, се прикажува порака
во Информативниот центар на
возачот.
Кај возилата со радарски сензор,
системот може да се оневозможи
преку изборникот за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби во Инфо-
екранот 3 138.
Препорачуваме да го
деактивирате системот или да го
поставите да ве предупредува
само во следниве случаи:
● кога возилото се влече
● ако на возилото е прикачена приколка
● пред да користите автоматска перална за возила со вклученопалење● ако шофершајбната е оштетена во близина на
камерата
● ако е оштетен предниот браник
Ограничувања на системот
Во извесни случаи, активното итно
сопирање може да даде
автоматско сопирање во ситуации
што изгледаат непотребни, на
пример во паркинг гаражи, поради
сообраќајни знаци на свиок или
поради возила на друга лента. Тоа
е нормална работа, на возилото не
му треба сервисирање. Силно
притиснете на педалата за гас за
да го поништите автоматското
сопирање ако тоа го дозволуваат
ситуацијата и околностите.
Перформансите на активното итно
сопирање се ограничени во
следниве случаи:
● Возење на ветровити или ридести патишта.
● Откривање на сите возила, особено возила со приколка,
трактори, калливи возила и др.
Page 222 of 349

220Возење и ракување● Откривање возило когавременските услови ја
намалуваат видливоста, како
при магла, дожд или снег.
● При ноќно возење.
● Времето ја ограничува видливоста, на пример, кога
има магла, дожд или снег.
● Сензорот во шофершајбната е блокиран од снег, мраз,
растопен снег, кал,
нечистотија, шофершајбната е
оштетена или има налепница.
За да избегнете дефект, областите
на сензорот од камерата во
шофершајбната и радарскиот
сензор во решетката на
ладилникот секогаш треба да
бидат чисти и да нема прашина,
нечистотија, мраз и снег.
При возење, секогаш е потребно
целосно внимание, а вие секогаш
треба да бидете подготвени да
преземете дејство и да ги
примените сопирачките и / или
воланот на возилото за да
избегнете судир.Дефект
Ако на системот му е потребно
сервисирање, се прикажува порака
во Информативниот центар за
возачот.
Ако системот не работи како што
треба, се прикажуваат пораки на
Информативниот центар за
возачот.
Пораки за возилото 3 136.
Предна заштита за пешаци
Предната заштита за пешаци можеда помогне да се избегне или да сенамали штетата предизвикана од
предни судари со пешаци кога
возите во брзина за напред.
Системот ја користи предната
камера во шофершајбната за да го
открие пешакот што е директно
пред вас, во вашата патека.
Предната заштита за пешаци може да открие и да предупреди за
пешаци во брзина за напред при
брзини помеѓу 8 км/ч и 80 км/ч.
Дополнително, предната заштитаза пешаци може да помогне при
сопирањето или автоматски да го
сопре возилото.
При возење преку ден, системот
открива пешаци на растојание до
околу 40 м. При возење навечер,
перформансите на системот се
ограничени.
Предната заштита за пешаци може
да се постави на Исклучено,
Предупреди или Предупреди и
сопри во приспособувањето на
возилото кон индивидуалните
потреби 3 138.9 Опасност
Сопирањето за пешаци напред
не дава предупредување и не го сопира автоматски возилото,
освен ако не открие пешак.
Системот може да не открие
пешаци, вклучувајќи и деца,
кога пешаците не се директно
напред, не се видливи целосно,
не стојат исправено или кога се
дел од група.
Page 223 of 349

Возење и ракување221Предната заштита за пешаци
вклучува:
● откривање пешак напред
● предупредување за пешак напред
● автоматско сопирање
Откривање пешак напред
Пешак напред на растојание до
околу 40 м се прикажува со
контролната сијаличка 7 во групата
инструменти.
Предупредување за пешак
напред
Кога премногу брзо се
приближувате до откриен пешак,
симболот за предупредување за
судир се појавува во
Информативниот центар за
возачот. Се слуша и
предупредувачка мелодија.
Системот на сопирачките може да
се подготви за да се изврши побрзо
сопирањето на возачот што може
да предизвика кратко, мало
забавување. Продолжете да
притискате на педалата за
сопирачките според потребите.
Контролата на патувањето или
приспособливата контрола на
патувањето може да се исклучат
кога ќе се појави предупредување
за пешак напред.
Автоматско сопирањеАко е неизбежен судар со пешак
директно напред, а сопирачките не
се активирани, автоматското
сопирање може автоматски да
сопре малку или да сопре силно.
Тоа може да помогне да сеизбегнат некои судари со пешаци
при мали брзини или да се намалат повредите на пешаците.
Нивоата на автоматско сопирање
можат да се намалат при одредени
услови, како што се големи брзини.
Ако тоа се случи, автоматското
сопирање може да ја активира
електричната сопирачка за
паркирање за да го сопре
возилото. Отпуштете ја
сопирачката за паркирање. И
притискање на педалата за гас ќе
го отпушти автоматското сопирање и електричната сопирачка за
паркирање 3 194.
Овој систем вклучува
интелигентна помош за сопирање,
а и системот за автоматско итно
сопирање може да реагира на
пешаци.
Активно итно сопирање 3 216.
Автоматското сопирање може да се оневозможи во изборникот за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 138.
Page 224 of 349

222Возење и ракувањеОпшти информации9Предупредување
Возачот мора постојано да биде
подготвен да дејствува и да ги
активира сопирачките и да го
врти воланот за да избегнува
судири.
9 Предупредување
Сопирањето за пешак напред
може да предупреди или
автоматски нагло да го сопре
возилото во ситуации кога тоа
не се очекува и не се сака. Може погрешно да предупреди или да
сопре за предмети кои имаат
слична форма или големина на
пешаци, вклучувајќи и сенки.
Тоа е нормална работа и на
возилото не му треба
сервисирање. За да го
поништите автоматското
сопирање, силно притиснете ја
педалата за гас ако е безбедно
да го сторите тоа.
9 Предупредување
Користењето на системот на
сопирачки за пешак напред при
влечење приколка може да
предизвика губење на
контролата над возилото и
судар. Ставете го системот на
Предупредување или
Исклучено во
приспособувањето на возилото
кон индивидуалните потреби
кога влечете приколка.
Приспособување на возилото
кон индивидуалните потреби
3 138.
Ограничувања на системот
Во следниве случаи, предната
заштита за пешаци може да не
открие пешак напред или
перформансите на сензорот се
ограничени:
● Брзината на возилото што се движи напред е надвор од
опсегот од 8 км/ч до 80 км/ч.
● Растојанието до пешакот напред е поголемо од 40 м.
● Возење на ветровити илиридести патишта.
● При ноќно возење.
● Времето ја ограничува видливоста, на пример, когаима магла, дожд или снег.
● Сензорот во шофершајбната е блокиран од снег, мраз,
лапавица, кал, нечистотија,
оштетување на
шофершајбната или му пречат
надворешни елементи, на
пример, налепници.
Помош за паркирање
Општи информации Кога е прицврстена кука за
приколки, променете ги поставките за конфигурација во изборникот за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби во
Инфо-екранот.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 138.
Page 225 of 349

Возење и ракување223Кога прицврстувате приколка или
носач за велосипеди на куката за
приколки, помошта за паркирање
се деактивира.
Задна помош за паркирање9 Предупредување
Возачот носи целосна
одговорност за маневрот за
паркирање.
Секогаш проверувајте наоколу кога одите наназад и користетего системот за задна помош за
паркирање.
Задната помош за паркирање го
олеснува паркирањето со мерење
на растојанието помеѓу возилото и
пречките назад. Го известува и
предупредува возачот давајќи
акустични сигнали и показатели на
екранот.
Системот има четири
ултрасонични сензори за
паркирање во задниот браник.
Активирање
Откако палењето е вклучено,
задната помош за паркирање е
активирана.
Запалена сијаличка во копчето на
помош за паркирање r означува
дека системот е подготвен да
работи.
Показател
Системот го предупредува возачот
со звучни сигнали за потенцијално
опасни пречки зад возилото на
растојание кое се движи до 50 см
кога е во брзина за напред,
односно до 1,5 м кога возилото е во рикверц.
Зависно која страна на возилото е
поблиску до пречка, од таа страна
ќе слушате предупредувачки
звучни сигнали во возилото.
Периодот помеѓу сигналите се
намалува како што возилото се
приближува до пречката. Кога е
оддалеченоста помала од околу 40 см, сигналот е постојан.
Освен тоа, оддалеченоста до
пречките одзади се прикажува со
променливи линии за
оддалеченост во Информативниот
центар за возачот 3 126.
Показателот за оддалеченост може да се потисне со пораки за возилото од повисок приоритет.
Откако ќе се отфрли пораката
показателот за растојание
повторно ќе се појави.
Page 226 of 349

224Возење и ракувањеДеактивирање
Притиснете го копчето за помош запаркирање r за да го
деактивирате, LED во копчето се
гаси.
Дефект
Во случај на дефект или ако
системот не работи привремено,
на пр. поради голема бучава
надвор или други фактори што
пречат, светлото во копчето трепка три секунди, а потоа се гаси. Во
Информативниот центар за
возачот се покажува порака.
Предно-задна помош за
паркирање9 Предупредување
Возачот носи целосна
одговорност за маневрот за
паркирање.
Секогаш проверувајте наоколу кога одите наназад или напред
и го користите системот за
помош за паркирање.
Предно-задната помош за
паркирање ја мери оддалеченоста
меѓу возилото и пречките пред и
зад возилото. Го известува и
предупредува возачот давајќи
акустични сигнали и показатели на
екранот.
Користи два различни акустични
предупредувачки сигнали за
предната и задната област за
следење, секоја со различна
фреквенција на тонот.
Системот има четири
ултрасонични сензори за
паркирање во задниот и предниот
браник.
Активирање
Системот се активира автоматски
при брзини до 11 км/ч.
Page 227 of 349

Возење и ракување225
Запалена сијаличка во копчето на
помош за паркирање r означува
дека системот е подготвен да
работи.
Ако r е исклучен во рамките на
еден циклус на палење, помошта
за паркирање се деактивира. Ако
брзината на возилото надминала
25 км/ч претходно, помошта за
паркирање повторно ќе се
активира кога брзината ќе се
намали под 11 км/ч.
Кога системот ќе се деактивира,
LED-сијаличката во копчето се
исклучува и во Информативниот
центар за возачот се појавува
порака.
Показател
Системот го предупредува возачот
со звучни и визуелни сигнали за
потенцијално опасни пречки пред
возилото на растојание кое се
движи до 120 см и за потенцијално
опасни пречки зад возилото на
растојание кое се движи до 50 см
кога е во брзина за напред,
односно до 150 см кога возилото е
во рикверц.
Зависно која страна на возилото е
поблиску до пречка, од таа страна
ќе слушате предупредувачки
звучни сигнали во возилото.
Периодот помеѓу сигналите се
намалува како што возилото се
приближува до пречката. Кога е оддалеченоста помала од околу
40 см, сигналот е постојан.
Покрај тоа, оддалеченоста до
пречките одзади и однапред се
прикажува со променливи линии за оддалеченост на Информативниот
центар за возачот 3 126 или, во
зависност од верзијата, на Инфо-
екранот 3 134.
Показателот за оддалеченост
може да се потисне со пораки за
возилото од повисок приоритет.
Откако ќе се отфрли пораката
показателот за растојание
повторно ќе се појави.
Деактивирање
Системот се деактивира
автоматски кога брзината на
возилото ќе надмине 11 км/ч.
Можно е и рачно деактивирање со
притискање на копчето за помош за
паркирање r.
Page 228 of 349

226Возење и ракувањеКога рачно ќе се деактивира
системот, LED-сијаличката во
копчето се исклучува и во
Информативниот центар за
возачот се појавува порака.
По рачното исклучување, предна-
задна помош за паркирање
повторно се активира ако се
притисне r или ако возилото е во
рикверц.
Целиот систем мора да се
деактивира рачно во изборникот за приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби во
Инфо-екранот. Останува
деактивиран во текот на циклусот
на палењето или додека не се
активира повторно во изборникот
за приспособување кон
индивидуалните потреби.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 138.
Дефект
Во случај на дефект или ако
системот привремено не работи,
на пр. поради голема бучава
надвор или други фактори штопречат, се појавува порака во
Информативниот центар за
возачот.
Пораки за возилото 3 136.
Напредна помош за паркирање9 Предупредување
Возачот носи целосна
одговорност за прифаќање на местото за паркирање
предложено од системот и
маневрот за паркирање.
Секогаш проверувајте ја
околината во сите насоки кога ја
користите напредната помош за паркирање.
Напредната помош за паркирање
мери соодветно место за
паркирање при поминување, ја
пресметува патеката и автоматски
го наведува возилото во
напоредно или напречно место за
паркирање.
Упатствата се дадени во
Информативниот центар за
возачот 3 126 или, во зависност од
верзијата, во Информативниот
екран 3 134, проследени со звучни
сигнали.
Возачот треба да ги контролира
забрзувањето, сопирањето и
менувањето брзини, додека
управувањето се врши автоматски.
Напредната помош за паркирање
секогаш е во спој со предно-
задната помош за паркирање.
Двата системи ги користат истите
сензори во предниот и задниот
браник.
Системот има шест ултрасонични
сензори за паркирање и во задниот и во предниот браник.
Page 229 of 349

Возење и ракување227Активирање на напредната помош
за паркирање
Напредната помош за паркирање
може да се активира само при
возење напред.
Кога барате место за паркирање,
системот е подготвен за работа со кратко притискање на (.
Системот препознава и помни
10 м за места за напоредно
паркирање или 6 м за места за
напречно паркирање во режимот за помош за паркирање.
Системот може да биде активиран
и да пребарува за место за
паркирање само со брзина до
30 км/ч.
Најголемото дозволено паралелно
растојание помеѓу возилото и
редот на паркираните автомобили
е 150 см.
ФункционалностВо режимот на барање на место за
паркирање, ознака во
Информативен центар за возачотВо Информативниот центар за
возачот изберете место за
паркирање што е паралелно и е
под прав агол преку долго
притискање на копчето (.
Системот е конфигуриран да
открива места за паркирање од
совозачката страна. За да се
откријат места за паркирање од
возачката страна, вклучете ги
трепкачите од возачката страна.
Кога ќе се открие прикладно место, се даваат визуелни информации
на Информативниот центар за
возачот и звучен сигнал.
Page 230 of 349

228Возење и ракувањеОзнаки на Инфо-екранот
Изберете го паралелното или под
прав агол место за паркирање со
лесно допирање на соодветната икона на екранот.
Изберете го местото за паркирање
со лесно допирање на соодветната
икона на екранот.
Кога ќе се открие соодветно место, се даваат визуелни информации
на Инфо-екранот и звучен сигнал.
Ако возачот не го запре возилото
откако ќе се предложи паркирно
место, системот почнува да бара
друго соодветно паркирно место.
Режим за наведување при
паркирање
Предлогот за место за паркирање
од системот се прифаќа кога
возачот ќе го сопре возилото во
рамките на десет метри за места за
напоредно паркирање или
шест метри за места за напречно
паркирање откако ќе се појави
пораката за да го запретевозилото. Системот ја пресметува
оптималната патека до паркирното
место.
Куса вибрација на воланот по
ставањето во рикверц укажува
дека системот го контролира
управувањето. Потоа возилото се
управува во местото автоматски со тоа што на возачот му се даваат
детални упатства за сопирање,
забрзување и менување брзини.
Возачот не треба да го допира
воланот.
Секогаш внимавајте на сигналите
на предно-задната помош за
паркирање. Постојан сигнал
укажува дека оддалеченоста до
пречка е помала од околу 40 см.
Значи, ако поради нешто возачот
треба да преземе контрола врз
управувањето, држете го воланот
само за надворешниот раб. Тогаш
ќе се откаже автоматското
управување.